Светски шампиони во невработеност, Македонија е апсолутен светски првак во невработе

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Работевме заедно на еден проект со луѓе кои што не ги познавав и имаше една од тиее колешките имаше завршено некој факултет аа професорка по еден предмет. И ја викнале во Биро за вработување и тетката таму и поставила едно прашање: Какви мерки имате превземено за да се вработите? Нејзиниот одговор бил: Какви мерки да превземам да земам М. (Подрачниот министер за образование) со пиштол да го бркам :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Тешко им е на луѓето и не е проблем со тие што не се вработени сега има проблем и со вработените, овие од здравство кој има кој нема земено плата волонтери не собира повеќе на квадратен метар.....Се снаоѓа кој како зне и умее......
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
напротив... јас мислам дека да не беше БЦ до сега сдсм немаше да постои или ке беше на ниво на некое локално партииче т.е. ке се самораспаднеа уште повеќе... БЦ се врати назад и одлетаните птички почнаа да се враќаат во сдсм... примери има многу... партијата зајакнува од ден на ден, добива на публицитет, рејтингот и расте... само дали ке го надмине на вмро и на обединети за МК незнам... не сум експерт нити па ванѓа за унапред да кажам, ама затоа можам да коментирам и да согледам за досега...
Ама како да ти кажам мене не ме интерира нивната партија ниту партијата на власт, мене ме интересира Македонија, народов, економијава, а БЦ многу во тие работи не се покажа, како што не се покажаа ни тие после него од Преродбата, ни пак после нив БЦ и компанија. Можда им се зајакнува партијата, можда им станува локално партиице, а со самото тоа што ги врати одлетаните птички кои требаа највероватно да одлетаат и никогаш повеќе да не се вратат тоа докажува дека и ништо не се менува таму. Зад него стојат истите луѓе со кои Шехеринска ги загуби изборите.

Еве еден предлог ако си функционер на СДС или ако некој е функционер. Нека се мафнат сите освен Гордан Ѓорѓиев и Зоран Јованоски и нека им дадат отворени раце. Немаат криминално минато типовите и способни се за реформи, а од БЦ се виде и економија и се. :smir:
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
кога реков одлетаните птички мислев на оние што од сдсм прејдоа во вмро или во некаоја од другите коалициони партии што се на власт... а тоа кој колку се покажал е друга прикаска... точно дека македонија е она што ме интересира и секако мојот живот во неа... незнам колку си стар пријателе, ама јас сум доволно стар за да се секавам на квалитетот и квантитето на животот од после распадот на југославија... во времето на сдсм кога е обвинет БЦ дека создал маса на стечајци и кога ја испокрал државата наводно, јас убаво се секавам дека со 2 плати дома се живееше боговски... се идело на одмори, шетања, па и по кафани на ручеци и слично...како проаѓа времето се потешко и потешко е од година во година ПОСЛЕДНИВЕ 20 ГОДИНИ... со заклучок дека ланската година беше потешка од таа претходно, оваа е потешко од лани и така во недоглед...

и се разбира, сите оние што се со минимална старосна граница од 35 години па нагоре знаат дека пропаѓањето на фабриките по распадот на југославија не започна од времето на БЦ туку на оној бугарот вмроовец со Б во името, (некои го викаат и жмигавец пошто така трепка со очите од нервите кои си ги лечел по разно разни установи) што нејќам ни да му го спомнам името... БЦ само го доврши муабетот... ака исти муабет е со продажбата на ЕСМ... вмро почна, го изработи проектот во времетраење од 24 месеци, се изгласа истиот, во меѓувреме вмро падна од власт, и сдсм ги доврши последните 4 месеци од истиот... исти чошак беше и со фискалните апарати... јас бев дуќанџија во тоа време т.е. трговец на мало... вмро го започна проектот сдсм го доврши... и сите копја и за фабриките и за фиксланите и за есм и за се друго се кршат од грбот на сдсм, што за воља на вистината е голема пародија или лага... уствари сакам да кажам, сите до сега што беа на власт со се актуелниве сега, баш сите кој од којега и све мој до мојега... исти се до еден сите... само ги дрпаат и ги перат парите на народот...

да не претерувам со пишување ама за рекордот на невработеноста во македонија се криви сите до еден.... кој ке го реши проблемот? пак ке се вракаат старите на власт? треба да дадеме шанса на трети луге... доста више од вмро и сдсм, преку онак џуниор ми е од нив... невработеноста расте, пари нема, ние со мали фирми ипретрпијатија тонеме во долгови само зашто обрт на средства нема... а како ке има кога имаме 40% не вработеност... како кажете ми? а од оние што се вработени 70% и јаче се во државна администрација која живее од даноците на останатите 30% вработени по приватните сектори... што е многу многу е...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.239
и се разбира, сите оние што се со минимална старосна граница од 35 години па нагоре знаат дека пропаѓањето на фабриките по распадот на југославија не започна од времето на БЦ туку на оној бугарот вмроовец со Б во името,
Мала корекција, издигнувањето и распадот започнаа со Анте Марковиќ и крајот на сфрј -законот на Марковиќ за приватизација, другите само го довршија неговото дело.
 
S

smart ass

Гостин
Што се однесува до кумановци, ги споменав во контекст на нивна организираност и упорност
Така и Велешани.....по Франкфурт:vozbud:

Не го спомнувам синдикатот, ја спомнувам опозицијата. Седат, не се омасовува незадоволството. Кога се осврнуваме на синдикатот, би те корегирал -синдикатите. Зборот синдикат во еднина е од минатото. Иако минатата деценија беше под владение на Црвенковски (ССМ -социјалистички синдикат на Македонија), средината на 90-тите имаше чести и големи демонстрации, организирани од опозицијата. Зошто истото не се организира сега, доколку 35% од активното население е без примања.
Се согласувам,но луртз на самото прашање имаш одговор-па нели ја примети мас медиа лоботомијата(ВЛАДИНИ Реклам...башка и за бранко реклами ДА НЕ заборавиме...Б.Ц:pos2:),понатаму форсирањето на национализам кој оди во негативна насока,имено верувам дека доколку дојде до такво "решение" ќе има проблеми....(било која влада).

--- надополнето ---

Мала корекција, издигнувањето и распадот започнаа со Анте Марковиќ и крајот на сфрј -законот на Марковиќ за приватизација, другите само го довршија неговото дело.
Точно,ама кога отиде Телекомот:)

Чија сопственост е ЕДИНСТВЕНАТА рафинерија во Р.М???(башка и отштета им плаќавме и буквално не е*ат баш квотата за мазут се користи за да ја снабдува Грција(ТЕЦ.Неготино)....кога има потреби),сепак ова се е првенствено ДОБРОСОСЕДСКИ потег на Р.М.

овие од здравство
Се "Болни" од канцер и Крлежи и др паразити!.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
може и така да се рачуна... поентата ми е дека не е тоа дело на БЦ... или не е само негово дело... или чак што више, може да се каже дека анте го почна, а вмро обе ручке го прифати по распадот на југославија, а сдсм го доврши... значи кој е крив? БЦ и сдсм... тешко тоа да е баш така... само ме нервира фактот што сите гомна и лајна од минатото се препишуваат на сдсм и БЦ...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.239
Така и Велешани.....по Франкфурт:vozbud:

Се согласувам,но луртз на самото прашање имаш одговор-па нели ја примети мас медиа лоботомијата(ВЛАДИНИ Реклам...башка и за бранко реклами ДА НЕ заборавиме...Б.Ц:pos2:),понатаму форсирањето на национализам кој оди во негативна насока,имено верувам дека доколку дојде до такво "решение" ќе има проблеми....(било која влада).
национализмот се користи како лек со децении, како кај нас, така многу повеќе кај соседите, посебно јужниот. Постојано блканот бил у кризи, постојано се користело националното како плацебо за економските проблеми. Инаку, ако се организираат јавни изрази на незадоволство, верувај, би излегле и многу од вработените пошто или имаат некој свој близок без работа или како што рекоа погоре, навистина се платите доста мали (чест на исклучоци :) ).
А за бц, техниката на Милошевиќ се примени и овде. Имено, тој постави свои директори пред приваизацијата на клучни места...истото се деси и во Македонија...но тоа е назад, зад нас...не вреди да се спомиња.
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
може и така да се рачуна... поентата ми е дека не е тоа дело на БЦ... или не е само негово дело... или чак што више, може да се каже дека анте го почна, а вмро обе ручке го прифати по распадот на југославија, а сдсм го доврши... значи кој е крив? БЦ и сдсм... тешко тоа да е баш така... само ме нервира фактот што сите гомна и лајна од минатото се препишуваат на сдсм и БЦ...
доволно сум стар за да ги знам тие работи од бившото. сите тие работи што ги наброј кој ги почнал, а само сдс ги завршувал е фактот дека тие завршиле приватизацијата на сите тие работи. ако нејќеле да ги завршат немало. друга ми е поентата.

значи болдов е дека признаваш дека тој е дел од сите оние кои ја закопаа државата или пробвиш да го амнестираш со тоа дека е дел од нив? не ми е јасно ама како и да е тој е битна фигура. Ако анте ја почнал а не чинела зашто БЦ ја продолжил таквата приватизација, а по него и Бугарот? Ако не чинела продажбата на ЕСМ зашто Бучко и компанија ја разделија и ја продадоја, ако не чинела приватизацијата на Телеком зашто бугарот ја приватизира.
Значи дечко тој е еден од многуте ако сакаш така (спорд мене и the master во приватизацијата) само за разлика од тие многу што се тој се промовира сега како спас на оваа држава. НЕ ФАЛА треба да му речеме на сите бивши функционери, водачи, лидери, не само од бившиот систем туку и од транзиционите години.
Тие земји што го направија тоа стигнаа подалеку а ние уште ќе се занимаваме дали утре ќе има плата и колку е невработеноста.
Има млади деца, поучни во сите партии што знаат како се работи, начитани, научени, кој во странство кој тука. Излитени фаци мислам дека доста ни е
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484

Токму така.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Има млади деца, поучни во сите партии што знаат како се работи, начитани, научени, кој во странство кој тука. Излитени фаци мислам дека доста ни е
Греота е кога тие млади деца имаат животна цел да се вработат на државно, или да мислат дека ако завршиле факултет се направиле.
Нема едно со друго врска. Гледам на темиве некои правници се бунат зошто за практиканска не им плаќале или мизерно ги плаќале.
Па тоа е поената на практиката, на факс не те учат за работа, те учат теории кои се најчесто пропаднати.
Сигурен сум дека добар местач на домашно парно, заработува повеќе од просечен адвокат.
Значи бирајте си ги приоритетите. Ниедна работа не е срамна, а и не ве бива за секоја.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
ja mislam site ubavi zenski da snimaat pornofilmovi i toa da izvezu rm posto nas product e makeonsko devojce
ama ako nejke so sila da se tera da snima pornici za da ima koris od nea drzaata a ne samo ona.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
ja mislam site ubavi zenski da snimaat pornofilmovi i toa da izvezu rm posto nas product e makeonsko devojce
ama ako nejke so sila da se tera da snima pornici za da ima koris od nea drzaata a ne samo ona.
Да ти даде на тебе некој можност да ставаш стакла по згради, пвц, за 19000 ден., од 7 до 15 часот, би одбил ли бидејќи си со факс?
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Мала корекција, издигнувањето и распадот започнаа со Анте Марковиќ и крајот на сфрј -законот на Марковиќ за приватизација, другите само го довршија неговото дело.
Остај го Антета барем банани се изнајадовме тогаш...

Не е проблемот во поединците туку во мнозинството кое што им дава власт на некомпетентни луѓе да си играат држава.
Не е проблемот во работодавците кои што даваат мизерни плати и не плаќаат ПИО туку во работниците кои го трпат сето тоа, али нема врска ќе почека работникот 3-4 месеци за плата битно е газдата прво да си купи куќа од милион евра и кола од 100.000
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Остај го Антета барем банани се изнајадовме тогаш...

Не е проблемот во поединците туку во мнозинството кое што им дава власт на некомпетентни луѓе да си играат држава.
Не е проблемот во работодавците кои што даваат мизерни плати и не плаќаат ПИО туку во работниците кои го трпат сето тоа, али нема врска ќе почека работникот 3-4 месеци за плата битно е газдата прво да си купи куќа од милион евра и кола од 100.000
А како ти би си играл држава?
Што има врска државата со вработувањата од страна на приватни фирми?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom