Самојед

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Did you know that од сите модерни раси, самоједот најмногу наликува на примитиниот пес- во нивната крв нема никаква мешавина на волк или лисица.

Стандардот за нив:
STANDARD: FCI -212/17.11.1977

SAMOYED (SAMOIEDSKAIA SABAKA)

Земја на потекло: Северна Русија и Сибир

Патронажа: Нордиските земји

Намена: Кучиња за влечење и придружба

Класификација: Шпицови и примитивни раси
Секција 1 - Нордиски влечни кучиња
Без работен испит

Карактеристики: Самоједот е интелигентен, активен, преполн со енергија,но над се, покажува приврзаност со луѓето.

Општ изглед: Средна големина, елегантен, бел Артички шпиц. Со својот изглед одразува моќ, издржливост, шарм, гордост и сигурност. Изразот,,Самоједова насмевка,, настанал со комбинација на обликот и позицијата на очите и благо закривените краеви на усните. Полот на песот мора да биде јасно препознатлив.

Важни пропорции: Должината на телото е сса 5% отколку висината во гребенот. Длабочината на телото е незначително помала од половина од висината во гребенот. Муцката е со скоро иста должина како и черепот.

Однесување и темперамент: Пријателски, отворени, живи и будни. Слаб инстинкт за лов. Никогаш срамежливи и агресивни. Мошне социјализирани и не можат да се користат како кучиња чувари.

Глава: Моќна и со клинест облик.

Стоп: Јасно дефиниран но не премногу изразен.

Лицева регија:
Нос: Добро развиен, пожелно е да е црн. Во текот на некои периоди од годината, пигментот на носот може да избледи,познато како снежен нос, но рабовите на носот секогаш треба да бидат со темен пигмент.
Њушка: Јака и длабока, со приближна должина како и черепот, постепено се спушта кон носот, не е спуштена и не е јака и четвртаста. Носниот мост е рамен.
Усни: Усните се цврсти, црно пигментирани и полни. Аглите на усните се благо закривени и ја формираат карактеристичната самоједова насмевка.
Заби/вилица: Правилни и комплетен ножичест загриз.Забите и вилиците се снажни.
Очи: Темно кафеава боја, добро поставени во очните јами, широко поставени, помалку закосени и со бадемаст облик. Изразот е ,,насмеан,, љубезен, интелигентен и секогаш буден. Очните капаци се со црна боја.
Уши: Подигнати, поприлично мали, дебели, триаголни и благо заоблени на врвот. Мора да бидат подвизни, високо поставени, а поради широкиот череп прилично раздвоени.

Врат: Снажен, со средна должина и носен гордо.

Тело: Должината на телото е незабележително поголема од висината во гребенот, длабоко и компактно, но подвижно.
Гребен: Јасно дефиниран.
Грб: Средна должина, мускулест и рамен, кај женки нешто подолг отколку кај мажјаци.
Слабини: Многу кратки, јаки и дефинирани.
Сапи: Полни, јаки, мускулести и благо се спуштаат.
Граден кош: Широк, длабок и долг, допира скоро до лактите. Ребрата се еластични.
Стомачна линија: Благо заоблена кон горе.
Опаш: Високо поставен. Кога песот е во движење или афект опашот е завиен од коренот напред преку грбот или на страна, а може да биде и опуштен кога песот се одмара и тогаш допира до скочниот зглоб.

Екстремитети:
Предни екстремитети
Општ изглед: Добро поставени и мускулести, со јаки коски. Гледајќи однапред прави и паралелни.
Рамења:Долги, компактни и благо се спуштаат.
Надлактица: Под агол и близу до телото. Приближна должина како и рамото.
Лакти: Поставени блиску до телото.
Карпус: Снажен и подвижен.
Дошапје: Благо заоблено.
Шепи: Овални, со долги прсти, флексибилни и поставени кон напред. Прстите се завиени и перничињата се еластични.

Задни екстремитети
Општ изглед: Гледајќи одзади, прави и паралелни со многу јаки мускули.
Бут: Средна должни,прилично мускулест и широк.
Колено: Под добар агол.
Скочен згол: Прилично ниско поставен и под добар агол.
Метатарсус: Краток, снажен, прав и паралелен.
Шепи: Како и кај предните нозе. Петтиот прст треба да се одстрани.

Движење: Снажно, слободно и неуморно со долг чекор. Добар исчекор на предните нозе со снажно одгурнување на задните нозе.

Крзно: Богато, дебело, флексибилно,цврсто поларно крзно. Самоједот е куче со двојна длака,кратко,меко и густо подвлакно и долго, поотпорно надворешно влакно. Длаката треба да формира грива околу вратот и рамената,заобиколувајќи ја главата, особено кај мажјаците. На главата и на предните нозе, длаката е кратка и мека, на надворешниот дел на ушите кратка, исправена и мека. Внатрешноста на ушите е добро оддлакана. На задната страна на нозете, формира ,,гаќи,,. Помеѓу прстите расте раштитна длака. Опашот е богато покриен со длака. Кај женките е често пократка и со помека текстура отколку кај мажјаците. Правилната текстура треба да има сребрен одсјај.

Боја: Чисто бела, крем или бела со бисквит.(Основната боја треба да биде бела со бисквитни дамки). Не смее да биде светло кафеава.

Висина: за мажјак 57см со толеранција +/-3 а за женка 53 см со толеранција +/-3см.

Мани: Секое одстапување од горенаведеното треба да се разгледа како мана, која во зависност од нејзината сериозност пропорционално се зема во обзир.
- видливи недостатоци во структурата
- лесни коски
- пинчер угриз
- жолти очи
- меки уши
- бочвест дел околу ребрата
- двојно завиен опаш
- слаб на нозе
- многу криви нозе или кравји став
- брановите или кратка длака на цело тело, долга мека длака која виси кон долу
- непријателски расположен

Сериозни мани: јавно видливи непигментирани места на очните капаци и усните

Дисквалификациони мани:
- сини очи или очи со различна боја
- предгриз или подгриз
- неподигнати уши
- боја на длаката поразлична од дозволената
- срамежливост или агресивност.

Н.Б. : Мажјаците мора да имаат два нормални тестиса спуштени во скротумот.

И сега на сцена го повикувам @wiksa како сопственик на две снежни топки, во подолги црти да ни го опише своето животно искуство со оваа раса. Нормално сите што се сопственици или љубители на расава слободно може да се приклучат.

DSC_0435-2.jpg DSC_0443.jpg DSC_0448.jpg DSC_0464-2.jpg
п.с. Ова е брат му на Адонис, викса ќе каже повеќе кој е кој :D и пред да ме критикуваш, ќе ставам и од твоите слика :D
 
M

Moon Child

Гостин
Многу искубани Самоједи има по Македонија, затоа што луѓето ги парат со сешто за да ги продаваат.
Ретко да видиш прав самојед, убав како овој на сликиве.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Ова крзно бара одржување...За одгледувачката на ова легло од Словенија имав купувано специјални шампони кои и ги донесов на доаѓање.
 

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
984
Поени од реакции
496
ијј вовед боли глаба:coffee:(y)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Првото куче ми беше мешанче од самојед. Не знам зошто ама имам впечаток дека се помалку тврдоглави кученца и агресивни на моменти. Да, вака на сурат се вистински поларни мечиња слатки, ама откога ќе пораснат знаат на глава да се качат. Имаат некој внатрешно-зафркнат инает :D

Инаку една случка околу самојадиве. Кога и дојде перио за парење на мојава (кучка беше) пошто живејме со тогаш главниот ветеринар во Прилепов, кој го имаше еден од најубавите самојади во Македонијава со освоени доста први места зад себе, човеков ни го остави кучето на поверење за да се спарат со нашава, онака пуштени во двор.Го донесе утрото, а дојде да си го земи вечерта. Ништо не бидна.............го касаше оваа, не го оставаше да заврши работа, ми идеше да си плукнам во душата. Дојде другиот ден едно рандом деде од малото и рече да ја пуштиме да се повртка в мало и таа ќе си најди ерген личен. Ја пуштиве и навистина си најде, еден бел џврт од комшиите, за 5 минути заврши работа.
И кај песовиве ваљда важи онаа-Не е.а убавиот, упорниот е.а. Е добро, самојадов беше ем убав, ем упорен ама ништо.....
 

X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Прво лето ќе ми биде со самојед, дајте некој совети...прашав да го носаам на шишање ми кажаа оваа раса не се шиша...
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Прво лето ќе ми биде со самојед, дајте некој совети...прашав да го носаам на шишање ми кажаа оваа раса не се шиша...
Редoвнo чешлaње, 24/7 дoстaпнoст дo свежa вoдa, сенкa. Шишaњетo сaмo ќе гo уништи гoрнoтo крзнo кoе инaче гo штити oд временските услoви.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: X3m
Член од
8 март 2018
Мислења
8
Поени од реакции
2
Zdravo sakam da prasam koja hrana e najdobra za 2,5meseci samoed?
 
Член од
19 март 2018
Мислења
20
Поени од реакции
5
Препораки за добро место(одгледувачница) за добри самоједи? Неможам да најдам во мк.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
@wiksa планираат нешто Поларус за легла?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665
Препораки за добро место(одгледувачница) за добри самоједи? Неможам да најдам во мк.
добра одгледувачница има, погоре на слики ги имаш резултатите, а братчето негово е кај мене и од мрза немам прикачено слики од него

засега нема ништо во план за ново легло кај одгледувачницата спомената во постот на @SaltNPepa

@wiksa планираат нешто Поларус за легла?
колку што јас знам нема ништо ново, да имаше веќе ќе се спремав за 3то куче по дома. А и да има и сама знаеш дека побрзо се добива помилување од Путин него ли кученце
Сама знаеш дека кај нив не е за парите дај да ти продадам убав самојед, побрзо ке го дадат без пари отколку да заврши кај било кој зашто ретки се луѓето кај нас што со таква страст се посветуваат на животните
 

Kajgana Shop

На врв Bottom