Сѐ што сум прочитал негово е обично такво - ко ликови од филм на Вуди Ален да влегле во филм на Теренс Малик, а приказната ја раскажува Линч. Тотално нереално, или барем не за ова поднебје. А дејството се случува тука, во ова поднебје. Мене најмногу ме одвраќаат имињата: таа во Телото... како се викаше? Брижит? Овде Владо и Иван се ОК, ама Мила Индија, Иванка Индира и сл? - жити мене, ко да сонувам сон со дејство во Земјата на чудата. Тука па, што викаш ти, имаше и пасаж со желките, зајаците и картите.
Ама дефинитивно не може да се негира дека некои други работи се навистина во ред. Прво - оригинален е, второ - пишува за теми и отвара прашања кои никој автор во Македонија до сега не ги начнал. Не само хомосекуалноста, тука се и домот, семејството, осаменоста, идентитетот, припаѓањето, телото, провинцијата vs. метрополата... Понатаму, ако ги исфрлиш сите тие споредни и неважни ликови, особено тие на островот, приказната за нараторот, Владо и Иван беше сосема ОК, колку и да изгледа минорна, или само некој костур кој останал по исфрлањето на се останато.
За муабетот со баба му и мајка му не би се согласил дека не додаде ништо, како што велиш. Сакаше да потенцира дека сѐ поврзано со градот од кој потекнува му е толку одбивно, затоа што таму никогаш не се чувствувал прифатен, што дури и неговото семејство, баба му и мајка му - му се подеднакво одбивни како сѐ друго таму. Дури и на погребот и на едната и на другата не отиде. И на дијалектот од неговиот град не сакаше да се сеќава и престана да го говори. Петар е, инаку, по потекло од Куманово. Иако не верувам дека лично се чувствува исто како нараторот кога е во прашање провинцијата и родниот град, претпоставувам дека инспирациите, сепак, ги црпел од таму.
Што знам, може ќе изгледа ко да сум некој адвокат, се согласувам дека романот разочарува и е далеку од тоа што го очекував, ама дека е до таа мера лош, не би рекол. За 90% од новата наша „книжевност“ (тие Дитас - Митас, Душко - Мушко, Наде - ...
, Драган и слични) Петар е Кафка! И тоа како!