Седумдесет родители ќе добијат прекршочна пријава бидејќи не ги вакцинирале децата

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Прими го моето извинување бидејќи не сум до толку запознаен со нивната медицинска историја, најчесто одам да им честитам принова во семејството, се запознавам со приновата, останувам 2 до 3 часа и потоа си заминувам. Исклучок се моите блиски роднини кои почесто ги посетувам, а досега нивните деца немале никакви последици од вакцинацијата - засега - фала му на Бога.

Но вообичаено симптомите беа, односно се истите - бебето или плаче со саати, или е мирно и не реагира буквално на ништо, едноставно се однесува полумртво, кога не би ги отворило очите би рекол дека е мртво.

Извини ме, јас не сум ниту лекар, ниту медицински научник, а бидејќи навистина ме боли кога вакви работи се случуваат, воопшто не ме интересираат ни твоите, ни било чии други медицински, научни или не знам какви истражувања и/или објаснувања кои наводно докажуваат дека вакцините се безбедни.

Верувам во тоа што го имам видено со свои очи повеќе отколку што верувам во научните/медицинските истражувања.

Малку повеќе сум конзервативен на таа тема, па затоа извини ме.
Болдираново можам јас лично да го потврдам, на мој пријател му се случи тоа со детето, жена му на дијазепами живее.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
9.101
Поени од реакции
8.439
За волја на вистината, навистина има такви примери на поствакцинална енцефалопатија, не аутизам, и тоа бил стравот одамна, со децении. Но тие примери се докажало дека се резултат на подложна мутација и таква енцефалопатија ќе настане и без вакцинирање и за тоа имало многу примери.

Се работи за мутација на некои рецептори кои под некој стрес фактор, најчесто покачена температура, доведуваат до воспаление кое може да има некои последици. И такво воспаление ќе настанело и без вакцинација. Само што кај бебињата првата температура е од вакцината и затоа тогаш за прв пат излегуѕва на површина тоа воспаление.

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2603512/
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1867082/
Не го негирам тоа, и јас лично кога се вакцинирав пред 7 години против заушки ми се појавија отоци на задната страна од главата, кои поминаа после недела дена.

Проблемот со вакцинацијата е во тоа што е задолжителна врз претпоставка дека е безбедна за сите, иако за некои вакцини се тврди дека се безбедни за сите, а не баш за сите вакцини, а нус појавите никој не ги коментира.

Мајка ми има пријателка која е алергична буквално на се, тешко нејзе кога е грипосана, не пие никакви лекови, едноставно трпи кутрата.

Таа е возрасна и има право да одбие вакцинација, но децата не го имаат таквото право на слободен избор, па затоа родителите го кркаат подебелиот крај од стапот, што воопшто не е ниту фер, ниту праведно.

Во најмала рака, треба да се изврши тестирање за алергии на детето за да се открие на кои вакцинации би било алергично и како би реагирало, а не да се врши генерална вакцинација под претпоставка дека е безбедна за сите.
 
Последно уредено:
Член од
9 август 2014
Мислења
336
Поени од реакции
542
A ti seriozno smetas deka naukata od 21 vek nema da bide smesna za naukata od 23 vek? Ili tolku evolucijata prestana?

Bravo svaka cast.
Единствено што гледам е дека мојот аргумент е базиран на научни истражувања, а твојот на there must be more to it than this.. Така да, chill bro.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
455
Поени од реакции
456
Не го негирам тоа, и јас лично кога се вакцинирав пред 7 години против заушки ми се појавија отоци на задната страна од главата, кои поминаа после недела дена.

Проблемот со вакцинацијата е во тоа што е задолжителна врз база на тоа дека е безбедна за сите, иако за некои вакцини се тврди дека се безбедни за сите, а не баш за сите вакцини, а нус појавите никој не ги коментира.

Мајка ми има пријателка која е алергична буквално на се, тешко нејзе кога е грипосана, не пие никакви лекови, едноставно трпи кутрата.

Таа е возрасна и има право да одбие вакцинација, но децата не го имаат таквото право на слободен избор, па затоа родителите го кркаат подебелиот крај од стапот, што воопшто не е ниту фер, ниту праведно.

Во најмала рака, треба да се изврши тестирање за алергии на детето за да се открие на кои вакцинации би било алергично и како би реагирало, а не да се врши генерална вакцинација под претпоставка дека е безбедна за сите.
Дури и во законот постојат отстапки за алергии и други контраиндикации за тоа кој не смее да се вакцинира и кој е изземен од законската задолжителност. Не е тоа проблемот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
9.101
Поени од реакции
8.439
Дури и во законот постојат отстапки за алергии и други контраиндикации за тоа кој не смее да се вакцинира и кој е изземен од законската задолжителност. Не е тоа проблемот.
Точно, но не постои законска обврска за тестирање за алергии пред вакцинирање, а од друга страна постои законска обврска за вакцинирање без претходно тестирање за алергии.

Не чини така работата, ајде повторно некој нека го открие радиумот и нека го продава како лек, во пастата за заби, во исхраната, за обојување на стрелките на рачни часовници за да светат во темни простории, без никаков научен доказ дека е безбеден, односно дека не е штетен за здравјето на луѓето.
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
459
Поени од реакции
414
Мене повеќе ме загрижува квалитетот на самите вакцини за разлика од оние вон земјава, од тој аспект сум некако скептична. :cautious: А не за вакцините како такви.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
3.385
Поени од реакции
13.313
Па реков дека НЕ СМЕ ПРВИ, ама мораме да бидеме лидери и во тоа пошто во се друго станавме лидери.[DOUBLEPOST=1444938405][/DOUBLEPOST]
Моли се еден ден ти да не станеш од ''познавам луѓе'' па да ти се удри во глава инаку едно време ова беше тренд





Сите кредибилитетни институти викаа дека радиумот ти го продолжува животот, се додека Кири и маж и не умреа од рак...
техничка грешка
Пјер е загинат во сообраќајка, а Марија умре од апластична анемија
Чисто колку да имаат претстава луѓево дека немаш врска од тоа што го дискутираш
 
Член од
12 март 2009
Мислења
17.539
Поени од реакции
12.675
Ајде кажете каков квалитет вакцини користат во регионот, Србија, Блгарија, Хрватска ?? Може ли ако се поквалитетни во Грција, родителот да купи од таму, поефтино е одколку казна да плаќа..
б.т.в., неодамна, еден човек почина во Хрватска од каснување од поскок иако веднаш му дадоа вакцина... коментарот беше дека добил увозна вакцина, а хрватски немаат бидејќи го затвориа имунолошкиот завод во Загреб...[DOUBLEPOST=1444945207][/DOUBLEPOST]
едукативно видео за ќерките како да се заштитат од хпв без вакцина

мислам дека ова ХПВ се рашири од преголема употреба на кондоми кој се неприродна работа
 
D

Daedalus

Гостин
Taка е. Официјалната наука врз која денес се базира стравот од слободен избор за вакцинација, едно време викаше дека е скроз ОК, цевките за водовод да се од азбест, Плутон е планета, а окапито изумрело пред неколку стотици илјади години. А после рече цевки за вода не од азбест, Плутон не е планета, а окапито ипак живее у афричка џунгла.
Така да, ОК е официјалната наука, али внимавајте на "само смо се шалили" можноста.[DOUBLEPOST=1444939155][/DOUBLEPOST] Ја исто. Планирам да ја избегнам ХПВ-то.
A ја таман помислив дека светите оци и загрижените родители со седмо откриле дека Плутон не е планета.
Шала на страна, нема везе, ја праев со нејзе муабет вчера и она ми вика дека нема врска, не кажала ништо од тоа за што ја обвинуваш.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
26 септември 2012
Мислења
6.998
Поени од реакции
5.121
поскок е една од најотровните змии на светот,вакцината не значи излекување,па доколку бил и некој постар и цел живот на ракија и 3 кутии цигари...............

никој не гарантира и не јавува одговорност дека вакцините се 100% исправни и безбедни,затоа толку скепса кај одредени граѓани..................
 
E

Epsilon

Гостин
Собери си ја урината и напикај си ја во оној дел од твоето тело кој никогаш не бил изложен на сончева светлина.

Јас лично познавам луѓе чии што деца беа здрави и сосема нормални пред првата вакцинација, а после првата вакцинација едноставно ги снема, живи се само однадвор, а Бог знае што им се случува одвнатре.

Тука ќе го завршам моето учество во оваа дискусија.
Моите родители се сомневаа и за брат ми после добивање на вакцина, во глава, детето се поремети веројатно од уплав некој (спишти ептен гласно) и аутистичен е.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
6.998
Поени од реакции
5.121
Мој пријател, торбеш од нови пазар, без проблем го спасија со анти-змиска вакцина против поскок. Малку мумла кога зборува сега, ама докторот рече и тоа ќе се среди со повеќе органска храна.
тоа е пример дека некој преживеал,реков дека вакцината не е гаранција дека ќе преживее некој,зависно и каква е неговата физичка состојба,дали е здрав или со веќе нарушен имунитет..........овде се прави муабет за вакцини кои се ставаат од мали нозе на здрави бебиња и млади(кознае колку се здрави пошто амбулантите тежат од бебиња кои нон стоп настинуваат или повраќаат............)
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Клукајте вие антибиотици за све и свашта, изгладнувајте се ради диети или уништувајте се со секаква исхрана, нарушете си го имунитетот и после чудете се зошто и имунитетот на вашите деца е катастрофа. Да имунитетот ви се руши со диети и тие последици ги трпат децата.
Денешниве деца се деца на мајки кои имаат држано секакви диети у младост.
Не ги вакцинирајте децата, нека се шират морбили, дифтериите, тетанусот и секакви останати заболувања шо се СУЗБИЕНИ -
БАКТЕРИИТЕ СЕ УШТЕ ТУКА АМА НЕ МОЖАТ ДА ВЕ ПОВРЕДАТ АКО СТЕ ВАКЦИНИРАНИ
ама тоа ви е, медицината ве труе вас, мислам шо к*р барате на доктор со обични настинки коа веќе сте го знаеле лекот - чаеви, билки, баења и остали срања ...

Инаку, иако постои вакцината се уште имаме болести како туберкулозата, поради невакцинирани случаи....

али нееее.... вие докторите ги сметате за вампири, монстурми пошо сите доктори се собираме еднаш месечно и играме околу мртва мачка и пееме песни и заговараме како да ве оштетиме вас и вашите дечиња....

И за оние „ ќе потпишеш ли ти дека нишо нема да му биде на детето ако го вакцинирам?!?!“ ... а ти ќе потпишеш ли дека преземаш одговорност и медицинска грижа ако моето / други деца се разболат / се ставени во опасност поради болест што е ерадицирана, ама се вратила пошо твоето дете ја има фатено пошо не е вакцинирано?

Имунитет на стадото - е добар за деца кои не можат да ја примаат вакцината, алергични деца, ама не и за галени мамини мази кои се водат според тоа - ако вакцината е штетна нека ги вацинират другите деца и нека умрат, ама не и моето, а моето не го вакцинирам, ако е арна вакцината ќе го штити...


и ко текстот за Анамарија....
текстот е полн со неправилности, надуван со драма и нашиов народ лесно се пали на тоа и удри по докторите, грди коментари ... девојчето е донесено дехидрирано, ацидозно во болница, ама тоа не е битно, не е битно шо е праено пред тоа, битно е дека сакале инфузија за да ја освежат (пошо народов наш е експерт во секое поле), али тоа е сосема друга тема...


Сума сумарум

Ако колнеш доктори, не оди на доктор и при мала настинка.

И со неколку прочитани ебени статии по интернет не си професионалец од област за која некој губи години и години од својот живот за да совлада дел од неа...
 
Член од
25 март 2012
Мислења
7.564
Поени од реакции
3.418
Сериозно ова, пошто заборавив еднан на време да му дадам на синот, после неколку пати појдов ми викаат дека нема, потрошени се, ми рекоа чекај до септември, немаше ни тогаш, и ја запоставив, не се сеќавам која точно беше. Требаше да ме навестат, но за ниту една ваксинација не ме навестија, туку сам одев, уште со пошта работат идиотиве, во ова ера.
Треба да си купам сам или што да правам?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom