Светско првенство [мажи] - Египет 2021 [13-31 јануари]

Кој ќе биде нов светски првак?


  • Вкупно гласачи
    70
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 април 2018
Мислења
2.054
Поени од реакции
4.025
Колку тромав и безидеен играч е овој Мишевски. Не знам зошто Брестовац го игра во напад.
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Мишевски нема никакви ама баш никакви предиспозиции за бек шутер,може само од него да прават нов Ацо Јоноски или Велко Маркоски.
Него гомнаров селектор го игра Велковски место Серафимов,детето во 10 минути покажа дека има ракомет во него.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Талески во одбрана...како се нервирам еј човече...
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Што згрешил толку Серафимов за да не добива минутажа,за тие неколку минути што доби шанса многу солидно се покажа.
Незнам Брестовац што гледа во овој Велковски,дечкото е тотално изгубен и бескорисен на терен.
 
Член од
17 август 2020
Мислења
2.231
Поени од реакции
1.612
Зошто никогаш не можеме да изгубиме поштено под 10 разлика?
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.852
Поени од реакции
3.320
Па океј, не беше нешто лоша утакмицава. Јас мислам дека разликата е повеќе отколку што треба за прикажаното. Голема разлика им направи голманот, кој фати и доста зицери (не очекував тие да имаат добри голмани, ама па со нас сите се разбрануваат :icon_lol: ). После една третина водење, се шокирав дури (па и Талески се раздава голови). Одбраната беше подобра од последните три утакмици, но мора повеќе да се стегне. Нападот беше горе долу океј. Серафимов и во контри иде, тоа е баш топ (треба повеќе простор да му се остави. Ете со Белорусија нека игра ако не бар пола утакмица).
Не знам зошто се мрмља. Од сите утакмици од само влегување на првенство, оваа беше најсигурна дека ќе ја загубиме. Вака да играа пополетно со Шведска и светскиот првак, ќе беше друго.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Мишевски нема никакви ама баш никакви предиспозиции за бек шутер,може само од него да прават нов Ацо Јоноски или Велко Маркоски.
Него гомнаров селектор го игра Велковски место Серафимов,детето во 10 минути покажа дека има ракомет во него.
Каков Аце Јоновски, убедливо најисфорсиран е Мишевски, немат никаков квалитет за натпревари на високо ниво, ограничен е, неговиот придонес денес беше само негативен, ништо позитивно не направи, 2 шута резултараа со лесна одбрана и контра на противникот, едно исфрлајне во аут исто резултираше со контра, а не му е првпат и на претходна утакмица грешит со основни додавајна, во одбрана ништо не играт го врват ко дете мало, на негова сметка денес примивме 6-7 лесни голови.
 
Член од
17 август 2020
Мислења
2.231
Поени од реакции
1.612
Да се играше ракомет 15 мин светски прваци ќе бевме.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.260
Еве, Швајцарија дојде подоцна од нас, па си растураат на СП.. :(
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Најголем проблем во ова смена на генерација нели, е то шо неаме играчи кој знаат да играат одбрана, посебно на пикер позиција.
Нека размислат сериозно за натурализација на некој играч, посебно на позиција кај шо сме најдефицитарни.
Пример русите веројатно се откажани од Калараш, играч кој знае да игра одбрана, во Вардар е неколку сезони, можи да пробаат со него, дури и со Ловро Јотич, Хрватите со повикот на Кевич веројатно не рачунаат на него.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
И што ќе се добие ако се натурализираат, ќе се пласираме на некое ЕП тук и там и тоа е тоа.
Проблемот е уште во самото работење во младинските категории и селекција во школите. Со овие „деца“, едноставно толку е силата.

На пример, македонските ракометари се поситни и поспори од сите.Ако веќе во генетскиот базен нема многу висина, зошто форсираме спор и класичен ракомет? Зошто не се прилагодиме и да правиме брзи играчи, да играме „дива“ 3-3 одбрана и да им трчаме во грб на противниците во нападот?

Тие пак што имаат физички предиспозиции да се носат (Талески и Кузмановски), имаат слаби шутеви, слаб репретоар и релативно спора финта. Зошто немаме играч кој што е некаде 185-190цм, кој што има брз прв чекор за да може да направи вишок и малку осет за разигрување? Сите играчи ни се се од некој фаличен калап, пoтпросечни до просечни физички предиспозиции, 1 вид на шут и никаква 1 на 1 игра.

Проблемот во Македонија е системски. Не можеш уште да цедиш тоа што 79-82 годиште произвело. Од тогаш наваму имаме, 85то еден играч, 87мо тројца, 92 двајца и тоа е тоа. Само 6 добри играчи во период од 10-15 години, тоа покажува сериозна дупка во работењето. Ако некогаш беа инвестициите проблем, реалноста е дека веќе во Македонија 10-12 години имаме 2 клуба на релативно високо ниво и репрезентација редовен учесник на првенствата и пак ништо не е направено во однос на производство на играчи.
Нешто е многу труло во младинските категории.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Незнам што е потребно за да останиме во група на носители во рамки на светските првенства, очигледно што повисок пласман то подобро, добро ќе е Белорусите да загубат до крај на сите средби, па да извеме максимум со нив и со евентуална победа да завршиме на 5та позиција во нашата група.
Па во разигрувањето мислам дека од 17 до 21 место, ќе се соочиме со репрезентаци ко Алжир кој што треба да ги добиеме, да завршиме што е можно на подобра позиција, за во следно светско првенство како репрезентација од прв шешир да си ги зголемиме шансите за пласман на СП, доколку останиме во позиција на неносители можи да не чека еден БААЈАГИ долг пост на светско првенство познавајќи ги репрезентациите кој се во носители (Шпанија, Германија, Франција, Данска, Хрватска итн..
 
Последно уредено:

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Да се надоврзам за производството на играчи.
Словенија со слична популција само во 2 години произведува играчи на репрезентативно ниво колку ние во 10+ години.

1988-89 ( Бомбач, Ферлин, Доленец, Скубе)
1990-91 ( Цингесар, Зарабец, Лесјак, Габер).
Ги земам само овие годишта затоа што тоа се сега играчи на нивниот врв и во тие годишта се очеква да се носителите на една репрезентација.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom