Самоубиство!

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
Подолго време размислувам на ова... Некој ден ќе биде и последно размислување.
Немој да си играш играчки, удри си два шамара, земи трипати длабоко воздух и мавни ладен туш.
Се што моментално те води кон таква непромислена работа може да се смени за момент. Битно е да се обратиш кон вистинската личност и врати си ја позитивата во глава.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Психички и онака сум мртов одамна, може да речам дека постојам само уште физички..
Јас вака ги делам проблемите во животот:
1. Домашни проблеми
2. Љубовни проблеми
3. Деловни проблеми
Тука влегуваат сите можни комбинации, но според тежината вака изгледаат во моите очи.
1. Домашните се најтешки, неподносливи и едноставно мораш да научиш да живееш со нив. Од егзистенцијални проблеми, болести, фамилијарни препукувања до смрт на близок човек. Сите ги имаме истите проблеми, нема семејство кое функционира беспрекорно. Некогаш има пари, потоа нема пари, а со парите се и проблемите. Кога нема пари сите секого обвинуваат за било што, се појавува нетрпеливост, кавги и расправии. Мислиш дека светот се руши, родителите се симнуваат степен подоле, бараат начин да ги прехранат децата и се нафаќаат да работат било што. Тоа предизвикува срам, нелагодност и отворен пат да те повреди околината. Некои и не се толку борци, па се обидуваат притисокот да го намалат со алкохол, со префрлање на топката или со целодневно кукање. Тоа е како тркало, еднаш имаш, потоа немаш, за некое време пак имаш, па пак назад. Нема една линија во финансии. Тоа е проблем кој се решава, доколку сите страни во семејството заеднички се обидат да го премостат. Нема гордост и нема его, работат било што за да се преживее и да се платат сметките, од најмлад до најстар.
Потоа се проблемите во брачниот однос. Нема идеален брак, мора да има некаков проблем. Но детето не е виновно и не треба да се чувствува како дел од тие проблеми. Треба да се изолира колку може, бидејќи они се избрале еден со друг и они треба да се поднесуваат. Што си ти крив ако они си вадат очи секој ден? Освен што мораш да ги слушаш, размисли и во насока „нек си ебат матер“ што сакаат нека прават.
Проблеми со пошироко семејство исто така може да предизвика мачнина во стомак. Ама кој ги врти нив, залепи им се во фаца и замини, нема потреба и од тие проблеми да се замараш.
Нема идеален брак, нема идеално семејство, сите имаме проблеми. Фамилијата не се бира, туку ти припаѓа од самото раѓање, тоа неможе да се смени. Но ти имаш свој живот и своја иднина, ти си борец и сам ќе си ја добиеш позицијата, не ти треба никој.
2. Љубовните проблеми се смешни во однос на домашните, но знаат некогаш и да болат. Запомни никој не е незаменлив, еден заминува, друг доаѓа. Љубовта не е вечна и чувствата со силни емоции бледеат за некое време. Исто е вистина дека и времето лечи се, колку и да звучи шаблонски. Не те сака, не те сака, нек си ебе матер таму некаде има некој што ќе те сака. Ако се тупиш за секого во животот нема да остане време за тебе. Сите околу тебе во врски, а ти немаш никој, голем тит излези прослави во тоа име. А пак тие во врски демек умираат од среќа, одвај чекаат да се ослободат. Човечки е кога си сам да сакаш некого до себе, а кога си во врска да ја сакаш слободата. Што е твое ќе си дојде, кад тад.
Те изневериле, ти се скарале, пак ќе огрее сонце, животот не завршува сигурно.
3. Деловни има секој ден. Со сите се расправаш, нема работа без нервози. Се дигаш, паѓаш па пак се дигаш. Тркало. Има работа, па нема работа, па пак понатаму има. Нема фрустрации, таков ни е системот посран, ти вредиш и тоа треба да си го зацрташ во глава. Ќе успееш, мора да успееш.
И последни се друштвените. Другарства вистински речиси и да нема, ретки се. Ако имаш чувај ги, ако ги немаш балансирај ги. Дргарства од 25 години завршуваат со нож во грб, во тој што најмногу веруваш тој ќе ти го забие. Лабаво, дружи се со сите, имај широка база на познанства. Не се отварај, пријателствата се за да има со кого да једеш говна до сабајле. Не барај перфекција, не постои. Не барај внимание целосно, никој нема да ти го даде. Немаш друштво, пиши на социјални мрежи и веднаш некој ќе ти прави друштво. Обиди се да ги задржиш тие што се позитивни, негативните испуцај ги. Колку е краток животот уште да дозволиш некоја небитна фаца да те замара.

И за крај животот е еден филм. Како си го режираш така си го живееш. Има многу убавини и големи падови. Сите сме биле во говна, ни било најтешко, но не се откажуваме. Ако се откажуваме сите на проблемите кои ни наидуваат, немаше да има човек во земјава. Кога ти е најтешко излези на воздух прошетај и сфати дека само без воздух не се може, без друго се. Биди борец, те очекуваат убави моменти, доживеј ги. И плус размисли за сите околу тебе кои те сакаат (иако сега можеби не ти иде никој на памет), ги има многу. Заслужуваат ли они такво нешто?! Горе главата никој не вреди толку за вакво размислување.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Психички и онака сум мртов одамна, може да речам дека постојам само уште физички..
верувам дека после ова и применетите одлични/реални совети кои ти се наменети ќе излезеш посилен......верувај на сите ни е тешко,ни има твојата мисла поминато низ глава,арно ама тоа верувај дека не е решение на проблемот.....животот е прекрасен да се живее ако ги најдеш малите работи што те прават среќен,кога големите се под постојани непотребни условувања

не ти го знам точно проблемот,Животот нема цена,вреди да се положи само за родината и фамилијата !
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
127
Поени од реакции
62
Самоубиството е идеја, а не секогаш идеите се genuine.


Што се би кажале 11 пива :ROFLMAO:
http://www.youtube.com/watch?v=OsJSwGc4lsA&feature=player_embedded#!
Не ми е јасно кој ке стануе у 5 и 45.....самоубиството после се не е лоша идеја можеби :ROFLMAO:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Имам голема желба да го направам .. кај и да е некој ден ќе биде
Зошто?
Многу одамна имав една Пријателка која велеше: Ќе те убијам, ако се убиеш?
Ништо нема Човечкиот род да добие со такво нешто, затоа направи нешто за себе и другите луѓе
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.494
@Hip.Hop_MKD, сериозно? погледни го само видеово, и свати колку сме уствари среќни, колку ни е на нас животот полесен.....све се решава све се менува, само упорност и нема предавање, никако! (y)

 
Член од
6 август 2012
Мислења
123
Поени од реакции
39
самоубиство
јас никогаш не би сум посегнала по сопствениот живот,не одрекувам дека сум имала ситуации да паднам во депресија но сепак мислам значи не тврдам туку мое мислење тоа се личности кои веќе нема што да загубат,изгубени во мислите солуција не гледаат,освен решението самоубиство....посегнуваат по својот живот и толку,но што би било ако не им е пишано така да умрат остануваат живи со трајни последици....тогаш што?
јас сум христијанка ја почитувам и сакам мојата вера како секој човек/жена и јас се судрувам со проблеми
но мислам дека самоубиството е најсрамен чин
Животот е убав доколку научиш да танцуваш......
Самоубиство никогаш тоа е кукавичлак
 
Член од
24 август 2012
Мислења
51
Поени од реакции
25
Страшно нешто....тоа се личности кои не размислуваат не се навикнати сами да се борат,мора некој да ги води кога тоа го губат незнаат што понатака и едноставно самоубиство...
страшно нешто никој не смее да посегне посегне по својот живот....колку и да е тешко мора да се бориш тоа е животот
ако не се борев јас било со болест или се што ми се случило
тоа е најголема глупост ..... никој никогаш не смее тоа да го помисли за се има решение може не онакво какво што сакаме,но постои,а тоа е во нас.....
 
Член од
15 мај 2010
Мислења
286
Поени од реакции
332
Не ми се верува што се се изначитав.
Па добро,како го замислуваме животот?
Што сакаме,и од пиле млеко?
Па животот ни е таков скоро каков што сами ке си го направиме.
Секоја наша постапка,кажан збор...кога тогаш ке не стаса.
Два пати мери,еднаш сечи.Пресече ли,џабе шиеш после.
А од друга страна пак,подобро да го сошиеш отколку да го носиш скинато.
Но кога веке ке сошиеш,не кини го на исто место пак,и пак и пак...
И пред да сошиеш треба да размислиш.
Животот е борба во која треба да се добијат повеке битки.
Па и да се изгубат,зарем ако се изгубат треба да размислуваме како сами треба да си го одземиме животот?
Наместо на тоа да губите време,пробајте да го искористите размислувајки на работи кои ке ве тргнат од дното до кој не довел животот.
Дефинитивно тоа е знак дека не сте на добар пат,променете се.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Страшно нешто....тоа се личности кои не размислуваат не се навикнати сами да се борат,мора некој да ги води кога тоа го губат незнаат што понатака и едноставно самоубиство...
страшно нешто никој не смее да посегне посегне по својот живот....колку и да е тешко мора да се бориш тоа е животот
ако не се борев јас било со болест или се што ми се случило
тоа е најголема глупост ..... никој никогаш не смее тоа да го помисли за се има решение може не онакво какво што сакаме,но постои,а тоа е во нас.....
Страшни се само предрасудите, исполнетоста со себе, ароганцијата, безосетноста и глупоста на луѓето. Тоа се особини кои знаат да го убијат ќеифот (најбитното нешто во животот) и да создадат страв и апатија.
 
Член од
24 август 2012
Мислења
51
Поени од реакции
25
Страшни се само предрасудите, исполнетоста со себе, ароганцијата, безосетноста и глупоста на луѓето. Тоа се особини кои знаат да го убијат ќеифот (најбитното нешто во животот) и да создадат страв и апатија.
ima smisla dobro ramisluvas......mi se dopaga
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
Психички и онака сум мртов одамна, може да речам дека постојам само уште физички..
Можеби до сега ти текнало, но сепак уште еднаш ке те потсетам. Те знам, не лично, сајбер. И јас сум бил во многу тешка ситуација, и тоа минатото лето. И тоа не беше поради друштво, си имав ја друштва, туку само поради 1 личност. Дури, и пробав повеќе пати да се самоубијам. Многу пати и многу луѓе рекле дека тоа е се` до самиот човек, самиот тој си го прави тоа. Најчесто е без мозок или такви ствари. Но, тоа воопшто не е точно. Сама сила од внатре те тера да посегнеш и да не размуслуваш за ништо. Да, сум пробал да посегнам повеќе пати, но секогаш тоа било неуспешно. Сум избегнувал за тронка. Еве знам дека и ти си постар од мене, па можеби и ке се смееш кога ке го читаш ова, но така е. Ти кажува човек кој го има доживеано сето тоа. И другите читав ти помогнале многу убаво. Ете пробав да се самоубијам и некако безуспешно. А после тоа што добив? Наеднаш се` како да ми идеше од рака, се` беше како јас да го имам испланирано. (да чукнам во дрво) Сватив и дури се смеев дека сум сакал да се самоубијам и причината затоа. Баш ми стоиш за океј и добар момак. КЕ ВИДИШ! Се ке се среди под контрола, дури и многу побрзо од тоа што очекуваш. Така да, брате, кулирај и не се замарај со ништо!

Оваа песна би ти ја препорачал да ја слушаш. Кога бев во кризите, ја утепав од слушање заедно со фатаморгана и ми олеснуваше.

СО ЛЕСНО (y)

 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Посегнување по животот не е единствениот излез од тешка состојба.Треба да му се погледне на проблемот во очи и да барате решение за да го отстраните.Само храбро треба да се спротиставите.
Првиот чекор е секогаш најтешко да се направи но одкога ке го направите потоа е се полесно.Само треба желба да имате во вас.
Вие треба да сте срекни...бидејки ако размислете повторно и погледнете околу вас со какви проблеми,ма какви проблеми, ПРОБЛЕМИШТА се соочуваат лугето немаше ни воопшто да ви доага на памет тоа.
Не е се црно како што ви изгледа,и не сте единствените кои западнале во депресија.Тоа е сосема нормален период низ кој поминал секој човек.
Пролазна фаза...Ке видите дека еден ден ке се смеете на сето тоа што сте го кажале и пишувале.
Мора да ги отстраните за почеток црните мисли од вас.Не е кажано залудно:Од глаата си патиме.
Да се тргните од 4те зида кои ве затвараат и да се дружите што е можно повеке.Никогаш не останувајте сами.Секогаш гледајте да има некој до вас.Не се предавајте...Најдете некое хоби кое ке ви ги одвлече мислите,и колку и да ви звучи клише ПОМАГА.
И кога и да ви е тешко не чувајте во вас...

Со лесно нека е.(y)
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Бидејќи не сакав да отворам тема специално и сл. Овдека ќе го пишам она што е од мојот живот кој сака нека прочита... а дали ќе се промени нешто незнам...

Уште од кога се родив цел живот ми е утепан можеби некој ќе се запраша зошто, затоа што уште од моите 3 години живеам под кирија, во 5-6 одд кога почнав од децата не бев добро прифатен а тие децата беа сите на богаташи сите кои имаа пари јас дете од сиромашна фамилија ми зборуваа се и сешто почнав да не сакам да одам во школо да бегам па така во 6 одд паднав година нели многу чудно? да затоа што бегав и имав доста изостаноци... незнам по кое чудо но како да станав друга личност на 14 години како возрасен бев почнав да работам на мешалица преку еден пријател... на мој поранешен другар работев за 300 денари од 8 до 18 часот од понеделник до сабота... никогаш не осетив што е дество имав татко кој никогаш не се грижеше за нас за мене и мајками :( Мајками иако работеше но зимаше мала плата од 9000 денари а се знае со 9000 денари дека воопшто не се доволни ... После некое време почина баба ми и дедо ми... па татко ми во рок од една година... а исто и пред скоро година раскинав со девојка, која истата ме извлече ми даде надеж за доста работи со која бев среќен како никогаш досега во мојот живот се заљубив тотално едноставно стана дел од мене коминициравме 24/7 а сега? сега веќе ја нема ја немам видено одмна а толку ми фали... можеби и поубаво е што ме напушти што си замина барем животот нема да и биде потежок со мене... Иако работам пак но за плата која воопшто не е доволна за живот останав сам... без баба,без татко кој посакував барем некогаш да ме гушнеше и да осетам на некој начин што е да се има татко... останав без личност која што ми значеше премногу останав без другарка останав без друштво бидејќи јас морав да го напуштам бидејќи не сакав да бидам во друштво каде што дрогата и царуваше... :confused: Така сега живот со доста неплатени сметка должен ко грк со блокирана сметка... без никој околу себе си само со мајка ... која на секој начин ми помага :( Едноставно Останав сам да чекорам по патот кој води никаде ама баш никаде пробав пред 7 месеци да се самоубијам пробав да испијам ачиња си реков барем ќе се спасам од овој свет каде што материјалнооста е на прво место но ете пак сум тука зошто, затоа што бев кукавица не можев да се напијам барем уште 5 апчиња... пробав уште еднаш да си ги пресечам вените но пак не можев пак бев кукавица без храброст само стоев и милион мисли во мене и уште еднаш пробав во лисиче на железничката да отидам но не можев пак кукавица испаднав :facepalm: толку се мразам себе си што го уништив својот живот така сега сум само како робот со скршено срце,душа која талка во мрачен свет без никого... без надеж каде што одам на работа иако се смеам пред другите но тоа е вештачка насмевка а внатре во душата се крие нешто мрачно минато кое сакам ненормално да го избришам сакам одново да почнам но не можам на овој начин седам и размислувам... да заминам од овој свет некако... многу пати одам далеку од Скопје со точак каде што седам и размислувам зошто секогаш животот волку мора да биде тежок зошто едноставно луѓето толку знаат некого да повредат без размислат без око да и трепне а сето тоа го прават само за свои потреби... и додека сега го пишувам едноставно солзи ми одат и се прашувам дали некогаш барем малце храбост ќе добијам за да заминам од овој свет... а нешто што ми недостига е некој да ме прегрне и ништо самотоа ми недостига но и тоа го немам а колку е само лошо да останеш сам без никој... Затоа можеби и последно ова ќе ми биде овде можеби и не незнам но знам дека еден ден ќе заминам од овој свет но по моја желба а тоа ќе биде наскоро... :( па така овој свет нeма ни да осети јас кога ќе заминам никој нема ни да му биде жал... Затоа до вас другите совет секогаш гледајте да научите да цените и вашиот партнер се разбира ако заслужуваат ако не сте на факс запишете се бидејќи без школо без диплома тешко е ... тешко е само да си со средно :( трудете се и верувам дека ќе успеете... бидејќи јас не успеав затоа што немав желба за тоа бидејќи прерано го зафркнав мојот живот немојте и вие истото да го направите бидејќи е вака ќе завршите целите скршени одвнатре без надеж без луѓе околу себе а ќе барате излез а веќе го нема исто како и со воз кога ќе ви избега не можете да го вратите назад ниту пак да го стигнете...

Иако можеби никој не ни го прочита но барем знам дека се искажав оставив нешто зад себе кој можеби некој ќе го прочита барем советот и да види дека е многу подобро кога тие работи некој ќе ги направи за разлика од овој посран никаков живот кој ме скрши на милион делови :(

А како да го опишам животов мој? Мрачен тунел во кој нема крај....

Не е кукавица оној кој ќе замине доброволно од овој свет... бидејќи секој си има право на свој избор...

Еве го видеото кое го направив пред некое време каде што секој збор феномелано ме опишува а проклето би сакал да не беше така... па така ако некогаш веќе нема да пишам мислење и да бидам човекот без лимит се знае дека сум можеби некаде каде што ќе умрам сам и ќе скапувам во некоја шума или пак 5 метра под земја ...
--- надополнето: 25 август 2012 во 20:59 ---
!B,lZIewBmk~$(KGrHgoOKjMEjlLmVUyGBKsG0YOGu!~~_35.JPG Dead Marionette.jpg
....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom