Саем на образование "Студирај во Австралија и Канада" - Future Fair Скопје 2022

Elena Simic

Директор
Член од
5 јануари 2018
Мислења
6
Поени од реакции
5
Саем на образование "Студирај во Австралија и Канада" - Future Fair Скопје 2022

СКОПЈЕ, Македонија
- Датум: 22. октомври 2022 (Сабота)
- Време: 11:00 - 15:00
- Локација: хотел Мериот, Скопје
- Линк за регистрација: https://futureoption.net/mk/registraciska-forma-za-ucesnici-nastan/skopje

На овој саем посетителите ќе можат да се информираат за опциите и условите за студирање во Австралија и Канада, стипендиите и школарините, да ги слушнат искуствата и советите на студентите од целиот регион, кои завршиле или моментално студираат и директно да разговараат со претставници на образовните институции кои ќе бидат присутни, како и да дознаат многу други корисни информации поврзани со образованието и потенцијалното вработување по дипломирањето.

Покрај основните информации за условите за упис, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со процедурата за добивање студентска виза, студентскиот живот, работата за време и по студиите и австралиската и канадската култура и начин на живот.

На саемот ќе има голем број универзитети и колеџи со кампуси во Сиднеј, Торонто, Мелбурн, Ванкувер, Перт, Бризбејн и други градови, кои покриваат различни студиски програми и области на студии како што се ИТ, инженерство, образование, медицина, туризам и угостителство, спорт, дизајн, менаџмент, право, земјоделство, економија итн.

Влезот на саемот е бесплатен, но регистрацијата е задолжителна поради ограничениот број на места.
Искористете ја шансата и посетете го најголемиот саем за образование во Југоисточна Европа.

Се гледаме!
 

Attachments

Член од
30 мај 2019
Мислења
1.855
Поени од реакции
3.325
На листата нема баш некои универзитети од Канада и колку што гледам претежно се колеџи од кај нив. Има добри колеџи меѓу нив. Само скапо е да се студира таму како странец, па дури и на колеџите.
Сепак убаво е што има ваков настан од образовни институции од Канада и Австралија во Скопје.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom