Саем на книгата

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
За тие што ги интересира. Од 23 до 28 ќе имало новогодишен базар во МКЦ. Од Блесок добив потврда дека ќе учествуваат со големи попусти и дека ќе учествувале другиве издавачки куќи кои немаат своја книжара (најверојатно Бегемот, Темплум) и плус Или Или.
Така да спремајте кешот :LOL:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Да не беше некој до сега на малиот саем во МКЦ? Како се со цените издавачкиве куќи?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Да не беше некој до сега на малиот саем во МКЦ? Како се со цените издавачкиве куќи?
Бев јас. Само ги наредиле книгите, не се ни потрудиле да стават колку им е редовна, а колку сегашна цена, па мора да прашуваш.

Овие Артконект имаат неколку што ми фаќаат око, ама цената на Подземна железница од 390 беше 350. Бруки.

Ја земав Дипломец од Темплум за 250, не знам редовна цена и од Блесок за 500че три книги. Дваесет и првиот од Османли во пакет со Куќичка од Оливера Николова и една стручна од Чемерски.
Знам редовна цена само на Дваесет и првиот е 400, а јас за 500че три книги зедов, така што Блесок има топ намаление, другите слабо накај жалосно.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.133
Поени од реакции
8.226
Бев и јас завчера, цените се оние стандардните скржави попусти, ама и изборот е доста слаб. Порано кога го правеа саемов во Менада, подобар избор имаше, а и повеќе издавачки куќи учествуваа.

Инаку ги купив Филмски клуб од Дејвид Гилмур, Келтскиот самрак од В. Б. Јејтс, Транс-Атлантик од Гомбрович и Семелвајс од Селин. Филмски клуб речиси ја прочитав, во моментов можам да се сетам на едно десетина попаметни работи на кои би потрошил 300 денари. Не ја купувајте, за никаде е, и покрај пофалбите од Игор Анѓелков на задната корица.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Јас бев вчера, имаше нешо писателски собир, тројца писатели шлапаа за некоја книга, на едниот, била првенче демек и си отидов. Другово не ни ѕирнав. :LOL:
Ги зедов Џенем од Замјатин и Тврдината од Алекеев. Толку.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ми кршиш филм со Филмски клуб, ја купив уште дента кога излезе од печат и ја чував за празнициве. :(
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.133
Поени од реакции
8.226
Ми кршиш филм со Филмски клуб, ја купив уште дента кога излезе од печат и ја чував за празнициве. :(
Мемоари се во прашање, од чисто занаетски аспект е лошо напишана. Коментарите и освртите на филмовите се сведуваат најчесто на две реченици и се однесуваат на тривијални и технички информации за време на снимањето (тривијални во смисла, кога се снимал Godfather, Марлон Брандо насабајле пиел кафе со три коцки шеќер и слично)... Ако си некој тежок синефил, ќе се изнасмееш на глупостите...
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.350
Поени од реакции
25.009

Јас ја прочитав во еден ден, ама залежан на плажа, без да се замарам многу, па не ми беше лоша. Изгледа во други услови и читачки положби би се помачил со читање :D

Инаку на саемот немаше и некој попуст, беа редовни цени, а изборот беше доста слаб. Ја собирам с.р. едицијата од Блесок и не најдов ништо што го немам, имаа се на се 10тина книги.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398

... нешто те пофалија за некоја „твоја книга“ зашто нема некое инфо?
 
Член од
15 мај 2016
Мислења
142
Поени од реакции
60
Дали може некаде да се најдат книгите на Тодор Мирковиќ (секретарот на Тито) во Скопје?
 
Член од
19 април 2014
Мислења
400
Поени од реакции
1.115
Овие од Heros џабе да ги даваат книгите не вредат, а не некој да плати.
Зошто, што е работата? Чисто ме интересира дека немам разгледано до сега ниту една книга од нив. :)
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
Зошто, што е работата? Чисто ме интересира дека немам разгледано до сега ниту една книга од нив. :)
Јас 2 купив, не ја научив грешката од првиот пат. Прво ја купив 'Уметноста на војувањето' оти кога излезе само што ја имав прочитано српската верзија 'Умече ратовања'. Српската беше убаво организирана со поглавја, со толкувања на кажувањата од книгата и вистинско уживање да се чита. Преводот од Хероес беше тежок ужас, нејќам да навредувам особено не некого кого не го знам, ама преведувачот ко ниедна книга да немал прочитано во животот. Од друга страна некако им се погоди периодот или насловната или реклама не знам што и едно чудо луѓе постираа дека ја купиле и дека ја читаат. Тоа особено ме изнервира оти така луѓе не се навлекуваат на книги, туку напротив се оддалечуваат уште повеќе. Уствари, за преводот сега сликав споредба на српската и македонската, ова е само исечок, цела книга е ваква, да не ја аплоадирам целата сега.

После тоа ја зедов и 'Временска машина' на која уште насловот ѝ е згрешен и не ни успеав да ја дочитам. Идејата им е мислам да направат книжулиња што се читаат лесно и брзо, нешто што на времето и Ѓурѓа пробуваше да го прави, ама само прават контрауслуга на народот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom