И сега нормално, сите наапани ќе бидат на англичаните против Колумбија оти "намерно" изгубиле за да играат со нив, шо нема врска. Нити една екипа не сака намерно да изгуби натпревар на вакво натпреварување, па ни англичаните вчера не го сакаа тоа. Едноставно, толку им беа силите вчера (не е дека се класи подобри од Белгија па вчера очигледно беше дека намерно изгубија).
Колумбија е ите како незгоден противник, но без Хамес (потенцијално), секогаш би ја одбрал неа во 1/8 финале, него Бразил во 1/4 финале. Дали ќе испадниш во осмина од Колумбија или од Бразил во четврт е сосем исто. Вака, имаат шанса во две утакмици во кои ќе се фаворити (против Колумбија ќе е изедначена, но на хартија дефинитивно се фаворити), оваа генерација ќе може да направи успех каква што една репрезентација на Англија немала со генерации.