santelli
IP
- Член од
- 15 јануари 2008
- Мислења
- 5.041
- Поени од реакции
- 12.033
Колку и да е голема невработеноста во Македонија (факт), бројките не се реални; кај нас не постои фирма каде нема макар 5% од вкупниот кадар кој не е пријавен (пријавен со различни облици на договор за дело)...
Ова како факт и не е толку страшно колку што е поразителен ставот на сите оние што бараат работа: такво пребирање на работа, во најмала рака е разгалено!
Јас никогаш не сум се срамела од работа! Секоја работа е чесна се додека ти чесно ја исполнуваш и не го забораваш сопствениот сон. Од нешто мора да се почне. Зарем не е понормално и во кафич или било каков дуќан да работам додека не наидам на нешто што ќе ми биде вистински предизвик и ќе биде мојата ментална храна.
Не можам да сватам како може некој „вол“ што начукал 30 години да чмае дома и да чека мајка му да му даде парички за пијачка со девојка му а во меѓувреме чека работа од соништа (со педагошка или географија).
Во право е Никола кога вели (малку грубо додуше) дека мора да се направи некаква проценка во животот и да се гледа малку подалеку од некој моментален сон и визија за сопствено образование. Убаво е да се учи филозофија и посебно задоволство е да си во друштво на метафизички инетелекти, но тоа школото кај нас овозможува само политика како работа.
Не мислам дека само кај нас има голем и длабок јаз помеѓу образованието и неговото материјализирање.
Кај нас е застрашувачки фактот што производството на образовани луѓе далеку ја надминува потребата од истите. Со толку многу продуциран кадар сите имаат дополнитела обврска да се изборат и докажат многу повеќе отколку пред 10-тина година. Како и да е мојот став бил и ќе биде: за тој што сака да работи, работа има!