Само мене ми е дебилна 7 на 6 играта? Ја сум да се укине тоа, некако ми се губи смислата на ракометот така. Би забранил и да влегува играч место голманот во ситуација кога екипата има играч помалце, сепак тие 2 минути се даваат за да другата екипа има предност, а не пак да има 6 вс 6 ситуација. Сеа некој ќе рече епа празен гол оставаат, абе се е тоа океј ама како што реков ми се губи некако смислата на ракометот така. Се знае, добиваш 2 минути и си играш тие две минути со 5 во поле па ако екипата е вешта и способна ќе даде гол со играч мање, а не вака...