СП 2017 - Елиминациска Фаза

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.204
Поени од реакции
7.990
Уште ова го немав видено, Германија да намести утакмица на светско првенство. :pos:
Kaтар имал доволно пари да ја поткупи Германија ама не постојат дукати, ни црно злато со кои се поткупува Словенија, срце јуначко:pos::pos:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Уште ова го немав видено, Германија да намести утакмица на светско првенство. :pos:
И јас тоа неможам да си поверувам,ајде да се работи за Македонија,Словенија или Романија,Русија разбирам..ама за Германија..еј Германија да се резилат онде да му паѓаат топките од раце и да фрлаат аути баш во клучните моменти,тренерот цело второ полувреме да не побара тајмаут и да се однесуваат како ништо да не било..

Па пичка му матер,јас тврдам со живот дека Германија да играат реално против Катар не 10,не 100,туку 1000 натпревари секој ден нема ниту еднаш Катар да победи..неможи полупрофесионалци што си го прчат во Катарското првенство да победат професионалци што тренираат двапати на ден во најката Бундес Лига и плус што имаат над 40 натпревари во годината..едноставно не е изводливо тоа..исто како сега да играат ракомет Барселона против Пелистер..исто и кај нас се тука некаде бидејќи не ни тренираат секој ден и преку лето/зима си го ладат[DOUBLEPOST=1485341144][/DOUBLEPOST]
Kaтар имал доволно пари да ја поткупи Германија ама не постојат дукати, ни црно злато со кои се поткупува Словенија, срце јуначко:pos::pos:
Кој рече дека Катар ја купи утакмицата?..заборај дека сме 2017 година или уште сметаш дека сме 1982 година па сеуште спортот така функционира едната екипа да ја купи утакмицата?
 
Член од
13 декември 2014
Мислења
422
Поени од реакции
337
Germanija ja ima prokockano taa pobeda radi totalna neserioznost. Im se dignaa akcentite na germancite posle EP i katarcite gi fatile na pogresna noga. 1000 pati da igrat germancite ke tepat ali ovaj pat se poklopile okolnostite i pristapot beše pogresen. Gledav diskusija sinokja na germanski tv, bidejki ziveam tuka vi prenosuvam. Kakvi mestenki ne me smejte

Za Taleski i Neloski bidejki ne gi ispolnuvale ocekuvanjata/ za sporedbite so nivnite vrsnici:

Skoloto na Metalurg kolku godini rabote? 6godini? Ocekuvate nie za 6 godini kakva takva rabota so mladi vo samo eden eben klub da stigneme 30 godini kvalitetno rabotenje na Slovenija, Hrvatska, Norveska, Island itkn.?

Lugje nema! Nikogas bre nemalo teoretski sansi. Nie treba da bideme srekjni sto pocnavme pak da ucestvuvame na mladinski turniri bidejki tamo ne bevme 10g. Nie do skoro gubevme od mladincite na Estonija 20 Razlika. Ne tepase sekoja posrana Ekipa vo evropa Abe 15g. nemame izvadeno Salam igrac. Sega ke igrame na U20 sp posle dolgo vreme i toa e uspeh ako se zeme vo predvid deka pred nekolku godini gubevme od Kosovo. So samo 6 godini rabota ova duri e cudo.

Treba da pominat uste nekolku godini rabota so mladinski Kategorii dodeka nie mozeme da izvademe sovremen rakometar. A treba i redovno da se ucestvuva vo mladinskite turniri a ne samo ednas u 10g kako sto nie pravime. Se raboti 10g so mladite i od sekoja generacija vadis 2-3 dobri igraci i od niv formiras tim. Nie edna generacija imame vo 10g a taa ja forsirame dok ne Umrat na teren a zgora na toa samo 4-5 igraci davat pridones.

Ali vazno nekoj tuka piše sme imale loša zdrepka.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Освен МАМИЌУ УРАГАНОТ се друго горе долу очекувано.
НОРВЕШКА
Лесно се справи со децата на Атила,дури и бетер од нас тие поминаа,иако резултатот не го говори ова,но поразот "од само 3 разлика"е нереален,реално требаше најмалку 7,8 комада да е разликата,а и толку беше до само неколку минути до крај,кога Миклер скина неколку зицери и се разбудија Часар и Бодо,се друго кај гулашите исто како да не играше.
Јунаш крилото му се секое рачињата на кутро дете,додуша овај не бил ни класично лево крило,туку среден бек ама Сабате си игра ташак со позициите,исто и со Анчин кого го играше на десно крило,ефект нула,ги отепа Бергерут,ги сроза в корен:zloo:
Опасно голманче,добро се поставува,одлично ја користи и висината,долги раце,нозе,смирен,не е ни чудо шо има такви бројки зад себе.
Другото очекувано од Викинзите,неочекувано беше шо Ли Хансен се разбуди од зимски сон,искина другарчето и тој беше џокерот кој ја направи разликата ,после беше лесно да се игра.
И Хуните влегоа на брза игра,шо беше самоубиство,грешеа во напад и им се случи цуами,самиот факт дека имаа напад на помалку од минута до крај на прво за -4 а на крај беше -7 јасно говори шо играа,е па Норвешка не е Данска со одење да игра ракомет,топката со саати да е кај Хансен,ја уби од лигавање,овде брз проток на топка,не стигнуваа ни да се постават како треба киклопите Хунски,камоли да блокираат или направат прекин на игра,ги разнесе машината на Берге,во второ Сабате на крај најде некоја формула во одбрана,пред се истурена зона,поагресивно на втората постава на Норвешка,со Јоханесон и Танген и полесно ги бранеа нападите,Лигетвари на средина беше многу солиден,Часар покажа зошто на времето беше сметан за еден од најјаките средни бекови во Европа,Бодо изненади,за разлика од Џамали и Балог,со само 2 играчи не се добива Норвешка,додуша 3 беа,и Бенче Бахниди пикерот искина,која конституција е овај киклоп,страшно нешто,и Самс го бараше во Вардар уште лани,арно ама кога слушна која пара ќе ја зема во Сегед и колку пари им побара Бенче косата му побеле,е па играчи кои вредат не се евтини.
Како и да е,апсолутно заслужена победа на Норвешка,ќе видиме сеа со Каубоите како ќе се снајдат,лани на ЕП во група ги тепаа,но Хрватите тепаа и за трето место во Полска.потоа на бараж за ОИ Норвешка изгубија како магариња,ги уништи Стиви Бој на турнирот во Данска,
Се е отворено овде.
ФРАНЦИЈА
Ептен ми е криво за Швеѓаните,каква игра имаат страшно нешто,и навистина е ептен нефер шо вака испадна,уште од старт да налетаат на Експертите,ама тоа е,ждребот така сакаше.
Онаа игра шо ја прикажаа,онаа едноставност,смиреност,концентрација е едноставно за да се восхитува човек,како да е најлесна работа на светот да играш ракомет,какви школски акции,изработени до перфекција,посебно во прво,не ни мрдаше Тити на тие шутеви,едноставно неодбранливи,само 13% имаше вчера,ВЕНСАН беше тука да спасува..
И тоа речиси со пола ростер од послаби тимови,играчи како Стенмалм,Конрадсон,Лагерген и компанија,со Захрисон Хобитот на десен,и каква игра имаа,фалеше Јохан Јакобсон на десен,со него ќе беа уште појјаки,но и вака искинаа.
ЏИМ ГОТФРИДСОН,искина другарчето на ова СП,страшен играч,вистински лидер,можеби и МВП на првенството или барам да е во конкуренвија за најдобар среден,ама сеа откако испаднаа тешко да се докопа до таа позиција со оглед дека Сагосен остана во игра,и Карабатакот,ама мислам дека пак наградата за најдобар среден ќе оди кај Сагосен.
Опасен играч стана Џим,иако беше повреден некое време,баш сеа ја темпира до максимум својата форма,искина едноставно,вистински диригент во играта,и за асистенции,и за влезови и за координација меѓу бековите,но и за шутеви,едноставно некој ТРИПЛ ДАБЛ ЕФЕКТ како во кошарката.ги отепа вчера централните дефанзивци на Франција,свеста им ја зеде,не знаеа кај се,да не беше тој мал пад шо го имаа од 35 до 45 минута,и од 50та до 55та,кога Франција се одлепи на +3 каде ќе отидеше мечот,мечот можеше да се прекрши на контра а тикварот на Порте,ама тој изиграваше некој акробат,хаха,само му ја подаде топката на Ник Слотер,ала Џомба Гоце стил,исто и пред тоахаха,каде бе со овај на десно крило?Јел мирно спаваш Динару,Дидие?:icon_mrgr:
На крај на мускули,предводени од новата ЛЕВОРАКА ХАУБИЦА Недим факинг Ремили,каков играч е овај упм,новиот Киро Лазаров,се има,и шут,и техника,и движења,елеганција,плус и одбрана игра,а има само 21 година,помалку од Дрогата,тука некаде со Нелоски и Талески,а каков е играч е,тоа ,талент,работа,јаки утакмици,соиграчи како Карабатакот,Нарцис да те хранат со топки,пратете ја таа акција на Французите,кога одат со двојно,некогаш и тројно укрстување за да се напрај шут за Ремили,како некоја егзибиција на Харлем Глоубротерс.
Тоа е тоа,силата на Франција едноставно е преголема,и да нема ден некој од тие главни играчи секогаш е тука некој да изненади,Фабрегас искина,потоа во второ Ремили надокнади,едноставно тој ростер е преголем и невозможно е некој да нема свој ден.
Но покажаа дека имаат слабости,и со Норвешка а посебно за Шведска.
Со Словенија ќе видиме како ќе оди,не ми се верува Словенците да имаат сила како Шведска да се спротистват,ама се е можно,видечемо.
СЛОВЕНИЈА
Лесно,убедливо,без мака,неочекувано можеби,но беше јасно дека Катар против побрза екипа како Словенија која нема да се влечи како полжав како Германците нема шо да бараат.
Ги отепаа,само во прво имаа 8 гола од контра Словенцит,газење,исто и во второ во првите 20 минути,последните 10 минути беа рутина,Катар успеа да намали на минимални 2,шо е за нив премија,и е нереален резултат,требаше да е најмалку 7,8 комада,ама на крај никој не се замара со разлика,важен е пласманот во полуфинале.
Колку ќе успеат сеа со Експертите ќе видиме,ваљда ќе покажат нешто.
ХРВАТСКА
Овие ме изненадија ептен,додуша не толку тие колку ОЧАЈНАТА ИГРА НА ШПАНИЈА,едноставно непрепознатливи се Шпанците сите овие години откако си замина Ривера,иако се тука некаде на врвот,ама премногу осцилации имаат во игра,без идеја,без конкретност,без бекови шутери,се насила,се преку крила,спонтано,ако помини помини тактика.
Во прво само со тие голови од крила се држеа,Фернандез и Балагуер искинаа,во второ и тоа го немаше,и баш во најнезгоден момент и Рибера си продолжи со таа своја тактика РОТИРАЈ ПО ИСТ ШАБЛОН,една постава едно полувреме,па друга постава второ,едноставно прелесно е да се прочитаат,иако функционираше некако,ама без шутеви од надвор нема шо да се бара,Кањелас ДЕДОТО очај,Раул непрепознатлив,Дани исто немаше каде со киклопите на средина Муса и Гојун кои искинаа,го пресекоа тој напад на Шпанците,никаква течност,ништо.
Алекс додека можеше импровизираше,единствен од бековите кој мрдаше,и Гони до некаде додека беше имаше нешто,кога влезе Кањелас Дедото и таа страна секна,толку е паднат ДЕДОТО ВО ИГРА СТРАШНО НЕШТО.
Агинагалде отсечен,ништо не изигра и овај,дупка,нема ни топка кој да му пушти,чиста,едноставно се гушат.
Иако спроред мене ОДБРАНАТА ИМ Е КРИМИНАЛ ТЕЖОК,и тука изгубија,нападот вака така успеваат некако да го одржат на ниво,ама одбраната е тежок криминал,и со Бразил исто беше кога примија 18 комада прво,па во второ само 9 примија,најмногу заради техниките грешки на индијанците од Бразил,ама со Хрватска не помина ова.
Ако заприметивте можеби намерно го оставаа МамиЌУ вчера,се надеваа дека е најслаба карика во репката,се концентрираа на другите,досега позицијата лев бек беше најслаба во Хрватска,ама ете ги попари МамиЌУ,8 комада им закуца само во прво,ги пробуши како камењарка пред МРТ,е сеа секнаа тие голови од Глодарот на лево крило ама и ова беше доволно ,баш каде шо требаше да се најсилни Шпанците ги пробушија,по средина:kuracc:.Циндриќ искина,со право најмногу се очекуваше од него,Кркмата е повреден и не го дава максмумот.
Апсолутно изненадија,се надминаа себеси,и самите не очекуваа дека вака ќе изиграат,на крај заслужено одат понатаму,греота ќе беше да испаднат,по она издание.
Секогаш вака играат тие,кога не очекуваш ќе се надминат,како лани со Полска,па на ЕП во Франција кога ја тепаа Франција,па во Србија исто ги тепаа,па на ЕП во Австрија од кулминација до послаб ефект,на ЕП во Данска кога беше пред 7,8 години,на ОИ сеа летово,на ОИ во Лонодн,итн,секое првенство вака прават,ќе се надминат себеси и кога сите очекуваат ќе издишат како балони,
Ќе видиме сеа со Норвешка како ќе оди.
ПОЛУФИНАЛЕ-предикшн

На крај Франција е со една нога во финале,,можеби и со двете,речиси невозможно е Словенија да успее да напрај сензација,иако се бива,опасни се и тие,за другиот финалист се е отворено,иако можеби според играта Норвешка е во предност,ама се покажа во овие нокаут мечеви дека нема ништо сигурно што може да се предвиди однапред,се е момент на слабост,инспирација,добар ден на некој џокер како Мамиќ.слаб ден на голманите како шо беше случај со Де Варгас итн.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
И јас тоа неможам да си поверувам,ајде да се работи за Македонија,Словенија или Романија,Русија разбирам..ама за Германија..еј Германија да се резилат онде да му паѓаат топките од раце и да фрлаат аути баш во клучните моменти,тренерот цело второ полувреме да не побара тајмаут и да се однесуваат како ништо да не било..

Па пичка му матер,јас тврдам со живот дека Германија да играат реално против Катар не 10,не 100,туку 1000 натпревари секој ден нема ниту еднаш Катар да победи..неможи полупрофесионалци што си го прчат во Катарското првенство да победат професионалци што тренираат двапати на ден во најката Бундес Лига и плус што имаат над 40 натпревари во годината..едноставно не е изводливо тоа..исто како сега да играат ракомет Барселона против Пелистер..исто и кај нас се тука некаде бидејќи не ни тренираат секој ден и преку лето/зима си го ладат[DOUBLEPOST=1485341144][/DOUBLEPOST]

Кој рече дека Катар ја купи утакмицата?..заборај дека сме 2017 година или уште сметаш дека сме 1982 година па сеуште спортот така функционира едната екипа да ја купи утакмицата?
Ти сериозен си бил бе? :shook:
Џони шо ти е бе, возрасен човек си, не ти доликуваат вакви бламажи, ти се молам.

Дај пола причина зашто Германија би наместила да изгуби утакмица со Катар на светско првенство каде доаѓа како актуелен европски првак.

Кладилница и пари не се важи пошто смешно е да дискутираме за Германија и пари.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Ти сериозен си бил бе? :shook:
Џони шо ти е бе, возрасен човек си, не ти доликуваат вакви бламажи, ти се молам.

Дај пола причина зашто Германија би наместила да изгуби утакмица со Катар на светско првенство каде доаѓа како актуелен европски првак.

Кладилница и пари не се важи пошто смешно е да дискутираме за Германија и пари.
Eдноставно неможам да прифатам дека Германија изгуби од Катар,тоа неможи да се случи во овој момент освен ако не е наместено..имаше неколку сумливи ситуации кои ме наведуваат дека натпреварот беше наместен.

-Германија на секој гол и на еден-два гола разлика се радуваа односно скокаа и рипаа(искажуваа емоции),обично Германците на ниту еден натпревар не го прават тоа и вклучувајќи го и минатогодишното финале против Шпанија каде водеа со солидна разлика цел натпревар а воопшто не се радуваа

-Тренерот Сигурдсон(мислам така се презиваше) не побара тајм аут цело второ полувреме иако тимот му играше катастрофално лошо и висеше водството нон стоп.

-Германија не направи воопшто ниту една контра-полуконтра цел натпревар,не ни се потрудија да излегуваат на чоек туку нон стоп си играа статична 6-0 одбрана(на пример Словенија ги уби од контри Катар вчера),и плус Германија е препознатлива по брзата транзиција и полуконтрите.

-Кога се кршеше натпреварот на 20-18,20-19,20-20 Уве ја фрли топката во аут(несакајќи нормално),Гландорф сакајќи да асистира ја фрли топката невообичаено силно за крилото и отиде гол аут,и врвот беше Фат кој (не)намерно ја испушти топката од раце и не ни се обиде да ја фати повторно(барем да направеше дупла и немаше да има контра за чист гол на Капоте),а овај ја испушти и Капоте си ја зеде во контра и си постигна гол.

Нема чоек кој ќе ми докажи дека оваа не беше наместена,неможи и неможи Катар да ја победи Германија во реален натпревар посебно 1/8 финале светско првенство,овие погорни четири фактори посебно последниот ми е доволен показател за тоа што се случуваше..срам да му е на Германија што се дрзна да се резили во големо натпреварување но ова е показател дека во Ракометот е сиромашен спорт и се е можно.

Ја гледав вчера пак утакмицата на реприза и онака има уште милион фактори што ми укажуваат дека е наместена ама џабе нема да ви се докажи никогаш вас,за вас секој натпревар е чист и не смее некој да искоментира дека е наредена бидејќи одма ќе прашате што како,зошто,кој ја нареди,зарем Германија ќе ја купат?..детски прашања се овие.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.815
Поени од реакции
24.138
Eдноставно неможам да прифатам дека Германија изгуби од Катар,тоа неможи да се случи во овој момент освен ако не е наместено..имаше неколку сумливи ситуации кои ме наведуваат дека натпреварот беше наместен.

-Германија на секој гол и на еден-два гола разлика се радуваа односно скокаа и рипаа(искажуваа емоции),обично Германците на ниту еден натпревар не го прават тоа и вклучувајќи го и минатогодишното финале против Шпанија каде водеа со солидна разлика цел натпревар а воопшто не се радуваа

-Тренерот Сигурдсон(мислам така се презиваше) не побара тајм аут цело второ полувреме иако тимот му играше катастрофално лошо и висеше водството нон стоп.

-Германија не направи воопшто ниту една контра-полуконтра цел натпревар,не ни се потрудија да излегуваат на чоек туку нон стоп си играа статична 6-0 одбрана(на пример Словенија ги уби од контри Катар вчера),и плус Германија е препознатлива по брзата транзиција и полуконтрите.

-Кога се кршеше натпреварот на 20-18,20-19,20-20 Уве ја фрли топката во аут(несакајќи нормално),Гландорф сакајќи да асистира ја фрли топката невообичаено силно за крилото и отиде гол аут,и врвот беше Фат кој (не)намерно ја испушти топката од раце и не ни се обиде да ја фати повторно(барем да направеше дупла и немаше да има контра за чист гол на Капоте),а овај ја испушти и Капоте си ја зеде во контра и си постигна гол.

Нема чоек кој ќе ми докажи дека оваа не беше наместена,неможи и неможи Катар да ја победи Германија во реален натпревар посебно 1/8 финале светско првенство,овие погорни четири фактори посебно последниот ми е доволен показател за тоа што се случуваше..срам да му е на Германија што се дрзна да се резили во големо натпреварување но ова е показател дека во Ракометот е сиромашен спорт и се е можно.

Ја гледав вчера пак утакмицата на реприза и онака има уште милион фактори што ми укажуваат дека е наместена ама џабе нема да ви се докажи никогаш вас,за вас секој натпревар е чист и не смее некој да искоментира дека е наредена бидејќи одма ќе прашате што како,зошто,кој ја нареди,зарем Германија ќе ја купат?..детски прашања се овие.
Ти си скроз мрднат бе друже, детски прашања биле зашто Германија би наредила натпревар, а не е детско да имаш размислување дека секој натпревар кој нема да заврши во полза на фаворитот е наместен.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Џони, Германија кога не се пласираше во Катар, ја набрка Австралија од СП за да им ја земе вајлд картата, ќе местат.. Не дека нема местење ама тука гордоста им е преголема.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
WTF?

Демек ова за пофалба е?..па страмота ќе беше Словенија да не победи екипа составена од Капоте,Шарич и останатите полуаматери што си го прчат во Катар...вие сеуште мислите дека некни на Фат случајно му падна топката од раце и дека Уве со Гландорф не сакајќи ги фрлија топките во аут/голаут баш кога се кршеше утакмицата во последните 5 минути?.

Му држел лекции на претплатените полуаматери што дали двапати неделно тренираат во Катарското првенство а Словенците 80% играат во Француското првенство..па јас да му сум тренер на Словенија ќе ги победам Катар
Полуаматери Катар ?
Дечко тие се светски вицепрваци и 1/4 финалисти на последната Олимпијада. Шариќ е еден од најдобрите голмани во последните 15 години, Капоте е играчиште и се само не полуаматер. Мабрук е светски познат касап,Роан не е врвен играч,но дефинитино спаѓа во тие одлични играчи од втора класа и останатите арапи се горе доле подобрите арапски играчи.
Бонус водени се од страна на еден од најдобрите тренери на сите времиња.

Баш затоа што се во Катар тие цела година се спремаат за ова. Тренираат заедно долго време, најдобри услови за припреми имаат. Лигата не е слаба колку што мислиш (нешто слично со СЕХА). Доволно добра е овие играчи да одржуваат врвна форма цела година,а да не се преморени и претепани.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Јас баш некни ја гледав цела снимка на Макств,и навистина не ми е јасно шо се случи тие последни 13 минути?
Она е како тотален ШАТДАУН,едноставно застаа,освен тие два гола на Гландорф кога како змија се провлече низ одбрана на Катар и тој гол на Грецки од тежок агол ама баш ништо не одеше.
Неколку важни фактори според мене овде беа пресудни
1.
Самите влегоа во ваква замка,не знам зошто Сигурсон кој ротираше на сите мечеви,посебна таа комплетна линија надвор сега цел меч го одигра со ТЕШКАШИ КАКО ФАТ,КУН а посебно Друкс,ова не ми е јасно,Друкс освен тие неколку влезови во второ со удари од зглоб успеа да даде два гола,потоа се изгуби тоталка,многу паметно Ривера успеа да ја отсече таа линија надвор од пикерите и крилата,и остави сами да играат против таа тројка шо беше истурена напред,Капоте пред се.
Е сега,на клупа Сигурсон ги имаше Ернст и Пачковски,класични централни бекови,далеку побрзи на прв чекор од Друкс кој иако и во Фуше игра како плеј,а некогаш го менува и Ненадиќ на лев,но најчесто е на средина,сепак ова е тежок играч,гломазан,тежок на нозе,доста му треба да РАЗВИЕ БРЗИНА,иако е опасен играч,сепак ја нема таа елеганција на еден класичен плеј,еве како шо се Циндриќ,Сагосен,тука избега возот за Швабите.
Тие проигрувања до крила беа во знак на немоќ,посебно на Гландорф,зошто Гландорф имаше човек до него,доста високо ги напаѓаа а крилото беше ептен во агол пикнато и мораше со таква топка да се оди,да се проба набрзина да се напрај добар агол за некој влез.
Таа инвентивност им ја уништи Ривера,протокот на топка,течноста во игра,се беше сведено на индивидуализам,додека одеше Гландорф и Фат во второ успеваа некако да пробиваат,во прво и почеток на второ тука беше Хафнер,ама Германија без крила не е ни 50% од таа Германија,посебно Уве,отсутен тоталка,дури и ако не се лажам две исклулувања напрај без потреба,и кај неготој психички товар со смртта на татко му имаше ефект,иако е професионалец и сепак се одрази ова,плус на него Ривера го пушти Роан,еден тешкаш,кој многу добро го маркираше и успеваше да го отсече од таа конекција со Фат или Кун,играчи кои не се спретни толку и гледаат прво да шутнат,топка ретко добиваш од нив,а без контри и полуконтри тотално неупотребливи се крилата.
2.Многу важен момент за мечот беше тоа трето исклучување на Винчек,не знам дали запримети некој,ама додека беше Винчек во игра тешко одеше тој напад на Арапите,Капоте мрдаше некако ама не можеше толку лесно да се крева на шут и да го гледа голот,зошто Винчек играше преден во таа зона а зад него беа киклопите Пекелер и Лемке,значи имаа густина во зона,затоа и пикерот на Катар во прво не се виде,а посебно таа лева страна,прво Халабала играше и укструваше со Капоте,Халабала:pos:,немаше можност за некоја игра,иако добро организираа напади и Синен и Малаш.
Во второ таа густина на Швабите попушти,посебно откако Винчек беше аут,немаше тука цврстина,не се спојуваа лесно халфовите за да затворат навремено и замина мечот јабана.
Посебно по тоа наивно исклучување на Уве,кога без потреба напрај фаул и сркна две минути..
Тоа е тоа,се случува и најдобрите,пристисокот беше огромен,забрефтан противник,расположен голман,Шариќ искина,се уби од бранење чисти зицери,а вчера топка не фати цело прво,го избушија тоталка,без организација во игра,без некој лидер на тимот,посебно плеј не се победува,таа е најважната улога во екипата,ниту бековите ќе имаат ден,нити пикерот,не е ни чудо шо влегоа во таква бркотница,мораше Сигурсон со време да бара некое решение.
Лани на ЕП го имаше истиот проблем ама тука беше Вајхолд,класа играч еден на еден,и успеваше со тие лажни движења и промена на правец да пробива вакви одбрани како таа на Катар,во неделата немаа таков играч Швабите и на крај се беше нишалка,еден напад решаваше,ако израмнеа можеби ќе поминеа во тие додатни 10минути ,ќе се средеа,кај нив кризата дојде во најнезгоден момент,баш на крајот кога требаше само рутински да задржат водство од 4,ама не е така лесно.
Многумина овде ,посебно тие кои се кладат си мислат дека ако е фаворит некој треба од 1до 60та минута да гази,е па не едноствно и лесно,сепак ова се нокаут мечеви,сигурно и другите не пијат нафта,мала криза во тимот,во пристапот на игра,добар ден на противнички голман,ете Капоте се разбуди од зимски сон,пред тоа беше камен, и се е можно,и Германија ќе изгуби од Катар,и Данска од Унгарија,истата Унгарија која беше разнесена од Норвешка,се е можно,посебно во вакви динамични спортови како ракомет,кога во неколку минути се прават ама и се губат големи разлики,можеби во фудбал некако ќе се извадиш,ќе се затвориш бункер и можеби упали,како шо праеше Мурињо со Интер кога освои ЛШ,ама во ракомет треба ептен да те сака фортуната во моменти кога ништо не ти од рака,малце и судии да ти помогнат,и противникот да греши,некоја статива,пречка и тоа,нијанси овде решаваат,за разлика од фудбалот каде времето тече далеку побавно и можно е некако да се извадиш иако играш мизерн..
Јас не верувам дека е намерно местено,сепак Шваби се ова,ракометот кај нив е религија,светост,шо не можам да кажам за мечевите Белорусија-Чиле и Белорусија -Унгарија,овие се АПЛА МАТНИ ТЕКМИ.
Ама колку и да не сакам да верувам во теории на заговор,едноставно ептен ми е чуден пристапот кон мечот на Сигурсон,посебно тој не е тренер кој би оставил нешто на случајноста,како тотално неспремен студент на времето кога се полагаше усно отиде во текмата,пацерски,без идеја како да се прилагоди на темпото на игра кое сосила му беше наметнато,ама јебига секој има право на грешка,можеби во тој последен напад сметаше дека ако бара тајмаут дека ќе ја прекине акцијата на својата екипа,можеби имаше верба дека ќе се средат,дека ќе се стабилизираат,сепак ова се преискусни играчи,не се овие Талески,Нелоски па да им црташ на табла шо да играат,Гландорф,Уве,па и Друкс и Фат имаат милион вакви тешки завршници зад себе,сигурно и пред тоа било договорено шо да се игра доколку дојдат до таква ситуација,тие големи селекции не оставаат ништо на случајноста како кај нас,кога спонтано се оди од ситуација во ситуација.
Тоа е се,се случува.
Ете и вчера на мечот Шпанија=Хрватска еден клучен момент во мечот.
http://www.svijet-rukometa.com/index.php/francuska-2017/6147-cudna-situacija-koja-je-sokirala-spanjolsku-suci-su-u-zadnjem-hrvatskom-napadu-digli-ruku-za-pasivno-a-onda
Овде Хрватска доби ВАЛЈД КАРТА,зошто?
Пасивен напад,шутира Циндриќ,промашува,но беше свирен фаул,и го враќаат назад нападот,но РАКАТА Е СПУШТЕНА.
Ова е голема грешка на судиите,уште 30 и кусур секунди добија плус Хрватите,ова е голема работа во ваков НИШАЛКА МЕЧ.
И ме чуди шо едни искусни судии како Данците вака да згрешат,немаше никаква логика пасивниот напад да биде повлечен,затоа што се знае како се спушта раката за пасивен напад,или со шут кон гол,или со исклучување на некој противнички играч,доколку се одбиеше топката од пречка тогаш да,ок,вака ем фаул за Циндриќ ем добија нов напад,
Драстично кршење на правилата,речиси 1 минута и кусур им скинаа на Шпанците,можеби време и за целосно да го свртат мечот.
Е ова се тие "МАЛИ РАБОТИ"кои го КРШАТ МЕЧОТ,ама ретко кој ги гледа,посебно не тие кои играат в кладилница,и јас паднав и на Германија и на Шпанија вчера за добивка па тоа е,ако се фаќаше така лесно сите ќе живееа од комар и игри на среќа,мора да се гледа и потемелно на работите.
Сигурно ние овде шо сме лаици сите од еден до последен не можеме да измислуваме топла вода, ЗОШТО,КАКО?посебно ние Македонците кои имаме далеку најслаба тактичка спремност од сите конкуренти,прајме муабет за тие тренери,ракометни работници,тие шо ги тренираат сите тие играчи од најмала возраст па се до сениорски репрезентативци,не за нас овде обичните смртници кои го сакаме ракометот,ние гледаме од призмата на навивач,гледач,а да спремиш еден меч и да предвидиш како ќе оди сето тоа е нималку лесна работа,посебно зошто и другите не спијат.
Сигурно и Ривера преку ноќ не заборавил ракомет,да потсетам,се работи за можеби најтрофејниот тренер во историјата на ЛШ,со 7,8 титули со Барса,не знам точно,со многу трофеи и со репрезентација,не играше Германија со некоја селекција каде селектор е некој рандом Арап,и ова треба да се гледа.
Ете и "легенда"како БабиЌУ,колку и да го критукуваме ние овде,а 1000 пати повеќе го ремететат дома вчера извади џокер од ракав и најде некоја против игра,дали тој ја најде или имаа ден играчите е неважно,резултатот и победата се паметат.
Тоа е.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.970
Ве натера просечен кладионичар што паднал изиграно на Германија, да дискутирате дека утакмицата била наместена:ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.899
Поени од реакции
1.730
Страшна е оваа Шведска:eek:,каква игра имаат,неверојатно играаткако од друга планета да се,Французите имаа неверојатни 90% реализација до 20та минута,и покрај ова водат Викинзите Страшно нешто.
Која едноставност ја имаат во напад,неверојатно.
Ако има некој сила да се носи со Франција тоа се само овие,ако го преживеат овај дуел одат финале 100%.најверојатно со Норвешка,па ко је јачи?
Французите и покрај добриот напад паднаа на крај,Ник Слотер скина неколку зицери,Порте изиграва Гоце Џомба :)
ТИТИ РЕЗЕРВИРАН
Страшен меч,досега вистинско финале пред финалето,кој и да оди натаму е апсолутно заслужено.
Најверојатно сеа Французите уфрлуваат во повисока брзина,ќе влезе Нарцис(поблиска измена до клупа)уште повеќе исклучувања ќе има,10 мин со играч помалку беа Шведска,уште еден податок кој е значаен.
Ќе се види првите 15 мин како ќе иди,акп успеат да се држат дотогаш ќе имаат огромна шанса,последните минути се држ-не дај секогаш,притисот за Франција е огромен дали ќе одржат мирна глава ќе видиме?
Засеа ЕКСТРА МЕЧ,НАЈДОБАР НА ПРВЕНСТВОТО.:cuc:
Тренерот ја изгуби утакмицата со три измени, на исти начин како и Данците,на тајмаутот му викат Заке ке ги бркаш само Нико и Нарцис да пресечиме некоја топка а Јим Готфридсон налутено го прекина и му викат абе како само со нив требит да трчаме по сите...хаха. Ке видиме дали ке ги стигнат по квалитет Французиве до 2020 г кога се домакини .
 
Член од
15 јули 2016
Мислења
261
Поени од реакции
605
Francija - Svedska.... vakov natprevar nemam gledano dolgo vreme ...po..po..po.....atomski rakomet. Svedska vo narednite godini mislam deka ke dominira...
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.205
Поени од реакции
4.937
Џонка каква местенка не се бламирај :D
Ако си изгубил пари на нив, не значи дека е одма местенка и си тераш сега твој филм местена е, и мене ме падна и јас типував на Швабите, ама тоа е, шо и да не падни местено е, а кој ти знај и тие текми шо ги фаќаме можи и тие се местени :pos:
И јас се сложвам дека уште 100 пати со ред да изиграт, вака лошо Германија нема да изигра со Катар.
Според мене утакмицата ја изгубија шо ептен ги ПОТЦЕНИЈА катарците, си мислеа така лаганица ќе си поминат, а играа без крила, скроз отсечени крилата, Уве 0/1 цел меч јас не памтам ваков биланс да имал тој години наназад, едино му играше само Гландорф нешто, Друкс маде цела утакмица беше...
Пак ќе кажам штета шо 19 одбрани на Волф не му беа доволни за победа на Германија, кое голманиште е овај :cuc: А на другата страна тогаш ги искина и Шариќ.
Заспаниот Капоте, кој во групната фаза си го ладеше, овде се разбуди од зимски сон и даде повеќе голови со Германија колку вкупно шо даде во групната фаза :pos:
Епа тражили сте гледајте :D

Да не беше местенка и Данска-Унгарија ? :pos: Или се изгубија во салата данците кога застана назад Наџ и компанија :D Па мораше Хансен се да превземи во свој раце и да биди алфа и омега, но сепак недоволно за победа, како шо една ластојца не носи пролет, така и од еден играч не можиш да очекуваш победа...

За сумливи мечој се сложвам и јас со тие две текми на Белорусија шо ги спомна Томасино, каде прво губат од Чиле, а после ја добиват Маџарска, а Чиле ти губи за влез во 1/8 финале од Саудиска Арабија, а после тоа Маџарите ги шлакаат Данска во нок аут фаза, а претходно изгубиле од Белорусија....АХА ОК Е, ВО РЕД Е СЕ....
Јас не очекувам да се сите СЕМОЌНИ, и да ги победат сите, ама горе-долу се знаат квалитетите на репките (зборам за во групната фаза), иначе после за во нок аут фазата има ФАВОРИТ САМО НА ХАРТИЈА, значи чим некој стигнал до завршница каде се почнува дирек со испаѓање, нема поправен меч, тука се е можно, ако некој стигнал до тука, значи поседува некои квалитети и можно е само некои детали да го решат мечот, или голманот ќе има ден, или нема да му тргни на играчот од кој најмногу се очекува итн...


За Франција-Шведска навистина беше финале пред финалето, ете и тука Апелгрен искина со Франција таму негде до 48/9 минута се имаше во свои раце, многу зицери скина, после тоа, последните 10-12 минути топка не фати, на сцена се појави Ремили, па до крај не промаши, го решетеше од сегде Слотерот :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom