Свекрва / мајка - како ги нарекувате родителите на вашиот партнер?

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.849
Поени од реакции
29.670
Се` постаро од мене викам тетка или чичко. Поопшт поим ми е од мајка и татко и не ја тупи за џабе. Ништо нема да ми докажеш со таквите споредби.

Ни ти што си толку ограничен и извини ме на францускиов - малку подзаостанат.:oops:
:icon_mrgr: ,,,,,sosema si vo pravo se shto zboruvash ,,,,i kako razmisluvash ,,,noooo,,,,koga ke ti dojdat godinkite ,,, si razmislila li ,,,kako ke ti bide ,,,tvoite najbliski da te narekuvaat kako nekaoja od ulica da si ,,i za nim potpolno stranec,,,bidejki oslovuvanjeto na bliski ,,,so tetka i ,,,chichko ,,,ko vo lokalna piljara da povikuvash neokj tamu,,,,

,,,edinstveno te opravduvam za oslovuvanjeto ,,,kon svekorot i svekrivata ,,, tochno e deka ,,,nikoj ne mozhe da ti bide majka i tatko ,,,po vtorpat,,,no sepak najdi nachin toa tetka i chichko da go izbegnuvash ,,,,,grdo zvuchi i za slushanje ,,,a kako se osekaat oslovenite toa e veke druga rabota ,,,malku samozhivno od tvoja strana,,,tiki da ischekate se shtom pravite so ista merka da vi se vraka ,,,ni pomalku ni poveke,,,,;)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Сигурно и кога ќе и речеш тетке на продавачката од пиљара ја заменуваш сестра ти на мајка ти...
Ме интересира како ги викаш старите од 70 до смрт...Баба или Госпоѓа?

Еј, не сакаш да кажеш ваљда, дека на продавачките им се обраќаш со тетко...???
Ха, можам да замислам, влага млад згоден момак (онака дотеран, залицкан) у Жито лукс и вика-Тетко дај едно бело лепче и четврт бурек со месо...ха ха ха...или на пат за дома, чичко, колку е саат, ...или пак на некој повозрасен граѓанин од женски род, на аутобуска у петок-бабо, извини, да не помина седмица? Смешно е, стварно...:pos:

Види, на улица немаш тетки и чичковци, баби и дедовци. Но, истина за воља, немаме ниту некаква соодветна форма на обраќање...:unsure:

Затоа,
на непознати повозрасни луѓе секогаш може (без последици) да им се пријде со "Се извинувам..." или "Ве молам..." , без разлика дали е ситуација кога ти треба некаква информација од случаен минувач или во продавница (пример). Сметам дека вака се избегнува подредување на луѓето по возраст и доделување на 'статус', а со тоа и некој што нема исти сфаќања околу статусите да се навреди. Да не речам грубо, за*бавање со возраста и годините (на што сме сите осетливи) ;)

И така,
што се однесува до ословувањето на членовите на потесната фамилија-Ја лично сум приврзаник на помодерен пристап-ословување на родителите на сопругот исклучиво по име. Сметам дека нема ништо лошо ниту во традиционалното обраќање, но во денешно време на ова може да се гледа како на анахронизам-едноставно не се вклопува во новите трендови-пред се заради поинаквата улога на жената во семејството. Збориме за град, нали, не за село.

Али, ај, шала на страна, познавам една не толку многу возрасна женска персона, која што во моментот кога го доби првото внуче (на свои педесетина години), стана БАБА на сите деца во Македонија...:pos:нали, аутомаЦки :вонзем:
--- надополнето: 23 август 2012 во 17:47 ---
Е да, индивидуални се овие работи. Мене на пример, мама и тато ми значат толку многу, што никогаш нема да ги заменам со други двајца или еден. Со самото обраќање на некој таму со мамо и тато, се заменуваат родителите и точка. Демек земаш презиме од мажот, преминуваш во негово власништво, па со тоа и во нивно и како таква треба да им се потчиниш како да се којзнае колку и по што посебни, па да ги нарекуваш мама и тато. Никогаш!
Имињата не прават ништо. Мама секогаш вели... и со "Еј ти" нека ми се обраќа, ама да ме почитува. И јас така мислам. Џабе да кубиш коси со мама и тато, ако не ги почитуваш и ако ги мразиш најмногу на свет или па да им ги правиш најголемите проблеми со синот или општо цела фамилија. Од такви лигави снајки, ќе пропадне светов еден ден.
Или па обратно. Со ќерко да ми се обраќа... Ќе ми се повраќа на секое. Абре имаме имиња сите. Од кога се толку неважни или навредливи? :confused:
Јас имам во себе доволно култура за да не им се обраќам по име без персирање или било каков знак на почит, но затоа има надимаци или тетко, чичко, што нели од култура се користат кога се обраќаме на повозрасен човек. Значи тие се само тоа... повозрасни луѓе кои ги почитуваме повеќе од другите затоа што се родители на нашиот партнер. Ни помалку, а ни повеќе од тоа.
Мамо, тато... да бе.:facepalm:

Ха, ха...имам еден пример од соседството-снаја и свекрва се ко маче и куче, али за пред светот се на мамо и ќерко златна...:pos:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Се` постаро од мене викам тетка или чичко. Поопшт поим ми е од мајка и татко и не ја тупи за џабе. Ништо нема да ми докажеш со таквите споредби.

Ни ти што си толку ограничен и извини ме на францускиов - малку подзаостанат.:oops:
Што да се прави и јас понекогаш сакам да сум воспитан , образуван и напреден -како Вие на пример ...
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Се` постаро од мене викам тетка или чичко. Поопшт поим ми е од мајка и татко и не ја тупи за џабе. Ништо нема да ми докажеш со таквите споредби.

Ни ти што си толку ограничен и извини ме на францускиов - малку подзаостанат.:oops:
Izvini vaka na prasanjevo , na koja vozrast si ? Eve jas imam 33 g. i ako si pomala od mene 2-3 god ke me vikash cicko :P
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
:icon_mrgr: ,,,,,sosema si vo pravo se shto zboruvash ,,,,i kako razmisluvash ,,,noooo,,,,koga ke ti dojdat godinkite ,,, si razmislila li ,,,kako ke ti bide ,,,tvoite najbliski da te narekuvaat kako nekaoja od ulica da si ,,i za nim potpolno stranec,,,bidejki oslovuvanjeto na bliski ,,,so tetka i ,,,chichko ,,,ko vo lokalna piljara da povikuvash neokj tamu,,,,

,,,edinstveno te opravduvam za oslovuvanjeto ,,,kon svekorot i svekrivata ,,, tochno e deka ,,,nikoj ne mozhe da ti bide majka i tatko ,,,po vtorpat,,,no sepak najdi nachin toa tetka i chichko da go izbegnuvash ,,,,,grdo zvuchi i za slushanje ,,,a kako se osekaat oslovenite toa e veke druga rabota ,,,malku samozhivno od tvoja strana,,,tiki da ischekate se shtom pravite so ista merka da vi se vraka ,,,ni pomalku ni poveke,,,,;)
Кои годинки да ми дојдат? И зошто да размислувам како ќе ме викаат најблиските?:facepalm: И пак... од кога бре луѓе божји, нашите имиња треба да звучат како навреда? Што има некој да додава нешто на нив? Мислиш ќе ме боли ако еден ден мојата снаа (ако дочекам, нали) ме вика Даница? Ич. Ама ич. На страна тоа што јас блиските луѓе ги ословувам со сонце, злато (златна, златен), убајно или други слични надимачиња кои ми надоаѓаат според тоа како ги доживувам. Ме заболе мене дали некој ќе ми рече тетко или мамо. Страшна работа. И тато шо ми е татко, знаеше да не ги сфаќа овие работи, ама ко ќе му речам "седни Јоне да пијаме кафе" - ми се смешка. За мене тоа е поголема блискост. Поблиска ми е личноста кон која можам да си земам за право да ја наречам како ми текне во моментот. Далеку поофицијално и погрубо ми е да се обраќам со зборови кои ја опишуваат фамилијарната поврзаност. Затоа веројатно и не ми смета на неблиски луѓе да им се обраќам со тетко и чичко. Обратно функционирам да, ама колку што знам никој досега не ми замерил на моите мили обраќања и на сите им се интересни. А за тебе искрено, не ме ни интересира дали ти смета тоа.:cool:

Izvini vaka na prasanjevo , na koja vozrast si ?
Пак... шо врска има тоа? Демек ако имам 22 ќе ми кажеш дека уште не ми е дојдена зимата? Или ако имам 42 ќе ми кажеш дека ко мала не ме гушкале, па затоа сум ваков идиот? 32 имам. И?:confused::icon_lol:
 
Druga mi bese poentata , znaci eve jas imam 33 i sega ke me vikas cicko :D
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Druga mi bese poentata , znaci eve jas imam 33 i sega ke me vikas cicko :D
Еј, да не претеруваме.:icon_lol: Само ќе те персирам ако треба да ти се обратам во живо, додека не те запознаам на пример. Над 50 да имаше, ајде де. Мада шо и тие над 50 не ми е згодно да ги викам така. Повеќе ко навреда ми доаѓа, па затоа се трудам што помалку да морам да ги ословам.:icon_lol:
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Еј, да не претеруваме.:icon_lol: Само ќе те персирам ако треба да ти се обратам во живо, додека не те запознаам на пример. Над 50 да имаше, ајде де. Мада шо и тие над 50 не ми е згодно да ги викам така. Повеќе ко навреда ми доаѓа, па затоа се трудам што помалку да морам да ги ословам.:icon_lol:
Te procitav pogore deka spomna sekoja postara licnost za tebe e cicko ili tetka;) nema veze , za mene cicko ili tetka mozam da gi recam samo vistinskite sto mi se ali drugite postari osobi od mene ako ne dovolno gi poznavam so g-ne ili g-go a za pomaleckite : Ejjjj , tiiiii , alooooo , fuuuuuu:свиркам: dzoni :ROFLMAO:
 
Член од
27 февруари 2012
Мислења
64
Поени од реакции
48
Сепак има фундаментална разлика во односот со твоите родители и родителите од сопруг(а)-ти. Со родителите си секогаш суштински поблиска, така да и нивно ословување на име, дури и со некаков прекар (пр. Коле за татко ти) е токму израз на вашата блискост, односно да можете да преминете преку формалноста мамо, тато и да се ословувате како вие се сака. Таквото неформално обраќање кон родителите во принцип се развива во (пост) пубертетските денови, како начин за докажување на детето пред себе за зрелоста, развивање на самосвеста за себе како рамноправна членка на семејството, дури и еден вид пркос, независност, бунтовност можеби. Ретко кое мало дете ги ословува родителите поинаку од мама и тато. Но доста за тоа.

Можеби односот со свекорот и свекрвата се поапстрактни на една жена, односно дедото / бабата на маж, се додека не ја има ситацијата еден ден да ги имаш и треба да комунцираш со нив. Тогаш мораш да го направиш изборот. Доколку состојбата ти е таква да мораш да живееш со нив во заедница, ќе мораш да се интегрираш во таа заедница. Обраќањето со татко / мајко (повторно велам не мамо/тато) се само начин да полесно се надминиете таа бариера на недоверба, за полесен вовед. Барем јас така мислам, дека тоа е измислено од старите како начин за полесно прифаќање на нов член во заедницата, за стекнување на доверба и хармонија.
Сега некој кажа ама тоа било лицемерие. Абе луѓе животот е лицемерие ! Не оти стварно ми пожелуваш добро му утро на комшијата и му се смееш, само лице му правиш. Не оти навистина те интерсира некој настан кој пирјателот(ка) ти ја раскажува 20 минути, туку го слушаш да не се навреди. Не оти ти се бендисува филот љубовна бајка, на која женскати те одм'кнала, ама мора да се преправаш да не се налути. Така да лицемери сме сите во одредени прилики. И ова малку не е исклучок. Секако не зборувам за патолошко лицемерие, а фасада само за пред народ.

Но конечно, однос со родителите на сопругот/сопругата се градат на лична база. Како ќе си ја наредите. Тоа зависи пред се од тебе и од нив. За да добиеш почит треба да дадеш почит. Мислам према секој постоар непознат човек се обраќаме со почит, а не со новостекнатите роднини. Мене на комшијата ми е срам да му се обратам на име, 20 години е остар од мене, па му викам чичко Владо. Не па на таткото од жена ми. Што знам можеби јас имам класично воспитание :) !
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Сега некој кажа ама тоа било лицемерие. Абе луѓе животот е лицемерие ! Не оти стварно ми пожелуваш добро му утро на комшијата и му се смееш, само лице му правиш. Не оти навистина те интерсира некој настан кој пирјателот(ка) ти ја раскажува 20 минути, туку го слушаш да не се навреди. Не оти ти се бендисува филот љубовна бајка, на која женскати те одм'кнала, ама мора да се преправаш да не се налути. Така да лицемери сме сите во одредени прилики. И ова малку не е исклучок. Секако не зборувам за патолошко лицемерие, а фасада само за пред народ.
Е па, јас не комуницирам така со блиските. Не сум лицемерна со нив. Подобро ми е да ги избегнам некогаш ако не ми е до ништо, отколку да им се лигавам и правам лице. Со комшиите исто. Додуше, никогаш не се зближувам, а добар ден секогаш и секому искрено посакувам. Со партнерот посебно, никогаш ништо на сила не правам. Самото негово присуство секогаш ми ги прави убави сите работи кои тој ги сака, а јас можеби не толку. Ко ќе видиш, подобро да си искрен отколку само класично воспитан.
 
Малку вон тема, еден илустративен пример како би изгледало ако си комплетно искрена е да го изгледаш „Лажго, лажго“ со Џим Кери :). Дефиниција на професијата адвокат: професионален лицемер и лажго.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Малку вон тема, еден илустративен пример како би изгледало ако си комплетно искрена е да го изгледаш „Лажго, лажго“ со Џим Кери :). Дефиниција на професијата адвокат: професионален лицемер и лажго.
Од памет ме вадат луѓе кои ќе седнат на компјутер и ќе ми одат контра, кога се работи за мои лични ставови, мислења или дела. За жена ти кажи си, мене да не ми се мешаш. Ти ќе ми кажеш јас што да гледам, затоа што ти подобро од мене знаеш каква сум? Леле, фала што ми се најде во животов.
Иначе филмот нека ти е за памет тебе и на сите лицемери како тебе. Повлечете ги позитивните и негативните работи од лажењето, па видете колку вреди и колку ги повредувате со тоа блиските. А професијата нема врска со темава, освен ако е и твоја.
Туку што се замарам и јас... најдов да општам вакви муабети со маж, кој вели дека жена му мора да ги вика мама и тато мајка му и татко му. И и и, и кој вели дека е класично воспитан, а нема ни в од воспитан. Уствари можеби е, ама воспитуван да е лицемер. Може така? Ах, кој да знае...
Ајт доста е.
 
Член од
20 декември 2015
Мислења
122
Поени од реакции
40
jas uste odporano sum so stav deka svekorot i svekrvata nikogas nema da mozam da gi vikam MAMA ili TATO.bezrazlika kolku gi sakam i pocituvam.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom