Anyway...
Самоубиството не е само повлекувањето на орозот или оптегнатото јаже.
Најчесто добива социјално колку толку прифатлив облик кој би го нарекол “самоубиство на рати“ или самоубиство со одложено дејство...
Покрај трагичните случаи кои се присутни во црните хроники, ТВ или живеат долго време во муабетите на улица, постои и она секојдневно “лагано“ умирање на неброена раја, често зазема форма на депресија, алкохолизам, лента дијазепам, три-четири кутии на ден, или било каква форма на самодеструкција, било каква форма на уништување на основиот биолошки императив, желбата, нагонот за живот.
Може да се шпекулира зошто тие луѓе не одат “чекор понатаму“ туку полека и со години а во некои случаи и децении се самоубиваат. Можеби немаат храброст, ако тој поим може да се употреби, можеби е нешто сосема друго.
Како и да е, тоа е тивкото малцинство, кое не е дефинирано ни од раса,пол,нацијоналност,религија...туку од црнилото, несреќата.
Секојдневно во вашата поблиска или подалечна околина можете да видите луѓе кои одамна закажале состанок со смртта, но го одбрале подалечниот пат, не помалку болен за оние кои го делат животот со нив, но барем со пустата надеж дека еден ден....еден ден што? Нешто..............
Она кое нуди бекство или барем пауза од притисокот,црнилото...е она кое истовремено убива...fuck it...