Светско првенство [мажи] - Египет 2021 [13-31 јануари]

Кој ќе биде нов светски првак?


  • Вкупно гласачи
    70
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Би потенцирал две работи:

1. Падот е започнат со повлекувањето на Жути од репрезентација. Очигледно беше дека очајно фали класичен плеј, а таков немаме. Се нудеше една опција како решение со натурализирање на Скубе, од Х причини таа работа не се заврши, тој воз замина.

2. На клупа седи ракометно неписмен лик, тука е повеќе од 20 утакмици а на една утакмица нема поставено игра како што треба, да не правиме муабет за одбрана. Барем еден позитивен сегмент да покажеше во овие 2 години би имале некаква надеж.

Така да ништо од овие два порази не е изненадување.
И Ѓоргоновски зборуваше за проблемот на плеј, во ред подмладување, ама ако немаш со кој да подмладуваш на најдефицитарната позиција, зошто да не се повикат Жути да изиграт 20 минути на утакмица, итекако ќе е корисен.
Второ подмладување се прет со играчи кој ветуваат, не со Димитриовски, Поповски и Оса(Дарко Георгиевски), па и Мишевски е тука некаде има 0 минутажа, јас мислев дека ќе се покажит подобро од Велко Марковски кој е скоро испукана пушка, ама и таков Велко и текако ќе изиграше нешто на првенствово за вака да не се бламираме, Кукоски со Пелистер колку шо ги пратев играше цело време одбрана, а играја квалитетни утакмици во Лига на Шампиони, значит чоекот е во форма и моментално е можда најдобро решение за во одбрана, шо не беше случај со Никола Марковски, сабјава во Пелистер имаше 0 минутажа, ко дете мало го врват на 6.
Ако ништо друго земиго во резерви(Кукоски), за ко ќе играш со физички супериорна екипа да имаш некој касап во одбрана, Младеновиќ незнам врз која основа е повикан, во Металург имаше ако не очајна, ПОТПРОСЕЧНА сезона со мала минутажа едино во суперлига.
Според мене не требаше да се повикаат:Димитриовски, Дарко Георгиевски, Даниловски, Поповски па и Мишевски пошто реално има 0 минутажа иако не е толку лош колку другиве барем во одбрана.
На нивно место посебно после повредата на Маџовски, мораше да се повикат Манасков, 28 години имат немат потреба од подмладување на таа позиција, немат контра кој да трчат бе луѓе, Хрватите Чупич го повикаја на тој ростер шо го имаат, ние со 2 играчи на располагајне паметни ќе се преме, сум за форсирање на Ненад Костевски, ама то не значит дека на местото на Георгиевски да го повикаш Поповски, Џомба со Швајцарците гости сам ја изве утакмицата, погоди 4-5 топки од позиција кај шо Абало во најдобри години не би погодил.
Трето Кукоски на местото на Дарко Георгиевски, да не го омаловажувам сега, но кој е придонесот на батево,прво има 29 години друго 10 блока изеде, и да влезит да дајт 1-2 гола за 5-10 минути игра, џабе, шо ефект имаш ко држиш место на некој шо можит да е далеку поефикасен од тебе.
Џабе зошто во одбрана нема со кој да се браниме 10 гола за 8 минути примаме, затоа Кукоски ке беше поефикасен, ќе изиграше нешто ќе помогнеше многу во одбрана.
Нејсе ако тепаме со Чиле нека го повика Манасков за во следна фаза, дури и Жутиот на колена ако требит нека го молит,(па после првенство нека натурализираат еден среден дур се произведат некој средни од младиве категории али то за во др тема) првенствово се пренесвит во ебан цел свет, дури и ЕСПН ги откупија правата, се срамиме се брукаме а реално не сме толку лоши, наместо да изиграме над нашите можности ние се бламираме изгледаме ко Африканска репрезентација од пред една деценија, пошто моментално со ова шо го прикажавме и Африканските репрзентации покажват подобра игра од нас.
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.992
До кога бе ќе викаме играчи и ќе крпиме состави?

Ај и Пепи Манасков нека влезе да потполни место на стари гоидни..

Срамота е ова за младиве играчи во репрезентацијава. Апсолутно 0 желба за докажување, мислат (и со право) дека местото им е загарантирано.

Ќе најдат некој клупски ангажман за правење пари пар сезони додека седат на клупа во странство, ќе дојдат уМакедонија да ја довршат кариерата во оваа срање лига колку да се рече дека играат и тоа е тоа.

Можеби и тоа е проблемот, доаѓаат во репрезентаицја што има континуитет на ЕП и СП и мислат доа си доаѓа природно, им фали жар за борба, нешто што и кај кошаркава е.

Не гледаат поента зошто да дадат 110% од себе си.

Играчи што кога би бирале да добиваат малце натпросечна плата во екипа што не е толку доброа ама ќе бидат лидери на екипата ИЛИ екипа каде што ќе седат на клупа 60 минути ама битно ќе им стои во ЦВ дека биле дел од екипата одма со две раце ќе потпишат за втората опција.

Значи тотално 0 желба за играње.

Пуштете го мечот од Фајнл 4 пред само 2 години (да, пред само 2 години беше ова, и мене ми делуваше ко ептен далку да е :D )

Значи Фајнл 4, неутрален терен и играш против фаворит во името на Барселона.

На полувреме беше +7(!!!) за Барселона.
Ова го држеа некаде до 40 минута, сигурно беше 5-6 разлиак се до 45 минута можда тотално до тој момент делуваше дека се е решено.

И на крај победи Вардар.

И тоа два разлика.

И стана шампион на Европа.


АЛОООО +7 ПОСЛЕ 40 МИНУТИ ПРОТИВ ФАКИНГ БАРСЕЛОНА

Се потсетивте?
Супер.
Ајде сега да се потсетиме на реалноста.

Гледајте ги мечевите со Шведска и Египет.

Особено со Египет.

Со Шведска се откажаа после 15 минути игра кога противникот направи +4/5 разлика

Со Египет се откажаа после 8 минути кога противникот направи +6/7 разлика.


Каков е овој менталитет на играчите? Што прави тренеров?


Не можеш да очекуваш ништо со "ok, ete i ova ne e losho" менталитет

Пошто и Вардар можеше да каже "Уф, не фатија неспремни, јбг, 7 разлика никој не успеал да врати против Барселона, ајде, ќе пробаме трето место да освоиме, ако не и самиот Фајнл 4 е успех" (нешто што е 100% точно како реченица)

Ама јок, решија да се покажат.


Се додека влегуваме со "Добро, во овие два меча нема што да бараме, ќе играме со Чиле" како тактика онда нема ништо да направиме.
А да бидеме реални, овој менталитет го имаме долго време, дури и кога ја биваше репрезентацијава исти ни беа резултатите.
Порази од добри екипи, победи против Саудијска Арабија и Аргентина и ете како четврто пласирани одиме во следнафаза каде го јадеме стапот од сите.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
Реално, Чиле бољи се држат против Шведска од нас :/
не ја гледав Шведска -Чиле, фактички Чиле во второ полувреме крахира или пушти Б постава, не знам..
Ќе видиме утре, во 15:30, како ќе биде... но останува дека со нерешено Чиле оди, значи во таков случај овој превисок пораз од Египет ќе биде пресуден... значи САМО ПОБЕДА, нема тактизирање...
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Ѓоргоновски вчера кажа две многу паметни работи:

1-За репрезентација секогаш играат најдобрите,без разлика на годините.
2-Не постои процес "промена на генерација".

За првото делумно се согласувам,мора секогаш да се бираат играчи што се најдобри во тој момент,младите треба да се изборат за настап за репрезентација на големо натпреварување и да разберат колку е тешко да стигнеш до едно Светско првенство,мора да научат да ја ценат шансата што им се пружа.
За второто потполно се согласувам,не постои таков процес.
Во превод "промена на генерации" е време кога постарите играчи што го носеле товарот полека си заминуваат,а ти немаш соодветни замени,ако си ги заменил на време воопшто не доаѓа до такво нешто.
Видете ги поголемите репрезентации,кога они прават смена на генерација?
Тоа се прави постепено,ние единствено на пикер го имавме тоа,кога Столе го замени Ванчо,на сите други позиции се мачевме.
Треба да дојде време кога постариот играч ќе биде заменет со помлад играч што ќе биде подобар од него,на некој начин постариот да биде истиснат и да нема место веќе во репрезентација.

Ние мора да направиме поголема база на играчи и да почеме во младинските селекции да работиме поквалитетно.
Џабе е да се залажуваме дека вложуваме во ракомет,тоа е спорт број еден кај нас,ние сме ракометна нација,а од друга страна неможеме да извадиме никаков играч.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.256
Поени од реакции
6.451
За какво докажување зборите и очекувате од овие играчи бе. Па овие играчи се свесни дека го имаат достигнато својот максимум, дека на 90% од нив врвот им е македонска лига и по талент и по ментален склоп. Пред тренинг, после тренинг дремат по 2-3 саат у кафич, се пијанчат по кафани.
Филип Талески Орката (што би рекле некои членови тука) еден од најнеталентираните млади играчи, тука медиумите го претставуваа ко светски талент. Ствараа помпа, а дечкото освен висина, нема ништо друго ракометно у него. Шут ужасен, непрецизен, ко да фрла ѓуле. Толав вол, а секој втор шут му е у блок. Моторика една голема нула. Работа со нозе ужасна, сила нула. Еден ебан дуел не може да издржи, ни со играчи многу поситни од него. Ист ваков беше у младинци на Металург, камен ама го форсираа поради висината, другите сите беа метро и жилет од негова генерација (Палески, Велковски, Димитроски мисла играше, дебелион на среден после у Пролет што играше).Во млади категории даваше по 5-6 гола, од 10-15 обиди, против играчи кои беа далеку пониски од него. Не знам како се излажаа германцине да го земат после една добра утакмица у ЛШ.
Кузмановски има талент, џабе. Дечкото е глуп. Направи трансфер во Германија и имаше година време да се спреми, да научи колку толку јазик, он отиде таму, ни англиски не знаеше, камо ли германски. Тоа е показател колку усвари е посветен на тоа да напредува и да гради кариера. Едино овој од младиве може да игра во поквалитетна лига од нашава.
Велковски, како побогу овој игра у репрезентација, освен по некој добар пас, све друго му е у минус. Од што е пиче, не влегува у дуел. Висина нема, скок нема, движење успорена снимка, шут ко трето одделњние да е. Не знам зошто Серафимов дреме на трибини за овој да игра, дечкото иако помлад е подобар у секој сегмент од шупелкава.
Поповски на крило, ништо посебно. Македонска лига или Швајцарија, Австрија му се максимумот.
Димитриоски исто, почна у Металург на среден, поради висината го префрлија на крило, не беше лош и се заеба што отиде у Вардар. Многу подобра опција ќе му беше да отиде некаде каде што ќе игра многу повеќе, а не вака да влегува на 5 минути на добиена утакмица у ЛШ, СЕХА исто. Во години е кога треба да игра стандардно прва постава, али и него максимумот му е ко на Поповски, па гледа да искористи у Вадар ако може некоја титула да освои и некоја пара да заработи.
Танкоски ми е многу недефиниран, на моменти вади шут добар, на моменти не може топката до гол да стигне, на моменти прави влезови на 6, не се плаши од дуел, на моменти бега. Поима немам што да мислам за дечкото. Дека е нешто многу добар, не е. Не знам колку игра во Еурофарм, не верувам да е прв избор за среден бек. За него исто важи, ако сака нешто повеќе од македонска лига, нека ди бсрс клуб каде ќе игра многу, нормално да напредува, ако е задоволен со ова ниво на кое е, ќе си скисне у македонска лига.
Овие, после Ќире, треба да се главни играчи у репрезентација, а некои подобри млади ни на мапа нема. Првенство нема да видиме.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Мислам дека најдобар потег за македонскиот ракомет е да почнеме од нула. Мое мислење е дека треба да се ангажираат некои скандинавски или шпански стручњаци и тоа во младински категории.Уште од најрана возраст да се учат нашите млади ракометари на основите на ракометот, да се научат сите основни елементи и секако модерен ракомет, бидејќи од авион се гледа дека немаме никакви ракометни стручњаци. Без тоа ништо не правиме. Мора од мали нозе да им се всади и таа ракометна интелигенција, мора да знаат што прават на терен во одреден момент. Кога ги гледаш нашите сфаќаш дека немаат основни познавања на ракометот. Во одбрана посебно, тоа е тотална дезориентираност, жал да те фати кога ги гледаш. Значи мора комплетен ресет, со добра работа на федерацијата да не биде као со Брестовац моментот да се лажеме со такви пацери, туку со ангажман прво на квалитетни кадри (скандинавски или шпански во млади категории) и да се остави период на работа на долг период. Секако ќе биде мачно во меѓувреме, ќе има долг пост на неиграње на големи натпреварувања, ама па кога се наоѓаш во ситуација во која е нашата репка тоа е по мене единствениот излез да се направи повторно квалитетен ростер.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.506
Во последниве седум-осум години се прашуваме што по Лазаров и ништо не се презема околу тоа. Епа ете, доаѓа времето што по Лазаров и ние се'уште немаме решение по тоа прашање.
Не може сите да одат напред а ние да го играме истиот ракомет кој го игравме од 2009 година навака.

И малите деца ја знаат нашата тактика за во напад, средниот и левиот бек додаваат до крај на свет (пасивен напад, во позадина крилата трчаат како муви без глави), и потоа му ја даваат топката на Лазаров и тука опцијата е:
1. шут од тешка позиција (45-50% успешност),
2. додавање на пикер (кој е убаво затворен секогаш, 50% шанса за загубена топка),
3. цепелин (околу 20% успешност за реализација),
4. додавање до неспособно крило (45-50% успешност за реализација - споредено со нормални репрезентации каде е околу 80% реализацијата).
Порано се вадевме на просечно-добра одбрана, сега го немаме ни тоа, кога ќе го видам Никола Маркоски со ситниот чекор како девојче ми доаѓа да свртам канал. Вчера одбојкарите да играа ќе дадеа повеќе голови. Не можеш ти во 2021 година да играш ракомет со по три-четири замени одбрана-напад.

Целите ни се убави - пласман на ЕП/СП, проблемот е што не ни чини системот, т.е. нашиот компјутер не може да се носи со 4K резолуција, заглавен е на 720p.
Матичната плоча е истата од 2012 година.
Процесорот (Лазаров) е i7, ама четврта генерација. Уште врши повеќе од добро работа, но веќе сме стигнати на 11-та генерација процесори.
И тука доаѓаат проблемите, претходно имавме 16 гига рам, сега сме на 2 гига.
Порано имавме и графичка картичка, сега фураме на интегрирана.
Порано имавме Kaspersky Internet Security, сега немаме инсталирано антивириус.
Сакаме да возиме Windows 10 со полоши компоненти од времето кога возевме Windows 7, креативноста во Adobe ни е во минус (нормално, толку е рамот).
Кога надоградуваш систем, не го надоградуваш со полоши компонентни.
Ени ги Португалија, сфатија дека не им иде на Intel платформа, се префрлија на AMD Ryzen и растураат.

Забегав малце, но нема назад :) Мое мислење е дека селекторот треба да се повлече од репрезентацијата и да си бара друга занимација.
Луѓето од федерација да му платат 100.000 еур на Парондо да им направи систем за ракометарите од 14 до 22 години или да најдат некој скандинавец на кој ќе му дадат одврзани раце. Системот треба да се фура во младинските школи на Вардар, Пелистер, Металург, Струга...
Да го замолат Лазаров да биде активен како играч уште 3 години.
Да најдат струмичанец кој игра добро ракомет, оти не ја бива репрезентацијата без капитен од Струмица.
Да се молат на Бога да ни помогне, барем два пати неделно.
И ќе заборавев, да го префлат Талески во одбојка, со услов таму да не игра за репрезентацијата.
Зашто ако не го направат тоа, ќе останеме замрзнати на -31, а ние не поднесуваме баш таква температура.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.992
И ете, Катар први патнции во следна рунда од групава на Хрватска, штета за Јапонците.

А во следна група па ќе комбинираат со Данска и рандом екипи, ете шанса за Катар можеби да стигне пак до добар пласман
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.992
Едвај чекам да чујам кој ќе му биде крив вечерва на Клоп

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
Некој од Конго што има Корона, сигурно Клоп сакаше да гледа ракомет денеска, ама ете...
И со право ќе се буни! :D
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Има некој нов правилник што се заработува црвен за удар во глава?
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.122
Поени од реакции
5.229
Во последниве седум-осум години се прашуваме што по Лазаров и ништо не се презема околу тоа. Епа ете, доаѓа времето што по Лазаров и ние се'уште немаме решение по тоа прашање.
Не може сите да одат напред а ние да го играме истиот ракомет кој го игравме од 2009 година навака.

И малите деца ја знаат нашата тактика за во напад, средниот и левиот бек додаваат до крај на свет (пасивен напад, во позадина крилата трчаат како муви без глави), и потоа му ја даваат топката на Лазаров и тука опцијата е:
1. шут од тешка позиција (45-50% успешност),
2. додавање на пикер (кој е убаво затворен секогаш, 50% шанса за загубена топка),
3. цепелин (околу 20% успешност за реализација),
4. додавање до неспособно крило (45-50% успешност за реализација - споредено со нормални репрезентации каде е околу 80% реализацијата).
Порано се вадевме на просечно-добра одбрана, сега го немаме ни тоа, кога ќе го видам Никола Маркоски со ситниот чекор како девојче ми доаѓа да свртам канал. Вчера одбојкарите да играа ќе дадеа повеќе голови. Не можеш ти во 2021 година да играш ракомет со по три-четири замени одбрана-напад.

Целите ни се убави - пласман на ЕП/СП, проблемот е што не ни чини системот, т.е. нашиот компјутер не може да се носи со 4K резолуција, заглавен е на 720p.
Матичната плоча е истата од 2012 година.
Процесорот (Лазаров) е i7, ама четврта генерација. Уште врши повеќе од добро работа, но веќе сме стигнати на 11-та генерација процесори.
И тука доаѓаат проблемите, претходно имавме 16 гига рам, сега сме на 2 гига.
Порано имавме и графичка картичка, сега фураме на интегрирана.
Порано имавме Kaspersky Internet Security, сега немаме инсталирано антивириус.
Сакаме да возиме Windows 10 со полоши компоненти од времето кога возевме Windows 7, креативноста во Adobe ни е во минус (нормално, толку е рамот).
Кога надоградуваш систем, не го надоградуваш со полоши компонентни.
Ени ги Португалија, сфатија дека не им иде на Intel платформа, се префрлија на AMD Ryzen и растураат.

Забегав малце, но нема назад :) Мое мислење е дека селекторот треба да се повлече од репрезентацијата и да си бара друга занимација.
Луѓето од федерација да му платат 100.000 еур на Парондо да им направи систем за ракометарите од 14 до 22 години или да најдат некој скандинавец на кој ќе му дадат одврзани раце. Системот треба да се фура во младинските школи на Вардар, Пелистер, Металург, Струга...
Да го замолат Лазаров да биде активен како играч уште 3 години.
Да најдат струмичанец кој игра добро ракомет, оти не ја бива репрезентацијата без капитен од Струмица.
Да се молат на Бога да ни помогне, барем два пати неделно.
И ќе заборавев, да го префлат Талески во одбојка, со услов таму да не игра за репрезентацијата.
Зашто ако не го направат тоа, ќе останеме замрзнати на -31, а ние не поднесуваме баш таква температура.
Па реално да ги земеме Љафтов и компанија у одбрана тешко дека некој лесно ќе ги пројде, барем на шут тешко а за напад ќе го имаме домашен Кристопанс со тоа топот од рака што го носи со себе нека му ја мислат голманите хахаха

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.831
Поени од реакции
10.144
Едвај чекам да чујам кој ќе му биде крив вечерва на Клоп

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
Мал мозочен ништо страшно ќе помине густирај
Ти е.ам ракометот сите апој ги згрешив

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom