Само за вегетаријанци (вегетеријански рецепти)

Дискусија во форумот 'Гурманско катче' започната од ViRuS, 19 јануари 2006.

  1. Perdika I

    Perdika I

    Член од:
    22 август 2006
    Мислења:
    399
    Допаѓања:
    845
    Фалафели формирани со лажица.
    Едноставни, лесни, брзи, превкусни. Tablespoon falafel size before ready for bakingweb.jpg Tablespoon falafel size fiestaweb.jpg
     
    На whatto, Име И Презиме, Patience и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. Astrid

    Astrid

    Член од:
    20 јуни 2012
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    40
    Овесна каша со бадемово млеко, куркума и цимет IMG_08812.jpg
     
    На Tutor, whatto, Goodfella и уште 9 други им се допаѓа ова.
  3. Perdika I

    Perdika I

    Член од:
    22 август 2006
    Мислења:
    399
    Допаѓања:
    845
    Кафен ориз со зеленчук и домашно тахини.
    Rice with veggies and tahini sauceweb.jpg
     
    На whatto, Goodfella, Patience и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. Perdika I

    Perdika I

    Член од:
    22 август 2006
    Мислења:
    399
    Допаѓања:
    845
    Класична македонска леќа со свежа салата од бела-црвена зелка и прилог од младо кромидче ( многу добро оди било која зелена салата исто и младо лукче со леќата .... врв :angel:) Класична македонска леќа.jpg
     
    На Tender Girl, Tutor, whatto и уште 10 други им се допаѓа ова.
  5. Perdika I

    Perdika I

    Член од:
    22 август 2006
    Мислења:
    399
    Допаѓања:
    845
    Печен кељ со малку маслиново и сол на хартија за печење, сервиран со сос од 3 вида на чили пиперки со доматно пире и малку оригано.
    Просто фантазија од вкусови....
    пс. одлично мезе за ладно грч пиво.
    kale.jpg
    Печен мешан зеленчук, морков, пашканат, црвен кромид, зачинето со маслиново, црн бибер, жалфија, по некое чешне лукче, хималајска сол.
    Roasted veggies 2.jpg
    Печениот зеленчук сервиран со ориз со лимон и црн бибер и свежо младо кромидче.
    Roasted veggies + rice with herbs 1.jpg
     
    На Tutor, whatto, krkac и уште 4 други им се допаѓа ова.
  6. Perdika I

    Perdika I

    Член од:
    22 август 2006
    Мислења:
    399
    Допаѓања:
    845
    Veggie beans burger in tonus Veggie beans burger_4.jpg
     
    На Tender Girl, whatto, Patience и уште 3 други им се допаѓа ова.
  7. Perdika I

    Perdika I

    Член од:
    22 август 2006
    Мислења:
    399
    Допаѓања:
    845
    Либанско табуле со булгур, лимон, домати, крставица, свежо нане, свеж магдонос, кромид, хималајска сол и малку црн бибер.
    Послужено да се јади со свежа марула и парчиња стар кромид.
    Пролетно-летно уживање. Lebanese Tabbouleh 6.jpg Lebanese Tabbouleh 5.jpg Lebanese Tabbouleh 4.jpg
     
    На Tutor, Agda Beata, whatto и уште 5 други им се допаѓа ова.
  8. Goodfella

    Goodfella

    Член од:
    1 декември 2010
    Мислења:
    1.281
    Допаѓања:
    2.743
    IMG_20180510_133923.jpg

    Наутот е со праз, пиперка и пелати, зачинет со сол, бибер вегета и многу кари.
    Оризот со златна мешавина+пиперка и кромид, зачинет со сол, бибер, вегета, босилек и куркума.
    И печен млад компир, зачинет со сол, бибер, вегета, копар и оригано.
    --- Споено дупло мислење, 11 мај 2018 ---
    IMG_20180412_204436.jpg
    Го видов ова негде по нет и направив речиси идентична копија. Се вика "Buddha Bowl".
    Марула, млад кромид, маслинки, морков, цвекло, ориз, спанаќ, шампињони и брокула. Во длабок сад прво се става марулата, па потоа врз неа се редат останатите состојки.
    --- Споено дупло мислење, 11 мај 2018 ---
    IMG_20180305_120817.jpg IMG_20180306_124348.jpg
    Пред некој месец го направив, може и да заборавам некоја состојка :unsure:
    Домашно направен хумус.
    Лево - Наут, таан(исто јас го направив), лук, маслинки, магдонос, сол, бибер, сок од 1 лимон, маслиново масло.
    Десно - Наут, таан, лук, пиперка, 1 лажица ајвар, чили, сол, уште чили, бибер, уште чили, сок од еден лимон, маслиново масло и уште малку чили :D
    За тој десно ги видов состојките од хумус што го купив, ставив се отприлика и ми испадна дури и подобро. :P
     
    Последно уредено: 11 мај 2018
    На Tutor, Agda Beata, whatto и уште 4 други им се допаѓа ова.
  9. Goodfella

    Goodfella

    Член од:
    1 декември 2010
    Мислења:
    1.281
    Допаѓања:
    2.743
    IMG_20180527_191702.jpg
    1. Плескавица од наут. Запржив кромид, лук, шампињони и додадов зачини по вкус. Изблендирав се заедно со наутот, додадов брашно за да ја зема течноста, додадов и малку ленено семе. Формирав плескавица, па ја ставив да се пржи на тивко по 5мин од двете страни на ееептен малку масло.
    IMG_20180527_223421.jpg
    2. Водата од наутот не се фрла, ја измиксав, па додадов топено чоколадо за готвење, претходно во чашките ставив мелени бисквити со урми, па го прелив со аквафабата од наутот. По некое време во замрзнувачот имав убав вегански сладолед. :P
     
    На Agda Beata, whatto, Govinda и уште 3 други им се допаѓа ова.
  10. Goodfella

    Goodfella

    Член од:
    1 декември 2010
    Мислења:
    1.281
    Допаѓања:
    2.743
    IMG_20180605_192147.jpg

    Тестенини, мех..нели.. ааама прв, т.е. втор пат ги правам на овој начин, само првиот пат беше со макарони иии многу ми се вкусни. На тенко исецкано кромид, морков, пиперка, шампињони и на ситно брокула, малку ги запржив, ставив соја сос и бело вино, фрлив сусам, ги додадов шпагетите и за минута-две имав превкусно јадење :D
     
    На Tutor и Tender Girl им се допаѓа ова.
  11. Goodfella

    Goodfella

    Член од:
    1 декември 2010
    Мислења:
    1.281
    Допаѓања:
    2.743
    IMG_20180608_195615.jpg

    Meatless пастрмајлија :P
    Соја топчинцата се варени, па запржени, тестото е премачкано со сенф, врз него соја топчинцата, посен кашкавал и шампињони. :giggle:
     
    Tutor, nicole_l, Agda Beata и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Perdika I

    Perdika I

    Член од:
    22 август 2006
    Мислења:
    399
    Допаѓања:
    845
    Смути бол појадок од урми, јагоди банани и овесно млеко, а од горе домашна гранула, малку кокос во прав, свежи јагоди и домашни лешници.
    Vegan spring smoothie bowl_1.jpg
     
    Agda Beata, Govinda, shumecha.tableta и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Govinda

    Govinda Lud, Zbunjen, Nenormalan

    Член од:
    20 април 2014
    Мислења:
    1.761
    Допаѓања:
    1.300
    Nema potreba da se vika pastrmajlija, posto pastrama znaci meso. Ednostavno PICA.
    Tuku nie doma redovno praveme pica so bukovka pecurka i se razbira proprzeni zaedno so iseckani morkovi, lukce, kromidce, i odozloda testoto e premackano so domasna ljutica (namesto vestackio kechap) i razbira se ozgora izrendan shashkaval...e samo nikako da mi tekne da ja sliknam i postiram tuka. Abe dzabe e slika. Slikata niso ne kazuva. Treba da se proba, da se vkusi, ligi ke tecat :P
     
    На Goodfella и Perdika I им се допаѓа ова.
  14. Goodfella

    Goodfella

    Член од:
    1 декември 2010
    Мислења:
    1.281
    Допаѓања:
    2.743
    Повелеле :P
    IMG_20180611_181947.jpg
    Буковка, шампињони, кромид, лук, лута/блага пиперка, брокула, маслинки, посен кашкавал и доматно пире :P
     
    На Tender Girl, Govinda и Perdika I им се допаѓа ова.
  15. Perdika I

    Perdika I

    Член од:
    22 август 2006
    Мислења:
    399
    Допаѓања:
    845
    Вегански ручек буда бол со печен зеленчук со зачини (морков, сладок компир) печени шампињони со сусам, кафен ориз, обарен спанаќ, зелена салата, младо кромидче, екстра лут сос со доматно пире и семки од чили (халапењо, везани пиперки и мини чили).
    Screen Shot 2018-06-11 at 8.17.19 PM.jpg
     
    На Tender Girl, shumecha.tableta, nicole_l и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели преку: