Светска Економска Криза 2020

Член од
23 мај 2019
Мислења
3.659
Поени од реакции
4.317
Низ медиумите се повеќе има присутни “гласови“ за новата-претстојна-тековна Светска Економска Криза 2020 год.
Последната криза од 2008 година се помни како Армагедон за светскиот баланс.
Денес криза 2020 год, наводно, ќе има уште постраотен ефект.
Се упатува, и укажува на неизбежна криза.
Дали верувате во таа приказна?
Светската криза дојде или не?
Дали кризата започна со корона вирусот или ќе започне по вакцината и крајот на корона пандемијата?


Кризите не се случуваат спонтано, тие се предизвикуваат со цел и се еден од најјаките геополитички инструменти за доаѓање до Моќ и контрола – па така, одговор на прашањето е ДА, кризи ќе има - причина за следната криза ќе биде одбрана на доминацијата на петродоларот која е наголемо нарушена, а со тоа – всушност и доминантноста на Англосаксонците, повлекува дека наскоро мора да се иницира економска криза, “тие“ се уште ги имаат сите клучни алатки за контрола на протокот на светски финансии, и со оглед дека на фронтот нивните цветови не цветаат (поточно тие западнаа во тотална руина) ќе се обидат со последното (многу пати веќе испробано и успешно – во Македонија сите го почувствувавме тоа оружје се препознава како Северџганизам) оружје од богатиот арсенал..... ако и ова не им помине, тогаш треба да се очекува сериозен конфликт - од многу посериозен карактер од класичните прокси конфликти на кои бевме сведоци во последните 30 години.

На место заклучок значи, геополитичките околности ја диктираат неизбежноста на кризата, но за да може да се предвиди дали кризата ќе биде за година, две или три, со “помош“ на која земја и преку какви „стоки-ресурс“ ќе се лансира, е за нас недостапно знаење – за да се има такви информации потребно е да се биде повисоко во структурите на моќта и на нивната маса. ... – лична спекулативна оценка е дека кризата е иницирана со короната, а дека крајот на почетокот ќе се поклопи со изборите во САД, што значи во рамките на 12 месеци од добро изведениот brexit.....

Се на се, кога ќе забележите некакви “проблеми“ со ненадејни ценовни падови на стратешки производи „на литиум“ во Јужен Занзибар, ќе знаете дека кризата наидува......

...за петродоларот...
Анал-истите од атлантистичко демократски маштаб ќе ви речат:
Тоа е поим од минатото, стар 50години. Разбудете се, денес е 21 век, САД е најголем производител и извозник на нафта, плин, а IT индустријата е водечка. За петродоларот денес говорат само луѓе на минатото (треба да гледате во иднината) тоа се преостанати марксисти + културмарксисти + теоретичари + економски теоретичари и проблемот го издигнаа на ниво на плашило и дежурен виновник, и затоа што денес не можат да се снајдат тие и понатаму говорат за петеродоларот.

------
Петродоларот (со оглед на промените во економијата и глобалниот финансиски систем кога е создаден) наголемо го надминува поимот петро – 1/2 (половина) од трговските трансакции како и 2/3 (две третини) од сите светски хартии од вредност се деноминирани во долари што доларот го прави главна валута која не може да се заобиколи – но и тој и таков долар е прилично нагризен (процесот на дедоларизација започнат пред повеќе од 5 години се движи). Неговата моќ слабее, Кина ја нуди својата валута како дополнителна опција, а во исто време група земји започна тренд на тргување, помеѓу себе и со други држави, со сопствени валути,... со намалување на обемот на трансакции во долари се дојде до поставување на прашањето за покритие на доларот, а во оваа доларот има големи проблеми,... земено со уништеното производство во САД (споредено со ’60 години) наталожените инфраструктурни проблеми и дополнително една ситница позната како американски долг кој ги проби сите граници и се вивна во небото (стана заморно да се следи долгот на САД ако податоците кои се достапни се вистинити, ваквите проблеми некој ќе треба да ги покрие за сега најголеми изгледи имаа третиот свет)...

И така, инсистирањето на спомнување на нафтата и плинот за согледување на поимот петродолар води во ќорсокак затоа што е поинаков аспект, користењето на било кое име петродолар или долар не прави никакви суштински разлики, (ако на аналистите од атлантискиот табор им одговара да го користат поимот долар нека го користат тоа нема да промени ништо во суштина), сепак петродолар е поим кој и денес преовладува кога се говори во геополитички рамки затоа што со себе носи повеќе-смисленост што го прави по-соодветен. На геополитиката како дисциплина е погрешно да се гледа како трчање на 100 метри (со салонски приод од лев или десен агол ако при тоа ги надминува нивните визии), таквото гледање најчесто е производ на недоволна информираност и оскудно образование.

Ако се земат во предвид горе наведените геополитички аспекти и ситуацијата околу дедоларизацијата, повеќе од јасно е дека Англосаксонците ќе предизвикаат криза-кризи-ресет како одговор на ситуацијата, што е единствена логична работа, тие се уште во свои раце ги држат светските финансии инструменти и преку нив можат да им нанесат најсилен удар на противниците (овој механизам во изминатиот XX век повеќе пати го применија, да ги спомнеме кризата во ‘20-те и ‘30-те и сл. .... и на тој начин -преку криза- ги постигнаа целите и задржаа позициите). Има гледања дека денес тоа ќе оди потешко (вакво гледиште имаат оние кои сметат дека империјата умира – а таа всушност реинкарнира и поприма поинаков изглед,.... Д.Л.М.) од кога било, нема гаранција дека ќе успее да постигне долгорочни цели - всушност веројатноста дека тоа ќе се случи е мала (само првичниот шок) и дека излегувањето од оваа криза апсолутната англо-доминација ќе замине во историјата и светот ќе влезе во тнр. мултиполарна ера (погледнете колку злато купија Кинезите, Русите и другите во изминатите 15 години - дали сите го чекаат овој потег), можеби поправеден концепт кој повеќе ќе наликува на космополитизмот креиран на овие простори од колку на глобализмот кој го живееме.
тинк-ооооо-тенк-оооо кооперант-оооо​

Денес 13/15. 09. 2020, нема дилеми постоечкиот глобален систем е во до сега невидена економска криза (глобализаторот секогаш профитира), она што е нејасно е колку и какви последици ова страотна колку ќе остави, колку време ќе трае, како истата ќе биде злоупотребена и каков ќе биде Светот по завршетокот на истата, кога и да заврши, како и да заврши.

Литература во изобилство еве една Macron priznao realnost: ZAPADNOJ HEGEMONIJI DOŠAO JE KRAJ!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.751
Убаво рече Дејвид Ајк дека не водат англосаксонски рептили потпомогнати од јудеомасонеријата. Братот Си и Путин не носат во еден мултиполарен свет каде што западната рептилска хегемонија ќе биде скршена и луѓето конечно ќе ја превземат контролата.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.718

рфрн брод се изврте во Суецки канал и нафтата отиде у пи*вајс
 

Kajgana Shop

На врв Bottom