Светско првенство [мажи] - Египет 2021 [13-31 јануари]

Кој ќе биде нов светски првак?


  • Вкупно гласачи
    70
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Ќе беше јако Медолино да пројдеше понатаму. Сигурно нов договор ќе бараше. :pos:
Нека се мафтоса веќе еднаш од ракометот, излапен е начисто. Време му е пак за во Саборот да се кандидира или за градоначалник. :D
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Се држеа хрватите додека имаа сила, секоја чест за Муса одбрана врвно изигра. Раздорот е голем у таа селекција и повеќе од евидентно е.
Данците ракомет по книга, брз центар после примен гол, пребрза транзиција и паметно прецизно развлекување правење вишок и крајна солуција соло влез.

Дедо Лино прв на тапет за стрелање. Дувњак реално е играч за лев бек а ништо од тоа не покажа, 80% асистент а има и те како добар шут.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Шпанија-Норвешка
Данска-Египет

Франција-Унгарија
Шведска-Катар
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.714
Изгледа и спортот во Екс-Ју оди како што одат и земјите општо, во провалија.
не е10 туку 12 разлика..
тука може ли да се отвори темата за мкд репка, сега за нас заврши светско или ќе се чека формално да заврши ??.
Наблишуваат квалификации за европско, ја некако не ја гледав Швајцарија на светското на ТВ, а пласман има добар, како ќе биде со нив сега ? всушност прво на 10,03 играме со Данска, а не ми текнува кога беше со Швајцарија дома, во април ??
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
не е10 туку 12 разлика..
тука може ли да се отвори темата за мкд репка, сега за нас заврши светско или ќе се чека формално да заврши ??.
Наблишуваат квалификации за европско, ја некако не ја гледав Швајцарија на светското на ТВ, а пласман има добар, како ќе биде со нив сега ? всушност прво на 10,03 играме со Данска, а не ми текнува кога беше со Швајцарија дома, во април ??
Со победа гости над Финска, и дома со Швајцарија ќе сме сигурно пласирани на еуро 2022.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.253
'Шведска со корона, тапа се, ова е најлоша екипа на Франција било кога.."

Ооп, лапај си 90% шанса дека еден од финалистите ќе е Франција или Шведска
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.129
Поени од реакции
16.632
Со победа гости над Финска, и дома со Швајцарија ќе сме сигурно пласирани на еуро 2022.
Остај шо нема да се пласираме, а и да се пласираме за шо ? За бруки да јадиме од кој ќе стигниме, да вежбаат шутеви на нас противниците, не фала :)
Автоматски споено мислење:

Швајцарија има здравјето да ни го земи.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.058
Поени од реакции
11.027
'Шведска со корона, тапа се, ова е најлоша екипа на Франција било кога.."

Ооп, лапај си 90% шанса дека еден од финалистите ќе е Франција или Шведска
Не ја отпишувај Унгарија.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.253
Не ја отпишувај Унгарија.
Да, да, фала богу тоа, ама од овие три екипи најмала шанса има Унгарија пошто ќе мора и Франција и Шведска да ја тепаат бек-ту-бек
Инаку знам дека и они се кадарни за финале
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.207
Поени од реакции
4.944
:pos::pos::pos::pos:
Еееее чика Лино, ја покака работата на ова СП, нешто не штима кај нив, не можи со вакви играчи нерешено со Јапонија, се мачи со Катар, пораз од Аргентина, торпедирање јаде од Данска :D
Кривицата е токму во него, прочитан е како буквар Червар, зато почна пред време да цимоли ау мау, лесна група, лесни вкрстувања за завршницата, можеја многу лесно да дојдат до борба за медал.
Се изгуби старио тоталка, чика Лино на ова СП беше Брестовац за сиротиње :ROFLMAO::ROFLMAO:
Само шо тие имаат играчи, ние послабо, има некој зацртани цели стариот и упорно оди со главата во ѕид, со Халил Јагањац, минатото натпреварување токму тој го избрка сега упорно го форсира, на ова натпреварување Јагањац ти е исти Филип Талески, не постои во терен, и тие некои удари високо над гол ала Фитиљ. Ебати бишето одбана исто како орката наша, не сака ќотек да дај. Па сигурен сум дека со Мамиќ на лев, крај краева и Карачиќ да го пуштеше лево ќе беа покорисни, тотално вон форма.....
Мартиновиќ е добар, ама многу неискусен млад играч 23 години, ама има ракомет во него одма се гледа, само уште нема утакмици, му фали искуство, затоа се тие грешките шо ги прај....
Со добар тренер и редовно играње на клупско ниво, ќе видите шо ќе прај на следното натпреварување кога ќе ја стигни сеа возраста на Тале и Фитиљ.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Физички очигледно се најспремни скандинавциве, не е можно колку сконцентрирани и поенергични се и во напад и во одбрана + какви само шутеви вадат нивните бекови.
После 25мин паднаа Хрвативе, не се спремни за првенствово.
Дека се физички поспремни тоа не е спорно ама не е само тоа.

Играат едноставен ефективен ракомет 60 минути. Нема висови и падови. Се знае цел натпревар трчаш напред назад, не му ја мислат дали добро направиле или згрешиле во нападот. Слекторот не ги казнува за грешки туку за незалагање (додуша ова им е вградено уште на 15-16 години). Не ја тупат, не глумат шаховско лудило барајќи ги најмалите празнини. Скоро сите играчи играат во два правци (или барем можат да играат во два правци иако некои ги штедат).

Друга приказна е дека делува дека тие се едни од последните кои успеваат да одолеат на атлетскиот налет кој доаѓа од повеќе страни на светот, често и неевропски селекции. За жал се повеќе ми изгледа дека треба да се радуваме додека можеме бидејќи за многу скоро ракометот го чека истото што се случува и во кошарката и во фудбалот - постепено преземање на приматот и физичко-атлетска доминација на на пример играчи од Африка или Северна и Јужна Америка, како и емигранти низ Европа (какви што ние немаме). Колку сакаш ти може да знаеш ракомет (или друг спорт) и да тренираш до бескрај, во судир со луди атлети кои имаат доволно играчка интелигенција и трудољубивост едноставно немаш шанси.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.253
Ракометната Федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори.
Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 - јануари 2021 година.
Ракометна Федерација на Македонија
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom