Саем на книгата

Член од
1 март 2010
Мислења
5.637
Поени од реакции
8.846
Discworld во Арс Ламина 4 за 1000че :drk:. Ги има некој читано(преводот дали се џвака) или свежо издание им се?
20 книги сакам да купам од кај нив, ама цените ни с од саемски :mad:

П.С. Можно е одредени книги да се распродадат до викендот?
 
Последно уредено:

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.813
Поени од реакции
25.384
Не ме зезајте, мрчење за тоа што цените се кренале од 120 на 150 денари за класик е смешно.
Мада као што гледам академска книга почнува да си го качува товарот нагоре. Иако 150 денари за класик во реален свет е џабе. Ама па у наша сиромаштија...
ПНВ Публикации што направија? Знаат понекогаш навистина да изненадат.
Дај да не драматизираме, која сиромаштија. 150 денари е пиво во дискотека и две макијата кои секој ден ги пиеме, мислам генерално ми е навистина смешно кога гледам мрчење за класик што стаиле цена 150 место претходните 120 денари. Тие пари ДНЕВНО ги даваме за седење на кафе или некој ги дава за хамбургер во Седмица.
Да се критикуваат Сакам Книги што навистина знаат малку да го претераат, за лимонади да лупаат цени од 500 денари, а голем дел од нив се и лошо се преведени - пеки, ама за класик на англиски јазик кој е 150 денари, нема никакво место за бунење, ниту пак да се меша муабет за сиромаштија.

Discworld во Арс Ламина 4 за 1000че :drk:. Ги има некој читано(преводот дали се џвака) или свежо издание им се?
20 книги сакам да купам од кај нив, ама цените ни с од саемски :mad:

П.С. Можно е одредени книги да се распродадат до викендот?
Не верувам, си имаат залихи, ретко има навала за одредена книга, па да дојде толку зорт да ја снема, така што безбеден си.

Инаку имам направено една листа со доста наслови, 90 посто од тие да ги најдам, ќе бидам пресреќна.
Бегемот ми прават мерак, планирам Борхес да си го земам, ама Арс Ламина како пријатно ме изненадиле, случајно го отворив сега каталогот и видов дека конечно ја превеле „Дневникот на Бриџит Џонс“, сум си танцувала во соба. Со години чекав некој да ја преведе книгава!

Инаку тешко дека годинава Икона ќе добијат мои пари. Решив дека ќе ги бојкотирам и дека нема да купувам повеќе оттаму, тоа ќе важи и за Саемот. Последниве неколку одења таму е толку лошо однесувањето и пристапот на вработените, што ми се одмилува и купување книга и се. А поголемиот дел од насловите што ги има таму ги има и во Академска книга, така да нека им е на здравје, си изгубија редовен муштерија.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.722
Поени од реакции
16.739

Бојата на магијата е ужас (преводот). Морт - класи подобар. Другите две не сум ги ѕирнал. Не ти препорачувам да ги купуваш. Башка - пред само недела дена некои книжарници ги продаваа нивните за 250, они за саемов ги качуваат на 350. Најди си ги оригиналите и уживај. ;)

П.С. Можно е, ама ретко се случува. ;)
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
1.488
Поени од реакции
2.849
Нaпoлеoн ќе јa земaм oд Арс Лaминa :D
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.036
Поени од реакции
10.880
Не ме зезајте, мрчење за тоа што цените се кренале од 120 на 150 денари за класик е смешно.

Дај да не драматизираме, која сиромаштија. 150 денари е пиво во дискотека и две макијата кои секој ден ги пиеме, мислам генерално ми е навистина смешно кога гледам мрчење за класик што стаиле цена 150 место претходните 120 денари. Тие пари ДНЕВНО ги даваме за седење на кафе или некој ги дава за хамбургер во Седмица.
Да се критикуваат Сакам Книги што навистина знаат малку да го претераат, за лимонади да лупаат цени од 500 денари, а голем дел од нив се и лошо се преведени - пеки, ама за класик на англиски јазик кој е 150 денари, нема никакво место за бунење, ниту пак да се меша муабет за сиромаштија.

Не верувам, си имаат залихи, ретко има навала за одредена книга, па да дојде толку зорт да ја снема, така што безбеден си.

Инаку имам направено една листа со доста наслови, 90 посто од тие да ги најдам, ќе бидам пресреќна.
Бегемот ми прават мерак, планирам Борхес да си го земам, ама Арс Ламина како пријатно ме изненадиле, случајно го отворив сега каталогот и видов дека конечно ја превеле „Дневникот на Бриџит Џонс“, сум си танцувала во соба. Со години чекав некој да ја преведе книгава!

Инаку тешко дека годинава Икона ќе добијат мои пари. Решив дека ќе ги бојкотирам и дека нема да купувам повеќе оттаму, тоа ќе важи и за Саемот. Последниве неколку одења таму е толку лошо однесувањето и пристапот на вработените, што ми се одмилува и купување книга и се. А поголемиот дел од насловите што ги има таму ги има и во Академска книга, така да нека им е на здравје, си изгубија редовен муштерија.
Зборам конкретно често купување книги. И пак ко што викаш 150 се 2 макијата, за некој тоа е живо богатство. Знам луѓе кои навистина не можат да си приуштат ни 100 денари од едно излегување, затоа и доста им е шетанката до центар и назад.
Но пак ќе кажам, процентуалната застапеност колку млади трошат на кафиња а притоа мрчат за класик од 150 денари и мене ми е по малку смешна.
За Сакам Книги не ми се ни отвара уста.
За Бриџит Џонс... Мислев дека одавна ги имаш земено :D Има и од Харпер Ли, најновата... Изненадија во последна минута.Мада и порано имаа богата програма. Ама сеа некако порано очекував да ја извадат, а они мајмуни во 89та минута голови маваат :D
Икона се тиња. Посебно ги засенија Академска куќа кога се отвори, порано имаа многу што да понудат, сеа се шлицаат на стара слава. Реков, АКО и САМО АКО нема по тругиве книжари класици/англиска литература, Икона влегува во опција.

Дали некој знае што се случува со Слово? Имаа одлична историографија.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.722
Поени од реакции
16.739
Магор

Конечно, иако само event-че, а не цел каталог ко до лани.

Јас одам во четврток, за да ги начекам Гиљермо Мартинез и Кристина Ковач :love:. Немам нешто во план уште од сега, ќе видам што ќе ми фати око. Дефинитивно ќе земам нешто од Или Или, веројатно новиот роман на Игор Станојоски, „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“, од Ѕвездите на светската книжевност исто така сигурно ќе купам нешто (Штајнбек, Ли, Хофман, Шекспир... who knows) или од Магор или од Конгресен Сервисен Центар зашто од Арс Ламина не се нормални со „попустиве“ - дури ги качиле цените. Од англискиве, ќе барам некое поевтино издание на Хари Потер од Академска книга (во Икона се изгор). Друго - што ми фати око, тоа.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.265
Поени од реакции
3.475
Има каталог од Матица?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.036
Поени од реакции
10.880
Да си ја пишам јас листава па да си го мериме :D
Антолог
Куќа од хартија - Карлос Марија Домингез
Враќањето - Дулсе Марија Каруозо
18% сиво - Захари Карабашлиев
Чик - Волфганг Херндорф
Невидливи љубови - Владимир Јанковски
Една од Гиљермо (исклучок Окфордските убиства - ја имам)

Или-или
Вишнова хроника - Фросе Пармаковска
Жената на францускиот поручник - Џон Фаулс
Црвец - Џон Фаулс
Ненасловената месечева соната - Давор Стојановски

Бегемот
Киднапиран - Р.Л. Стивенсон
Скици нацртани со јаглен - Хенрик Сјенкијевич

Магор
Atonement - Ијан Мекјуан

Темплум
Детство, Лето, Град - Влада Урошевиќ

Арс Ламина
Се случи на 1ви септември - еден пољак (не ми текиња име и презиме)

ПНВ ќе ги посетам.
Ками, Барико, Ремарк и Еко се во игра.[DOUBLEPOST=1460456671][/DOUBLEPOST]
Има каталог од Матица?
Уште не. А немаат ни веб страна ко што мислам.
 
Невидливи љубови од Јанковски и јас ја меркам, а од Антолог и јас обавезно ќе земам некоја на Мартинез. Од Или Или можно е и Варијации на магичниот реализам - Фросина Пармаковска (мислам дека ова и е магистерски труд, ме изненади кога видов дека го издале), а ќе го побарам и нејзиното првенче од Култура: Пишувајќи ги загубените топки (денес по повод тригодишнината од неговото објавување, ќе потпишува книги на штандот на Култура). Од Барико нема шанси да најдеш ништо друго освен тоа кое веќе ни е познато: 4 се во Антолог, 2 во Или Или од кои едната ја нема веќе, 1 во Табернакул, 1 во Магор и Новеченто - веќе никаде. Жената на францускиот поручник е одличен роман, но ако очекуваш нешто слично на Колекционер - не е таков, да знаеш. За Црвец може и јас да размислам кога веќе Волшебникот не се наоѓа никаде. Од Еко јас ќе го чекам реизданието на Баудолино. Искрено, ме одвраќа обемноста на неговите романи, па сѐ некако го прескокнувам. Немам трпение за 900+ страници веќе.
 
За Баудолино и јас му се острам.
За Барико освен Сити, другите ги имам (Некст, Трипати взори, Оваа приказна, Емаус, Океан море ( :D), Мистер Гвин, Новеченто) Ми остана уште онаа распродадената од Или-или. Ќе ја барам, ќе ја збарам....
Ремарк кај старо купуем, пошо веќе и тој го имам расцепкано од илјада издавачки куќи.
Ками - чума ја имаше мислам во Арс Ламина или ПНВ. Ќе погледам.
Шо и` текнало на Фросе да оди под култура? Али ај, можно е дај ја посетам.
Не очекувам за Фаулс многу, но таков попуст не се пропушта. Исто како и колекционер кога ми падна в раце. Секому ја препорачувам. Гениш. Црвец ми е втора опција. Ќе видам... Оваа новава од Игор Станојовски можно е пред Месечевава, арно ме потсети.
Антолог повеќе за четврток го спремам. Другово - денес после работа.
 
А Свила?
Океан море (Три) ја заборавив.
Арс Ламина се скапи, јас ги скокам овојпат.
Ненасловена месечева соната јас ја купив лани, ми стои непрочитана, ми изгледа големка, па ми вика од полица: „не ме почнувај“. Јас може и реизданието на Единаесет жени, од Анѓелкова да го земам (иако прочитав доста лоши критики и за тој роман, ама ај, пошто и тој беше роман на годината...)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.813
Поени од реакции
25.384
Зборам конкретно често купување книги. И пак ко што викаш 150 се 2 макијата, за некој тоа е живо богатство. Знам луѓе кои навистина не можат да си приуштат ни 100 денари од едно излегување, затоа и доста им е шетанката до центар и назад.
Но пак ќе кажам, процентуалната застапеност колку млади трошат на кафиња а притоа мрчат за класик од 150 денари и мене ми е по малку смешна.
За Сакам Книги не ми се ни отвара уста.
За Бриџит Џонс... Мислев дека одавна ги имаш земено :D Има и од Харпер Ли, најновата... Изненадија во последна минута.Мада и порано имаа богата програма. Ама сеа некако порано очекував да ја извадат, а они мајмуни во 89та минута голови маваат :D
Икона се тиња. Посебно ги засенија Академска куќа кога се отвори, порано имаа многу што да понудат, сеа се шлицаат на стара слава. Реков, АКО и САМО АКО нема по тругиве книжари класици/англиска литература, Икона влегува во опција.

Дали некој знае што се случува со Слово? Имаа одлична историографија.
Ама Бриџит Џонс секаде сум ја барала, ова гарант им е ново издание, ќе сум дознаела со сигурност ако претходно ја имале преведено. Ваљда не ќе да е дека цело време книгата ми била пред нос, а не сум приметила. :D
Од Харпер Ли книгата сигурно иде во домашната библиотека, уште сум под импресии од „Да се убие птицата подбивница“. Интересни наслови во секој случај. Не знам сега какви се преводите, ама пример лани од саемот ја земав „Чудесниот краток живот на Оскар Вао“ од Диаз и беше топ преведена, одлична книга, добитник на Пулицер. Така што јас таа би ја препорачала ако вака немаш нешто на ум да земеш. Ваљда и годинава ќе ја имаат.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.123
Поени од реакции
3.250
Не ме зезајте, мрчење за тоа што цените се кренале од 120 на 150 денари за класик е смешно.

Дај да не драматизираме, која сиромаштија. 150 денари е пиво во дискотека и две макијата кои секој ден ги пиеме, мислам генерално ми е навистина смешно кога гледам мрчење за класик што стаиле цена 150 место претходните 120 денари. Тие пари ДНЕВНО ги даваме за седење на кафе или некој ги дава за хамбургер во Седмица.
Да се критикуваат Сакам Книги што навистина знаат малку да го претераат, за лимонади да лупаат цени од 500 денари, а голем дел од нив се и лошо се преведени - пеки, ама за класик на англиски јазик кој е 150 денари, нема никакво место за бунење, ниту пак да се меша муабет за сиромаштија.

Не верувам, си имаат залихи, ретко има навала за одредена книга, па да дојде толку зорт да ја снема, така што безбеден си.
А од кај знаеш пак дека идам во дискотека, пијам пиво за 150+ 2 макијата и јадам хамбургер у Седмица? Во дискотека последно бев летоска (не сакам такви места), пиво пијам тук-таму, а не секој ден и последно што пиев беше 40/50 денари, кафе не арчам, а во Седмица никогаш немам влезено. ;)
Ако ти трошиш 200 денари дневно, ја ги трошам тие пари на две недели и тоа за ептен потребни работи, така што не збори ко не знаеш.

Инаку, од денешната посета Арс Ламина изненадија со цените, ама негативно,
можда само Долина на стравот да ја земам.
Шведска амбасада очекував шведски автори, а не градинка за деца. :D
Од Матица се думам дали некоја од Гоце Смилевски да земам.
Антолог земам најверојатно Оксфордски убиства, а може и Бавната смрт на Луисијана.
Магор можда Клубот Дима.
Бегемот откако ја видов хартијата некако се премислувам дали да ја земам Мирисот на дамата, од ПНВ земам Фантомот, Војна на световите не ја видов.
од Лакрима - Вештица
Макавеј - 2та тома од Моби Дик. Евентуално ако троа пари останат за некоја Шерлок Холмс прича од Академска или пак продолжението на Тројцата Мускетари.
Табернакул се мислев некоја драма од Венко да земам, али ќе скокнам изгледа.
 
marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
953
Поени од реакции
485
Дечки навечер до колку е отворено ?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.813
Поени од реакции
25.384
А од кај знаеш пак дека идам во дискотека, пијам пиво за 150+ 2 макијата и јадам хамбургер у Седмица? Во дискотека последно бев летоска (не сакам такви места), пиво пијам тук-таму, а не секој ден и последно што пиев беше 40/50 денари, кафе не арчам, а во Седмица никогаш немам влезено. ;)
Ако ти трошиш 200 денари дневно, ја ги трошам тие пари на две недели и тоа за ептен потребни работи, така што не збори ко не знаеш.
.
Општо зборував, не ти се обраќав на тебе конкретно.
Ама повеќето не сакаат да дадат 150 денари за книга КЛАСИК, ама не им е проблем да лупнат минимум 600 денари на едно седнување во кафана. Ама ок, секој со своите приоритети.
И на крај, нема потреба од таква реплика, ниту ти знаеш каков живот водам и колку пари трошам и навистина не ти беше потребен сарказмот, пошто не ти се обраќав конкретно на тебе, туку генерално ме инспирираше муабетот.
 
На врв Bottom