Ајде вака, од мое искуство да збориме.
Со дневна светлина, најчесто има еден гоолем проблем. Или ти е убаво осветлено лицето (додека позадината е ужасно светла и изгорена) или е позадината таман, ама лицето темно (во повеќето од случаевите). Затоа практикувам на силна дневна светлина да сликам ако имам некоја поголема бела или рефлектирачка површина при рака (маица врши работа) за да го користам како Fill, наспроти ликот на моделот. Исто проблем е со директно сонце што прави остри сенки, па некоаш користам за таа причина паус хартија да го филтрирам сонцето (ова го открив случајно кај еден пријател дома, си имаше залепено на прозорите за да не го гледаат од надвор, сенките се одлични, меки дисперзирани, за мерак.)
_______________
Иако не сум фан на “студиска“ фотографија, под студио подразбирам затворена просторија и сијалици како извор на светлина. Како шо напомена еден член погоре, има проблем со температурите на сијалиците. Јас мислам дека неонките (оние класични цефки, не овие сеа шо се еко сијалици спирално смотани) се додека се купени од исто место во исто време, ќе ти завршат работа. Пошто ќе сликаш во raw, и ќе си ја подесиш температурата покасно, во фотошоп. Неонките како извор на светлина немаат толку многу остри сенки бидејќи не е директно свелтото, туку самите имаат бел филтер, што според мене е доста погодно бидејќи можеш да ги омекнеш уште повеќе. Неонката ставена во ќош, а ќошот обложен со зиберка ( односно рефлектирачка површина за во кола на шофершајбна шо се става, од 100 денари), и после тоа паус хартија одозгора, да ја затвори неонката, добиваш убаво светло, ептен меко, фино
За блиц во “студио“ чадор или софтбокс.