СП 2018 - Група Д (Аргентина, Исланд, Хрватска, Нигерија)

Кои две селекции ќе продолжат понатаму?


  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Играњето со рака беше за чист пенал и не смееше по прегледување на VAR да не го досуди. Ајде нека ги поништуваат и автоголовите затоа што се ненамерни шутеви кон сопствениот гол.
подебилна споредба немам прочитано..
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.154
Поени од реакции
107.578
Правилата на ФИФА многу убаво објаснуваат дека за да се санкционира игра со рака треба да постои намера, а покрај тоа судијата треба да земе во предвид повеќе фактори, кои ќе ги ставам во спојлер подолу.
Ај објасни ми кој фудбалер игра намерно со рака? Последен што го направил тоа е Суарез на СП 2010, бар ја што памтам. Еве ај на ова светско кажи кој играше НАМЕРНО со рака? Постои ли таков лик што намерно ќе игра со рака? Ако не било пенал она вчера зошто тогаш на Ловрен му досудија пенал? Он не сакаше да игра со рака, едноставно топката го погоди во рака при центаршут... Разбирам да беше некоја напуцана топка и да немаше време Рохо да изреагира, ама дегенот ја промаши топката при исфрлање и ЈА УДРИ СО РАКА, не знам што повеќе треба за ова да биде пенал.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.518
Поени од реакции
62.366
Ај објасни ми кој фудбалер игра намерно со рака? Последен што го направил тоа е Суарез на СП 2010, бар ја што памтам. Еве ај на ова светско кажи кој играше НАМЕРНО со рака? Постои ли таков лик што намерно ќе игра со рака? Ако не било пенал она вчера зошто тогаш на Ловрен му досудија пенал? Он не сакаше да игра со рака, едноставно топката го погоди во рака при центаршут... Разбирам да беше некоја напуцана топка и да немаше време Рохо да изреагира, ама дегенот ја промаши топката при исфрлање и ЈА УДРИ СО РАКА, не знам што повеќе треба за ова да биде пенал.
Слабо памтиш.

Умтити играше намерно со рака кога и досудија пенал на Австралија. Овој од Колумбија доби црвен на почетокот на првенството за намерна игра со рака.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.154
Поени од реакции
107.578
Слабо памтиш.

Умтити играше намерно со рака кога и досудија пенал на Австралија. Овој од Колумбија доби црвен на почетокот на првенството за намерна игра со рака.
Абе секако, ајде сега од инает ќе зборуваме. Како тоа играл оној од Колумбија намерно со рака? Па Јапонецот го напуца бе човек, немаше ни милисекунда да изреагира. Да, чист пенал и црвен, ама намерна игра со рака немаше. Сеедно, спречи чист гол и заслужено си попи црвен. Умтити не играше намерно него тоа му се деси од невнимание, од што е глуперда циганска, да играше намерно црвен ќе јадеше.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Мислам дека првото врска немаше со пенал, а второто беше чист пенал. Дебилот Чакир сфати дека ја усра со првиот пенал, па не го досуди вториот. Чакир генерално е преценето гомно, со огромна желба да биде центар на внимание.

Инаку, Аргентина повторно не одигра ништо вчера, иако имаа желба за игра. Одбраната полна со киксери, средниот ред потпросечен, Игуаин непостоечки. Банега едно одлично прво полувреме, очаен во второто. Ди Марија игра 15-30 минута, потоа не постои на теренот. Игуаин е срам за фудбалот, на жив Икарди она свињата да игра за репрезентација е бламажа.

Меси многу се трудеше, но евидентно е дека има проблем против зонска одбара затоа што ги нема соиграчите од Барса да се уфрлаат од позадина на кои што може да има даде употрбливи топки.

За дуелот со Франција не знам што да кажам, мислам дека Франција ќе помине понатаму бидејќи има многу подобри фудбалери на средина. Мислам дека физички ќе ги издоминираат на тој дел од теренот.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.232
Поени од реакции
41.532
И ја мислам дека играта со рака не беше пенал, башка што играчот на нигерија за првиот пенал падна театрално, беше држен ама овој се испонаша ко да беше повлечен и бутнат на сила, што беше класична глума која ВАР мораше да ја види.
За раката, топката паѓаше на земја, не одеше до играч на Нигерија кој беше во ситуација да дава гол, ја промаши рохо мислам со глава, му удри во рака, и какво влијание имаше тој удар ? Да не беше раката, ќе паднеше до рохо, што можеше од таква ситуација да излезе ? Вака, го удри во рака и му намести добра шанса на овој од Нигерија, и затоа и сметам дека не беше даден пеналот, единствено влијание кое го имаше овде раката на рохо беше креирање на супер шанса за нигерија, да не удреше у рака ништо од ова немаше да се деси, башка му беше у природна положба а и пак еве ќе повторам, немаше деструктивно влијание тоа врз играта на Нигерија, напротив.

Аргентина иначе вчера беа м и з е р и ј а, Нигерија имаат за што да жалат, каков зицер утнаа на 1-1 цццц, не верувам дека ваква среќа ќе имаат аргентинциве и со франција, а само факторот среќа може да ги бутка даље, нит имаат концепт, нит имаат квалитет во средината и одбраната за да можат да се носат со најголемите, го имаат меси тоа е факт, ама го имаат меси чиј потенцијал е 50% десеткуван од оној негов максимум што го гледаме во системот на барса и тие играчи околу него.
Видете како рутински хрватска си изигра со нигерија, а на што личеа Аргентина, а мечов беше да се биде или не за нив.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Не знам од каде толкав хејт за Аргентина. Точно дека не играат на ниво, ама синоќа си заслужија победа. Нигерија да не беше пеналот немаше да израмни и може ќе загубеше со 3-0.

И не знам со што Исланд или Нигерија заслужија повеќе 1/8 финале. Колку и да се симпатични Исланѓаните, не одиграа ништо посебно. Таков дефанзивен фудбал ретко успева. Ниту па нешто интересно ќе понудеа во нокаут фазата.

Нигерија одигра колку можеше синоќа, ама едноставно Аргентина беа подобри. Да не им дадеше Чакир пенал, сигурен сум немаше да израмнат никогаш.

Сега вака на хартија Франција се фаворити. Поорганизирана и поквалитетна репрезентација се од Аргентина. Мада ова е нокаут фаза, еден потег може да реши натпревар, па не треба никој да се прежали предвреме. И во 2006 Французите едвај минаа група, Зидан го прежаливме, мислевме со Шпанија во 1/8 финале ќе му биде последен меч, а тие стигнаа до финале.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Исланд со ништо не заслужи пролаз, Нигерија имаше добри моменти и синоќа, полушанси и речиси зицери, играа паметно како што треба, примија рано гол, но мудро чекаа, не се залетуваа, знаеа дека нив само еден гол, една грешка, еден пенал ќе им врши работа, Аргентина низ цела утакмица играше како да чека генијален потег на некој од напаѓачите.

После пеналот, Нигерија оправдано се повлече оправдано и си чекаа контранапади, што друго можеше да играат, и имаа добри контри, да беше малце Инеачо поприсебен друго ќе беше. При крај веќе ептен им висеше голот на нигерииците ама дури и тогаш немаше чисти шанси Аргентина, играа без некој концепт но притисокот на крај им се валоризира од најнеочекуваниот играч, има тука и факор среќа, утакмицата можеше за многу малце сосем обратен расплет да има, далеку од тоа дека Нигерија беше надиграна.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
Ради Меси сите се за Аргентина последниве 3 СП. Како што 95% од фановите на Арсенал што ги знам се (беа) за Франција. :D
На последните 2, 2010 повеќето беа за Шпанија со оглед на тоа што скоро цел тим беше составен од играчи на Барселона (Пујол, Пиќе, Бускетс, Чави, Иниеста, Виља и тн)
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Не е спорно однесувањето на Нигерија после израмнувањето 1-1. Секој на нивно место би играл така. Зборот ми е дека цело прво полувреме беа надиграни. Со ништо не покажаа дека може да израмнат, додека Чакир не им подари пенал. Дури мислам дека Аргентина може ќе дадеше уште еден или два гола.

Е сега по тој пенал работите се сменија. Аргентина играше под притисок и реално се покажа дека тешко играат така. Многу често и екипи што имаат подобра игра не можеле да се вратат и да постигнат нов гол во таква ситуација. Еве тие имаа среќа и дадоа. Ама дека тоа што Нигерија не поминала е некаква фудбалска неправда не држи вода.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
подебилна споредба немам прочитано..
Ок бе друже, дебилна е, ама дебилно е и чист пенал да не досудиш затоа што прво ја удрил со глава и ненамерно го удрило во рака.
Ете и за првиот пенал лично мислам дека не беше пенал, ама на првенствово не знам што им стана, веќе неколку такви ги досудија.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
А со што заслужи Аргентина вчера да помине, во 82мин првпат шутнаа кон голот во второ и нареден шут беше голот. Во прво само голот и слободниот на Меси.
Нигерија може се бранеше ама имаше повеќе шанси гледано. Само Игало имаше 2-3 зицера.
И од кај од тоа дека Исланд се бранеле. Вчера имаа многу шанси, со Нигерија напаѓаа и имаа исто така добри шанси. Со Аргентина се бранеа ама имаа пет пати повеќе и почисти шанси.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Претерано ќе беше 2 онакви пенали да свирне против еден тим во 90 минути, со право не го досуди вториот, а реално двата беа во најмала рака дискутабилни. Иначе, интересна опција што треба да се размисли е воведување право капитенот на екипата (еднаш или двапати) во текот на мечот да има право да повика на гледање на ВАР за сомнителна ситуација, нешто како challenge во тенис (мислам и хокеј и други спортови имаат), затоа што е стварно глупо на целава технологија што се воведува некад судија да се направи паметен и да истера инает и да се води чисто по своја проценка. Таква ситуација имаше вчера при првиот пенал, таква ситуација имаше и кога Бразил прими гол од Швајцарија (фаулот над Миранда), ете и на Србија-Швајцарија имаше ситуација за пенал која остана непрегледана, и не сум најсигурен дали и колку им сугерираа од ВАР собата на судиите во овие ситуации, а реално сите беа сомнителни и требаше да има прегледување пред да избрза со одлука
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Не е пенал пошто не играл намерно со рака.
Не е пенал пошто му ја спушти топката и овој ја промаши.

Најочајни изговори :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom