Свекрва / мајка - како ги нарекувате родителите на вашиот партнер?

Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.014
кога јас се мажив и свекрвата скаше да и викам мамо. јас и реков точно вака: „мене нема да ме боли устата да те викам мамо, место името што ти е даено да си го носиш, ама факт е дека ти не си ме родила и не си ми мајка. сепак као мајка на мојот маж, од респект-прифаќам. лично мое мислење е на име. кога јас би имала деца, тие ќе ме викаат на име а не снаа или зет да ми лепат епитети безвезе.„ таа се насмеа и вика ќе имаш друго ке мислиш... и своето дете нема мама да ти вика??? - “да,-реков-нема потреба да потенцира што сум му, посекако покасно еден период за нив ќе сум викана на име. сто ке почнуваат тогаш, нека му е одма(немам проблем никаков, затоа и ми е даено името-за да ме викаат по име јбг). кога ке го праша некој, тогаш ќе му одговори. исто како и сестра или брат што си ги викаме по име најчесто, така и мене. не му викам јас на брат ми БРАТЕ.
е... родив близнаци. моите деца од првиот збор до прво одделение не ми викнаа мамо. ме викаа на име. учителките во градинка и во забавиште прво со шок се чудеа, немаа сретнато до сега вакво „чудо„ ... покасно викаа: петреееее дојде мајка ти, јанаааа баба ти... идам јас и викаат „тој и тој„ стигна „амфибија“... сега ме викаат мамо. затоа што приметив дека сакаат така да ме викаат кога слушаа како кај сите деца идат мајки им а само тие се осеќаа поинакви... замислете, едвај потоа ги навикнав мамо да ми викаат... се срамеа мамо да ми кажат :)... ќерка и син ми се. и кога ке дојди ден ако го дочекам, снаата има на име да ми се обраќа, а зетот исто така. лол бабо!!!
Признавам , жените се посебна сорта . Само не ми е јасно , еднаш ти се удрило од глава ама пак ке пробаш да го протуркаш ?. А за зетот , биди ми жива и здрава , ако реши бабо да те вика уште и добро си поминала :cautious: .
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
Ajde srekjen praznik do majka mi tetka mi i site sto gi znam .

Zarfknat e zivotot samo sega za toa nema da prajme muabet
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
22.293
Поени од реакции
14.338
Признавам , жените се посебна сорта . Само не ми е јасно , еднаш ти се удрило од глава ама пак ке пробаш да го протуркаш ?. А за зетот , биди ми жива и здрава , ако реши бабо да те вика уште и добро си поминала :cautious: .
a z,sh samo zhenite da se takvi,,,postot na amfibija e sosema najrealen,,,,,,,i jas so soprugata na snajkata ushte koga pochna da doagja doma kaj mene,,,fino lepo i objasnivme deka nitu sme i tatko nitu majka i ima po ime da ne vika,,,,,,snajkava malku onaka chekaj sega shto se sluchuva ///za sreka seushte ima i takvi/// no posle vo razgovor ispadna deka sme so soprugata vo pravo i den denes samo po ime ne oslovuva ,,i mnogu korektno i na mesto,,,,,,,,,dzaba mu tato mamao,a pozadi grb mamu li vvashu,,,,,najkorektno po ime ,,,,,ami koga ke slushnam toa ,,svekre,abe grdo zvuchi:tapp:
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Незнам јас лично како би ги викала,само знам и 100 % сум сигурна дека сигурно нема да ги викам "свекрво" или "свекре".
Тоа многу често сум го слушала ама колку грдо звучи немате претстава.:tapp:
Попрво по име би ги викала одколку така.
 
Член од
2 август 2011
Мислења
254
Поени од реакции
344
Не би ги викала „мамо“ и „тато“ во никој случај, па нека ме вратат кај моите ако им смета тоа. Мислам крајно време е да ги отфрлиме обичаите останати од турско. Не функционира денешното општество на тој начин. времињата се сменети. Мене кога ќе слушнам некоја снаа која и се обраќа на свекрвата со „мамо“ толку ми е вештачки некако. Па и свекрвите, мислам навистина, која е потребата некоја што не си ја родила да те вика „мамо“. Важно е да те почитува, што е поентата ако ти рече „мамо“ и потоа зад тебе ги превртува очите?
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.753
Поени од реакции
7.637
Оние што ги познавам не викаат никако. Одвај чекаат детето да порасне и да му кажат: „Оди викни ја баба ти, кажи му на дедо ти...“ Не дека им е тешко да кажат мамо или тато, ама затоа што се покаени што влегле во брак со нивниот син, не ги викаат никако.
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
682
Поени од реакции
595
Може да се направи ковано-кратенка па да биде масве и тасве наместо мамо и тато или свекрво и свекре:D
Мислам дека да беше жив Великиот Блаже Конески сигурно ќе дадеше изим за ова нешто:pos:
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
240
Поени од реакции
337
Мамооо???? Тато???? Овде фали уште по мажот да викнам "домаќине", а тој по мене "невесто" и на крај ке личиме на ликовите од Македонски народни приказни. Многу ми е заостанато и глупаво, ке ги викам по име, а ако не им се свиѓа- нивен проблем.
 

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
на мојата идна свекрва и се обрќам со тетка таа и таа и по свадбата сигурно ќе остане така, прво затоа што е далеку постара од мене, второ затоа што така ја чувствувам како блиска, а трето затоа што е само мајка на мојот иден маж. Мамо заслужила само една жена во животов така да ја нарекувам!:icon_mrgr:
 
Член од
21 април 2012
Мислења
143
Поени од реакции
57
Gi vikam tetka i cicko. Kako sto gi vikav i pred brakot.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
661
По име или ако не сакаат така со чичко и тетко...нема шанса да ги нарекувам мамо и тато. Не сум мажена ама од сега си знаат како ќе им се обраќам сум се изјаснила на таа тема. Едни се мама и тато.
Ниту пак моите имаат некоја желба да ги вика бабо и дедо. Баш напротив мајка ми сака да и се обраќаат или со тетко Цаци или само Цаци, никако бабо
 
Член од
12 март 2008
Мислења
988
Поени од реакции
611
Не би сакал мојата идна невеста да ја нарекува мајка ми - мамо - и татко ми - тато -. По име најубаво.
 

PurplePuma

Somewhere, over the rainbow...
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.063
Поени од реакции
8.177
Кило сол ќе изедам, ,,мамо,, и ,,тато,, на некои што не ми се родители, не викам.
Глупа традиција не почитувам. Си имаат име, не им е за џабе дадено.
Или таман работа мене ,,снао,, да ме викаат. :tapp:
 
На врв Bottom