И Метеори и Атос претставуваат монашки (манастирски) места, со зачетоци во раниот среден век, поточно во времето кога се дефинираат стиловите (според строги канони) на градење на црквите. Тоа се комплетно канонизирани типови на цркви, од кои може многу малку да се одстапи во градењето. Ваквите канони за градење се востановени во Византиската империја, каде и најпрво почнале да се почитуваат. Карактеристично за овие цркви е тоа што не се градени од професионалци (како што во тоа време почнуваат да се истакнуваат во Западна Европа), туку од самите монаси на црквите, кои самите ги носеле материјалите за градење, сами одлучивале кој тип на црква одговара, и сами ги живописувале. Тоа е една од главните причини поради кои Византиската црковна архитектура е високо ценета во светот. Тоа, и се разбира, нејзината уникатност.
Црквите (а и конаците и сите помошни објекти во еден манастирски комплекс) се ѕидаат со речен камен или варовник, и т.н. византиска цигла (карактеристична плосната полна цигла). Дефинирани се 3 различни стилови на ѕидање на црквите:
1. Opus Quadratta (само камен, полуобработен до добивање на правилна форма)
2. Opus Mixtum (еден ред на обработен камен, па еден или два реда на византиска цигла, па пак еден ред камен - овој редослед е запазен само по хоризонтала)
3. Opus Cloasome (еден камен, од сите 4 страни обложен со византиска цигла)
И самите куполи на црквите се карактеристични. Имаат многу помали димензии од западните (римокатоличките), како и црквите во целост. Репрезентативноста е донесена на минимум. Куполите, во овој период, најчесто се покриваат со ќерамида со посебна форма (рачно изработени калапи од монасите, секако), или со делкан камен (некои од црквите на Метеори се вака покриени, поради изобилството на седиментен камен кој имам можност да се вади во тенки слоеви)
Не наликува на македонска архитектура. Нашата црковна архитектура потекнува од Византиската, па затоа наликуваат на неа. Сепак, секое поднебје има свои мали настранувања од главните канони. Тоа е забележливо најчесто на периферните делови на тогашното Византиско царство. Типичен пример за тоа е Русија и нејзината сакрална архитектура, но за тоа во некоја друга тема....:smir:
едит: мислам дека на темава и е место во Архитектура, дизајн и уредување. Ама тоа е само мое мислење...