Сарти

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Оваа година како место за одмор го одбравме Сарти. За оние на кои им треба вистински одмор, дооооолга песочна плажа мир и рај за очи Сарти е идеално место. Доколку спаѓате во групата на луѓе кои одат на одмор за да се журкаат дефинитивно треба да го избегнете. Самото место не е многу големо, но има се освен дискотека :) За шетање имате 3-4 улички и толку. Но во ниту еден миг нема да ви биде здодевно затоа што има доста интересни барчиња/ресторанчиња на плажа каде може да уживате.
Како и минатата година, така и оваа си резервиравме аранжман преку Игуана. И повторно не изненадија во позитивна смисла. Се убаво ни објаснија пред да го потпишеме договорот и пред да ги дадеме парите. Дефинитивно и за секое наредно патување на прво место ќе ми бидат понудите од оваа агенција. Бевме заинтересирани за хотелско сместување со полупансион си ѕирнавме мислења на tripadvisore и booking за хотел Стефани. Коментарите за хотелот беа ок. Појдовме во агенција и од таму убаво ни кажаа дека не е хотел со 5 ѕвезди и да не очекуваме некој раскош. Кога стигнавме во хотелот бевме пријатно изненадени. Собите не се којзнае колку големи, но се чисти. Имаат големи тераси и прекрасен базен и двор. Јадењето во хотелот беше доста солидно. За доручек шведска маса, за вечера обавезно два вида салати обемни парчиња месо и гарнир. И за доручек и за вечера имаат десерт. Така да доколку планирате да го посетите Сарти и да бидете сместени во хотел, топло ви го препорачувам хотел Стефани. Се наоѓа во новиот дел на Сарти, на доста мирна локација. Хотелот си има и сопствен паркинг, а што е најважно градската плажа во близина на хотелот е најубава затоа што е целата песочна, без треви и каменчиња во споредба со плажата во стариот дел на Сарти. Морето чисто, плитко и топло. Единствено нешто што не ми се допадна е патот од хотел до плажа - земјен пат и навечер е неосветлен :(
Покрај градската, плажи кои вреди да се посетат а се во близина на Сарти се:
Камп Платаници - оддалечен на 6 км од Сарти (GPS координати) N40.1166685/E23.9734363. Долга песочна плажа со нормален пристап во вода, морето топло и чисто. Доколку се задржите 2 часа не ви наплаќаат ништо а после тие два часа се плаќа 1 евро од особа. Има паркинг до сама плажа, тушеви на плажа и одличен бар - Africafe. На влез ви бараат пасош а при излез ви го враќаат. Во самиот камп имате и таверни, супер маркети.
Кафе на плажа е 3 евра, пиво 2-3 евра, кока кола/фанта 2 евра.


Kамп Арменистис - оддалечен 15 км од Сарти GPS: N40.1536799/E23.9149564. Влез во кампот се наплаќа 3,5 евра од особа без пијалок, а со пијалок 4,5 евра. Секако и за во овој камп ви е потребен пасош. Има паркинг пред кампот и е бесплатен. На плажата нема лежалки, па доколку се одлучите да го посетите кампот понесети си лежалка и чадор. Во комплексот има супер маркет, таверни, ресторанчиња, тушеви WC. Бојата на морето е тиркизно плава, чиста и топла. Плитко е првите 5-7 метри.


Orange beach - На 6 км од Сарти GPS: N40.125234/E23.969699. Најфалената плажа во околина и една од потесните. Пристапот до неа е по земјен пат, паркингот е во борова шума и имате уште 5 минути пеш за да стигнете до оваа плажа. Убаво средена со еден бар, има лежалки кои се бесплатни за користење со порачан пијалок.Тушеви нема, но WC има. Нес кафе е 3 евра, ладно чоколадо 4 евра, овошна салата 5 евра, пиво лименка 3 евра. Морето чисто, без ветер и бранови. Прв ред лежалки се наменети за семејства или друштво. Одат во комплет 4 лежалки со еден чадор сламен и еден помошен. Доколку одите со кола гледајте да стигнете пред 10 часот, бидејќи од Сарти има организирано автобуски превоз до плажава и автобусот поаѓа во 10 часот па може да не најдете место бидејќи е тесна. Единствено што не ми се допадна е што само што ќе седнеш на лежалка одма те тераат да порачаш, а и лежалките не смее да се разместуваат :( Инаку на плажава во плиткото има и рипки што грицкаат :D
GOPR5267.JPG

WP_20140828_09_20_08_Pro.jpg
WP_20140828_09_35_00_Pro.jpg

Mega Portokali - 7 км од Сарти GPS: N40.12554/E23.96406. Паркинг во борова шума покрај пат. Оддалечена е на 1 км после Orange beach, кога ќе забележите возила паркирани покрај пат знаете дека сте на право место. До неа се стигнува по малце потежок пат низ шума. Од паркингот до плажа имате 10 - 15 минути. Понесете си чадор и лежалка затоа што нема ништо на неа. Бојата на морето тиркизна и бистра, после 2 -3 метри одма е длабочко. Земете си и нешто за поткаснување затоа што нема од каде да купите :) Прекрасна плажа, една од моите омилени.
WP_20140831_11_09_00_Pro.jpg
WP_20140831_11_10_12_Pro.jpg

Кариди (Вурвуру) - Оддалечена 34 км од Сарти GPS: N.40.1922569/E23.8077964. Паркингот е песочен, па ако сакате да најдете добро место за паркирање појдете порано до 10 часот. Ако дојдете покасно и нема место на паркинг, оставете си ја колата во TOP Pizza и одете си до плажа 500 метри. Плажата е песочна и вреди да се посети и да се поминат 34 км до неа. Морето плитко, топло и чисто. Има две кантини каде може да си земете кафе 1,80 евра, пиво 2 евра, хамбургер 2 евра. Лежалки и чадори нема. Има и дел со карпи, а позади нив е вистинско уживање :) И таму има плажа дел песок, дел каменчичи.


WP_20140901_12_52_23_Pro.jpg
Доколку огладнете ви препорачувам да пробате пица во Пица Топ (13 евра) екстра голема и сочна. Пиво 3 евра, кока кола/фанта 2 евра, грчко кафе 1,5 евро.
WP_20140901_13_40_23_Pro.jpg
Thalatta - 16 км јужно од Сарти GPS: N40.0710449/E23.9940280. Камп со бунгалови, одлично среден. Има теретана, базен, супер маркет, доктор, ресторани, лежалки и чадори и кафе барови. Бојата на морето прекрасна, брановите огромни - 3 метри :O
WP_20140831_10_17_57_Pro.jpg

Kavourotripes - 6 км од Сарти GPS: N40.125234/E23.969699. Се паркира на истиот паркинг како за Orange beach, но се оди по друга патека за да стигнете до неа. Нитшо посебно од плажава. 6 мали заливчиња и во секое од нив има место само за 2-4 особи. Целата со карпи. Можеби се интересни скулптурите, но не и плажичката. Има доста кампери од кои не може да дојдете на ред за место :D
WP_20140906_10_39_07_Pro.jpg WP_20140906_10_42_17_Pro.jpg WP_20140906_10_44_44_Pro.jpg

Плажа Сарти - Прекрасна песочна и доста широка плажа во должина од 3 км. Најубавиот дел од плажата е во нов Сарти. Плитко, чисто и топло море. Понекогаш знае да дува силен ветер кој е неподнослив и да има бранчиња. Убави барчиња на плажа се Cielo и Atlanta. Kaфе на плажа е 3 евра без вода, а со вода 3.5 евра. Пиво е 4 евра и Сангријата е иста цена. Уз пиво/Сангрија обавезно носат грицки :) Доколку можете одвојте барем едно утро за да уживате во убавото изгрејсонце во Сарти.
6tag_270814-143443.jpg

WP_20140827_07_00_08_Pro.jpg


(tо be continued....)
 
Последно уредено:

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Оваа година како место за одмор го одбравме Сарти.

(tо be continued....)
брааааааааво, одлично напишано-објаснето, пропратено со фотографии.
еееееее вака треба да изгледа секој пост на форум(y)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
@Олимпија од 1 до 10, кажи колку ти се иде пак? И мене исто :(
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Навечер во Сарти нема да ви биде ич досадно. Имате каде да прошетате.
Како интересни кафичи покрај плажа ви ги препорачувам Alma Libre , Orange bar (пиво 3 евра. коктели 5-7 евра), Kleio (точено пиво големо 2,80 а мало 2 евра).
WP_20140905_22_13_29_Pro.jpg

Доколку сте љубители на палачинки пробајте палачинка со пола тегла нутела во Creperie Qualiti. 2,5 eвра е ама вреди за сите пари. Тешко да ја изедете цела. Огромна е и преполна со крем. Палачинкарата се наоѓа веднаш до аптеката во Сарти во близина на плоштадчето
WP_20140905_21_56_09_Pro.jpg

Но затоа не земајте палачинка од овде. Ем иста цена е со гореспоменатата ем не е вкусна и празна е. Оваа се наоѓа спроти кафе Kleio
WP_20140905_22_13_05_Pro.jpg

Добро гиро имате во Аvra, на почеток на стар Сарти е.
WP_20140905_22_17_52_Pro.jpg
Но најубаво и најсочно е во Ovelix. И на двете места гирото е 2,5 евра но кога еднаш ќе пробате во Ovelix ќе видите разлика. Големо е и вкусно. Исто така и најефтина порција гиро е кај нив 4,90 евра со 4 врсти крем салати. Имаат и понуда за скара (4 врсти месо, 2 пити, 4 салати и 2 пијалока = 12 евра).
WP_20140905_22_14_13_Pro.jpg

Ви препорачувам да пробате пица во Takumata покрај плажа. Големи се пиците и вкусни. За две порачани средни пици третата ви е гратис. Цената на средна пица е 9 евра, пивото големо е 3 евра.
Локумас и грчка баклава пробајте во Артохора пекара помеѓу стар и нов Сарти. Имаат убави врсти благца за мерак.
WP_20140905_22_24_22_Pro.jpg

Најисплатлив маркет во Сарти ви е Атлантида помеѓу стар и нов Сарти спроти хотел George.
Фанта 1,5 L е 1,65 евра, пиво 6 лименки FIX 0,33 се 4,75 евра, Сангрија 1,5 L е 3,7 евра, праски 0,70 евра, вода 6 x 1,5 L е 1,25 евра.
Иако има голем маркет Масутис (Карфур) во Сарти тој е доста поскап од маалските маркети т.е горенаведениот.

Во Сарти има доктор што работи 24 h на почеток на шеталиште има и аптека во близина на црквата кај плоштадот.
Имате две бензински во Сарти на едната има и плин 0,89 евра а бензинот е 1,80 евра.

Друго ако нешто ве интересира слободно прашајте ;)
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Сарти е едно од моите омилени места, од дете редовно ме носеа таму и до ден денес скоја година одам ако ништо друго бар на неколку викенди.
Од она кое го прочтиав, речиси сите најбитни работи за Сарти и околината се спомнати. Јас само ќе се надоврзам.
Сарти, конкретно градот, не за со мали деца. Сарти е свртено према отворено море и секое попладне дува ветер и има бранови. Така е речиси на скоро сите плажи во неговата околина. Единствено кампот Арменистис е повлечен по-навнатре и морето е многу помирно. Арменистис е нај-средениот камп од сите во околината, и најскап, но има фантастична плажа и најтопло го препорачувам за фамилијарен одмор.ж
Ако веќе сте отишле со деца, најсоодветна плажа за деца е Климатарија, која се наоѓа на 5-10km од Сарти. Плажата е фантастична. Морето е чисто, мирно, многу плитко (треба да се отиде 100 метри од обала за длабочината да биде над 2m). Песокот е ситен како брашно и идеален за играње, а на самата плажа има неколку кафичи и два или три ресторанти, кои имаат поставено еден куп играчки и водни лизгалки за деца.
До Климатарија има уште едно мало плажиче со ресторант и кафич "5 Steps In The Sand". Исто така го препорачувам за со деца.

Од убавите плажи мислам дека не ја спомнаа Банана. Има сличен амбиент како Портокали, песок исто така ситен како брашно, но побел. Предност е што не е пренагужвана како Портокали затоа што единствено може да се стигне со висок џип или со чамец.
Покрај тоа, го препорачувам нудистичкиот дел од Платаници. Многу е див, чист, прекрасен морски пејсаж, блиску до боровата шума чиј мирис во комбинација со мирисот на морето сташно опива.

За журкачите им препорачувам Гоа Бич, веднаш после Сарти. Од време на време носат и по некој диџеј, а не ретко ќе си најдете тревка.

Патем, околу супер маркет, мислам дека најефтин и најопремен е Арванитидис кој се наоѓа на самиот магистрален пат. Има убави кафанчиња, а на почетокот има едно кафанче каде газдите секое сабајле носат свежо уловени риби, октоподи и слично, одлично ги спремаат и цените се сосем прифатливи.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Мене ме интересира,кој дел е подобар ? стариот или новиот ? планираме да одиме 2 пара,не сме за некој луди журки,битно ни е да има убави кафичи за навечер,и добри плажи...?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Мене ме интересира,кој дел е подобар ? стариот или новиот ? планираме да одиме 2 пара,не сме за некој луди журки,битно ни е да има убави кафичи за навечер,и добри плажи...?
Super e nema da zgresite
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Да ми дадеше мислење...што-како за стариот и новиот дел...? :D
Nakratko deka ne sum doma, stariot e poveke so kuki i pomalce guzva dodeka noviot e poziv, so hoteli, poveke prodavnici... Ama kade i da ste nema da zgresite, mestovo ne e ni penzionersko ama ne e ni party hard level. Zlatna sredina, cenite normalni. Lani bev vo avgust, super si projdov.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Мене ме интересира,кој дел е подобар ? стариот или новиот ? планираме да одиме 2 пара,не сме за некој луди журки,битно ни е да има убави кафичи за навечер,и добри плажи...?
Во новиот дел плажата е подобра и без каменчичи :pipi: Речиси сите шо се сместени у стариот дел одат на плажа во новиот. Цел Сарти е 3 км. Кај и да си сместен исто ти е, иако јас би бирала нов дел оддалечен од центарот на 10-15 минути. Ем ќе се одмориш поубаво без гужви, ем подобра плажа а и пешачење до центар добро доаѓа :)
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
А лежаллките на плажа се плаќаат ли со пијалоци,или ? и која цена е моторче/кола,бидејќи како што читав има плажи што не се така блиску по 30-40 км одалечени...? или бушчиња,колку зимаат за превоз ?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
А лежаллките на плажа се плаќаат ли со пијалоци,или ? и која цена е моторче/кола,бидејќи како што читав има плажи што не се така блиску по 30-40 км одалечени...? или бушчиња,колку зимаат за превоз ?
Лежалка се плаќа со порачан пијалок имам пишано погоре. Плажите не се далеку по 30-40 км туку на 6-7 км и до нив има бусчиња. Единствено подалеку е плажа Кариди - Вурвуру, за до таму не знам дали има бус. Имаат во Сарти за рентање кола/мотор ама цена не знам. Бидејќи одите 4ца изнајмете си кола поефтино ќе ви биде и нема да се пржите на сонце.
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Минатата година, истиов период ги читав постовите на Олимпија за Лефкада и истите беа главен виновник за да се одлучам да ја посетам Лефкада. Една година подоцна од нивниот одмор, да не речам во целост, ама во 90% од времето и распоред го повторив нивниот одмор, од аспект на посетени плажи/локали итн. Како што си е опшиано така и испадна и во мојот случај.

еве ме сега на оваа тема, читам пост од Олимпија за Сарти, и пак Игуана.
На Игуана и на Олимпија може да им се верува :) А јас со паметот сум се поблиску до Сарти...

п.с. чекам пост од оваа година, за да знам кај ќе идам во 2016 на одмор :cool:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Минатата година, истиов период ги читав постовите на Олимпија за Лефкада и истите беа главен виновник за да се одлучам да ја посетам Лефкада. Една година подоцна од нивниот одмор, да не речам во целост, ама во 90% од времето и распоред го повторив нивниот одмор, од аспект на посетени плажи/локали итн. Како што си е опшиано така и испадна и во мојот случај.

еве ме сега на оваа тема, читам пост од Олимпија за Сарти, и пак Игуана.
На Игуана и на Олимпија може да им се верува :) А јас со паметот сум се поблиску до Сарти...

п.с. чекам пост од оваа година, за да знам кај ќе идам во 2016 на одмор :cool:
Оваа година ќе одмараме од одмор, поактивни ќе бидеме во бебешки совети :icon_lol: Но догодина ќе одиме во Неи Пори, така да ако си за пензионерски одмор прочитај мои мислења во таа тема.
p.s.Фала за комплиментите и довербата ;)
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
превоз за до арменистис да не знае некој? колко паре? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom