Светско првенство [мажи] - Египет 2021 [13-31 јануари]

Кој ќе биде нов светски првак?


  • Вкупно гласачи
    70
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819

Отварам тема колку да не одиме оф топик во другите, моментално заинтересираноста на форумот за СП е помала од таа во САД за ракомет.

За прв пат на ова првенство ќе учестуваат 32 репрезентации, 8 повеќе од минатите првенства и ќе се изедначи бројот на учесници исто како на СП во фудбал, но тоа не значи и дека на квалитет ќе добие првенството, напротив ќе гледаме повеќе репрезентации со мала или никаква традиција во ракометот и билдање на гол разлика од големите репрезентации.

Форматот на првенството
32 репрезентации поделени во 8 групи од по 4.
Најдобрите 3 од секоја група одат во втора фаза каде се прават 4 групи од по 6 репрезентации, а од таму најдобрите две од секоја група оди во нокаут фазата (1/4 финале).
Најлошите репрезентации од првата фаза разигруваат во т.н ”президент куп„.

Првенството ќе се игра во четири градови и во исто толку сали, финалето е закажано за 31 јануари, во Каиро.


Целосниот распоред
https://www.handballegypt2021.com/en/fixtures

Титулата ќе ја брани репрезентацијата на Данска, која и на ова првенство е еден од главните кандидати за титула. Од другите посериозни кандидати се Шпанија, Норвешка, Хрватска, Германија.

На ова првенство нема да учествува нашата репрезентација, но е прва резерва при случај некоја од другите репрезентации да се откаже.

Преноси од натпреварите ќе има на МРТ, Арена спорт, РТЛ Хрватска, РТЦГ.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.896
Поени од реакции
9.491
Незнам колку сте ги глеале З.Острови ама ни малку наивна екипа напротив доста интересна за гледање и располагат со солиден квалитет.
Утре/задутре поке ке напишам шо очекувам од првенствово да уплатам прво :icon_mrgr:
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.388
Слабо пратам ракомет последнава година-две. Ги гледам сега составите и ќе си дозволам да кажам дека Данска нема да освои медал. Ужасно стар тим, не го гледам Расмус Лауге, не гледам квалитетен десен бек, не гледам доминантен пикер. Без среден бек не знам колку Хансен ќе успее да ги однесе до медал. Плус Јакобсен не го сметам за некој стручњак.

Коа сме кај стручњаци, господинот Гисласон гледам дека е селектор на Германија. Одличен стратег и нешто што вистински им треба после Сигурдсон и екскурзијата со Прокоп. Не приметувам некој изостанок сем оној Муше мада на таа позиција Уве е неприкосновен. Т.е како не бе, кај се Пекелер и Винчек? А у, каде без Пекелер, најбоље пикер у свет и Винчек докторот у одбрана.

Франција некако се мачеа со Србија на последниве две утакмици. Што е со Карабатиќ? Тој е тимот на Франција, без некои сериозни измени. Класика крилата, пикери, океј надворешна линија. Само да ги видиме на дело со новиот селектор.

Шпанија со вечните Ентрериос и Сармиенто секако дека се екипа за респект. Квалитетни крила, топ голмани.

Норвешка, мојата омилена репрезентација, време е за злато на оваа екипа. Тоа е тој состав, глеам Тонесен се вратил. Штета Род го нема. Зошто? Друго нема што да се додаде, Сандер Сагосен и се е можно.

Словенија си држи квалитетен состав, Љубо Врањеш на клупа, Гајиќ назад у состав, опасни средни бекови може и најквалитетни од сите. Ќе праат проблеми овие гарант.

Хрватска исто, со Дувњак у состав никад не треба да се потценуваат коцкастите. Тоа е тој тим, средни бекови у конкуренција со јанезите ко најквалитетни моментално, барем по имиња. Мило ми е за Чупиќ што се вратил. Само Лино да не трипа со глупости.

Норвешка, Хрватска и Германија е моето предвидување за медали. Фаворити од сенка за медал Словенија и Франција.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.988
Македонија освојува.

Германија стигнува во финале, фаќаат корона сите играчи, предоцна е да се повикаат замени, платени се ТВ правата за финале, мора да се случи финалето да не пропадне се во вода.

Како прва замена влегува Македонија и освојува титула.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.839
Поени од реакции
3.293
Чекам Норвешка 50 гола да им лупне на ЈуЕсЕј, а Блонц да вежба на нив како против Чиле пред две години.

Не знам за вас, ама мене ДР Конго би ми била најинтересна екипа. Се залетува некој си Аманбе од 15 метри скока, шутира.... 5 метри над гол, а трча ли трча.
Абе дај некој нека откаже денес и да влеземе место нив. Спремни сме! :cool:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
ги урочивме американците, 18 позитивни имаат.
ќе треба леброн да го викаат во состав :icon_mrgr:
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Според мене број 1 фаворити се Хрватска,можеби не делува така ама имаат страшен состав,одлично воиграни,хемија во екипа и најкомплетни доаѓаат за разлика од останатите репрезентации.
Одбраната им е најсилно оружје,одамна не сум видел некоја репрезентација да игра толку цврста одбрана,мислам дека последно Французите со онаа златна генерација имаа ваква одбрана.
Во напад одлично покриени,Циндриќ изигра фантастична сезона во Барса,Дувњак исто,само уште Карачиќ да го имаат ќе биде одлично.
На ова првенство им се враќаат Штрлек и Чупиќ што дефинитивно кажува дека ќе атакуваат на злато.
Ќе видиме како ќе стојат со повреди,ако се комлетни сигурно ќе стигнат далеку.
Дури и здрепката им е идеална.

Позади нив мислам дека се Норвешка,предводени од Сагосен,последниве првенства немаа баш среќа во тие завршници и најверојатно сега се многу поискусни па ќе видиме до каде ќе стигнат.
Не треба да зборам многу за составот што го имаат,покриени се добро на сите позиции,играат брз модерен ракомет,ако им дадеш шанса ќе те уништат.

Како трети би ги спомнал Германија,знам дека имаат еден куп повредени играчи,многу и откажаа поради короната,демек го бојкотираат првенството,сепак мислам дека Швабите се најопасни од ваква позиција,секогаш кога биле потценети се покажало дека се најопасни.
Имаат многу играчи од Бундеслига и можат секогаш да извадат добар состав.

Данска на ова првенство доаѓа со доста проблеми,се шпекулираше дека е можно и без Хансен да останат,Лауге е повреден подолго време,Мортенсен исто го нема и тоа е доста голем хендикеп.
Мислам дека се далеку од најдобрите денови,некако и се затија после освоеното злато дома за тоа се спремаа подолго време и главната работа на Јакобсен беше да го освои тоа првенство.
Сега немаат некоја јасна цел,ќе атакуваат на полуфинале само мислам дека тешко ќе оди тоа.
Се виде и лани на Европското кога испаднаа во групи дека не истата репрезентација од претходно.

Франција можеби од фаворитите доаѓа најмногу осакатена,стигна смена на генерации,многу играчи се повлекоа,капак на се беше и повредата на Карабатиќ.
Останаа на среден бек со Мелвин Ричардсон да играат,што е далеку полоша опција,дури и Пранди се повреди на подготовките.
Ги гледав двата натпревари од евро купот со Србија кога играа,поприлично млаки беа Французите,на едниот натпревар тепаше Србија на вториот нерешено,немора се да значи тоа ама сепак јасно е дека не се баш во најдобро светло,далеку се од оние најдобри години кога беа апсолутни фаворити секое првенство.
Уште во група се со Норвешка и имаат поприлично тежок пат до полуфинале,до кое мислам дека нема ни да стигнат.

Шпанија стандард си доаѓаа со старци на првенството,без никакви бомбастични најави секогаш се во втор план и на крај си стигаат до завршница.
Многу искусни играчи имаат во состав,уште се тука Ентрериос,Сармиенто,Канељас...
Одлични голмани и крила имаат,главно ќе се крстат во одбраната,ако биде како последните првенства можно е пак да земат медал.
Не треба никогаш да се потцени ваква екипа.

Би ги спомнал уште Словенија,имаат солиден состав,добро покриени на сите позиции,одлични средни бекови кои ја водат цела игра,брзи крила,јака одбрана и ако им се укаже прилика и се поклопат коцките може да се замешаат во трката за медалите.

Од останатите репрезентации незнам кој би можел да стигне подалеку и да биде некое изненадување на првенството.
Исланд без Палмарсон се за една класа послаба екипа,тој е алфа и омега во тимот,без него стварно тешко да направат некој посериозен успех.
Шведска цел тим им беше позитивен на корона,незнам со какви играчи ќе отидат на првенството,сепак далеку се од екипа која може да атакува на висок пласман.
Австрија без лидерите доаѓа,Божовиќ и Билик ја носеа цела репрезентација на грб без нив стварно тешко ќе биде.
Може да изненадат единственио Португалија или Унгарија,незнам со каков состав ќе дојдат и дали имаат повредени/позитивни играчи,само последните години многу вложуваат изгледаа одлично на последните неколку првенства па може сега на едно вакво првенсто да си ја гледаат шансата.


Генерално ова е мислам најсалбото првенство во последните 10 години,многу репрезентации се ослабени,нема да има публика,еден куп позитивни играчи,многу незадоволни поради короната што бараа да се одложи,врв ќе биде ако на сред првенство се појави некоја екипа со многу позитивни случаи,дури тогаш ќе биде каша-попара.
Еве Американците 18 позитивни,може ние да влеземе на првенството па да се подигне квалитетот. :D
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
ги урочивме американците, 18 позитивни имаат.
ќе треба леброн да го викаат во состав :icon_mrgr:
јок, ќе викнат играчи од американски фудбал, само што тука во ракомет нема штитници и шлемови :cool: ....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom