E
emission
Гостин
И за Австро-Унгарија сме биле Македонија Елизабета С. Илиевска
„Мили ми родители, пишете ми како да направиме постапка за ослободување, татко, тоа е главно да гледаш да направиш, ако сакате да имате син“, стои во писмото старо повеќе од сто години што заробениот војник од кратовскиот крај Саздо Гичев им го испратил на родителите од австриските логори за време на Првата светка војна. На оригиналната картичка на Гичев од логорите, тогашната австро-унгарска власт како крајна дестинација за прием на писмото го втиснала името Македонија. Австро-Унгарија, која имала најефикасна бирократија во цела Европа, немала дилеми за тоа дека постои нешто што се нарекува Македонија. Овој документ и уште 226 писма, 59 картички, 3 документи и 29 банкноти се пронајдени во метална канта за жито што била закопана неколку децении во едно лозје близу градот Ќустендил. Збирката ја спасил И.Б., роден во 1918 година во Штип. Тој раководел со акцијата „прочистување“ на воениот архив во Софија по Втората светска војна. Писмата се претежно од заробени македонски војници од Кратово и кратовскиот крај и од Крива Паланка. Владимир Милчин, извршниот директор на Фондацијата институт отворено општество, кој ги откупи и денес ќе ги претстави овие историски документи на јавноста, вели дека тие се од непроценливо историско значење. За него е чудно што државата немала интерес за оваа збирка, која уште лани била понудена на продажба. - Печатот со името Македонија покажува дека Австро-Унгарија, која имала најценета бирократија во тогашна Европа, знаела на кого му ги испраќа писмата од тогашните заробени војници. Затоа на најголем дел од картичките и писмата е втиснато името Македонија како крајна дестинација - објаснува Милчин. Според него, оваа збирка само докажува дека многу работи за историјата и за идентитетот на македонскиот народ во вид на документи се уште се наоѓаат во странство, но и дома. - Најголемиот дел од луѓето се плашат да пристапат и да ги дадат документите од страв да не бидат етикетирани. Имам неколку случаи на кои моментално работам, кои во иднина исто така ќе донесат вакви резултати како оваа збирка, која ја нарековме „Отпретани сведоштва“ - вели Милчин. Јасмина Најдовска, магистер по историски науки, која во проектот била вклучена во дешифрирањето на текстовите на војниците, вели дека овој вид извори се нов вид историја, која зборува за поединецот и за семејството. - Ова е најискрена и неискривена слика за едно тешко минато на македонскиот народ. Историјата може да биде политичка, дипломатска, но може да биде и историја на културата на живеењето, која ја добиваме токму преку овие писма - вели Најдовска. Изложбата што ќе биде отворена денеска во Скопје под името „Отпретаните сведоштва“ и ќе помине во повеќе македонски градови, а ќе заврши во Кратово, каде што ќе биде промовирана монографијата со комплетното истражување.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1244&ArticleID=79938
Дали ќе може некој кој планира да отиде на изложбата, и да направи фотографии од овие писма и да ги презентира овде на форумот.
Така и ние кои не сме во можност да ја посетиме изложбата ќе можеме да ја видиме оваа според мене многу важна збирка .