Светско првенство за жени - Данска 2015

Која репрезентација ќе го освои трофејот?


  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.364
Поени од реакции
7.293
Колкав прогрес на Холанѓанките , најголем успех им беше 7 место на Европското минатата година . Сега имаат шанса за титула и пласман на ОИ .
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Холандија ако успее да го искористи ростерот шо го има,посебно на бековска позиција ќе има доста добро финале...
Кога Романките успеаа да ја искористат промајата во одбраната на Норвешка која е очигледна,и со Црна Гора дуваше корнеше...
Холандија со таа брза игра шо ја форсира ќе ги намачи доста Норвежанките,кои денес покажаа дека имаат големи слабости ако успее противникот добро да се постави и има густина во зона..
Тогаш тотално се бунат и доста грешат,или шутираат од неизградена позиција или очајно ја бараат Локе...
Ако не беше денес Офтендал на крај ќе го сркнеа,Мерк се изгуби речиси цело второ,на крај ја реши со тој луд гол од мртов агол..
Како и да е,Холанѓанките со тие шутери Грот,Полман,левиот бек,а и десниот не е лоша,плус и таа замената за Грот,со овие бекови шо ги имаат треба доста да ги намачат Норвежанките,не само со шутеви од надвор,туку и со игра два на два со пикер..
Холандија има доста квалитетни пикери,високи се и двете,доста добро се позиционираат и бараат топка,а и доста играат преку нив..
А денес како шо беа шупливи на линијата Норвежанките уште отсега се несетува дека ќе ги изрешатаат од линијата....
На гол се тука некаде,според мене Холандија ќе има предност со Вестер,некако помотивирано ми делува,иако и Норвешките голманки се доста добри,но мислам дека Холанќанките имаат барем за нијанса подобра одбрана и подобра координација со голманката..
Ама сепак,едно е да играш со Србија,Полска па и слабата Франција сосема друго е со Норвешка која е вистински дрим тим...
Сега ќе се види вистинската сила на Холандија,колку навистина можат против најдобрата селекција во светот...
Ако стегнат малку одбрана,и да изиграат макар налик на ова шо го изиграа Романките во второ ќе имаат големи шанси за изненадување....
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
За станардите на женски ракомет ова беше страшна утакмица.Инаку Локе:vozbud:,десна,лева рака нема разлика:cuc::cuc:.Ајде тоа али кое движење го има на линијата на 6 метри,секоја акција ја чита,милина за гледање.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Локе со оваа утакмица си ја осигура наградата играч на годината според IHF. Браво за Холандија, пред некоја година се кошкаа на дното со нас, сега види ги до кај стигнаа.

Локе и Карабатиќ се двоецот за 2015.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Инаку со пласманот на Норвешка во финалето автоматски Холандија избори пласман на ОИ.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Локе со оваа утакмица си ја осигура наградата играч на годината според IHF. Браво за Холандија, пред некоја година се кошкаа на дното со нас, сега види ги до кај стигнаа.

Локе и Карабатиќ се двоецот за 2015.
Кај Локе мене највеќе ме импресионира нејзиниот израз на лицето. Секогаш има израз со кој те мотивира да не се грижиш, да веруваш дека на крај ќе победиш :icon_mrgr:
Ѕвер од играч, како само ја измести Кликовац во четврт-финалето, ја прати по Марлборо :icon_mrgr:
 
B

Blade Torch

Гостин
Абе ок Локе, ама оваа Нора Морк какви шутеви вади :drk:

За Холандија сум во финале, иако имам лошо чувство дека нема да го дадат најдоброто од себе под влијание на притисокот финале...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Е да оваа Морк е 169 сантима висока, уште еден аргумент дека сме биле ниска нација и затоа не не бивало паѓа у вода.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За најдобар играч на првенството без конкуренција Ниагу. Какви голови, какви додавања, каква сила демонстрираше девојкава вистинко злато да ја имаш во свој тим.

Од Норвешка како и досега не сум импресионирана, многу пати видена машинерија на терен незнам дали ќе дочекам првенство да ги нема да исчезнат негде. Од овие се ми се одмили, однапред знаеш кој ќе биде во финале.

Се на се одлично првенство, се надевам нашиве запишаа некого во листата за купување, црнчено Роберто или како и да се викаше би сакала да го видам во Вардар. Од Полска бековска линија, од Романија голманот, десно крило.

Најпосер репрезентации за првенството Црна Гора и Србија.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.860
Поени од реакции
1.680
За станардите на женски ракомет ова беше страшна утакмица.Инаку Локе:vozbud:,десна,лева рака нема разлика:cuc::cuc:.Ајде тоа али кое движење го има на линијата на 6 метри,секоја акција ја чита,милина за гледање.
Дали ја запримети во одбраната копија Сулиќ отпозади удират со лакто в бубрези или кичма.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.860
Поени од реакции
1.680
Романскиот тренер беше збеснат после утакмицата на словенските судии,на секое прашање ги спомнуваше нив за да каже дека сепак Норвежанките за нијанса биле подобри,а моето мислење е дека направија доста грешки на штета на романките нарочито последниот напад на 10 сек треба судиите да ја доделат топката на Романките.
Како и да е финалето ке одлучит кој ке е подобар во контрите и полу контрите.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Е да оваа Морк е 169 сантима висока, уште еден аргумент дека сме биле ниска нација и затоа не не бивало паѓа у вода.
И Офтендал левиот бек исто, многу ниска репрезентација се, и Локе не е нешто кујзне колку висока ама оди нека ја застанат на линијата.
Оваа Офтендал глеам игра у некоја бљувотина од екипа у Париз, може да пробаат да ја присоберат навака.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
И Офтендал левиот бек исто, многу ниска репрезентација се, и Локе не е нешто кујзне колку висока ама оди нека ја застанат на линијата.
Оваа Офтендал глеам игра у некоја бљувотина од екипа у Париз, може да пробаат да ја присоберат навака.
Олфен?

не е до висината, до движење, поставување, тренинг, се е само не е до телесните предиспозиции. Ете Ѓокиќ највеќе фали а беше пониска од шпорет.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин

Kajgana Shop

На врв Bottom