Св.Никола стара напуштена црква во Маврово

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Свети Никола Летниот во с.Маврово, малку историјат да се потсетиме за изградбата,


и покрај сите напори да се направи нешто до сега беше безуспешно, ниедна власт до сега не најде време за реализирање на проектот за реконструкција на старата Св.Никола црква,

IMG_5595.JPG

се до минатиот месец кога Граѓанското здружение за заштита и одржување на потопената црква Св.Никола во с.Маврово, по подолго време успеале да почнат со реновирање на кабанаријата која поради староста преставува опасност за многу туристи и посетители.

IMG_5596.JPG

Старата црква Св.Никола (Летен) изградена во 1850 година, а со изградба на хидросистемот „Маврово“, а со тоа и собирање на сите води од околните реки во вештачко Мавровско Езеро 1953 година кога требало да се тргне иконостасот и сите икони (фреските уништени) и предмети на друго место односно на новоизградената црква Св.Никола (1990-2006), оти самата црква била потопена од езерските води.


старата потопена црква успеала да пркоси на сите временски, човечки и природни влијанија, одржувајќи ја својата конструкција во текот на целата година, период кога скоро е целосно потопена, период кога е половично потопена и период во текот на годината кога е на суво, кога Мавровското Езеро е повлечено.


Старата црква Св.Никола во с.Маврово дури била прогласена за најубав напуштен храм во светот од Huffpost,


посетена во текот на целата година од многу домашни и странски туристи иако преминот, внатрешноста па и надворешноста може да има опасност од рушење поради староста на самата градба, па затоа сиот труд и напор да се најдат средства за да истата реновира и биде спомен и за идните генерации!

... не знам зошто токму за потопената напуштена црква ми дава посебно чувство да дадам мој допринос барем на ваков начин со повикување на читателите на Кајгана кои можеби ете имаат можност за било каква донација да би се санирала целата црква, а не само камбанаријата.

IMG_5595.jpg

Било која сума е добродојдена да се поврати старата црква со сиот сјај од изградбата од 1856, иако барав да пронајдам некоја фотографија каде е прикажан целиот објект, црквата Св.Никола како била на почетокот цела не успеав, но не се откажувам од барањето по старите албуми од прадедовците и прабабите на Мавровчани кои ќе ги посетам при мои патешесвија,

IMG_5557.JPG IMG_5580.JPG

инаку темата би била уште повеќе збогатена доколку имате сопствени фотографии од ова напуштена и потопена црква и да ги споделите тука, со ваш коментар од нејзина посета, затоа што сум сигурна дека секоја посета на Мавровско Езеро било која сезона од ваша страна е неизбежна од барем една фотографија на Св.Никола Летен потонатата и напуштена црква!

IMG_20210716_155423.jpg

овие фотографии се направени сега во јули 2021 кога веќе камбанаријата е реновирана,

IMG_5710.JPG IMG_5733.JPG

целиот внатрешен материјал од паднатиот покрив на црквата е изваден и нареден покрај црквата,

IMG_20210716_155613.jpg

камбанарија тукушто обновена,

IMG_20210716_155628.jpg

внатрешниот дел расчистен, но може да има опасност од рушење на зидовите доколку повторно би се наполнило со езерска вода поради самиот страничен притисок на зидовите и немање потпора и стабилност што колку толку го даваше шутот, паднатите цигли и покрив во внатрешноста,

IMG_5645.JPG

доколку имате можност во овој период да ја посетите, посебно духовно ќе се воздигнете и ќе почувствувате некоја исконска сила, а ќе направите и фотографии кои ќе бидат посебни убави во вашиот ајфон!

IMG_5689.JPG

дали ќе успее да воскресне црвата Св.Никола Летниот во с.Маврово со сета своја убавина од нејзина почетна градба од 1856 година, останува да бидеме сведоци!
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Колку би чинело реновирањето со ѕидовите околу нејзе?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Колку би чинело реновирањето со ѕидовите околу нејзе?
... појма немам, ама можам да го најдам тој претсед.Васил Степанов моб. од здружението, па ќе пишам,
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Има и група на фб за ова, одамна правеа планови за одредена заштита околу црквата што минатата година можеше да биде изведено на суво оти го испуштија езерото. Инаку таму има далеку поголеми проблеми кои треба да се решаваат.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Има и група на фб за ова, одамна правеа планови за одредена заштита околу црквата што минатата година можеше да биде изведено на суво оти го испуштија езерото,. Инаку таму има далеку поголеми проблеми кои треба да се решаваат.
...и уште полошо ако ја додадам информација од еден од мештаните од Маврови Анови, дека Здравствениот дом кој се состои од два споени објекти и два спрата, со амин на одговорните на општината Маврово Ростуше и Здравствениот дом, дадени се под кирија вториот спрат и влезен дел на блиски луѓе кои во близина имаат ресторани,
...Здравствен дом всушност е болница за населението, а просторите издадени за некоја симболична кирија од 3000 ден пренаменети во хостел соби за потребите на околните ресторани и нивните гости, му се плачеше на човекот кога ми го кажуваше ова, а претходно општината одбиле некој стоматолог да биде концесионер во тие простории, радосни жителите дека ќе има кои да им ги поправа забите , а да не одат до Гостивар,
... се разочарав многу, да се прекрсти човек за такво самоволие и анархија, вака мислам немало ниту кога биле племиња на овие простори.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
...камбанарија

1627076216970.png 1627076574771.png
 
Последно уредено:

Pance24

Мариовец
Член од
26 август 2012
Мислења
270
Поени од реакции
104
Кога веќе се фрла пари за реновирање зашто не го сторат тоа со некоја водотпорна ограда околу црквата за да ја заштите од самата вода ? Дали има некоја таква шанса ?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
Кога веќе се фрла пари за реновирање зашто не го сторат тоа со некоја водотпорна ограда околу црквата за да ја заштите од самата вода ? Дали има некоја таква шанса ?
тоа ке му дојде као брана која сигурно ке кошта премногу


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... идејниот проект за заживување, санација и заштита на црквата „Свети Никола“, која половина век е потопена во Мавровското Езеро изработен од архитектонското студио „Тетрактис“ од Скопје, коешто својата визија за заживување на овој препознатлив црковен објект ќе ја презентира пред јавноста за првпат уште во 2014 година,

ice_screenshot_20210724-202400.jpeg ice_screenshot_20210724-202455.jpeg

ice_screenshot_20210724-202723.jpeg

ice_screenshot_20210724-202559.jpeg ice_screenshot_20210724-202652.jpeg

... дошле ВИП гости, се напиле, се помуабетиле, под око погледнале некое видео за црквата, послушале музика од песните на Бени Бенд и толку :toe:
- цели седум години до денес, глуви на крикот на своите прапрадедовци и духот на македонски црковни знаменитости!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom