Салони за убавина

  • Креатор на темата Чек Он Ит
  • Време на започнување
Ч

Чек Он Ит

Гостин
Во последно време се отворија мнооогу тако звани Салони За Убавина ; Реклами секој ден фрчат по телевизииве па ај викам да прашам јас колку Кајгана бејбс идат во местава. :toe:
Колку вие ( и машки и женски ) посетувате салони за убавина ? Реков машки бидејки познавам луѓе што одат ! :bilokbor:

Што мислите за ваквите салони ? Само тренд или пак е во ред некогаш да се посетат било тоа да е за депилација, масажи, солариум во летниве денови, маникир - педикир, против целулитни третмани и сл. И како сте задоволни од овие услуги ? Накратко какво мислење имате за ваквите салони ? :pipi:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Се најдобро за ваквите салони. Редовно го посетувам тој кај мене, плус се знам со газдарицата. Секој месец одам на депилација, масажа на лице и тело, обликување на веѓите. Педикир и маникир сама си правам, а солариум не доаѓа во предвид.

Познавам и многу машки кои одат во салони за убавина. Најчесто одат за депилација на гради и грб, некоја масажа на тело... Не ги осудувам туку баш ги поддржувам и повеќе ги ценам бидејќи се грижат за себеси.

Лично сум презадоволна од услугата. Ми требаше време додека да најдам она што ми одговара. Веќе пет години одам во тој салон и немам никаква замерка. Секогаш е потребно малку време додека да го најдеш вистинското место со услуга која ќе ти биде погодена ама на крајот се исплати.:pipi:
 
Член од
1 август 2007
Мислења
40
Поени од реакции
0
Редовно посетувам салон за убавина за депилација, обликување на веѓи а понекогаш си закажувам и за маникир (најмногу сакам негувани раце и средени нокти :pipi:) или некој третман за лице. Не одам стиктно на едно место, сеуште истражувам каде има најдобри услуги, иако може да се каже дека сум до некаде задоволна од сите места што ги имам посетено. Кога одам во некој салон најбитно ми е нивото на хигиена кое е застапено и услужливоста на вработените. Како што кажа Чек Он Ит, во последно време се појавија многу салони за убавина што според мене е супер... сите (без разлика дали се машки или женски) треба да си посветуваат време на себе и на својот изглед.
 

anathestar

...Зима*Снег...
Член од
25 јули 2007
Мислења
269
Поени од реакции
3
obozavam da se razubavuvam. Odam na depilacija sekoj mesec i na sreduvanje na vegite. Zadovolna sum od uslugata sto ja davaat i mnogu mi e vazna higienata. A za ova deka odat maski... obozavm neguvani maski no ne preterano... inaku koga jas odam vo salon so mene idi mojot najdobar drugar... ali samo na masaza i na sreduvanje vegi.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Еднаш сум била во салон за убавина, за надградба на нокти. Се останато можам сосема добро да го направам и сама (депилација, обликување веѓи, антицелулитни третмани и слично) и за помалку пари.:)

А тоа дека има многу нови салони што нудат „најдобри“ методи за не-знам-ти-што-само-да-ти-земат-пари има. И не верувам дека нешто посебно ќе се „разубавам“ ако отидам во таков.
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
Еднаш сум била во салон за убавина, за надградба на нокти. Се останато можам сосема добро да го направам и сама (депилација, обликување веѓи, антицелулитни третмани и слично) и за помалку пари.:)

А тоа дека има многу нови салони што нудат „најдобри“ методи за не-знам-ти-што-само-да-ти-земат-пари има. И не верувам дека нешто посебно ќе се „разубавам“ ако отидам во таков.
Маникир - педикир, прилично редовно, масажа - периодично исклучиво кај физиотерапеут:)

Другото е лично моја занимација:) Со тек на време за себе сум научила што е најдоброто.
Салони за „убавина„ никнуваат на секој ќош... на жена ако не заработи некој не знам на кого:pos:

Доколку користите услуги на вакви салони, пожелно е да се информирате кој работи таму, посебно кога е во прашање кожата, лицето и антицелулитни третмани. Дерматолог е човек кој може да Ви помогне - не приучени женишта кои до вчера виткале клешти во машинско училиште и со 30 часови козметички курс станале „експерти„ за вакви третмани:)
Го има и тоа верувајте:)
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
106
Поени од реакции
1
Барам совет, еве што е работата - до сега не сум била на третмани на лице,едноставно не сум имала потреба. Во последно време нешто се смени, па почнаа некои гадинки да ми се појавуваат на фаца. Сега сакам да отидам на некој третман, но не можам да се одлучам каде (не ми се оди кај било која козметичарка, секакви ги има учени-приучени-недоучени, сепак лице е не е заебанција)...ако знаете дајте ми некоја идеа:raz:
 

Ivy_K

/
Член од
29 мај 2006
Мислења
1.206
Поени од реакции
16
Идам али понекогаш!Чиста превара се јас да ви кажам другарка ми идеше ко демек за целулит ова она ја а нема везе не ЛПЏ аме и со трактор да те поминуват ако сам не се масираш нон стоп ништо!!! Истово е и за третманиве за слабеење ке отидеш ке фукнеш кеш ( и тоа не малце) и за 20 дена макс. ке ти завршат третмамните после дали 1 недела си ко у форма( еднно сам веке ако се потресуваш тоа да го задржиш ва она па може) а резултатот нема да е којзнај каков!Срека што немам потреба од слабеење и глупости али ги жалам тие што се влечат по ова,,,

И затоа ви кажувам дечки не се залажувајте по капсули ова она зш се е тешка превара , боље пазете шо јадете малце вежбајте ке има добар резултат и со парите купете се некое фино парталче ке ви трае повеке одколку третманот за 20 дена:)
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
salon za ubavina?!---moeto omileno mesto kade sto mozam da si se opustam i nekoj da si me razubavuva....souboooo :) redovno posetuvam salon za ubavina...za oblikuvanje na vegji, depilacija i nadgradba na nokti si staviv sega i super izlgeda i mnogu sum zadovolna!
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
125
Поени од реакции
0
Во ниту еден салон за убавина НЕМОЖАТ да ти посветат онолку внимание колку што можиме самите ние.
Најдобро се негуваме самите ние.:smir:
 
Член од
25 ноември 2007
Мислења
68
Поени од реакции
0
редовно посетувам козметички салони затоа што не можеме самите да си го направиме тоа што го можат искусни козметичарки.за оние кои што се скептични и пишуваат дека целулитот не се отстранува од телото со помош на козметичарка и кои што веруваат дека ако се масираат дома ке немаат целулит------се лажат.целулитот не настанува преку нок затоа мои дами нема да ни да се отстрани со 5 третмани во салон.а ако очекуваме дека кога ке влезеш во салон козметичарките треба да направат чудо од нас --е тоа не бива.поздрав до сите козметички салони затоа што прават револуција во убавината
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Епа лето одам само на депилација,сега зимава одмараме.Сум бил во силуете кадешто ме ошурија.Скапџии се али добро вршат работа.Сакам да се грижам за себе и да изгледам убаво но сепак не сум редовен посетител на салоните и нивните услуги иако би сакал.Но сепак пари требаат а тоа кога ќе си заработувам сам.
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Sum bila vo saloni za ubavina, na depilacija i na tretmani za lice.Od depilacijata zadovolna sum ama od tretmanot za lice ne, posto mi go zapustija liceto.Isto taka bev i na tretman za lice vo germanija,mi preporacaja edna cela kolekcija za lice, ja kupi i plativ 100 evra(krem za lice, tonick i losion) i liceto mi se sredi malku ama ne bese koj znae kolku podobro.Taka da ne mora da znaci deka se sto ke ti napravat vo salonite za ubavina i se sto ke ti ponudat deka cini.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
276
Поени од реакции
13
редовно посетувам козметички салон ама само во еден бидејки таму им верувам и сум задоволна.одам на депилација,на масажа,на солариум и педикир а сум пробала и други услуги како надградба на нокти,тетоважа и сл работи
 

Kajgana Shop

На врв Bottom