Свадба прашања

Член од
5 март 2023
Мислења
431
Поени од реакции
1.745
Најпрвин за да има свадба, мора потенцијалниот младоженец да има куќа/стан, кола и кеш, ако ги нема овие три компоненти тогаш "принцезата" нема да му каже ДА. Самото запросување МОРА да биде на некоја егзотична дестинација како што во последно време читаме по порталиве на пример во Париз,Лапонија, Мексико,Занзибар,Малдиви,Сејшели,Дубаи,Египет итн, зошто ако ја запроси дома или на некое скромно место пак нема да му каже ДА. Од тој момент почнуваат подготовките за свадбата: се бира венчаница од 5000 евра, ресторан или хотел каде ќе се одвива прославата, штампање покани, камермани што ќе снимаат (пази го моментов сега и со дронови се снимаат),музика итн. На самиот ден на свадба се оди по невеста, па во црква, па во ресторан/хотел, е од тој момент почнува хаосот:внатре има 500 души од кои 450 не ги познаваш, има и такви што не се познаваат ниту со двете фамилии туку само дошле на гага јадење и пиење, од почеток има некоја тивка музика кога сите уште не се седнати и дојдени и во еден момент се појавуваат младоженецот и невестата насмеани оклештени 15 до 3 и го играат свадбениот танц Strangers in the night од Frank Sinatra, до тој момент само слушале теа таировиќ и аца лукас ама сега се светски луѓе американизирани. Откако ќе заврши танцот следуваат традиционални ора и ова е единствениот позитивен момент од цела таа церемонија. После народните песни, следува пауза за музикантите и вечера за гостите. Потоа се преоѓа на свештологија и се свири од Ѓорѓе Балашевиќ до аца лукас и Бон Џови. Ова го означува крајот на свадбата и прегледување на подароците што ги добиле младенците и ќе ги видиш дека завршиле со 20 соковници, 30 сервиси за јадење, 20 миксери и евентуално кеш во пликоа што максимум би достигнал 500 евра.
 
Член од
10 октомври 2021
Мислења
45
Поени од реакции
20
Zdravo, mi treba pomos, jas sum kum ova leto, ako moze nekoj da mi kaze koi se adetite za kumstvo i davackite koi toj trrba da gi plati, imam slusnato deka toj ja plakja vencavkata i takvi nekoj raboti, i kolku pari da si spremam od prilika
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
479
Поени од реакции
1.611

Да ќе треба да ја платиш цела венчавка, и поклон плик испод 500 евра никако ќе те зборат страмота е,и младоженецот во Вегас на момачка задолжително.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.178
Поени од реакции
12.722
Носи си ситно (по можност метални 10 денарки) ако го прават тој селски адет со клаваење пари во штиклите да не и бидат лабави.

Ако ги земале преголеми од алчност за пари, тогај клавај од металните, да не можи да ги крени нозите.

Едит: Изглеа ги помешав работите, мислам дека овој адет не беше за кумот.
 
Последно уредено:

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.271
Поени од реакции
58.198
Носи си ситно (по можност метални 10 денарки) ако го прават тој селски адет со клаваење пари во штиклите да не и бидат лабави.

Ако ги земале преголеми од алчност за пари, тогај клавај од металните, да не можи да ги крени нозите.

Едит: Изглеа ги помешав работите, мислам дека овој адет не беше за кумот.
За деверот е ова
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.744
Поени од реакции
1.496
Види имам јас една мака на темава ако е ок имам ваучер за Везилка/Дениција за нови настани ако некој е заинтересиран да ме побара
 
Член од
10 мај 2022
Мислења
479
Поени од реакции
1.611
Види имам јас една мака на темава ако е ок имам ваучер за Везилка/Дениција за нови настани ако некој е заинтересиран да ме побара
Да не откажа свадба ??
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.086
Поени од реакции
10.817
Zdravo, mi treba pomos, jas sum kum ova leto, ako moze nekoj da mi kaze koi se adetite za kumstvo i davackite koi toj trrba da gi plati, imam slusnato deka toj ja plakja vencavkata i takvi nekoj raboti, i kolku pari da si spremam od prilika
Треба да купиш две свеќи од црква и платно, обично свила од кое потаа треба да се сошие нешто иначе со тоа платно во црква ги врзуваат младите, од црква до црква тарифата варира ама како кум ке треба да платиш околу 2000ден за венчавањето. Бидермаер за невестата се купува ма да во некои случаеви овие работи деверот ги купува. Торта за во ресторан од кумот треба. Мислам како кум други обврски немаш е сега колку поклон и бакшиш ке оставаш на музика тоа зависи лично од тебе.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.178
Поени од реакции
12.722
Треба да купиш две свеќи од црква и платно, обично свила од кое потаа треба да се сошие нешто иначе со тоа платно во црква ги врзуваат младите, од црква до црква тарифата варира ама како кум ке треба да платиш околу 2000ден за венчавањето. Бидермаер за невестата се купува ма да во некои случаеви овие работи деверот ги купува. Торта за во ресторан од кумот треба. Мислам како кум други обврски немаш е сега колку поклон и бакшиш ке оставаш на музика тоа зависи лично од тебе.
Знам и прасенце печено треба да купи :D
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.274
Поени од реакции
5.122
Едно прашање
Ме интересира дали има или знај некој некоја апликација нешто за распоред на гостите во кафаната. Да биди поедноставно и полесно пример да се снајдиш од телефон, не да бараш низ списоци кој за каде е ?
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.315
Поени од реакции
3.288
Едно прашање
Ме интересира дали има или знај некој некоја апликација нешто за распоред на гостите во кафаната. Да биди поедноставно и полесно пример да се снајдиш од телефон, не да бараш низ списоци кој за каде е ?
Spreadsheets? Си ги ставаш во табела и бараш
 
Kajgana Shop

На врв Bottom