Сакам да донесам возило од Германија!?

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Сакам со татко ми да идеме до Германија да донесеме некоја кола (99% Мерцедес ќе биде
). Е сега ми треба билокаква корисна информација, ваши искуства со продавачите, дали идете па таму барате, или идете од тука на договорено... Како идат таму процедурите за пренесување на сопственоста и сл. Исто така билокаква информација во врска со царината би била од корист.
Поконкретно ме интересира информација за Мерцедес Е класа, мотор 2000 кубика или 2200 во зависност од цените за царина како идат, не ги знам разликите...
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
најубаво би било кога би имал некој поблизок што живее во Германија,па со него и некој што се познава со коли да погледаш пред да се одлучиш за купување...за да не наседнеш...изборот е разновиден и голем,така и цените,само пази се!!!
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Сакам со татко ми да идеме до Германија да донесеме некоја кола (99% Мерцедес ќе биде
). Е сега ми треба билокаква корисна информација, ваши искуства со продавачите, дали идете па таму барате, или идете од тука на договорено... Како идат таму процедурите за пренесување на сопственоста и сл. Исто така билокаква информација во врска со царината би била од корист.
Поконкретно ме интересира информација за Мерцедес Е класа, мотор 2000 кубика или 2200 во зависност од цените за царина како идат, не ги знам разликите...
немој... одкако ќе го донесеш, ќе се покаеш милион пати што си го купил... зборам околу админстрацијата овде... ќе ти пукне нерв у глава од нервози и дремење по шалтери...
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Ваков мерцедес на наши табли 97-мо годиште е околу 5,000-5,500 евра
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
немој... одкако ќе го донесеш, ќе се покаеш милион пати што си го купил... зборам околу админстрацијата овде... ќе ти пукне нерв у глава од нервози и дремење по шалтери...
Баш вчера слушав имале зафрканции со нашите папирологии и администрации...колку е точно не знам ама доста се жалат...башка и коштало доста.

изборот е разновиден и голем,така и цените,само пази се!!!
и таму знаат да подметнат, не се оние "поштени и наивни" европјани.
Комшијата зема Лендровер 2002, откако трганл наваму почнало да му кува па стопирал за вода па морал да носи буре со вода...иако колата однадвор (и однатре) е џам, као тукушто од фабрика излезена.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Ваков мерцедес на наши табли 97-мо годиште е околу 5,000-5,500 евра
Тој мерцедес што го сакаме кај нас е од 14.000 евра па нагоре. Во германија истиот (со многу појака опрема) го има за 7-8.000, царина и давачи како што разбрав би биле околу 3000 евра, па тоа би фатило да речеме 10-11.000 евра, што е доста поефтино него нашиве препродавачи, а ќе донесеш кола со појака опрема. На таа цена треба да се додаде патот и тамошниот престој...
Не ми е јасно, илјадници коли донесоа, нели шпедитерот ти ја средува папирологијата или?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.177
Поени од реакции
34.349
Јане, стискам палци дека нема да се изгорите премногу :)
Колега мој неодамна зема BMW од Германија, со давачки и папирологија му излезе нешто поскапо од тука, а нервозите се priceless :)

Совет: Ако немате човек од таму, подобро не се впуштајте во авантура.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Јане, стискам палци дека нема да се изгорите премногу :)
Колега мој неодамна зема BMW од Германија, со давачки и папирологија му излезе нешто поскапо од тука, а нервозите се priceless :)

Совет: Ако немате човек од таму, подобро не се впуштајте во авантура.
:( Под човек таму подразбирате пријател/роднина што живее таму за да ме вози од ваму до таму и ќе ми помогне да ја средам целата папирологија?
Сепак фала ви на сите за советите, ако не најдеме некој што би помогнал од таму, најверојатно нема да идеме до таму... Во меѓувреме ако има некој некакво искуство, слободно нека сподели:)
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
А кога насловот би бил возило од Бугарија? Што совет би ми дале? За од бугарија не верувам да има што да се изгуби, освен ако не налеташ на превара некоја:)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
немој... одкако ќе го донесеш, ќе се покаеш милион пати што си го купил... зборам околу админстрацијата овде... ќе ти пукне нерв у глава од нервози и дремење по шалтери...
и за бугарија, одговорот ти е ист...
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Немам искуство лично, но чим 20 000 возила се увезоа првите 3 месеци, ИТЕ како се исплаќа ;)
Мој совет, оди со овие што одат како тура и ќе го купиш можда и занаетот. Има пазар3 тури по 130 еур од човек до Словенија (ама). ;)

Иначе во пракса, за возило до 3000 еур ти иди некаде 700 еур давачки кон државата + регистрација. Додај на тоа пат, додај промена на потрошен материјал (масло, свеќици ако е бензин, греачи дизел, кочници, масло за мењач, гуми ако требаат, каиши, филтри и сл) што е некаде 150-200 еур, под 1200-1500 еур не поминуваш во парите што ги даваш за СЕ ;)

Или за илустрација, купуваш Фиат Браво 1200 еур од Словенија, 700 евра давачки, 1900, пат 200 евра - 2100, регистрација 2200, делови 2400 (заокружи 2500) т.е дупло.

Кај нас истото то возило ќе ти го продаат 3000 евра (пардон 2900 до регистрација :)) ).
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Да напишам само, купивме Е класа од Словенија. Бевме прво до бугарија со пријател, не шеташе по плацевите и може изминавме преку 20.000 коли за еден ден. Од нив 19.950 беа коли што вредат 1-2-3000 евра:) Скапи коли, јок. Ептен малце избор. Слично било и во Германија ми кажа другарот. Вика се утепуваш од шетање и дали на 1000 коли ќе сретнеш едно убаво БМВ или Мерцедес.
Колата ја купивме од Словенија, со човекот се договоривме уште од Скопје, не пречека на автобуската и се помина во најдобар ред:)

Ако ве интересираат давачките, таму се потребни околу 300 евра, можеби нешто поише за префрлања, сообраќајна, цол таблички, осигурање... Ова беше за во главниот град Љубљана. Човекот што ни ја продаде беше од Цеље и ни рече да идеме до таму, вика за помалку од 200евра ќе го завршиме истото, вика и во германија во големите градови било 300 и нешто, а во помалите било поефтино.

Царината и давачките стандард. Најубаво да најдете пријател на царина зашто он може 10 или 15% од вредноста на колата да ја намали АКО САКА. Негово право е тоа. И има еден дел што никој не го кажува, а тие се тие 250-300 евра што се плус на вкупните давачки за хомологации, туф, машински факултет... некои такви работи:) Ова чисто за да не се изненадите од непланирани трошоци:)

Ако има некој некакви прашања, нека повели.
 
Член од
17 август 2006
Мислења
1.531
Поени од реакции
123
Sakam da kupim Opel Corsa 1.2 2004 godina 57000 projdeno so Hrvatski tablici e i e 3500 evra pa ako ima nekoj so e poiskusen u ovja biznis da me sovetue dali vredi tolku i kolku bi imal uste davacki za da ja prefrlim na Makedonski tablici so site trosoci. pozz
 

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
Јане ако сакаш слика да стаиш од колата да ја видиме :)
и се на се колку те фатија давачките ?
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Моментално се замара татко ми со тоа. Знаете дека имаме полуписмени службеници, па иде бавно... али би требало за неколку дена да е се комплет готова. Нема више гужви како што имаше.
Инаку колата се проценува од 9250 евра до 10700 евра. Цариникот која вредност сака може да ја стави. Зашто е на некој начин со врски работава, нормално најниската цена е. Друга битна работа е што кога купуваш од приватно лице, неможеш да извадиш ЕУР 1 документ што значи царината ти е 5% наместо 1%. Давачките се околу 2700 евра и уште некои 300 евра за разни глупости, така да рачунај 3000 и нешто ситно ќе фати освен ако не измислат уште нешто:)

А за слики, ај види на линков дали ќе успееш да ги видиш. Ме мрзеше да ги качувам една по една:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom