- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.588
15 јули 2013 година,
Скопје, Македонија
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) посакува дипломатски односи меѓу Австралија и Македонија под државното име, како и со целиот свет, меѓутоа за неприфатливо го смета мешањето на здружението “Обединета македонска дијаспора“ (ОМД), (едно од петстотините македонски организации во светот), во внатрешните работи на Македонската заедница во Австралија.
За СМК контра-продуктивна е наградата на ОМД на актуелниот австралиски министер за надворешни работи сенаторот Боб Кар, во време кога тој пред грчката заедница во Австралија потврди дека нема да го смени ставот кон обраќањето БЈРМ.
СМК истовремено потсетува на наградата на ОМД во 2011 година за животно дело на поранешниот претседател Киро Глигоров кој ги подели Македонците во светот во 1992 година со формирањето на таканаречениот “Втор Светски Македонски Конгрес“ заради промена на името и знамето, обединет со првиот СМК во еден и единствен Светски Македонски Конгрес од 1997 година.
СМК ја поддржува Македонската заедница во Австралија во децениските напори за австралиско признавање на Македонија под нејзиното државно име, како и на идентитетот на македонската заедница во австралиското општество, но за крајно неодговорно го смета однесувањето на здружението ОМД кое во обидите за самопрогласување за лидер во македонските работи прави повеќе штети меѓу Македонците во светот, отколку што придонесува за унапредување на нивната положба и права.
СМК ги информира Македонците и македонските заедници во светот дека досега нема никаква соработка, координација и размена на мислења и искуства со здружението ОМД, ниту неговите активности ги прифаќа за релевантни и покрај неколкуте безуспешни понуди до нив тоа да се случи.
СМК не полага монопол или ексклузивно право врз македонските работи и врз Македонците во светот, но го отфрла создавањето на паралелна меѓународна невладина организација која освен поддршката од американската амбасада во Скопје не бележи значителен интерес меѓу Македонците во светот поради грешките коишто од незнаење или под инструкции ги мултиплицира.
СМК го смета здружението ОМД за наменска инсталација со цел супститут на СМК, ама го оценува за неуспешен обид, како што беше “Вториот Светски Македонски Конгрес“ на Киро Глигоров, иако е за очекување да создава заблуди и поделби.
СМК потсетува дека здружението ОМД е формирано во САД со поддршка од американската администрација во предвечерието на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа на 7 ноември 2004 година, кога САД ја признаа Македонија со претседателската алиби-изјава: .
“Ја признавме Македонија под нејзиното државно име за да ги спречиме националистите во организацијата на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа.“ Иако, референдумот беше успешен!
СМК изразува жалење за македонското неединство во земјата и во светот, поради партиски интереси, неоврховистите и колаборационистите, и вмешаност на странски разузнувачки служби, меѓутоа од Владата, министерството за надворешни работи и од претседателот на Републиката бара да ја ограничат сервилноста кон ексклузивната промоција на здружението ОМД како супститут на СМК меѓу Македонците во светот, бидејќи ОМД не е ниту влијателна, ниту прифатена од Македонците и македонските заедници во светот.
СМК од Владата и од претседателот на Републиката бара да престанат да ја стават дипломатската мрежа и државната администрација на Македонија во функција на една наменска инсталација во која интерес имаат американските служби поради влијание и контрола врз Македонците во светот.
СМК, истовремено, очекува непристрасност од провладините медиуми во промоцијата на здружението ОМД како “највлијателна организација меѓу Македонците во светот“ иако тоа воопшто не е, со цел манипулација на домашното јавно мислење и епилог кој допрва следи.