Светско Првенство - Главна Фаза + натпревари за пласман

Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
ај у здравје 2 разлика на полувреме
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Мирхол кога и да го гледам, не може гол да даде. Реализација никаква. Голманов исто го немам видено да има добра партија.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Море да им се намочам јас на тие германци шо сакаат да освојат оти играле дома. И тој скапан менталитет дека општо во се сакаат да се први ми е преку такво. Пишана ми е Норвешка за шампион и верувам дека можат да победат овде. Да се играше на неутрален терен норвежаниве без проблем 5 ќе водеа првово. Десното бекче со 2 метра и 21 година бисер (y). Е ова е талент, не нашите Филипчиња ги чекаме 3-4-та утакмица да шутнат на гол.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Sakam da tepaat svabive i posle Danska da jadat tezok remet

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Добро е, топ ракомет ќе се гледа во финале.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Германија тотално незаслужено беше во полуфинале.
Нивна публика,помош од судии среќа итн.
На првенството само одбраната им беше на ниво,тројката пикери Винчек,Пекелер и Колбахер касапи беа,они ги вадеа утакмиците.
Бековите катастрофа се им фали очајно некој класа среден бек и шутер од 2 метра некој.
Фет и Друкс само пробуваа да влезат на сила и така да извадат исклучување или евентуално гол.
Денес и голманите им потфрлија ептен,Волф добар е на првенството ама денес немаше ден,а и притисокот беше голем.
Тоа е тоа.

За Норвешка што да се каже да ти е милина да ги гледаш,млади брзи играчи ,доказ дека со работа може да се направат одлични резултати за неколку години.
На оваа репрезентација тек им доаѓа времето за медали,ако освојат злато по мене ќе биде максимално заслужено.
Скоро цел состав им е по 22-23 години.
Сагосен иднина на светскиот ракомет,на 23 години игра толку зрело и ги води своите.
По мене направи грешка што отиде во ПСЖ премногу гужва има ,некако покрај Хансен и Карабатич неможе да се изрази толку и да биде лидер,ама добро млад е сепак во наредните 10 години ќе има цела слобода да освојува трофеи,Мвп признанија итн.
Бергеруд,Род,Јоханесен,Танген сите ќе созреат за неколку години.
Страшни ќе бидат норвежаните тек за некоја година.
:bravobe:
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Одличен натпревар на Норвешка. Во ниту еден момент не подлегнаа на педерската атмосфера која вештачки ја ствараа швабите. Тепаа цел натпревар, па на секое исклучување скокаа на судиите и плачеа како мали деца на кои им ја земале играчката. А најголеми пичиња у целата швапска прича се Пекелер и Уве. Тој Пекелер денеска требаше да лета уште у прво. Провокаторско копиле, на секој натпревар у Лига на шампиони мирен као бубица, у Скопје глас не му се слуша, ама затоа денес крши, тепа, абе... Исто у Уве. Секоја му чест на ракометното мајсторство, ама голема плачипичка е доколку губи. Сума сумарум, полуфиналиња кои покажаа дека и Германија и Франција едвај на стаклени нозе се дофураа до полуфинале, посебно швабите. Доколку се играше на неутрелен терен никад немаше да се пласираат во полуфинале. Реално по квалитет се да играат од 5 до 7 место. Иначе ќе гледаме маестрално финале. Дефинитивно најдобрите репрезентации ќе се пресметаат меѓу себе втор пат на ова првенство. Некогаш тоа знае да биде контраефект за оној кој победил првиот пат ( во случајов Данска). Ама доколку ја погледнеме данската доминација на ова СП се чини дека златото е многу поблиску до нив. Не очекува лудило финале, и да уше еднаш, многу ми е драго што Швабсбург не играат финале!
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Бјарте Мирхол кое првенство го игра на 37 години, алал да му е.
Максимално го користи тоа што му го сервира Сагосен цело првенство.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.198
Поени од реакции
4.896
Данска - Хрватска
Франција - Норвешка

Финале: Данска - Норвешка, шампион Данска, вака типувам јас :)
Уште ден пред да почни СП бев сигурен во финале Данска-Норвешка, кога видов дека вкрстуваат меѓусебно дури во финале, ако одат како шо треба до крај со победи без некој кикс, а имаа на хартија полесен пат, за разлика од другата група....

Според мене Данска и Норвешка се најдобрите две селекции во светот последните 2 години и двете ги пратам играат страшен ракомет! Сега и тие две селекции играат во финале...

Полуфиналињата не ги погодив само :) Реално Хрватска ја пишав само заради 4те бода шо ги пренеси во следната група, инаку не ми беше во мислите за полуфинале, тогаш ако не ја пишев Хрватска и полуфиналињата ќе ми беа погодени :icon_mrgr:

А и Германија не беа ништо посебни, се сложвам овде со неколу души што имаа пишано дека, ако се играше на друго место Германија немаше да се пласира во полуфинале, одвратни ми се ептен германците, како репрезентација од секогаш сум ги мразел, а имале добри ракометари низ годините, а и сега имаат, само кога ќе видам фаци од типот на Винчек, Муше, Пекелер ми иди да ги клам под тркало и на фаца да му шлајфовам :pos:
Премногу беше полуфиналето за нив, на друго место сега ќе играја од 5-8 место, Хрватска ќе ги треснеше од земја, а и тука имаа резултат и тие до 50 и некоја минута, последните минути му ојде се во вода, ама то е то домаќини, полна сала, си го напрај своето, а пак од друга страна овие балкански менталитет....
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.020
@Mafo1
Да да.Секако не ти менува тебе.Што ме прашуваш за џабе?
Или денеска ако одсвириле како што треба тогаш значи дека и со Хрватска биле топ?Пошто не ги турнаа со сила во финале, така?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Заслужено и очекувано скандинавски дуел во финалето. Немаа сили германците и французите се истрошија во многу посилните групи во првата и втората фаза.

Голема штета за повредата на Род, мислам дека им е олеснета тука работата на Данците, иако имаат уште квалитетни десни бекови тие и можеби можат да ги преживеат повредите на Тонесен и Род на таа позиција - Танген и Рајнкинд се исто доста солидни.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Магнус Род, колку напреднал дечково страшно нешто.:shook:
Шо ти значи кога играш во јак тим, силни натпревари.
Лани ова време, кога го гледав како влегува како замена за Гландорф, пред се во мечеви во ЛШ кога Фленсбург одеше со комбиниран тим, чувајќи ги своите најдобри играчи за Бундес Лига си викав КАЈ ГО НАЈДОА ОВАЈ ТИКВАРОТ?
Страшен напредок има дечкото, како да не е истиот играч од лани, секоја чест, да ги ставиш ти на клупа играчи како Танген и Рајнкинд, посебно вториот, треба навистина да си нешто посебно.
Штета ако не игра во финале.
Страшна репка се Норвешка, единствено им фали еден лев бек да бидат перфектна екипа и еден бекап за Бергерут.
Сосема заслужено Скандинавците се во финале, треба да е вистински празник за очи финалето.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Многу лоши судиите ,дозволија многу груба игра и на крајот кулминиташе со страшната повреда на Род. Жалосно за детето (и сите ние кој го фаќаме плус цело првенство) ако е сериозна повредата, според гримасите нема шанси да игра утре. Без него мислам дека ќе му биди многу тешко на Норвешка, речиси невозможно да победат со Данска.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom