Самсунг с9+

Член од
27 јуни 2008
Мислења
46
Поени од реакции
4
Здраво сакам да купам с9+ од ледиком али читам доста и добри и лоши коментари за нив и се мислам дали се правилен избор. Дали некој од вас земал с9 од кај нив, какви се вашите искуства.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
46
Поени од реакции
4

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
За телефонот знам дека е супер, повеќе мене ме интересираат мислења за ледиком и искуствата со нив
Прегледај го подфорумот да не има тема за продавницата.
Ти одговорив пошо ја знам таа тема, имам пишувано таму. Јас не го купив од Македонија.
 
F

Flatter

Гостин
Ако те интересира за ледиком да ти кажам искуство од другар мој. Има купено до сега S6 и note 5 и досега се нема пожалено од нив.

Добри се и секако најевтини во цената за разлика од други места.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Здраво сакам да купам с9+ од ледиком али читам доста и добри и лоши коментари за нив и се мислам дали се правилен избор. Дали некој од вас земал с9 од кај нив, какви се вашите искуства.
Јас сум од тие вторите. Купи подобро од некоја друга мобилара или од Сетек или Нептун.
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.038
Поени од реакции
12.459
A мобиком од битола?
Земи од Мобеликс.Топ се дечките.10тина телефони имам купено од кај нив,со ниеден сум немал проблем до сега.
Мислам дека е и малку поефтин таму, него во ледиком.

Sent from my SM-G955F using Tapatalk
 
Velix

Kirk Hammett
Член од
18 мај 2012
Мислења
674
Поени од реакции
207
@Marick14 направи добра анализа за мобиларите во Македонија. Не би ти ги препорачал баш Ледиком.
Мобил Шоп - Едни од подобрите. Сум земал јас, а и некои мои пријатели од таму. Немало никаков проблем со телефоните и гаранциите. Секогаш биле фер, дури и гратис фолии и футроли ми давале кога ќе купам телефон.
Мобиликс - Од овде немам земено, но еден пријател зема, па до сега не пријавил дека имал некој проблем од таму. Исто така едни од најдобрите во градот.
МобиСмарт - Сум слушнал дека правеле проблем со гаранциите, понекогаш продаваат телефони од пазар за 3-ти свет. Не ми се испробани овие.
иБутик - Исто така многу сумљива мобилара. Кога ќе отидеш таму телефони нема изложено, а имаат огласи дека продаваат. Можно е да се со сомнително потекло телефоните. Недај боже, може утре и полиција да ти дојде на врата. Не би експериментирал со нив. Башка и во сервисот им работат деца од 19 години што штраф не знаат да завртат.
Мобил Фон - Исто така едни од најдобрите според мене во Скопје. Добра услуга, добри телефони, со гаранциите не прават проблем. Даваат и тие гратис футроли и фолии ако купиш телефон.
Ледиком - Едни од најлошите заедно со иБутик. Телефон од 500 евра ти дава во кутија од кондури или со арапски букви позади на кутијата. Најверојатно ги шверцаат преку Косово од кој си знае каде. Со гаранцијата знаат да направат проблем и убаво да си се оградат и кривицата да падне на тебе.
Моби Флеш - Исто така добри, што сум слушнал од пријатели, до сега немало проблем со нив никаков.
Мобил Електроник - Работат само сервис најверојатно. Еднаш влегов таму, а телефони имаше многу малку од постарите модели од времето на Дедо Ное.

Имало и некои мобилари во Охрид и во Велес, као демек добри, ама не знам кои се и немам информации за нив...
 
F

Flatter

Гостин
@Marick14 направи добра анализа за мобиларите во Македонија. Не би ти ги препорачал баш Ледиком.
Незнам од каде му е оваа дезинформација само знам дека другарот кој беше купил од ледиком нов телефон беше целиот во фолија запакуван со оргинал кутија и све оргинал во него. Освен тоа треба да бидеш доволно луд да прифатеш купување на телефон од 500 евра со арапска кутија од кондури како што се изјаснува членот.

Инаку уште од старт кога ќе го сврзеш зборот мобилара се знае што се очекува.... Поправан (refurbished ) телефон, шверцуван по разни канали и секако моли се телефонот да не му испадне некаков проблем затоа што ќе те мотат вака-онака..

Најпаметно да си земе од НЕПТУН(или боло која фирма која нуде овластен сервис) гледам 43000 го нудат со полна официјална гаранција од овластен сервис, друга варијанта му е нешто вакво да купе како половен но како нов пример 2-3 месеца само користен и слично...
 
Да. И според мене подобар избор е Нептун, Сетек... за разлика од некоја мобилара.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
188
Поени од реакции
43
Ало бре у кој свет живеете 2019 стигнавме вие уште прашувате дали се добри телефоните на ледиком... ништо поразлични од другите мобилари дури и подобри може да се каже од повеќето во градов.. Кажете ми само што добивате плус со Нептун Сетек ??
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
еве на пример за самсунг на нивната страна стои дека официјални партнери се Нептун, Сетек, Оне.Вип и Македонски Телеком, а мобиларите од кај ги зимат телефоните што како тоа никој не го знаи.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
еве на пример за самсунг на нивната страна стои дека официјални партнери се Нептун, Сетек, Оне.Вип и Македонски Телеком, а мобиларите од кај ги зимат телефоните што како тоа никој не го знаи.
Нормално, башка има разлика да ти го дадат телефонот во оригинална опаковка, со слушалки и целосна галантерија отколку во кутија за кондури.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Сега некој ќе дојде и ќе пише дека има купено во оригинална кутија со сите додатоци и пред него ја отвориле кутијата. Не се палите на тоа дека не е отворена кутијата, си имаат машини за ставање фолија. :icon_mrgr:

Повеќето им се за азиски или амерички пазар, можат да ви подметнат некој тест уред, некој што има со проблем со софтверот, загрева, проблем со микрофонот, линии на екранот,...

На некој ќе му се погоди и ќе го користи долго време, ама некој ќе плати за сите.
Ако има некој фабрички дефект ќе ви го заменат со нов или ќе доплатите за друг подобар модел, а тој со дефектот којзнае каде ќе заврши. :icon_lol: Не признаваат гаранција за батерија, полнење со неоригинален полнач и дисплеј.

Купуваш телефон од 800 евра, даваш пари и бегаш. Не ти дава фискална и си одиш дома и гледаш не е во ред, па мора да се враќаш назад да ги убедуваш дека ништо немаш чепкано и да молиш и да чекаш за сервис, да се молиш и да го заменат со нов или да ти ги вратат парите. Ти нудат друга боја, па немале таков.

Фала и 200 евра да е пониска цената никогаш ваков скап уред не купувам од вакви места или половен. Подобро повеќе пари, отколку некој да ме заебава за ми пари.

Или еве ви го Плаисио во Солун, високи им се цените, ама ви враќаат % на граница и ви е исто како од мобилара. На 800 евра околу 150 евра ви враќаат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom