fkpromaja
In the Heaven.
- Член од
- 28 јули 2012
- Мислења
- 449
- Поени од реакции
- 256
Ким Џонг-ун во новогодишната порака изјави дека на Корејскиот полуостров ќе му се случи нуклеарна катастрофа доколку тука повторно започне војна, предупредувајќи дека во тој случај ниту САД нема да бидат безбедни.
- Се соочуваме со опасна ситуација во која еден мал, случаен воен судир може да резултира со сеопшта војна, истакна Ким.
Лидерот на Северна Кореја додаде дека нема да моли за мир и вети дека ќе ја штити својата сиромашна, но нуклеарно вооружена земја со силни одбранбени мерки против непријателите.
Тој во новогодишната порака ја спомена и егзекуцијата на својот некогаш моќен чичко Џанг Сонг Тек, нарекувајќи го „ѓубре“, а неговото погубување „одлична акција“
IZVOR : TV SITEL.
---
Коментар : Во последно време ги следам состојбите на Корејскиот Полуостров, кој заедно со арапската пролет на блискиот исток се два потенцијални случаи кои би можеле да го доведат светот во кризна состојба. После контроверзното убиство на неговиот вујко, младиот диктатор на Северна Кореја наместо новогодишна честитка за здравје и мир во неговата држава, најави нуклеарна катастрофа. Инаку Северна Кореја е единствената диктаторска земја во која нема никакви немири, поради големиот дисциплински систем кој го спроведува претседателската фамилија Ким. Северна Кореја има добри односи со Руската Федерација, додека јужниот сосед е во постојани комуникации со САД. СК важи за една од посиромашните земји, но со нуклеарно вооружување. Ваш коментар?