Света Троица

Член од
3 септември 2010
Мислења
5.709
Поени од реакции
7.843
Бидејќи многу луѓе веруваат дека Бог Е Еден и сметаат дека Бог не може да има син, сакам да ја разјаснам нивната недоумица.

Пресвета Троица, Света Троица (грч. Αγία Τριάδα) е Единиот Бог во Три Лица. Православното учење за Света Троица не е само догматскиканон или теолошка област за разгледување, туку и основното изрично учење за неискажливата и несфатлива љубов на Трите Ипостаси: Отец, Син и Свет Дух, Кои се творечка сепричина, извир, темел и центар на постоењето на сѐ што постои. Догмата за божеството на Троица е дефиниран на Вториот вселенски собор (Константинопол, 381 година) во првиот член (Отец), од вториот до осмиот член (Син) и во осмиот (Светиот Дух) член на Никео-Цариградскиот Символ на верата

Во Стариот Завет Бог, покрај својата исклучиво монотеистичка појава и објава, Се откривал и како Троица, но не директно и очигледно, туку нејасно, повеќе како сенка и праслика, праобраз на троичноста која на човештвото му се открива со Воплотувањето на втората Ипостас на Пресвета Троица. Тие нејасни сведоштва се запишани во Стариот Завет преку следните праслики:

  • Советот на Света Троица при создавањето на човекот: „Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние“ (1 Мој 1,26)
  • Тројното ангелско воздигнување на славата на Света Троица: „Свет, Свет, Свет Господ Саваот“ (Исаија 6,3)
  • Доаѓањето на троица луѓе кај дабот Мамвре, и Гостопримството Авраамово (1 Мој 18,1-2)
  • Споменувањето на Логосот Божји во Псалмите (Пс 106/107,20; Пс 118/119,89)
  • Споменувањето на Духот Божји (Пс 32/33,6; Пс 103/104,30-31; Јов 33,4)
Муслиманите мислат дека христијаните исповедуваат тројца богови, бидејќи тие под зборовите Отецот, Синот и Светиот Дух подразбираат три различни бога!

Но Бог е Еден, Бог е Жив и Тој како Жив Бог поседува Промисла за светот. Во Божјата Промисла постои Реч. Така, во Самиот Бог постои Божја Реч. Тоа е Бог во Својата Реч. Тоа не се двајца богови, туку Еден.
Бог е исполнет со Својата Реч. Тој Ја носи Речта како што жената го носи детето во својата утроба.
А потоа Божјата Реч се пројавува на човекот.
Кога нешто се раѓа, кое се содржи во самото себе, бидејќи е оплодено со самото себе, пројавува, за тоа нешто се вика дека се родило од својата суштина.
Ете зошто Божјата Реч Ја нарекуваат Син.
Таа Се родила од самата Божја суштина, но вон времето. Затоа Единиот Бог се нарекува Отец и во Него е Речта, Која е родена од Него и се нарекува Син.
Значи, Отецот и Синот не се два бога. Отецот е Бог, Синот-Божјата Реч.
Муслиманите веруваат дека Бог го создал светот со помош на речта. Она што муслиманите веруваат дека е реч, христијаните Го нарекуваат Син. Така Бог нема син кој е физички одвоен од Него Самиот.

Бог е наречен Отец зашто Он од Самиот себе Ја раѓа Својата Реч, а таа Реч е Синот.

Доколку Бог е Живиот Бог, тогаш во Него Самиот мора да постои некаква животна сила. Таа сила е Духот Божји. Тој се нарекува Светиот Дух. Светиот Дух е Животодавец кој ѝ дава живот на секоја жива творба, тоа е сила Која делува внатре во самиот Бог.

Единиот Бог е наречен Отец зашто Он ја раѓа од Самиот Себе Божјата Реч, наречена Син.
И Речта Божја е наречена Син, зашто се раѓа од Отецот, предвечно, беспочетно и безгранично.
Тој Единиот Жив Бог содржи во Себе Дух (Духот Божји).

Така, Отецот, Синот и Светиот Дух - тоа е Единиот Бог.
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.709
Поени од реакции
7.843
Некаде Речта е преведена како Логос или како Слово

Евангелие според Јован:

Глава 1
1 Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.

2 Тоа беше во почетокот во Бога.

3 Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него.

4 Во Него беше живот и животот им беше светлина на луѓето.[DOUBLEPOST=1405033652][/DOUBLEPOST]Светиот Дух во Евангелието според Јован се нарекува и Утешител

Глава 14
15. Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди.
16. Јас ќе Го помолам Отецот, и Он ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека,
17. Духот на вистината, Кого светот не може да Го прими, оти не Го виде, ниту Го познава; а вие Го познавате, зашто во вас е и во вас ќе биде.


Значи, Утешителот не е Мухамед како што муслиманите веруваат бидејќи Мухамед светот го прими, го виде и го позна. И Мухамед не може никако да биде Дух на вистината, ниту можат да му бидат припишани атрибутите што ги наоѓаме подолу:

A во истата глава, во 26. стих наоѓаме:

26. А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Он ќе ве научи на сè и ќе ви напомни за сè што сум ви зборувал.

Во 15-та глава од Евангелието според Јован, во стихот 26 пишува:

26. А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе ви Го испратам Јас од Отецот, Духот на вистината, Кој излегува од Отецот, Он ќе сведочи за Мене

Во 16-та глава во истото Евангелие:

7. Но Јас вистината ви ја кажувам: подобро е за вас Јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам.
8. А Он, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд:
9. за грев – дека не верувате во Мене;
10. за правда – оти Јас си одам при Својот Отец, и веќе нема да Ме видите;
11. а за суд – зашто кнезот на овој свет е осуден.
 
Последно уредено:

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
И јас би сакал да го видам мислењето на @spiros :)
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.709
Поени од реакции
7.843
Овој spiros баха'и ли е?
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Sriros odlogiraj se prvin...So rezervniot nick si najaven.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Тројката е вметната во христијанството во 4ти век. Нема ништо во Библијата шо ја потврдува таа теорија
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Бидејќи многу луѓе веруваат дека Бог Е Еден и сметаат дека Бог не може да има син, сакам да ја разјаснам нивната недоумица.

Пресвета Троица, Света Троица (грч. Αγία Τριάδα) е Единиот Бог во Три Лица. Православното учење за Света Троица не е само догматскиканон или теолошка област за разгледување, туку и основното изрично учење за неискажливата и несфатлива љубов на Трите Ипостаси: Отец, Син и Свет Дух, Кои се творечка сепричина, извир, темел и центар на постоењето на сѐ што постои. Догмата за божеството на Троица е дефиниран на Вториот вселенски собор (Константинопол, 381 година) во првиот член (Отец), од вториот до осмиот член (Син) и во осмиот (Светиот Дух) член на Никео-Цариградскиот Символ на верата

Во Стариот Завет Бог, покрај својата исклучиво монотеистичка појава и објава, Се откривал и како Троица, но не директно и очигледно, туку нејасно, повеќе како сенка и праслика, праобраз на троичноста која на човештвото му се открива со Воплотувањето на втората Ипостас на Пресвета Троица. Тие нејасни сведоштва се запишани во Стариот Завет преку следните праслики:

  • Советот на Света Троица при создавањето на човекот: „Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние“ (1 Мој 1,26)
  • Тројното ангелско воздигнување на славата на Света Троица: „Свет, Свет, Свет Господ Саваот“ (Исаија 6,3)
  • Доаѓањето на троица луѓе кај дабот Мамвре, и Гостопримството Авраамово (1 Мој 18,1-2)
  • Споменувањето на Логосот Божји во Псалмите (Пс 106/107,20; Пс 118/119,89)
  • Споменувањето на Духот Божји (Пс 32/33,6; Пс 103/104,30-31; Јов 33,4)
Муслиманите мислат дека христијаните исповедуваат тројца богови, бидејќи тие под зборовите Отецот, Синот и Светиот Дух подразбираат три различни бога!

Но Бог е Еден, Бог е Жив и Тој како Жив Бог поседува Промисла за светот. Во Божјата Промисла постои Реч. Така, во Самиот Бог постои Божја Реч. Тоа е Бог во Својата Реч. Тоа не се двајца богови, туку Еден.
Бог е исполнет со Својата Реч. Тој Ја носи Речта како што жената го носи детето во својата утроба.
А потоа Божјата Реч се пројавува на човекот.
Кога нешто се раѓа, кое се содржи во самото себе, бидејќи е оплодено со самото себе, пројавува, за тоа нешто се вика дека се родило од својата суштина.
Ете зошто Божјата Реч Ја нарекуваат Син.
Таа Се родила од самата Божја суштина, но вон времето. Затоа Единиот Бог се нарекува Отец и во Него е Речта, Која е родена од Него и се нарекува Син.
Значи, Отецот и Синот не се два бога. Отецот е Бог, Синот-Божјата Реч.
Муслиманите веруваат дека Бог го создал светот со помош на речта. Она што муслиманите веруваат дека е реч, христијаните Го нарекуваат Син. Така Бог нема син кој е физички одвоен од Него Самиот.

Бог е наречен Отец зашто Он од Самиот себе Ја раѓа Својата Реч, а таа Реч е Синот.

Доколку Бог е Живиот Бог, тогаш во Него Самиот мора да постои некаква животна сила. Таа сила е Духот Божји. Тој се нарекува Светиот Дух. Светиот Дух е Животодавец кој ѝ дава живот на секоја жива творба, тоа е сила Која делува внатре во самиот Бог.

Единиот Бог е наречен Отец зашто Он ја раѓа од Самиот Себе Божјата Реч, наречена Син.
И Речта Божја е наречена Син, зашто се раѓа од Отецот, предвечно, беспочетно и безгранично.
Тој Единиот Жив Бог содржи во Себе Дух (Духот Божји).

Така, Отецот, Синот и Светиот Дух - тоа е Единиот Бог.
Само едно не ми е јасно,ако Тројството е тесно поврзано и е во една целина,тогаш зошто Бог се покајува за тоа што го створил човекот(пред да го уништи со потоп човештвото),бидејќи тој го стварал со својот Дух.Друга работа е зошто тогаш Исус Христос ако бил дел од тоа Тројство,зошто бара Бог да го ослободи и да го разреши од жртвата што треба да ја даде за човештвото и мисијата за откупување од гревовите.Тоа е во последната молитва во Гетсиманската градина.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
976
...

Во Стариот Завет Бог, покрај својата исклучиво монотеистичка појава и објава, Се откривал и како Троица, но не директно и очигледно, туку нејасно, повеќе како сенка и праслика,
...
.

Тука - за жал - не се сложувам со тебе!

Прочитај ги внимателно првите три стиха на (стариот завет) Библијата и ќе видиш дека немаш право!

Единствениот Вистински и Совршено *Светол БОГ, Неговиот *Светол Дух и Неговата *Света Реч (Слово) се во перманентно Единство, како во Старозаветните, така и во Новозаветните Списи!

.


1Во почеток *Бог ги создаде небото и земјата.
2Земјата беше пуста и празна;
темнината се простираше над бездната,
и *Божјиот Дух се движеше над водите.
3И *Бог Рече: „Нека биде светлина!”
И бидна светлина.

(Првите три стиха на Библијата кои прекрасно сведочат за
*БОГА, *БОЖЈИОТ Дух и *БОЖЈАТА Реч)








п.с. Многумина ја читаат Библијата, но без Светиот Дух и вера од дечјо срце, тоа напразно и дури за сопствена штета го прават!

.
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.709
Поени од реакции
7.843
Спирос, во право си, но самиот не навлегував подлабоко во тој дел од текстот, бидејќи го копирав од Православната енциклопедија, така што тоа можело да биде и субјективно чувство на авторот.

А еве го и оригиналот со објаснувања:

http://biblehub.com/lexicon/genesis/1-1.htm
http://biblehub.com/lexicon/genesis/1-2.htm
http://biblehub.com/lexicon/genesis/1-3.htm
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
976
.

Кога само би знаеле колку сте ми скапоцени и колку ми значите сите вие кои што (колку-толку) верувате на Вечното Евангелие БОЖЈЕ (Христос)!

.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.709
Поени од реакции
7.843
Само едно не ми е јасно,ако Тројството е тесно поврзано и е во една целина,тогаш зошто Бог се покајува за тоа што го створил човекот(пред да го уништи со потоп човештвото),бидејќи тој го стварал со својот Дух.Друга работа е зошто тогаш Исус Христос ако бил дел од тоа Тројство,зошто бара Бог да го ослободи и да го разреши од жртвата што треба да ја даде за човештвото и мисијата за откупување од гревовите.Тоа е во последната молитва во Гетсиманската градина.
Нека не те збунува тоа, бидејќи Исус Христос има две природи - Божја и човечка. Во Гетсиманската Градина дошла до израз и човечката волја во Христос, бидејќи човекот по својата природа не сака да умре.

Евангелие според Матеј, Глава 26

39. И како се пооддалечи малку, падна ничкум; се молеше и говореше: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како Ти.”

http://biblehub.com/lexicon/matthew/26-39.htm

Тие кои веруваат дека Исус Христос има само божја природа се наречени монофизити и се отфрлени како еретици на Четвртиот Вселенски Собор оддржан во Халкидон. Тоа е верувањето на Ориенталната Православна Црква во која спаѓаат Ерменците и Коптите.

Според учењето на Источната Православна Црква Исус Христос е Богочовек, совршен Бог и совршен човек, со две природи, со две волји и енергии, божествена и човечка.


Што се однесува до Потопот ќе пробам да ти објаснам, но земи го моето мислење со резерва, бидејќи не се сметам доволно компетентен.

Што всушност се случило?

Прва Книга Мојсеева, 6-та Глава

4. А имаше во тоа време џинови на земјата, особено, пак, кога синовите Божји почнаа да влегуваа при ќерките човечки и тие почнаа да им раѓаат; тоа се силните луѓе, прочуени од старото време.
5. И виде Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето на замјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време.
6. И се покаја Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое.
7. И рече Господ: „Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал, од земјата – од човекот до животното, ѕверовите и птиците небески – оти се кајам што ги создадов.”

Џиновите и синовите Божји што се споменуваат во 4. стих се познати како нефилими (הַנְּפִלִ֞ים ), нам попознати како паднати ангели т.е. демони.
Тие демони во кои нема ништо добро, туку само зло, започнале да се размножуваат со жените од човечкиот род и така жените раѓале потомство кое било полу-демон, полу-дете. Намерата на демоните била да ја расипат човечката крвна линија за да го оневозможат раѓањето на Спасителот. Бидејќи тие биле избркани од Рајот, сакале и на човекот засекогаш да му ги затворат Портите на Рајот. И со текот на времето преовладале овие мутанти, а чистите луѓе останале многу малку. Затоа Бог решил да ги истреби, зашто во нив било само злото наследено од нивните татковци нефилими и веќе во нивното срце не можело да се најде никаква добрина, ниту со својата природа биле способни за покајание.

http://biblehub.com/lexicon/genesis/6-4.htm
http://biblehub.com/lexicon/genesis/6-5.htm
http://biblehub.com/lexicon/genesis/6-6.htm[DOUBLEPOST=1405120346][/DOUBLEPOST]
Тројката е вметната во христијанството во 4ти век. Нема ништо во Библијата шо ја потврдува таа теорија
Невистина. Еве ти примери за најдиректно спомнување;


.



Единствениот Вистински и Совршено *Светол БОГ, Неговиот *Светол Дух и Неговата *Света Реч (Слово) се во перманентно Единство, како во Старозаветните, така и во Новозаветните Списи!

.


1Во почеток *Бог ги создаде небото и земјата.
2Земјата беше пуста и празна;
темнината се простираше над бездната,
и *Божјиот Дух се движеше над водите.
3И *Бог Рече: „Нека биде светлина!”
И бидна светлина.

(Првите три стиха на Библијата кои прекрасно сведочат за
*БОГА, *БОЖЈИОТ Дух и *БОЖЈАТА Реч)
Евангелие според Матеј, Глава 3

16. И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата, и Го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него.
17. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!”

http://biblehub.com/lexicon/matthew/3-16.htm
http://biblehub.com/lexicon/matthew/3-17.htm

Евангелие според Матеј, Глава 28

19. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,

http://biblehub.com/lexicon/matthew/28-19.htm
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Невистина. Еве ти примери за најдиректно спомнување;




Евангелие според Матеј, Глава 3

16. И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата, и Го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него.
17. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!”

http://biblehub.com/lexicon/matthew/3-16.htm
http://biblehub.com/lexicon/matthew/3-17.htm

Евангелие според Матеј, Глава 28

19. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,

http://biblehub.com/lexicon/matthew/28-19.htm
Tука се набројани различни појави но не значи дека се едно те исто
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.709
Поени од реакции
7.843
Tука се набројани различни појави но не значи дека се едно те исто
Според тебе што претставуваат тие појави?
Не значи дека се едно те исто.



Можеш да направиш аналогија со алотропските модификации на јаглерод:дијамант, графит и фулерен.
Дијамантот не е графит и не е фулерен, туку е јаглерод.
Графитот не е дијамант и не е фулерен, туку е јаглерод.
Фулеренот не е графит и не е дијамант, туку е јаглерод.
И немаш три јаглерода, туку еден јаглерод
Тој еден јаглерод се манифестира во три различни форми.

 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Можеш да направиш аналогија со алотропските модификации на јаглерод:дијамант, графит и фулерен.
Дијамантот не е графит и не е фулерен, туку е јаглерод.
Графитот не е дијамант и не е фулерен, туку е јаглерод.
Фулеренот не е графит и не е дијамант, туку е јаглерод.
И немаш три јаглерода, туку еден јаглерод
Тој еден јаглерод се манифестира во три различни форми.

Да ти продам кило графит по цена на кило дијаманти?
или место дијамантски врв клај графит и дупчи челик
 

Kajgana Shop

На врв Bottom