Светско првенство за жени - Данска 2015

Која репрезентација ќе го освои трофејот?


  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .

akcioner

стартер
Член од
20 февруари 2010
Мислења
174
Поени од реакции
85
Данска ќе биде домаќин на 22то Светско првенство за ракометарки, во терминот од 5ти до 20ти декември 2015 година. На првенството ќе учествуваат 24 репрезентации, а бранител на титулата е Бразил. Градови домаќини ќе бидат Хернинг, Колдинг, Нествед и Фредериксхавн. Системот на натпреварување е ист како и на претходното првенство, односно 4 групи по 6 репрезентации од кои најдобрите 4 преминуваат во следните фази, 1/8 финале, ¼ финале и завршната борба за медалите. Во продолжение составот на групите и основни податоци за секоја репрезентација.

Група А ( Хернинг )

Данска
Претходни учества: 17
Најдобар пласман: 1 место во 1997
Клучни играчи: Кристина Кристиансен , Стине Јоргенсен

Црна Гора
Претходни учества: 2
Најдобар пласман: 9 место во 2013
Клучни играчи: Катарина Булатович, Милена Раичевич
Отсутни играчи: Ангела Булатович, Радмила Петрович

Унгарија
Претходни учества: 19
Најдобар пласман: 1 место во 1965
Клучни играчи: Анита Горбич, Сандра Зачик

Јапонија
Претходни учества: 16
Најдобар пласман: 7 место во 1965

Тунис
Претходни учества: 7
Најдобар пласман: 12 место во 1975
Клучни играчи: Муна Чеба

Србија
Претходни учества: 3
Најдобар пласман: 2 место во 2013
Клучни играчи: Кристина Лишчевич, Јована Рисовиќ
Отсутни играчи: Андреа Лекич, Драгана Цвијиќ, Сања Дамњановиќ, Катарина Томашевиќ

Група Б ( Нествед)

Куба
Претходни учества: 2
Најдобар пласман: 21 место во 1999

Шведска
Претходни учества: 7
Најдобар пласман: 6 место во 1993
Клучни играчи: Изабела Гулден, Натали Хагман

Холандија
Претходни учества: 9
Најдобар пласман: 5 место во 2005
Клучни играчи: Еставана Полман, Корнелиа Грот

Полска
Претходни учества: 14
Најдобар пласман: 4 место во 2013
Клучни играчи: Каролина Кудлач, Кинга Ачрук
Отсутни играчи: Алина Војтас

Кина
Претходни учества: 13
Најдобар пласман: 8 место во 1990

Ангола
Претходни учества: 4
Најдобар пласман: 7 место во 1996
Клучни играчи: Луиза Киала

Група Ц ( Колдинг)

Бразил
Претходни учества: 10
Најдобар пласман: 1 место во 2013
Клучни играчи: Ана Паула Родригез, Мајса Песоа

Франција
Претходни учества: 11
Најдобар пласман: 1 место во 2003
Клучни играчи: Алисон Пино, Амандин Лејно

Аргентина
Претходни учества: 7
Најдобар пласман: 19 место во 2013

Јужна Кореа
Претходни учества: 15
Најдобар пласман: 1 место во 1995
Клучни играчи: Еун-хи Риу

Конго
Претходни учества: 1
Најдобар пласман: 20 место во 2013

Германија
Претходни учества: 10
Најдобар пласман: 2 место во 1994
Клучни играчи: Сузан Милер, Клара Волтеринг

Група Д ( Фредериксхавн )

Норвешка
Претходни учества: 17
Најдобар пласман: 1 место во 1999 и2011
Клучни играчи: Нора Мерк, Хајди Локе

Шпанија
Претходни учества: 7
Најдобар пласман: 3 место во 2011
Клучни играчи: Нереа Пена, Кармен Мартин

Романија
Претходни учества: 21
Најдобар пласман: 1 место во 1962
Клучни играчи: Кристина Неагу, Паула Унгуреану

Русија
Претходни учества: 10
Најдобар пласман: 1 место во 2001, 2005, 2007 и 2009
Клучни играчи: Екатерина Илина, Олга Акопјан

Порторико
Претходни учества: Нема

Казахстан
Претходни учества: 3
Најдобар пласман: 18 место во 2007

За ова првенство владее мислењето дека нема изразени фаворити во пресрет на самиот старт. Актуелниот првак Бразил според мислењата е далеку од формата со која пред две години го освои златото, а една од главните ракометарки Едуарда Аморим по враќањето на терените, сеуште не е во целосен натпреварувачки ритам. Европскиот владетел Норвешка се соочува со неколку отсуства, па така на првенството нема да ги гледаме голманката Лунде, Ригелут-Корен, Бреиванг, Алстад...Црна Гора исто така се соочува со повредени ракометарки со што е намалена можноста за ротација на тренерот Аџиќ, но сепак влегува во потесниот круг фаворити. Тука се и Шпанија, Русија, Шведска, Данска, Франција, Унгарија. Од позадина ќе дејствуваат и Романија, Холандија, Германија, Полска, Јужна Кореа, Србија...

Исто така има најава дека МРТ ќе пренесува дел од поинтересните натпревари на првенството.

Официјален вебсајт: http://www.denmark2015.com/
 
Последно уредено:
Член од
2 октомври 2011
Мислења
841
Поени од реакции
504
Инаку околу преносите прееска на мечот Колдинг Барса коментаторот најави дека ке има преноси на Арена спорт.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.805
Поени од реакции
15.884
МРТ ќе пренесува од 12-15 натпревари од ова првенство, дел од групната фаза т.е најинтересните натпревари, изгледа целосно завршницата, така да и не е лошо.
Арена ќе пренесува повеќе натпревари, еве викендот кои натпревари ќе се во директен пренос:
Црна Гора - Србија, АС1
Унгарија - Тунис, АС2
Данска - Јапонија, АС4
Јапонија - Црна Гора, АС2
Србија - Унгарија, АС2

Ко што кажа @akcioner на ова првенство нема изразити фаворити, секој може секого да победи, освен африканските земји, јужноамериканските и дел од азиските кои се тотални аутсајдери и тешко дека нешто повеќе ќе направат на ова првенство.
Викендот се одиграа неколку пријателски натпревари, Шпанија ремизираше против Данска 25-25, Франција беше убедлива против Р. Чешка 31-20, неизвесни беа натпреварите и на Мобелринген купот каде учествуваа четири квалитетни репрезентации, Холандија, Русија, Шведска и Норвешка, најуспешна беше репрезентацијата на Русија заедно со Норвешка со 2 победи и 1 нерешен резултат, но Русинките имаа подобра гол разлика.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.253
Добро што им текнало на МТВ да даваат ова, ќе биде интересно да се прати иако врска немам од женскиов репрезентативен ракомет.

Вака од последедното првенство колку што памтам Шпанија и Црна Гора би биле фаворитки ваљда, а претпоставувам и Данска.

Од екипиве надвор од Европа се очекува некој да "изненади"?

П.С. Објективно гледано, на кое следно СП би можело да се очекува настап на нашиве ракометарки? Пошто вака ми изгледа дека ни за 10ина години не би се вратиле во ова......а се додека не играме на ова, чисто сумњам дека повеќе луѓе ептен би се замарале за ова
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Бразил го заборавате,актуелниот светски шампион..:pipi:
Не следам многу женски ракомет,ама пред 2 години во Србија сите ги ишлакаа....
Сигурно и сега ќе бидат сериозна селекција на која мора да се смета...
Според мене или Данска или Норвешка ќе освојат,посебно мислам на Норвежанките,страшна селекција се,но и Данкињите направија смена на генерации пред некоја година,па би требало токму на овај шампионат да ги соберат плодовите...
Во втор план тука се Бразил,Црна Гора,Франција и Шпанија....
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
172
Поени од реакции
121
Норвешка е апсолутен фаворит. Офтедал, Кристијансен и Мерк се страшно трио, Грмсбо и Солберг се одлични голмани. За Локе, Суланд и Херем да не спомнувам...Куртович и Вибе се во одлична форма. Норвешка имаат комплетен тим, на секоја позиција имаат одлични играчи.

Јас мислам дека формата на Данска иде во нагорна линија и со оглед на тоа шо се домакини би требало да играат 100% полуфинале, а можда и финале, нормално со помош на судиите :ROFLMAO:.

За Мобелринген купот не би коментирал многу зашто никој пред светско не би ја покажувал својата вистинска форма сите си чуваат адути за првенството.

За нашата репрезентација која нормално не верувам дека некогаш ќе учествува на вакво натпреварување искрено и не жалам кога на сите им беше битно да се прошетаат, а не да го дигнат гласот против некој кој ја унштува репрезентацијата нема што да се жали...шта је ту је.. ќе навиваме за други.
 
Член од
18 ноември 2013
Мислења
134
Поени од реакции
63
se slagam so Ракометно дете, Norveska ke igra so istata postava od minatoto evropsko prvenstvo koga ja osvoi i titulata...osven Rigelhut site rakometarki sto igraa vo lanskoto finale ke bidat dostapni...cudo nesto e norveska postojano imaat zamena vo generacii... nekogas sto bea Kristine Lunde , Hamerseng Snoregen, Nostvold, Larsen i dr. toa se denes Kristiansen, Oftedal i Merk...taka za mene i ovaa godina Norveska e apsoluten favorit!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Уште значи бојкотираат Лекиќ, Цвијиќ, Томашевиќ и Дамњановиќ. Ок сфаќам да не се согласуваш, имаш целосно право на тоа ама годините им изминуваат, да се игра на СП е сон, плус ова СП ќе е клучно за наградата ракометарка на годината. Ако стигне Норвешка до финале тогаш Локе е добитник 99%.

Team Montenegro reporting on duty :icon_mrgr:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.805
Поени од реакции
15.884
Србинките има да доживеат дебакл на ова првенство, нема некоја ракометарка која ќе потегне за нешто повеќе, врв ќе им е 1/8 финале, се натаму им е премија.
Не верувам ни дека Црна Гора нешто позначајно би направила на првенството, башка ако се знае фактот дека се игра кај скандинавци, тешко ќе им биде.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Оооо се омажила оваа ушлата со кравја фаца од Црна Гора, Кнежевиќ умрената.
Кој е тој Раичевиќ што ја земал што се запустил. :pos:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.805
Поени од реакции
15.884
Крш ракомет први 20 минути, србинките ме изненадија многу брза игра имаат, башка речиси секој шут им е гол.
Црногорките ептен лоши и тие, саде грешки.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.382
Поени од реакции
7.305
Заслужи Србија да не изгуби , браво !!
 

akcioner

стартер
Член од
20 февруари 2010
Мислења
174
Поени од реакции
85
Црногоркиве баш ништо не изиграа, во однос на очекувањата. Браво Србија!

Интересни натпревари денес, Бразил-Кореа и Русија-Норвешка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom