СП 2022 Катар - генерална дискусија

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
20221210_145720.jpg


А не играа полошо од Франција, напротив. Плус судијата ептен ги искина. Ама тоа е, излезе Тотенхем од Кејн.
 
Член од
17 ноември 2022
Мислења
84
Поени од реакции
133
Јас викам да си продолжат да си клечат пред секоја утакмица и понатаму секако само и тоа им остана и како нација. ПРИЈАТНОООООООООООООООО
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.003
Поени од реакции
4.161
Класика Англија, пак пенал им пресуди.

Добра утакмица која ќе се памти. Англија ме изненади, мислев ќе јадат блам, ама добро парираа дури во игра можеби и подобри беа ама како и секогаш фали тој краен победнички момент кај нив. Не знам дали некогаш тепале битна тесна утакмица.

Франција некако се мачеа, инвидуален квалитет пресуди кај нив. Ама се мислам дека ќе освојат, посебно послем оваа победа, беше како финале ова. Само они не играа продолженија до сега и делуваат многу одморено за разлика од другите полуфиналисти.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.762
Поени од реакции
13.410
Но, Французите кои после првиот гол не ни помислуваа да играат нешто, иако се гледаше дека ќе примат гол. Не отстапуваат од таа нивна тактика со години. Англичаните ги издоминираа, им дадоа гол и потоа Французите без да бидат пореметени од голот, како да почнува натпреварот, тргнаа по ново водство, а делуваа смирено како да е прашање на време кога ќе поведат.

По вториот гол веќе не се повлекоа толку и продолжија да играат.

Англичаните се жртви и на ждребот.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.579
Поени од реакции
3.276
100 години немаат освоено интернационален трофеј.

Сите артефакти од цел свет ги имаат украдено, ама овој никако да го земат јер треба поштено да се заработи

Све да им ебам :icon_mrgr:
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.788
Ако имаше последниве 2 па и 4 години некаква "златна" генерација, тогаш тоа е онаа на Англија.
Ок, можеби имале подобри генерации на хартија особено 2006та, ама тогаш и конкуренцијата беше каде-каде подобра од моменталнава. Денешнава генерација е далеку посплотена, по-организирана, покоординирана од претходните генерации.
Саутгејт мора да лета, едноставно досега ниедна 50-50ка не доби освен против Германија на европското на факинг домашен терен со целата еуфорија од публика и тн. Ги упропасти во корен.
Мада и енглезиве бе, како народ се скроз неадаптибилни и нефлексибилни.
Судијата секако беше тапа, ама да очекуваш дека некој ќе ти суди по ПЛ стандарди и цела утакмица да кукаш, за мене е аматеризам прав.

Никој никогаш нема да игра брзо темпо и ритам на вакви турнири. Толку ли е тешко да сфатат дека цела континентална Европа игра пострплив и попретпазлив фудбал и да се адаптираат ? Иако еве, и они се адаптираа и играат попретпазливо, ама сепак, оваа утакмица играа баш како просечна англиска екипа - играње брзо само колку да се игра брзо.
Континентална Европа игра клинички точен фудбал, 1 шанса и гол, нема тука безброј промашувања... Во Англија реално по 200 нафрлувања и шута се дешаваат за да падне гол. Истото се прелева и на репрезентацијата.

Тоа е, голот беше и закаснета реакција на Мегваер. Дури и автогол негов може да се каже. Толку требаше, џабе што изигра цела утакмица и првенство на ниво, кога баш кога е најбитно он направи кикс.

Штета што и оваа генерација фудбалери, исто како и Бразил, се срушија како кула од карти заради катастрофален тренер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom