Светски шампиони во невработеност, Македонија е апсолутен светски првак во невработе

Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Баш денес е време кога треба секој сериозно да размисли како се гледа во животот.
За разлика од претходно, кога се штанцале кадри и секоја фирма требало да има и правник и психолог, за да се намали невработеноста, денес не е така.
Значи пред да си ебе некој 4-6 години од животот треба да си знае за што ги троши.
Општа култура ко филозофија или географија и во маало се учи.
Проценката за иднината е нешто кое мора да го имаат младите, не може да се со став, кур ме боли ќе учам технолошки.
Да, ќе учиш технолошки и ќе бидеш технолошки вишок.:)
Како Дарвин што рекол, во природата не успева најсилниот или

најголемиот организам, туку оној кој е способен да се адаптира.
pa i sega se stancaat kadri,
neli vikaat ucete zapisete fakultet i po 45 g,
abe sranje ni e drzavata
uste stancaat kadri a nema opotreba od niv.
abe ajde ako e ova pravna drzava
ako nema rabota ke ti daat
socijalna pomos pa da proteras mesec i da platis kiria ko u Hol;andia Finska Svedska Norveska a nie sme policiska drzava i tiranija!
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
pa i sega se stancaat kadri,
neli vikaat ucete zapisete fakultet i po 45 g,
abe sranje ni e drzavata
uste stancaat kadri a nema opotreba od niv.
abe ajde ako e ova pravna drzava
ako nema rabota ke ti daat
socijalna pomos pa da proteras mesec i da platis kiria ko u Hol;andia Finska Svedska Norveska a nie sme policiska drzava i tiranija!
Не, денес секој си е за себе и одговорен за себе.
Државата не ти ветува вработување.
Лоша проценка е и медицина на пример, има премногу кадар, лоша проценка ти е и правник има многу правници.
Она кое недостига се мајстори за заварување, поставување на ел. и друга инсталација, општи работници.
За нив секогаш има работа.
Ама не, сите си сакаат фотелја и назив, па затоа ебат по 10 години на факултети.
Факултет не ти е никаква гаранција за вработување.
Еден од условите е за одредени позиции, но во никој случај не и гаранција.

Остави ги ти скандинавските земји. Друг народ, друг менталитет, друга историја.
Гледај ги италијанците, грците, шпанците, турците. Тука сме некаде ние.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
добро,ќе се квалификуваме и ќе бараме РАБОТА во Македонија.....кога ќе ти дојди пликчето со 6000-12000 ДЕНАРИ(да напоменам МАКСИМУМ) во него месечно,ќе се изначудиш кај да ги потрошиш прво....
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не, денес секој си е за себе и одговорен за себе.
Државата не ти ветува вработување.
Лоша проценка е и медицина на пример, има премногу кадар, лоша проценка ти е и правник има многу правници.
Она кое недостига се мајстори за заварување, поставување на ел. и друга инсталација, општи работници.
За нив секогаш има работа.
Лоша проценка е да си човек затоа една нуклеарна бомба за не страдаат и умрат од глад.
Има мајстори за заварување нема работа за нив отиде фирмата под стечај, па сега таксисти работат.....
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Не, денес секој си е за себе и одговорен за себе.
Државата не ти ветува вработување.
Лоша проценка е и медицина на пример, има премногу кадар, лоша проценка ти е и правник има многу правници.
Она кое недостига се мајстори за заварување, поставување на ел. и друга инсталација, општи работници.
За нив секогаш има работа.
Ама не, сите си сакаат фотелја и назив, па затоа ебат по 10 години на факултети.
Факултет не ти е никаква гаранција за вработување.
Еден од условите е за одредени позиции, но во никој случај не и гаранција.

Остави ги ти скандинавските земји. Друг народ, друг менталитет, друга историја.
Гледај ги италијанците, грците, шпанците, турците. Тука сме некаде ние.
Класично македонско размислување, ќути има и полоши а?
Зашто да не сме најдобри?
Како може да сме тука со грците кога сеуште нашиве идат да берат маслинки таму за пари?

И викаш државата не ти гарантира вработување, не гарантира точно, а дали си ги слушал рекламите Запиши се на факултет?
Упорно во нив се тврди дека факултетот е иднината, дека со факултет полесно ќе се вработиш итн... Значи државава го лаже народот бидејќи и со средно браварско можеш да се вработиш?
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
а зошто да бидеш вработен кога може да бидеш "невработен" и ем социјална ќе си земаш ем плата ќе си земаш​
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
а зошто да бидеш вработен кога може да бидеш "невработен" и ем социјална ќе си земаш ем плата ќе си земаш​
Тоа може,ама во Германија ко циганите што прават
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.239
Дали ќе се намали конечно невработеноста па макар и на ваков нечесен начин.
Од една страна се зголемува бројот на новозапишани студенти и бројот на факултети, од друга истите тие лица за кои трошат и семејствата и државата големи суми, се доведени во ситуација да работат нешто за кое немало потреба да завршат ниту основно школо. Јад и беда од новиот обид за бришење на невработените од евиденцијата.

Доктори на науки ќе метат лисје
Мијач на коли, скараџија, келнер, продавач, собирач на лисје. На вакви работни места ќе мора да конкурираат дури и невработените доктори на науки, магистри и други високообразовани кадри ако не сакаат да бидат избришани од списокот со невработени и да го загубат правото на здравствена заштита. Ова ќе се случи ако се донесе новиот правилник за активно барање работа, кој на големо се подготвува во Агенцијата за вработување. Правилникот ќе задолжи околу 330.000 невработени лица во земјава, од кои педесетина илјади во постари години, да достават потврда до Агенцијата дека во текот на еден месец конкурирале на неколку огласи за работа и не ја добиле работата. За експертите ваквата идеја е бесмислена во ситуација кога во земјава нема нови инвестиции и нови работни места, а берзата на трудот не функционира по стручност, туку по партиска и роднинска линија.

- За разлика од другите држави во странство, каде што невработените користат бенефиции од државата со кои нормално живеат додека да најдат работа, кај нас единствени бенефиции најчесто се сините картони и ретко некој надоместок, кој во наши услови не покрива ниту трошоци за леб и за млеко за цел месец. Значи нашите невработени немаат полза од тоа да бидат на списокот со невработени, за разлика од невработените во другите држави. Да се бара доказ дека барале работа за да не бидат избришани од списокот со невработени е апсурдно во ваква ситуација кога во земјава нема инвестиции и нови работни места. Невработеноста не се лекува со мерки на пресија, туку со активни мерки за вработување и за подобрување на бизнис-климата - велат експертите.

Невработените се револтирани бидејќи освен што вака им се зголемува бирократската тортура, ќе им растат и трошоците во ситуација кога не заработуваат.

- Како човек ќе однесе потврда за активно барање работа, кога само јас во последните неколку месеци имам конкурирано на над 10 огласи за работа, а ниту на едно место не добив писмена потврда дека не сум примен на работното место? Уште една брилијантна чиновничка идеја - коментира еден читател на нашата интернет-страница.

Друг невработен прашува како да докаже дека активно бара работа кога најчеста практика е документите да се испраќаат по електронска пошта, а нема ниту одговор дека се примени.

- Некогаш нема ни јавување ни порака назад дали воопшто сте земени предвид за разговор, а камоли да дадат потврда која би можела да ми потврди дека активно барам работа - вели Невенка од Скопје.

За работодавците, ова не е мерка за намалување на невработеноста и на сивата економија, туку нова бирократска процедура за невработените лица.
- Ова не е мерка за стимулирање на вработувањето. Ниту, пак, таквиот доказ би бил валиден дали некој бара или не бара работа. Вработувањето во земјава го продуцираат компаниите и јавниот сектор, а не оние што активно бараат работа. Во ситуација кога нема нови инвестиции, ниту работни места, не може да се очекува дека сосила ќе се намали бројот на невработени. Вака само ќе се зголемат трошоците и бирократските процедури за овие лица. Невработен тешко дека има компјутер или интернет за електронски да аплицира за работно место, а два часа во интернет-кафе чинат 100 денари. Каде се трошоците за превоз за интервјуата, фотокопиите од документите што се потребни за да се аплицира на работното место и слично. Ним и онака им е тешко, па непотребно е да се бараат докази дека навистина бараат работа - вели Миле Бошков, претседател на Конфедерацијата на работодавци.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.772
Поени од реакции
9.892
Дали ќе се намали конечно невработеноста па макар и на ваков нечесен начин.
Од една страна се зголемува бројот на новозапишани студенти и бројот на факултети, од друга истите тие лица за кои трошат и семејствата и државата големи суми, се доведени во ситуација да работат нешто за кое немало потреба да завршат ниту основно школо. Јад и беда од новиот обид за бришење на невработените од евиденцијата.




Незнам дали сум кажал во друга прилика,ама со енормното зголемување на запишаните на факултетиве не е на арно.
Мое мислење е дека за иднина си создаваме само проблеми..96% запишани на високо образование..што ќе се деси со тие луѓе кога ќе завршат,кој ќе ги работи професиите кој никој нејќе да ги работи..а немој мора !.......Рудар,водоводџија или обичен физикалец..
Секој ќе сака подобро работно место,и секој ќе ја криви државата зашто нему го овозможува.. Државата си создава огромни проблеми за во иднина !
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дали ќе се намали конечно невработеноста па макар и на ваков нечесен начин.
Од една страна се зголемува бројот на новозапишани студенти и бројот на факултети, од друга истите тие лица за кои трошат и семејствата и државата големи суми, се доведени во ситуација да работат нешто за кое немало потреба да завршат ниту основно школо. Јад и беда од новиот обид за бришење на невработените од евиденцијата.
Што им останува пред избори освен на ваков начин да бришат од евиденција и од прво место во светот да стасаат на второ.
Пациенти и лешинари еден куп,неспособна раја која смислува бирократски решенија за собирање поени пред простата маса која верува на телевизии платени од државната каса.Пракса која се повторува изминативе 20години.Ниту сме слепи,ниту сме глуви,вакви приказни може да им се продаваат само на луѓе како Цитро и избраниот,за другите треба да смислат подобра идеја.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.239
Трагично е што истите тие на прес постојано споменуваат за некоеси вештачко намалување на невработеноста од претходната влада...постојано, во недоглед како папагали (и врапците веќе пеат за тој период), а сега пак истите тие односно владата која е воглавно составена од нив, применуваат уште побезобразни мерки. За оваа мерка кога слушнав сабајлево на "здраво Македонијо", нешто ми велеше да побарам Улкодин, искрено ме доразочараа.
И не ме чуди веќе (макар да пробував да ги оправдам и одбранам нивните потези и активности) фактот од Еуростат дека според невработеност сме ставени во Посебна категорија
Еуростат: Македонија е во посебна категорија за невработеноста

Во Македонија стапката на невработеност не е само малку повисока отколку на друго место во Европа. Споредено со другите европски земји тешко погодени од невработеност Македонија е во посебна класа. Според Канцеларијата за статаистика на ЕУ, Еуростат, минатата година 32,2 проценти од вкупната работна сила била без работа.
Доколку причина за нереалниот број невработени е заради сини картони или непријавување на вработеност и самовработеност, постојат едноставни мерки тоа макар да се намали...владата треба да се труди да стигне до бројката од реална невработеност преку реални мерки (и во реалниот сектор како што велите економистите), а не преку насилни.

Незнам дали сум кажал во друга прилика,ама со енормното зголемување на запишаните на факултетиве не е на арно.
Мое мислење е дека за иднина си создаваме само проблеми..96% запишани на високо образование..што ќе се деси со тие луѓе кога ќе завршат,кој ќе ги работи професиите кој никој нејќе да ги работи..а немој мора !
И на сегашните нема што да им прават Цитро, освен што ги претрупуваат државните фирми...инвестирање њама, на земјоделието му се молиме на Бога, туризмот го занемаривме (према другите околни држави, за тоа имам и лични примери и за Бугарија и за Грција)...
И мене ме фати песимизам, готово ...дај друго дете :) мислам...нема веќе ниту претпоставени информации ниту реални за да можам постојано да го релативизирам, амортизирам, правдам нивното слабо функционирање.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Дали ќе се намали конечно невработеноста па макар и на ваков нечесен начин.
Од една страна се зголемува бројот на новозапишани студенти и бројот на факултети, од друга истите тие лица за кои трошат и семејствата и државата големи суми, се доведени во ситуација да работат нешто за кое немало потреба да завршат ниту основно школо. Јад и беда од новиот обид за бришење на невработените од евиденцијата.

Доктори на науки ќе метат лисје
Поголем број на луѓе со високо образование не е воопшто лоша работа, напротив факултетот им ја дава потребната широчина и никој не знае какво време ќе дојде и таа диплома кога ќе им е потребна.
Образованието треба да е достапно на сите, барем на сите оние кои имаат можност да најдат начин да го завршат.
Значи моментот со високообразувани кадри не е воопшто спорен.
Она кое се јавува и драстично повеќе ќе се јавува како проблем е како тие луѓе откога ќе завршат ќе најдат работа, особено во струката за која завршиле.
Тоа е и денес очигледно, а набргу ќе стане и правило.

Многу е тешко на некој кој завршил правен или медицина, да не зборам за филолошки или филозофски, да најде сила(ментална пред се) да прифати работа како општ работник, продавач, келнер. Завршениот факултет им дава најчесто лажна слика на поголема вредност и нивните реакции се нормални, сепак посветиле труд да се качат некоја стапка на според нив а и на општоприфатеното мислење, нагоре, па контактот со пазарот на труд им создава фрустрации.

Високото образование на времето беше и уште некое време ќе биде користено како официјален филтер при вработувањње во широка лепеза на дејности, нужно да се ограничат 10% од населението од остатокот. Таа селекција беше природна, бидејќи не повеќе од 10% можат да бидат менаџери, шефови, професионалци. Кога стапката на високообразувани станува 20 и нагоре проценти веќе се јавува проблем бидејќи тие или ќе бидат невработени поради неможноста да најдат работа според вокацијата или пак ќе ги истиснат од работните места оние кои се со средно и подолу.

Така имаме примери по банките каде на шалтери работат луѓе со завршен економски факултет, кои во договорот за вработување имаат клаузула да не смеат да бараат повисоко работно место во рамките на банката. Да, тие се во банка, но го работат она кое пред 10 години го работеле луше со средно, а и реално работа на шалтер е работа која не бара којзнае колку критичко размислување, решавање на проблеми, изнаоѓање на нови решенија. Луѓе кои завршиле медицински факултет работат како медицински сестри бидејќи ги има премногу итн.
Значи пазарот се адаптира на промените и настапува ерозија и девалвирање на високото образование. Да, тие луѓе се со факултет, но работа и земаат плата како некој пред неколку години кој бил со средно. Завршен факултет станува како завршено средно за поголемиот дел од нив и со тоа веќе не може да се смета на поранешната селекција.
Уште полоша е состојбата на оние со завршен јазик, книжевност, социјална работа, култура, уметност и слични, кои не успеваат да најдат работа барем малку сврзана со нивната диплома, па се разочаруваат и најчесто не работат ништо.

Тоа создава куп на луѓе со диплома кои не се специјализирани преку работа и со тоа како им минува времето стануваат работонеспособни со многу мала можност да работат било што.

Исто, многу од завршените својата иднина ја гледаат во вработување во државни институции. Тоа е погрешен, премногу штетен начин на размислување. Прво што е најважо е дека државната администрација нема неограничен капацитет за ширење и прифаќање на нови вработени. Вториот е дека системот и ваков каков што е е превработен, прегломазен и згора на се неефективен. Вработените таму не учат и не се надградуваат. А трето е што тој систем кога тогаш ќе мора да биде реформиран, бидејќи е финансиски неиздржлив.

Што ќе донесе реформата на администрацијата? Има два начини на реформа од аспект на плати/вработени и двата се непопуларни.
Едниот е намалување на приходите на административците и со тоа можност за останување на сегашниот број вработени, негово мало зголемување или мало отпуштање. Вториот е масовно отпуштање, кое скоро и да не е можно да се реализира, поради работните договори.
Најверојатно ќе се оди на трета варијанта а тоа е приватизација на големи сектори од администрацијата. Така, отпуштањата ќе ги вршат приватници, не државата.
Преголемата вработеност им прави лоша услуга на оние кои се вработуваат, бидејќи знаењето кое го добиваат е мало и неквалитетно, не е можно на толку голем број да им се посвети нужно внимание за да станат способни.

Кога рамковните вработувања завршат ќе може да се оди на поголеми отпуштања/заминувања со отпремнина, каде на секои двајца етнички Македонци ќе се отпушта по еден припадник на малцинство. Кога ќе се намали бројот на административци на 50-70000 илјади ќе се смета проектот за успешен.
На улица ќе се најдат поранешни буџетари, кои во поголем број ќе се над 30 години и тие ќе мора да најдат да работат нешто сосема трето, со што ќе се соочат со проблеми. Ретко кој може да се респецијализира и да прифати и помала плата и полоши услови од претходно.

Кога ќе нема толкава администрација, ќе нема ни потреба од толку давачки, толкави казни и инспекции, сопствениците на фирми полесно ќе вработуваат луѓе (се разбира по пазарни цени) и економијата ќе оди напред.
Економијата не треба да се загушува со огромни давачки, непродуктивни закони, нереални казни и регулации. Мора Македонија да помине низ период на ран капитализам, мора да се напушти извесен период нефункционалниот квази-социјален систем кој денес постои. Како економски просперира замјата, социјалните права полека можат да се градат, но сега врз поздрави основи.
Се разбира овие мерки ќе се непопуларни и кој ќе владее ќе се соочи со проблеми, па затоа би било логично да се направат на почетокот од мандатот било која идна власт, за да можат првичните последици да се амортизираат со растењето на целокупната економија.
Да завршам со она кое го почнав, оние кои се со факултет ќе треба да прифатат дека работа од нивната струка нема да има за сите и ќе мора да се снаоѓаат дали со сопствени бизниси, дали со работа на нешто кое не им „лежи“.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Во денешно капиталистичко време е смешно да барате држава да ве вработи, бидете кој сакате и што сакате , доктор , магистер, образованието е вложување во себеси, но никаде држава не ти вика, ти заврши , јас ќе му ја мислам што ќе работиш. Не е ова Југославија која јас не ја памтам. Секако имаш некоја гаранција ако си црвен или плав, ама зборам за неутралните луѓе. Денес го имате капитализмот во својот најсуров облик, имате глобализација и да ви кажам право покрај мултинационалните компании државата е пионче, само регулатив на бизнисот, регулатив кој пак мултинационалните компании ќе го сменат ако не им одговара.
Каде е овде Македонија?Капитализмот е игра која земјава не сака или не знае да ја игра, уште не сум сигурна кое од овие две работи е поточно. Е сега ако не сакате да ја играте, ќе си крадете, ако не можете нема да знаете да влезете во текот на капитализмот, а ако е така вие ниту имате економија, а ниту работни места. Па ќе ви вика ЕУ , дај приклучете се на некоја регионална економска организација за да се навикнете како тоа една држава треба да го игра капитализмот. Ние не знаеме очигледно, и така драги мои , работните места ќе си бидат соодветни на мозоците кои ја водат нашата ни Македонија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.239
Поголем број на луѓе со високо образование не е воопшто лоша работа, напротив факултетот им ја дава потребната широчина и никој не знае какво време ќе дојде и таа диплома кога ќе им е потребна....
Но широчина за собирање пикавци или уште полошо за потребите на некој газда феудалец (како што беше случајот со Орка пред 2-3 години), тогаш нека се ослободи буџетот од финансирање на високото образование пошто за такви работни места нема потреба работник да знае формула на кетони или програмски јазик. Во тој случај Агенцијата ќе се јави како експлоататор и самоволник, ќе се дозволи да се продолжи и зголеми мобингот/булингот во процесот на вработување и работни односи...што не се смета за плус. Не е непознато дека зголемување на број на студенти и овој начин на бришење од евиденција се бескорисни инструменти за апсорпција на вишокот потенцијална раб. сила од млади среднисти и намалување на невработеноста на хартија. Во тој случај би требало приходите да ги ослободат и од давачки за невработени и за високо образование затоа што целта на давачките е сосем друга.

А гломазноста на администрацијата е заради партизацијата-во последните неколку години се помасовна. Слабото функционирање на државните институции (што е факт преку разни масовни појави) е правопропорционално со прием на партиски нефункционални вработени и раководители, заменици и советници. Доколку нивното на вработеност е какво што беше до 1999, немаше да ни се случува толкава администрација, ниту толку неспособни служби.

Во денешно капиталистичко време е смешно да барате држава да ве вработи, бидете кој сакате и што сакате , доктор , магистер, образованието е вложување во себеси, но никаде држава не ти вика, ти заврши , јас ќе му ја мислам што ќе работиш.
Зборот беше за злоупотреба на Агенцијата. Не вели никаде државата дека мора да ме вработи, но пред да ми даде метла во рака, институцијата за вработување ми дава социјални програми, курсеви, социјални примања доволни за некаков живот (во Македонија истите средства не се ниту за чување на мачка)...значи има одредени обврски кон невработениот пред да го уцени со било каква работа затоа што работи со пари од граѓаните.
Можам да замислам, познавајќи ги приликите и коруптивноста, како ќе се злоупотреби и оваа одлука (линкот со приватни фирми, уцена на невработените..., работа за беспари), како и секоја друга.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom