Абе не е Ноер кривец за поразот на Германија, нити за лошата игра, ама кривец е за вториот гол. Не сфаќам што сакаше да направи, стоеше на средина на теренот и изгуби топка без никаква потреба. Ништо немаше да промени ако останеше на гол и Германија загубеше 1-0 или пак случајно израмнеше, ама сепак необјаснив е оној излез од голот... Ајде корна да беше па да сфатам некако, овој искочи до центар и толку, изгуби топка и примија гол.
Многу работи смрдеа во Германија на Мундијалов, не ме чуди што им се случи ова. Што замара оној Брајтнер бе, па што кур да прави Крос?? Таков играч е, не е Модриќ или Наинголан па да може да повлече 50-60 метри сам и да отвори контра. Крос ти е сигурен пасер, стабилен играч, иако и он имаше неколку киксови на првенството, али сепак одигра добро. Гундоган закован на клупа, Брандт исто, Озил и Кедира фикс у стартна постава, а двајцата после секоја утакмица одат на инфузија од што се неспремни. Читав дека му продолжиле договор на Лев пред првенствово, ама сега ако има грам доблест треба отказ да си даде и да го отстапи местото на некој друг. Неговото заврши, освои СП, го достигна врвот и сега нек се носи у три лепе. Лично мене не ми се допаѓа како тренер, не ми е тактичар, не е некој револуционер, ама сепак не може да му се одземе тоа што има освоено СП.