СП 2015 Катар - Група Б (CRO, BIH, MKD, AUT, TUN, IRN)

Кои четири репрезентации ќе ја поминат групата?


  • Вкупно гласачи
    226
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Групата Б со право ќе го привлече најголемото внимание на нашата спортска јавност на 24тото светско првенство.

1.Хрватска...


Фаворитот за освојување на првото место во групата,и пласман во самата завршница на првенството...
Составот на популарните”каубои”претрпе неколку измени од ЕП во Данска минатата година,во потесниот избор на играчи немаше место за десниот бек на Виве Киелце Денис Бунтиќ,Венио Лосерт ја загуби битката со помладата гарда голмани,Иван Пешиќ од Мечков Брест,и младиот и надежен голман на ППД Загреб Филип Ивиќ,изненадување претставува неповикувањето на Драго Вуковиќ,играч со голем стаж во селеквијата..
За многумина познавачи на ракометната игра е огромно изненадување,а сигурно за Хрватските навивачи е големо разочарување е одлуката на Голижа да нема место во селекцијата на Хрватска за Ренато Сулиќ од Веспрем,еден од најдобрите пикери во ЛШ..
Хендикеп е секако повредата на Блаженко Лацковиќ...
Но и покрај сите овие изостаноци,Хрватите располагаат со многу силна селекција...
Околу останатите позиции,вистинско освежување претставува влегување во потесниот избор на младата гарда која доаѓа од Хрватскиот шампион ППД Загреб,левото крило Ловро Шпрем,пивотот Илија Брозовиќ и десниот бек Марио Вуглач,кој заедно со неговиот малку постар колега Лука Степанќиќ ќе бидат достојни замени за првата опција на таа позиција Марко Копљар...
Конечно шанса да заигра за својата селекција добива играчот на Вардар Игор Карачиќ кој заедно со првата виолина на коцкестите Домагој Дувњак треба да го организираат нападот на Хрватска...
Останатиот дел од тимот го сочинуваат веќе проверените играчи кои зад себе имаат повеќе десетици мечеви од големите натпреварувања....
На голманската позиција засега неприкосновен е Мирко Алиловиќ,кој иако имаше слаба полусезона во Веспрем сеуште ја ужива довербата на селекторот Голужа и сигурно ќе биде прва опција меѓу стативите...
Замена ќе има во Иван Пешиќ кој има импресивни настапи за Белорускиот шампион Мешков...
Играта во одбраната е еден од најважните белези на Хрватите,познатата 3-2-1 зона,селекторот Голужа ќе се потпира на квалитетите на прекалените дефанзивци Јаков Гојун и Желко Муса..
Во напад играта се врти целосно околу звездата на Кил Домагој Дувњак,а како сериозна замена се наметнува Вардарецот Игор Карачиќ,нешто што одамна Хрватите го немале,уште од времето на Балиќ(сериозна замена за Дувњак),па ќе има простор и за одмор на Дувњак,со цел да се зачува неговата свежина за најважните мечеви....
Како трета алтернатива за плејмејкерската позиција е играчот на ППД Загреб Јосип Валич..
Левата бековската позиција по повредата на Блаженко Лацковиќ останува можеби најслабиот дел од тимот,иако во имињата на Дамир Бичаниќ и Иван Слишковиќ имаат што да понудат..
Како мало изнанедување е повикувањето на Сандро Обрановиќ како трета варијанта на позицијата на лев бек,на местото на повредениот Стипе Мандалиниќ,кој иако се врати на терените по тешката повреда,сеуште не е максимално подготвен за едно вакво натреварување...
На десен бек се ќе се врти околу Марко Копљар кој ќе покрива во двата правци,но се очекува солидна минутажа да добие Лука Степанчиќ,а и Марио Вуглач,новата звезда на ППД Загреб се очекува да добие некоја минута,посебно против аутсајдерот Иран...
На внатрешните позиции старите,проверени стрелци..
Иван Чупиќ и Златко Хорват,провереното дуо левичари ќе ја покриваат десната крилна позиција,еден од најсилните адути на Хрватскиот напад дефинитивно..
Мануел Штрлек и Иван Нинчевиќ ќе бидат на левата страна...
На пивотменската позиција најголемиот товар како и секогаш ќе го изнесе играчот на ПСЖ Игор Вори,се очекува и Игор Муса да добија по некоја минута во напад,а ништо чудно и Илија Брозовиќ од Загреб да ги добие своите пет минути,со игрите во ЛШ покажа дека се работи за голем потенцијал....
Кога ќе се погледне на прв поглед овој состав на Хрватите се доаѓа до прв заклучок дека екипата полека се подмладува,постепено се уфрлуваат во репрезентацијата големите надежи на ППД Загреб кои во иднина треба да бидат носители на играта на коцкестите..
Хрватската јавност со право очекува од своите миленици пласман на самата завршница,а според она што го прикажаа Хрватските играчи во своите екипи во ЛШ реално е да се очекува висок пласман на Хрватската селекција....

Предвидувања:

Прво место во групата,со максимален број на бод ови....
2.Босна и Херцеговина..

Можеби најголемото изнанадување во јунскиот бараж за пласман на муднијалот..
Со елиминацијата на големиот Исланд Босанците покажаа дека поседуваат голем квалитет,и заслужено за прв пат во својата историја се најдоа на завршница на едно големо ракометно натпреварување...
Селекторот Драган Марковиќ успеа да направи една силна хомогена средина,и резултатите се видливи...
Најпознат играч од босанскиот табор е секако Мирсад Терзиќ од Веспрем,кој за разлика од улогата која ја има во унгарскиот шампион каде игра само во одбрана,во селекцијата на Босна игра и во нападот и е прва опција позицијата на лев бек..
Како негова замена тука е новиот играч на ППД Загреб Душко Челица,кој зад себе има сериозна кариера во странство и сигурно ќе биде од големо значење за играта во напад...
Никола Прце од Азоти Пулави од Полска е уште една сериозна опција на Босанците за позицијата на лев бек...
Десниот бек Дејан Малиновиќ ќе ја пополни десната бековската позиција,играч на Францусиот Кретеј...
Иван Карачиќ,братот на вардарецот Игор Карачиќ е задолжен за организација на играта на Босанците,но неговиот настап е под знак прашање..
Искусниот пивот Мухамед Торомоновиќ,кој по богата кариера во Данска и Полска сезонава се пресели во француската лига и е соиграч на нашиот Борко Ристовски игра во голема форма,и еден од најважните играчи во играта на Босанците..
Владимир Врањеш од Пик Сегед е замената за Торомановиќ,играч со сериозна минутажа во ЛШ...
Десното крило на Германскиот Балинген,Фарук Вражалиќ е важна алка во играта во напад,еден од најдобрите стрелци во екипата....
Ален Овчина,играч на Катарскиот АЛ Шамал е прва опција на левата крилна позиција...
И на крај за голманите,Небојша Граховац од францускиот вторилигаш Шарте Метро е прва опција,како негова замена е Бенјамин Буриќ,голманот на Горење Велење,вицешампионот на Словенија...
Навидум екипа без големи звезди,но доста хомогена,уиграна средина,докулку се потценат ќе бидат сериозна пречка за сите селекции во групата...
Доколку одиграат на нивото од баражот со Исланд за очекување е дека имаат солидна шанса да ја пројдат групата....

Предвидувања:

Борба до крај за 4то место на табелата,заедно со селекцијата на Тунис...

3.Македонија


Она што нас најмногу не интересира е нашата селекција...
Искусен состав,кој добро се познава меѓу себе,засилен со еден од најдобрите десни бекови во Лигата на Шампиони,Ренато Вургинец...
Состав кој сеуште не го покажал својот полн потенцијал,сите очекуваме нашите момци да блеснат во полн сјај токму на ова Светско првенство...
Бараж двомечот со Грција,и почетните два мечеви од квалификациите за ЕП не се доволен тест за силата на оваа селекција..
Натпреварите во групата ќе бидат вистинско мерило за квалитетот на нашата селекција...
Радува формата на нашиот капитен Кире Лазаров,кој со својата Барселона гази се пред себе во Шпанската Асобал Лига и се наоѓа на првото место во својата група во ЛШ,а податок кој треба да не израдува е тоа што Кире е прв стрелец во шампионската лига...
Исто така уште еден важен дел од нашата игра,голманот Борко Ристовски бриљира со своите игри во се посилното француско првенство....
Со своите одбрани за тимот на Кретеј Ристовски се наоѓа во ТОП 5 листата на голмани со најголем процент на успешно одбранети удари кон неговиот гол...
Трета позитивна работа околу националниот тим е враќањето на Наумче Мојсоски по тешката повреда која го одалечи цели 8 месеци од терените.Мојсоски со своите настапи во Лигата на Шампиони,посебно на мечот со Ла Риоха покажа дека на него сериозно ќе мора да се смета...
Од друга страна со право многумина стравуваат за формата на репрезентативците на Металург,кои се најдоа во многу непријатна ситуација по кризата која го зафати Македонскиот
шампион,долго време не се тренираше,и екипата го загуби ритамот кој го имаше на почетокот на сезоната...
Сето тоа се одрази на резултатите на тимот,и на учиникот на нашите репрезентацивци,кои по заминувањето на странците мораа да играат со зголемена минутажа и да го изнесат целиот товар во Лигата на Шампионите..
Сето тоа резултираше со заморот кој ги стигна на крајот на полусезоната,ситната повреда на Миркуловски,за кого се надеваме дека повторно ќе биде оној стариот борец кој сите го познаваме...
Околу репрезентативците кои доаѓаат од Вардар,нема што многу да се каже,јавноста ги следеше настапите на Вардар во ЛШ и Сеха лигата и нема тука некои непознаници околу нивниот учинок..
Сите имаа лимитирани минутажи ,за разлика од минатите сезони кога го изнесуваа товарот на играта врз себе,што е сосема очекувано,со оглед на огромната конкуренција која ја има во вицепрвакот...
Вака на прв поглед кога ќе се погледне ростерот на Македонија се добива впечаток дека имаме коњи за трка на сите позиции освен на лев бек,позиција која долги години е главен проблем...
Но како и претходно очекуваме таа позиција солидно да ја покрие искусниот Наумче Мојсоски,а секако тука е Филип Лазаров,капитенот на Вардар....
Околу пласманот на нашата селекција,сите очекуваме без прблем нашите момци да ја минат групата,не само да пројдат во наредниот круг, туку и да бидат што подобро пласирани во групата и да добијат полесен противник понатаму.
Зошто реално,имаме квалитет да се носиме со сите селекции во нашата група..
Дури и селекторот на Хрватска,која важи за најголем фаворит за освојување на првото место во групата истакна дека најмогу стравуваат од силата на Македонија....
Со право очекуваме од нашите момци да не израдуваат со добар пласман...
Квалитетот е тука,со години се создаваше,и конечно последните неколку години таа работа вроди со плод,и не се случајни успесите на нашите екипи во ЛШ...
Нашите предвидување се дека нашите ќе завршат на второто место во групата,веднаш зад Хрватска...
Од исклучителна важност е отворањето на мундијалот...
Ни следуваат два мечеви со не-европските селекции...
Посебно е важен премиерниот меч,со најсилната селекција од Африка Тунис,меч кој мора да се добие....
Потоа ни следува меч со аутсајдерот во групата,и не се сомневаме во победа на нашата селекција...
Доколку отвориме со две победи на почеток,потоа ќе биде многу полесно да се игра...
Со селекцијата на Босна имаме позитивен биланс,реално квалитетот е на наша страна,па со право очекуваме полн плен од мечот со Босанците...
Во четвртото коло ќе играме за својата чест,да покажаме дека имаме селекција која може да игра рамноправно со секого ,па дури и со некогашниот светски првак Хрватска...
Тука нема што да изгубиме,можеме само да добиеме...
И во последното коло,ќе играме со нашите редовни “пациенти”Австријците,на кои полека но сигурно им набиваме комплекси во ракометната игра...
Меч кој е еден од најважните во групата,под претпоставка да стартуваме со 3 победи на стартот,тогаш победата над Австријците би била полна капа.
Но да одиме по ред...
Најважно е подготовките да поминат во најдобар ред,без несакани повреди,и максимално спремни да го започнеме учеството на 26тиот мундијал..
Останатото само ќе си дојде,никој не се сомнева во квалитетот на нашите ракометари,потребна е само добра анализа на противниците,добар пристап во мечевите и резултатите нема да изостанат....

Предвидувања:
Пласман на второто место во групата...

4.Австрија


Австријците доживуваат ренесанса во ракометот...
Предводени од Исланѓанецот Патрекур Јоханесон постигнуваат доста солидни резултати изминатите неколку години...
Со право кункурираат за пласман во наредниот круг...
Составот навистина делува солидно,микс на ракометари од домашното првенство,пред се од Фиверс,и ракометари кои настапуваат во Бундеслигата,ги има во поприличен број...
Лидер на тимот е искусниот плејмејкер Виктор Силаги,кој има 187 мечеви за националниот тим,убедливо најдобар стрелец на тимот со 853 постигнати гола за државниот дрес...
Негова замена е уште еден искусен ракометар,Витаутас Зиура,играч со многу натпревари зад себе,добар техничар,одличен изведувач на седмерци....
Од бековите вреди да се споменат,десниот бек Јанко Божовиќ,висок 204 см,со исклучително добар скок шут,заедно со Максимилијан Херман формираат сериозен тандем на десната бековска позиција,и се едно од најопасните оружја во нападот на Австријците....
Можеби најслаба од бековските позиции е левата страна,тука предност има 31 годишниот Роланд Шилингер,добро познат на нашата јавност...
Искусен ракометар,со 160 мечеви за Австрија,исклучително физички силен,со незгоден удар..
На линијата од 6 метри,имаат двајца високи и корупуленти ракометари,Фабиан Пош,и Маркус Вагесреитер,ракометари кои играат во домашниот Вест Виен...
Но пред се,,најголемата сила на Австријците кога се работи за нападите од внатрешната линија се крилата...
Робверт Вебер,десното крило на Магдебург има импресивна сезона во Бундес Лигата зад себе,Австриецот е еден од главните играчи во нападот на 4то пласираната екипата во најсилната лига на светот...
На другата страна,на левата крилна позиција е црномурестиот Раул Сантос,еден од главните играчи на Гумерсбах,исклучително брз играч,со префинета техника,и неверејатен репертоар на удари...
И на крај,на голот,уште двајца ракометари кои доаѓаат од Бундес Лигата...
Прва опција е Никола Мариновиќ,голманот на Гепинген,голман кој ужива голема репутација во Австрија,речиси цела кариера ја помина таму,и Австрија е негова втора татковина....
Има добра полусезона во неговиот тим,доста високо котираат во Бундес Лигата,заедно со Примож Прост добро го чуваат голот на Гепинген...
Висок голман,широк распон на раце и нозе,еден од најважните фактори во играта во одбрана..
Многу работи ќе зависат од него...
Томас Бауер е резервата за Мариновиќ,резервниот голман на Лемго.
Не се очекува да добие голема минутажа...
Севкупно земено,оваа селекција на Австрија заслужува максимален респект,и со право се еден од фаворитите за поминување на групата...

Предвидувања:

Сигурен пласман во наредната фаза,на второ или трето место во групата,во зависност од исходот од мечот со Македонија...

5.Тунис..


Редовен учесник на свестките првенства,години нанзад најдобар состав од црниот континент..
Со право многумина стравуваат од Тунижаните,покажале многу пати претходно дека можат да ги замрсат сметките на европските селекции...
Предводени од Босанецот Сеад Хасанефендиќ,тренер кој има имресивно бундеслигашко искуство зад себе,Тунижаните ќе бидат тврд орев за сите селекции во групата...
Играчите пред се доаѓаат од домашниот шампионат,надополнети со неколку интернационалци,кои настапуваат пред се во француското првенство,но има и неколку Тунижани кои играат во Катарското првенство...
Најпознат играч е пивотот на Монпеље Исам Теј,играч со огромно искуство зад себе,незаменлив член на шампионската генерација на Монпеље која години наназад владееше со францускиот ракомет...
Покрај Теј,тука Ваел Џалуз,левиот бек на Барселона,претходно беше во уште еден гигант,екипата на Кил,но не успеа да се наметне...
Играч со неверојатен скок шут,висок скок,доста незгоден за чување...
Да не го заборавиме Висем Хмам,играч со голем стаж во француската лига,долги сезони беше во Монпеље,заедно со Теј,има безброј титули во неговата колекција..
Моментално игра за СТ Рафаел,едно од најрпијатните изненадувања во Францускотопрвенство....
Најчесто игра во одбраната,во нападот предност има Џалуз...
Мора да се споменат играчите како Аноар Ајед,левото крило со речиси 700 постигнати гола за националниот тим,неговата замена Осама Бунгханми,играчот на Францускиот Тремблеј..
Десното крило Џаледин Тоуати игра во Данкерк,и еден од најдобрите стрелци на војата селекција...
Нa десен бек е Ајмен Хамед...
На позиција на среден бек,прва опција е Камел Алоуини,доста брз играч,со солидна техника...
Исклучитечно опасен тим,со неверојатни физички предиспозиции...
Од втор план ќе ја чекаат својата шанса да изненадат некоја од европските селекции,таа репрезентација која ќе ги потцени Африканците сигурно ќе се покае...

Предвидувања:

Се очекува да се борат со Босанците за 4тото место во групата..
6.Иран


Апсолутниот аутсајдер во групата...
Селектор им е Борут Мачек,кој има на располагање пред се ракометари од домашното првенство,со исклучок на неколку играчи кои доаѓаат од унгарското првенство...
Прва зведа на тимот е левиот бек Мохамедреза Рајаби,најдобариот стрелец на Иран..
Вреди да се споменат,централниот бек Алахкарам Естеки,Сајед Алиреза Мусавигалехмирзамани кој игра во Татабања во Унгарија,исто како и голманот Мохсен Бабасафариренани...
Состав кој се очекува да биде лесен залак за останатите 5 селекции во групата..
Но сепак,секој добар настап на ова светско првенство е плус за селекцијата на Иран,и самиот пласман на мундијалот е голема работа за Иран...

Предвидувања:

Последно место во групата,без ниту еден освоен бод...
 
Последно уредено од модератор:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.991
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:

Минимум второ место за сега.
Објективно гледано 1/4 финале е целта на првенствово, а зошто да не и повеќе..

НАПРЕД НАШИ КАТАР СЕ ПЛАШИ !

:oleee:

:oeoeoe:

Со Господ Напред ! :popce::popce::popce:

:tvg:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Македонија и Хрватска сигурни патници во групава, а по нив гласав за Тунис и Иран. Незнам оти во Катар баш овие две ми идат некако да ја поминат групата.
Гледајќи го нашиот тим од кои играчи е составен не би требало да има сомнеж за втор круг. Но се разбира очекувам медал, очекувам да се искараат меѓу себе поштено, да се препукуваат преку медиуми, Латас мршникот да го плука Кире на Сител како и минатиот пат и така натаму. Среќа Катар баш и не е популарен по алкохол и кафани, па веројатно ќе останат трезни.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Update..
Не собираше во воведниот пост,па сега ќе дополнам...
1)Околу салите во Катар
Мал куриозитет е тоа што натпреварите од сите 4 групи ќе се играат во 3 различни сали во 3 града...
Салата Ali Bin Hamad Al Attiiya во Ал Сад,со капацитет од 7700 гледачи....


Во оваа сала на 17ти јануари ќе се одиграат мечевите Австрија-Босна и Македонија-Иран..
На 19 јануари на програмата се средбите помеѓу Австрија-Тунис и Македонија-Босна...
На 21 јануари играат Босна-Тунис и Иран-Австрија...
Мечевите во групната фаза во оваа сала завршуваат со дуелите помеѓу Тунис и Иран и Македонија проти Австрија...

Мултинаменската сала во Лусаил е втората арена која ќе ги нагости селекциите од Б групата...
Салата е импозантно здание,ентериорот на арената е изграден од стакло обоено во боите на елементите кои го претатвуваат Катар:песокот,бисерите и морската вода...
Салата собира 15300 гледачи,и во неа ќе се одигра финалниот меч на шампионатот...
Салата во Лусаил ќе биде домаќин на само два меча од Б групата и тоа во првото коло од натпреварите...
Своите први мечеви во оваа сала ќе ги одиграат Босна која ќе се соочи со селекцијата на Иран,и во вечерниот термин нашата репрезентација ќе игра против Тунис....



Третата арена е салата во главниот град на Катар Доха,


Салата собира 5500 гледачи,во капацитетот на салата се вклучени ВИП ложите,2 тренинг сали,60 соби за играчите,ресторани и барови,посебно прилагодени простории за новинарите,ексклузувните претседателски простории,медицински центар,теретани,пливачки базен итн.....
Во оваа сала сите свои мечеви ќе ги одигра селекцијата на Хрватска,како носител во групата...
2)Околу составите....
http://www.ihf.info/IHFCompetitions/WorldChampionships/MensWorldChampionships/MensHandballWorldChampionshipQatar2015/TeamInfo/tabid/6972/Default.aspx
На следниот линк можете да ги видите целосните списоци на пријавени играчи....
Проширените списоци сигурно ќе се скратат,па некои селектори веќе го објавија конечниот список на патници за Катар...
Нашиот селектор се одлучи за следните ракометари:
Гомани:
1Борко Ристовски(Kretej)
2. Никола Митревски(Metalurg)
3. Петар Ангелов(Vardar)
Крила:
4. Дејан Манасков(Metalurg)
5. Гоце Ојлески(Metalurg)
6. Гоце Георгиевски(Metalurg)
7. Влатко Недановски(Vardar junior)
8. Златко Мојсоски(Prilep)
Пивоти:
9. Стојанче Стоилов(Vardar)
10.Никола Маркоски (Metalurg)
11. Ванчо Димовски(Metalurg)
Бекови:
12. Наумче Мојсоски(Metalurg)
13. Филип Лазаров(Vardar)
14. Ацо Јоноски(Metalurg)
15. Велко Маркоски(Metalurg)
16. Филип Талески(Metalurg)
17. Филип Миркуловски(Metalurg)
18. Немања Прибак(Vardar)
19. Кире Лазаров(Barselona)
20. Ренато Вугринец(Metalurg)
21. Никола Стојчевски(Redebergslids)
Славко Голужа ќе смета на следниот ростер:
Голмани:
1 Мирко Алиловиќ (Veszprem)
2. Иван Пешиќ(Meškov Brest)
3. Филип Ивиќ(PPD Zagreb)
Крила:
4. Мануел Штрлек(Kielce)
5. Иван Нинчевиќ(Bešiktaš)
6. Ловро Шпрем(PPD Zagreb)
7. Иван Чупиќ(Kielce)
8. Златко Хорват(PPD Zagreb)
Пивоти:
9. Игор Вори(PSG)
10.Жељко Муса (Kielce)
11. Илија Брозовиќ(PPD Zagreb)
Бекови:
12. Марко Копљар(PSG)
13. Лука Степанчиќ(PPD Zagreb)
14. Марио Вуглач(PPD Zagreb)
15. Дамир Бичаниќ(Chambery)
16. Иван Слишковиќ(Celje PL)
17. Јаков Гојун(PSG)
18. Сандро Обрановиќ(PPD Zagreb)
19. Јосип Валчиќ(PPD Zagreb)
20. Игор Карачиќ(Vardar)
И селекторот на Босанците излезе во јавноста со конечниот спосок на ракометари кои ќе ја бранат чест на Бих...
Голмани:
Небојша Граховац
,Бенјамин Буриќ,
Пеџа Дејановиќ
Петар Јокановиќ,
Крила:
Мирко Микиќ
Ален Овчина
Ведран Делиќ,
Фарук Вражалиќ
Мухамед Зулфиќ.
Бекови:
Никола Прце,
Душко Челица
Мирсад Терзиќ
Иван Милас
Коста Савиќ
Дејан Малиновиќ
Иван Карачиќ
Стефан Јанковиќ,
Јосип Петриќ.

За другите селекции,засега нема инфо...
Но сигурно за брзо ќе се дознае....

4)http://www.qatarhandball2015.com/
Официјалниот сајт на шампионатот....
Доста корисни информации има....
За подобро следење на првенството,посебно за љубителите на ракометот во нашата земја ги препорачувам следните линкови од портали кои се специјализирани за ракомет...
http://www.balkan-handball.com/
http://handballme.me/
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Јас реално очекувам ние да бидеме на врвот на целото ова дешавање.
Иначе кои четири би требало да ја поминат групата........ Македонија и Хрватска, дефинитивно, а после нив Босна и Тунис...:)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Што му е филмот на тој Голужа што не го земал Сулиќ бе?
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.250
Поени од реакции
5.361
Од Хрватска и Тунис губиме 100 % . Со Босна ќе се мачиме и мислам дека и тие ќе не плеснат и за пролаз ќе ни зависи од последната со Австрија. За неа шансите се 50-50 а јас искрено се надевам дека ќе не плеснат и да не ги гледам поќе ''звездите'' во репрезентација вклучувајќи го и Лазаров.
п.с. Од мене сингл, првата пишете на Тунис и :свиркам:
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
482
Поени од реакции
501
Томасино,зошто споменуваш префрлање на бодови кога од вториот круг се играат елиминациони 1/8 финални утакмици??
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Томасино,зошто споменуваш префрлање на бодови кога од вториот круг се играат елиминациони 1/8 финални утакмици??
Грешка;)
Така е кога во 2 по полноќ пишам километарски текстови...
Фала за исправката...:ајнапиво:
@Коњаникот Сабја
Ќе замолам за корекција на текстот;),да нема забуни...
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.603
Катастрофа сме, дали едвај ќе ја поминеме групава. Израел едвај ги тепавме
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Катастрофа сме, дали едвај ќе ја поминеме групава. Израел едвај ги тепавме
Која би била поентата да растуриш некој во рпијателски меч?Форсирање и повреди?
Инаку гледајќи ги презимињава на Иранциве ќе биде интересно Игорче ако го коментира баш дуелот со Иран.
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.386
Поени од реакции
3.808
Која би била поентата да растуриш некој во рпијателски меч?Форсирање и повреди?
Инаку гледајќи ги презимињава на Иранциве ќе биде интересно Игорче ако го коментира баш дуелот со Иран.
Нема да коментира Игорче сигурно зошто МТВ ќе пренесува не Сител.
 
Член од
23 јули 2014
Мислења
575
Поени од реакции
111
http://24rakomet.mk/марковиќ-го-соопшти-списокот-од-20-рако/
Селекторот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Драган Марковиќ го соопшти дефинитивниот список од 20 ракометари кои ќе отпатуваат во Катар,а бидејки БиХ своите подготовки ќе ги одработи во Катар, Марковиќ тамо ќе се одлучи за дефинитивниот список од 16 ракометари ќе ги бранат боите на Босна и Херцеговина на престојното СП.


Тројца ракометари отпаднаа од поширокиот список па така во Катар нема да патуваат голманот на Босна, Петар Јокановиќ, Ведран Делиќ и Игор Мандиќ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom