Света Гора

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
920
Поени од реакции
2.709

Планина Атос
Света Гора е планина и висорамнина во Грција. Таа е еден од Православните центри во светот. Се наоѓа на полуостровот Халкидики, на северот од Грција, или поточно на најисточниот крак од Халкидики - Атос.
Атос е планина и полуостров во северна Грција наречено Аγιоν Оρоς на грчки, или Ἅγιον Ὄρος на класичен грчки. Атос е седиште на 20 православни манастири и е автономна држава под грчки суверенитет. Само на монасите им е дозволено да живеат на Света Гора, и моментално на неа живеат околу 2.000 монаси. Полуостровот, како дел од поголемиот полуостров е долг 60 km, а широк 7 до 12 km и има површина од 390 km².

Света Гора, како манастирска заедница формално е основана во 963 година, кога монахот Атанасиј го основал манастирот Голема Лавра, најголемиот и најзначајниот манастир до ден денес. Манастирот бил заштитен од византискиот цар во текот на следните векови. Четвртата крстоносна војна во 13 век донел нови, римо-католички владетели кои ги присилиле монасите да бараат заштита од папата Иноцентиј III до обновувањето на Византиското Царство. Исто така, каталонски платеници во 14 век вршеле кражби на Света Гора.
Кога во 15 век дошло до конечен крај на Византија, власта над Света Гора ја превзела Отоманската империја. Од самиот почеток тие наметнале огромни давачки на монасите, но не интервенирале на никаков политички начин. Бројот на монасите и нивното богатство опаѓале во следните векови, но во 19 век Света Гора повторно заживеала, преку поклоничките патувања и доаѓањето на монаси од другите православни земји, при што секоја од нив ја превземала грижата за дел од манастирите. По завршувањето на Првата балканска војна и протерувањето на Турците постоел конфликт помеѓу Русија и Грција околу суверенитетот, за подоцна и формално полуостровот да потпадне под грчка власт по завршувањето на Втората светска војна.

Според грчкиот Устав, планината Атос е политичка самоуправа која ја сочинуваат 20 главни манастири (кои од своја страна ја сочинуваат Светата заедница која управува со територијата), а главниот град и админстративниот центар, Кареја, е седиште на гувернерот како претставник на грчката власт. Духовно, Света Гора е под директна јурисдикција на вселенскиот патријарх од Цариград. Покрај манастирите постоја уште и 12 скитови, помали монашки заедници, како и многу осамени монашки ќелии на целата територија на полуостровот. Сите личности кои го живеат манастирскиот подвиг на таа територија, стануваат грчки државјани без никакви формалности, по нивното монашење. Мирјаните можат да ја посетат Света Гора, но со посебна дозвола и благослов.

Манастирот Ксенофонт виден од море
Ниту една жена нема пристап на Атос. Дури и животните женки се забранети (освен, како што велат, мачки и кокошки, од чии жолчки - јајца се прават боите кои се користат при иконописот).


Манастирот Пантелејмон
Според податоците од 2001-ва година, на Атос живеат 2 262 жители. На Света Гори се наоѓаат 20 манастири. Во заградите се наоѓа бројот на монаси за секој манастир соодветно:
  1. Манастир Голема Лавра (64)
  2. Манастир Ватопед (163)
  3. Манастир Ивирон (71)
  4. Манастир Хиландар (92)
  5. Манастир Дионисијат (71)
  6. Манастир Кутлумуш (86)
  7. Манастир Пантократор (25)
  8. Манастир Ксиропотам (25)
  9. Манастир Зограф (48)
  10. Манастир Дохијар (3)
  11. Манастир Каракал (60)
  12. Манастир Филотеј (57)
  13. Манастир Симонопетра (94)
  14. Манастир Свети Павле (112)
  15. Манастир Ставроникита (42)
  16. Манастир Ксенофонт (123)
  17. Манастир Григоријат (107)
  18. Манастир Есфигмен (121)
  19. Манастир Пантелејмон (88)
  20. Манастир Констамонит (44)
Во скитовите и келиите живеат уште околу 290 монаси.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
4.638
Поени од реакции
4.127
Фасцинантно како функционира толкаав временски период и имаат се и сешто прееживеано... за другите манастири незнам, знам некои работи за Хиландар, како тоа дека уште има маслина на Цар Душан, 8 векови секојдневно без престан се молат и држат литургија, пристап на жени е забранет, а се верува дека последната жена што била е Царица Јелена, односно причата е дека за да ја избегнат средновековната чума што владеела во европа Цар Душан и Царица Јелена се засолниле на Свете Гора, а Царицата цело време ја носеле без да ја допре земјата, као и демек уште една од причините зошто Цар Душан не е канонизован, односно прогласен за светец како што се неговите претци...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom