Саем на австралиско образование Скопје 26. октомври 2019

Elena Simic

Директор
Член од
5 јануари 2018
Мислења
6
Поени од реакции
5
Традиционалниот “Саем на австралиско образование“ кој го организира агенцијата за студирање во странство Future Option, ќе биде и оваа година одржан во Скопје на 26-ти октомври (сабота), во хотелот Мериот.

Регистрација: https://futureoption.net/mk/avstralija/registraciska-forma-za-ucesnici-nastan-avstralija/skopje

На саемот ќе се представат голем број австралиски универзитети и колеџи со кампуси во Сиднеј, Мелбурн, Перт, Бризбејн и Аделејд кои нудат студиски програми и области на студирање како што се ИТ, инженерство, образование, медицина, туризам, угостителство, спорт, дизајн, менаџмент, право, земјоделство, економија итн.

FB---NajavaCover_final1_mk.png

Во Австралија постојат различни опции на студирање, прилагодени на различните потреби и можности на студентите од основни, мастер и докторски студии, до стручни програми и курсеви по англиски кои што можат да бидат добар избор за почеток во фазата на навикнување на новото окружување и подготовка за понатамошните студии.

На овој саем посетителите ќе можат да се информираат за опциите и условите на студирање во Австралија, за стипендиите и школарините, ќе можат да слушнат искуства и совети од студенти од целиот регион кои завршиле или моментално студираат во Австралија, како и да разговараат директно со присутните представници на австралиските образовни институции.

Освен битни информации за условите за упис, посетителите ќе имаат можност да се информираат и за процедурата за добивање на студентска виза, за студентскиот живот, можноста за работа во текот и по студирањето, но и за австралиската култура и начин на живот.


Свеченото отварање на саемот ќе почне со презентацијата на агентот Елена Симиќ во 11:30 часот, проследено со изложбен дел од саемот кој ќе трае до 15:30 часот каде посетителите ќе имаат можност да зборуваат директно со претставниците на образовните институции и тимот на Future Option и од прва рака да се запознаат со образовниот потенцијал на цела Австралија.

Врвниот образовен систем, растечката економија и високиот животен стандард, преубавата природа и клима, како и развиените австралиски градови кои што секоја година се избрани помеѓу топ десетте најдобри градови за живот во светот, ја прават Австралија многу привлечна дестинација за меѓународните студенти.

Влезот на саемот е бесплатен, но регистрацијата е задолжителна поради ограничениот број на места.

Регистрација: https://futureoption.net/mk/avstralija/registraciska-forma-za-ucesnici-nastan-avstralija/skopje
 

Kajgana Shop

На врв Bottom