ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.372
- Поени од реакции
- 42.563
СП 2018 ќе биде 21вото издание на најголемото интернационално натпреварување во фудбалот, а ќе се одржи во Русија. Првенството ќе трае од 14ти Јуни до 15ти Јули и ќе се натпреваруваат 32 репрезентации, нормално домаќинот Русија + 31 земја која ќе избори пласман преку квалификациите.
Причината што токму денеска ја отварам темава е почетокот на квалификациониот процес во Ј.Америка. Дерби на првото коло е Чиле-Бразил, па очекувам да има активност, што од коцкарите, што од членовите кои ги пратат Јужноамериканските репрезентации.
Како што кажав претходно, преку квалификациониот процес 31 земја ќе избори виза за Русија. На сликата погоре може да се забележи дека најголемо учество на СП 2018, како и обично ќе земат Европските репрезентации. Русија + 13 тима кои ќе бидат најдобри во квалификациите се местата кои се доделени на УЕФА за следното СП. Другите 18 учесници се распределени низ останатите 5 континентални фудбалски асоцијации.
Победниците од овие наптревари продолжуваат во втората рунда, каде ги очекуваат подобро пласираните репрезентации од CAF. Тука имаме 40 тима и 20 натпревари.
20те победници одат во 3та рунда, а тука се подолени во 5 групи по 4 репрезентации. Победниците од секоја група добиваат право на учество на СП 2018 во Русија.
Моменталната ситуција може да ја видите тука. Победниците од секоја група, заедно со најдобрите 4 второпласирани тима продолжуваат во Рунда 3. Тука 12те репрезентации ќе бидат поделени во 2 групи по 6 земји. Прво и второпласираните репрезентации од двете групи се пласираат на СП 2018та, а двете третопласирани продолжуваат во Рунда 4 каде играат меѓу себе. Победникот од овој двомеч се пласира во интерконтиненталниот плеј оф, а ќе игра против репрезентација од КОНКАКАФ зоната.
Нашата Македонија е во група Г, заедно со 2 огромни фаворити во Шпанија и Италија. Албанија е тука од третиот барабан, која е во голем подем последните неколку години, незгодниот за нас Израел и Лихтенштајн, кој сигурно едвај чека да забележи победа.
Нормално - победниците од секоја група добиваат виза за Руија, додека најдобрите 8 второпласирани продолжуваат во баражот. Тие се поделени во 4 двомечи и победникот од секој двомеч им се придружува на останатите репрезентации на СП 2018.
Во Рунда 5 шесте земји играат меѓусебе во една група. Најдобрите 3 тима од оваа група обезбедуваат пласман на СП 2018, додека четвртата репрезентација оди во интерконтитенталниот плеј оф, каде ќе игра со репрезентација од Азија.

Африка
Kвлафикациите во Африка започнаа вчера и се подолени во 3 рунди. Во првата рунда (која е во тек) учествуваат 26те наслабо рангирани репрезентации, кои се подолени во 13 home-and-away натпревари.
Победниците од овие наптревари продолжуваат во втората рунда, каде ги очекуваат подобро пласираните репрезентации од CAF. Тука имаме 40 тима и 20 натпревари.
20те победници одат во 3та рунда, а тука се подолени во 5 групи по 4 репрезентации. Победниците од секоја група добиваат право на учество на СП 2018 во Русија.
Азија
Квалификациониот процес во Азија е поделен на 4 рунди + плеј оф. Во Рунда 1 најслабо рангираните 12 репрезентации беа поделени во 6 натпревари и победникот од секој двомеч избори пласман во втората рунда. Втората рунда е во тек, тука се приклучуваат и останатите репрезентации и тимовите се поделени во 8 групи, кои ги гледате подолу.
Моменталната ситуција може да ја видите тука. Победниците од секоја група, заедно со најдобрите 4 второпласирани тима продолжуваат во Рунда 3. Тука 12те репрезентации ќе бидат поделени во 2 групи по 6 земји. Прво и второпласираните репрезентации од двете групи се пласираат на СП 2018та, а двете третопласирани продолжуваат во Рунда 4 каде играат меѓу себе. Победникот од овој двомеч се пласира во интерконтиненталниот плеј оф, а ќе игра против репрезентација од КОНКАКАФ зоната.
Европа
Делот од квалификациите кој нас не засега најмногу. Нема многу да објаснувам, бидејќи на сите ни е јасно како функционира овој дел од турнирот кај УЕФА. Натпреварите започнуваат на 4ти Септември 2016, а земјите членки се поделени 9 групи кои се следните:
Нашата Македонија е во група Г, заедно со 2 огромни фаворити во Шпанија и Италија. Албанија е тука од третиот барабан, која е во голем подем последните неколку години, незгодниот за нас Израел и Лихтенштајн, кој сигурно едвај чека да забележи победа.
Нормално - победниците од секоја група добиваат виза за Руија, додека најдобрите 8 второпласирани продолжуваат во баражот. Тие се поделени во 4 двомечи и победникот од секој двомеч им се придружува на останатите репрезентации на СП 2018.
Северна и централна Америка
Натпреварувањето во овој дел од Светот е поделено во 5 фази + интерконтинентален плеј оф. Како и во Африка и Азија, и тука воведните рунди се двомечи, од најслабо кон подобро рангираните репрезентации од КОНКАКАФ зоната. Квалификациите се веќе стигнати до Рунда 4, каде што 6те најдобро пласирани репрезентации од оваа сезона чекаа уште 6 земји кои обезбедија пласман низ претходниот дел од квалификациите. 12те тима се поделени во 3 групи, а прво и второ пласираните репрезентации од секоја група продолжуваат во наредниот дел од процесот.
Во Рунда 5 шесте земји играат меѓусебе во една група. Најдобрите 3 тима од оваа група обезбедуваат пласман на СП 2018, додека четвртата репрезентација оди во интерконтитенталниот плеј оф, каде ќе игра со репрезентација од Азија.
Океанија
Квалификациите низ Океанија се поделени во 3 рунди + плеј оф. Да бидеме реални, ова е најнеквалитетниот и најнеинтересниот дел од континенталните квалификации за Светските првенства. Поради тоа ниту една земја не добива директно учество преку континенталните квалификации на Океанија. Репрезентациите се подолени во групи во сите 3 рунди на квалификациониот процес. Во третата рунда се пласираат најдобрите 6 репрезентации од претходниот дел, кои се поделени во 2 групи. Победниците од групите играат меѓусебе, а победникот од овој двомеч се пласира во интерконтиненталниот плеј оф, каде ќе се сретне со 5то пласираниот тим од квалификациите во Јужна Америка.
Јужна Америка
Овој турнир започнува вечерва, а форматот е ептен едноставен. Сите 10 земји членки на КОНМЕБОЛ се натпреваруваат во една група, од кои првите 4 директно се пласираат на СП, додека репрезентацијата која ќе заврши на 5тата позиција игра интерконтитентален плеј оф со тимот од Океанија. Поради тоа што во Океанија фудбалот е многу ниско ниво и не би требало да имаат проблеми во плеј оф-от, најчесто и 5тото место значи пласман на СП за земјите од Ј. Америка.