Саем на книгата

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ради таа Надин и не сум нешто активен таму. Не смееле да се даваат негативни критики за издавачите, требало да сме благодарни што ги издавале книгите на македонски, да не сме поправале некој за печатни грешки, бла-бла-бла. Она не обрнувала внимание на тоа, читала по 150 книги во годината.

Мислев еднаш да и' пишам џабе и' се сите книги на светот ко пак не знае да состави една реченица ко што треба и цело време пишува на латиница, па си вика што ми е гајле, нек си мисли дека е некој интелект со тоа што е админ на фејсбук група.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Сега видов дека и јас сум била во групава, ама на unfollow ми е ставена и сите драми сум ги пропуштила :(

Него, дали ќе важи саемскиов попуст и во книжарниците?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Сакате да им ја линкнам темава во групата па овде од средовечни тетки да ви се деси "народ" ? :kafence:
Од тоа и се плашев, искрено, да не ми се појави таа „професорицата од УКИМ“ со клетвите и речникот, затоа не спомнав имиња. :pos:
Автоматски споено мислење:

Него, дали ќе важи саемскиов попуст и во книжарниците?
Во повеќето од нив - сигурно. Но некои од издавачите од Саем, како Бегемот, Македоника литера, Артконект... немаат свои книжарници. Па така...
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Во повеќето од нив - сигурно. Но некои од издавачите од Саем, како Бегемот, Македоника литера, Артконект... немаат свои книжарници. Па така...
Фала Злате :pipi:
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Подобро ќе било да го повлекле изданието, да направат корекции и да го пуштат повторно во тираж. Срамота е да се пушти неквалитетен производ во обрт.
Не се работи само за едно издание, повеќето им се со таков превод. Прашање е и дали имаат откупено авторски права.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Шо мислење имате за Битлси и Полубратот од Кристенсен?
 
Член од
12 март 2018
Мислења
29
Поени од реакции
5
Има каталог нешто од ТРИ или ова е од старите постови? :)
Автоматски споено мислење:

Што е поентата со ова? Бирам на сајтот и каде треба да ми излезе попустот? Во кошничка и кај што излага цената нема никаков попуст. Исто, знае некој дали тие пакети што ги имаат онлајн ќе бидат достапни и на саемот или само онлајн промоција е во прашање?
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Има каталог нешто од ТРИ или ова е од старите постови?
Ова е ново, најново. Толку ново што ни Три уште го немаат објавено. Ама каталог уште немаат, појма немам зошто. Ги прашав, ама не одговараат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom