СП 2015 Катар - Група А (ESP, SLO, BLR, BRA, CHI, QAT)

Кои четири репрезентации ќе ја поминат групата?


  • Вкупно гласачи
    35
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
0_153_638x320 Q15-MASTER-A-ENG-CMYK.jpg

So, it begins.

Се наоѓаме на дваесетина дена пред почетокот на новиот ракометен мундијал кој ќе се одржува во Катар. Ова е втор пат собирот на најдобрите ракометни селекции да се одржува во Азија, осумнаесет години по првенството во Јапонија, 1997 година. Како и што е лесно претпоставливо, одржувањето во Катар го прави и досега најскапо, барем според најавите и амбициозноста на домаќините кои сепак малку зарѓаа со работите па така најголемата сала беше довршена пред само една недела.

Несвојствено за ваквите настани, ова првенство ќе се одржи речиси во ист град и само три сали. Две од нив се во Доха, а едната е во Луссаил. Место кое е на дваесет километри од метрополата моментално претставувајќи некаков тип на нејзина периферија и предградие, но и место да постане нов град резиндецијален град по теркот на нафташките стандарди.

Иако географски наликува на Данска (барем во полуостровот и неговата северна насока), ракометно Катар е далеку од тоа. Но како и во секој спорт, а и општествено поле, богатата земја прави напори да се „презентира“ и на ова поле. Така и ја добива организацијата на ова првенство, кое кроз богатата финансиска подлога треба да го подигне квалитетот на ракометот.

Но како што реков, на ова првенство ќе се игра само во три сали, нема да има класично „седиште на група“, каде што мечевите од една група се играат во еден град односно една сала, па затоа ќе го прескочам претставувањето на салите (кое можеби ќе го претставиме во друга тема).

Да минеме на главното, репрезентациите.

Ждрепката сакаше во оваа група освен домаќинот да играат и актуелниот светски првак Шпанија, ајварокрадците Словенија, друштвото на Рутенка (Белорусија) и две јужноамерикански селекции кои да беше ова фудбал би ја сочиниле и можеби најсилната група - Бразил и Чиле.

Одиме со ред, градирајќи според континентот на кој припаѓаат.



Шпанија
Актуелниот светски шампион и носител на бронзен медал од минатогодишниот еврособир е без дилема еден од главните фаворити за атак, односно во нивниот случај одбрана на тронот. Во групата А доаѓаат да го сретнат нивниот миленик Валеро Ривера и во релативно лесната за нив група да се загреат и го обезбедат првото место.

Водејќи се по нивната тимска и шаренолика игра, тешко е да се одвои еден предводник на теренот. Всушност, подобро кажано, во тимот на црвената фурија има играчи од кои можат да се сочинат два комплетни тима кои би имале идентичен квалитет, со сигурност подобар од половина екипи кои ќе настапат на ова СП.

Би почнал со крилата, кои традиционално се нивниот најчест егзекутор во нападот. Брзоногите Виктор Томас и Алберт Рокас на десната и Кристијан Угалде и Валеро Ривера Џуниор на левата страна, се убиствени не само во контрите и полуконтрите, туку и во изградените позиции од подолг напад.

Како што е и обичај, најголема заслуга за головите на крилата од контранапади има одбраната. Џиновската одбрана на Шпанија предводена од Гвардиола, Македа, Виван Морос, Кањелас, Ентрериос знае да делува компактно и брзо да транзитира во напад. Кога на тоа ќе го додадеме фактот дека на голот на Шпанците стои Арпад Штербик, сето тоа делува застрашувачки. Негова замена би требало да биде Гонзало Перез Варгас, широко фалениот талент кој сезонава го замени на голот на Барселона.

Како и во останатите делови од теренот и бековската линија на Шпанците делува моќно. Ако во екипата нужен е еден мотор, кај Шпанија има три. На срцето на теренот на располагање ги имаат ветераните Шема Родригез и Раул Ентрериос, заедно со најдобриот стрелец од ланското европско првенство - Жоан Канељас.

Секако, иако тројцата се изворно средни бекови, често еден од нив игра на левата бековска позиција, на која Шпанија освен нив ги има Виван Морос и Гарсиа Робледо. Што се однесува до леворакиот дел на бековската постава, тука се вардаровиот дијамант Алекс Душебаев и неговиот потенцијален колега Жорге Македа.

На линијата од шест метри неприкосновен е Агинагалде, додека неговите замени според последните информации се соочуваат со повреди па така неговата замена ќе се бира во еден од Гвардиола, Андреу и Баења.


Тренер:


Маноло Каденас е човекот кој ќе ја има (не)благодарната улога да го одбрани златото освоено пред две години. Тој на клупата на Шпанија пристигна во 2013. година и на неговиот прв голем настап, лани, го освои третото место на ЕП во Данска. Во кариерата ги освоил сите големи трофеи во Шпанија со Барселона, Ваљадолид и Адемар Леон, во последниот клуб останувајќи најдолго дури 12 години. Исто така е и двократен освојувач на КПК. Моментално освен селектор е и тренер на полскиот вицешампион Висла Плок.

Што би кажале за Шпанија?
Перо Момировски: Нема, нема саба точка во џиновскиот состав на фуријата.
Игроче: Ќе биде ова почитувани гледачи удар на ученикот и учителот (нема врска) Валеро Ривера и Маноло Каденас!
Видевски: Штотуку наидов на еден податок дека Алберт Рохас е најпрецизниот ракометар на Шпанија со верувале или не 555 погодоци.





Словенија

И „Скандинавците од Балканот“ на овој мундиал доаѓаат со добри спомени од минатиот каде го остварија својот историски најдобар успех, освојувањето на четвртотото место.

Екипата која доаѓа тука е речиси истата од минатото првенство па затоа амбициите на Словенците не се мали, односно сакаат повторување на успехот иако велат дека конкуренцијата овојпат е многу посилна.

Словенскиот стил на брза игра е познат и на ракометните лаици. Изградени напади што брзо завршуваат, неверојатно брза трансформација и брзи и набиени играчи - финтери се нивните главни одлики. Доминира зборот брзо, заради што и го имаат добиено гореспоменатиот прекар.

Голманската тројка од која би требало да отпадне еден, ја сочинуваат ветеранот Горазд Шков, Примош Прозт и Матевж Скок, голмани кои бранат во Нант, Гепинген односно Целје.

Како и кај Шпанците и во играта на Словенците крилата доаѓаат офанзивно до силен израз. На страничните позиции Словенија ги има Жвижеј и Шпилер на левата, односно Гајиќ и Маргуч на десната. Во поширокиот список повикани се и Симон Разгор и Марио Шостариќ но тие би требале да бидат резервен избор во случај на повреда на некој од претходните.

Повратник во селекцијата е нам добропознатиот Миладин Козлина кој е тука да ја засили одбраната но и да го замени можното значајно отсуство на Борут Мачковшчек, младиот словенски талент. Со тој сплет на околности во напдот на левата бековска позиција би требало да се префли Себастијан Скубе.

На центарот на теренот неизвесно е играњето на ветеранот Урош Зорман, кој минутажата би требало да ја подели со Марко Бежјак и Деан Бомбач. На десната бековска линија ќе оперира дуото од Монпеље - Вид Кавчиник и Јуре Доленец, вториот воедно и најдобриот стрелец на Словенија од минатото СП.

Најмлади Словенците се на пикерската линија, каде триото би требало да е сочинето од Жвижеј, Габер и Бундало, сите тројца кои настапуваат во силната француска лига.

Тренер:


Борис Дениќ е човекот кој го донесе најголемиот успех на словенскиот ракомет. На клупата седна во 2010 година, зенитот го достигна со четвртото место во 2013, но имаше турбулентен период лани по неуспехот да се пласира на ЕП, по што понуди оставка која му беше одбиена. Федерацијата има доверба во него и нивната цел е овој тим да го одведе на ОИ во Рио. Во меѓувреме беше тренер на Динамо Минск, а по неговиот распад замина во Марибор каде што и моментално е тренер.

Што би кажале?
Игорче: Овој Кавтчиник, ако добро му го прочитав името е поливалентен играч кој може да игра и на десен бек и на десно крило.
Перо: Нема, нема играч над два метри во овој состав на Словенија, звучи неверојатно но највисоки играчи им се пикерите.
Видевски: Штотуку наидов на еден податок дека Јуре Доленец беше еден од најдобрите стрелци на минатото СП.


Белорусија

Се чини дека конечно и тимот на Белорусија фати „приклучок“ кон големите ракометни настани. Ова ќе им биде трет врзан настап по СП 2013 и ЕП 2014. И на двата настана имаа просечен настап завршувајќи на 15. односно 12. место.

Подемот на Динамо Минск и Мешков Брест беше можеби клучниот фактор за преродбата во белорускиот ракомет. За жал, тимот на Динамо Минск доживеа банкрот, што го разбранува дуополот кој владееше во изборот на селекцијата. Иако и во моментов, доминираат играчи од Мешков и најтрофејниот белоруски тим кој беше во сенка за текот на постоењето на Динамо, а тоа е СКА Минск.

Ако ја опишуваме целината, таа е слична на нашата, македонската. Тим сочинет од една суперѕвезда, неколку добри и неколку просечни играчи. Само што наместо Кире Лазаров тука е неговиот клубски колега Серхеи Рутенка.

Човекот кој прво настапуваше за Словенија, во 2010 се реши да се врати на својата матична репрезентација. Играч од непроценливо значење за својата репрезентација, алфа и омега во тимот. Покрај него се издвојуваат и неколкуте ракометари на Мешков кои годинава имаат силно „champions league“ темпо.

Тука пред се мислиме на Дмитри Никуленкау, плејмејкерот кој треба да го растовари Рутенка и да реагира од втор план, пред се искористувајќи ја неговата уиграност со клубскиот колега Максим Бабичев на пикерската линија. Освен со пикерот, има одлична соработка и со Камшјук и Рутенка на крилните позиции. Десно од него се наоѓа уште еден бек на Брест, односно Серхеи Шилович.

Нивни замени и конкуренти вредни за споменување се и Тсито и Шумак на пикер, Борука и Баранау на крило и Пихотски и Астрапау на бек.

Местото меѓу стативите е резервирано за уште еден член на Брест - Виталиј Чарапенка.

Тренер:
И на третиот последователен континентален/мундонастан покрај аут линијата ќе биде Јури Чветсов, искусниот тренер кој во кариерата го има тренирано и тимот на Рајн Некар Ловен.

Што би кажале?
Видевски: Штотуку наидов на еден податок дека и на минатото СП Белорусија и Словенија беа во иста група.


brasl.PNG
Бразил

По дебаклот од Германија н... уствари не, тоа беше друго.

Ракометот во Бразил е популарен, но на плажа. Овој „нормалниот“ доби на публицитет лани кога женската ракометна селекција се закити со светското злато. Сепак и машкиот тим колку толку, барем е редовен учесник на светските првенства и чест освојувач на медали на пан-американските игри.

Гаучосите (заедно со Аргентина) се најредовниот учесник на мундијалите во редот од американските територии. На ова СП доаѓаат како сребрени од Пан-Американските игри, каде што загубија токму од Аргентина. Ова ќе им биде дури единаесетти врзан настап. На минатото СП, за првпат успеаа да ја минат групната фаза и завршија на 13. место.

Во селекцијата која е воглавно сочинета од анонимни ракометари кои настапуваат во домашното првенство, се одвојуваат оние кои играат во грото шпански клубови. Воглавно тоа се млади и талентирани играчи кои во Евроап се на проба дали можат да успеат да играат на највисоко ниво. Во прв план е Жоао Силва, младиот бек на Адемар Леон, кој е сметан за еден од најталентираните играчи во Шпанија во овој момент.

Покрај него се и дуото кое настапува за Гвалдахара - Фабио Чуфра и Александро Позер, Толедо и Грама од Грањолерс и некој што скоро стапнал и во Македонија, Тиаго Сантос, левиот бек на Логорњо Ла Риоха.

Сепак, најпознатите двајца бразилски ракометари моментално настапуваат во домашното првенство. Тоа се голманот Маик Сантош и десниот бек Фернандо Пачеко Фиљо. Искусниот двоец треба да биде предводникот на овој тим на ова СП, но тим кој зенитот сака да го достигне на Олимписките Игри во Рио, на домашна почва.

Тренер:
На клупата на Бразил се наоѓа Џорди Рибера, тренерот од шпанско потекло кој очигледно досега сосема солидно ја извршува работата. Беше предводник и на јуниорскиот тим на Бразил на мундијалот за млад во 2013 година, каде за малку не постана полуфиналист. По негова препорака и врски гореспоменатите млади Бразилци заминаа во Шпанија да го челичат талентот и да се подготват за Олимпијадата.

Што би кажале?
Игорче: Бразил и Чиле се сретнаа на минатогодишното пан-америчко првенство, каде што пред три години ги коментирав од лице место настапите на македонската кошаркарска репрезентација.




Чиле
Чилеанците се релативно латиноамериканскиот тим со најмала традиција на светские првенства. Нивниот поход почна во 2010, а од тогаш ова им е веќе трето сврзано првенство. На претходните две имаа „скромен“ настап завршувајќи на претпоследното место. Го паметиме нивниот меч со нашата селекција пред речиси две години во Шпанија, каде ги победивме „едвај“ со два разлика. На ова СП доаѓаат како третопласирани на пан-америкаснките игри, каде во полуфиналето загубија токму од Бразил.

Најпопуларен ракометар во чилеанскиот состав е несомнено Марко Онето. Пикерот кој неколку сезони настапуваше за Барселона со која го осови и трофејот во Лигата на Шампионите во 2011та, е предводникот на преродбеничката генерација. Моментално настапува во Бундеслигата за тимот на Минден а до лани беше член на Магдебург.

Освен него ударна сила е и леворакиот голгетер Родриго Салинас кој настапува за романска Стеауа, а кој и нам лани ни бапна седум гола. Трета виолина во тимот искусното десно крило Фелипе Маурин.

За издвојување се и младите Андрес Адема и Диего Рејес кои ја делат минутажата на левата бековска позиција.

Заедничка точка со нашата селекција е што и тука настапуваат неколку пара браќа, то ест по двајца Салинас, Диаз и Бариентос.

Тренер:
На клупата на Чиле стои Фернандо Капуро за кој ни мајка му нема информации.

Што би кажале?
Перо: Нема, нема Чиле победа врз Бразил и Катар на светските првенства, два меча, два пораза!


Катар
За крај и домаќинот Катар. Богаташите се решија освен во организацијата, пари да фрлат и во натурализацијата. Веќе подолго време на овие територии се игра таканаречениот „Глобален куп“ во кој настапуваат најдобрите клубови од сите континенти, а често за катарскиот клуб играат „позајмени“ ѕвезди од европските најдобри клубови.

Трендот на позајмување го префрлија во националниот тим каде воглавно настапуваа ракометари со потекло од балканот кои не успеале да изборат место во своите матични репрезентации. Тој тренд доби на тежина откако за тренер го ангажираа легендарниот Валеро Ривера. Ангажирањето на Ривера пак, се чини го донесе и првиот успех а тоа е победата на Азискиот шампионат годинава, каде во финалето го совладаа Бахреин.

Последен во низата натурализирани е Даниел Шариќ, кој интересно е и единствениот кој не настапува во катарски клуб. Освен него „дебитанти“ во дресот на Катар ќе бидат и десните бекови Жарко Марковиќ и Жорге Луис Лопез, познати имиња во европскиот ракомет, особено првиот кој важеше за еден од најталентираните десни бекови, неодамнешен член на Металург. Од „староседелците“ треба да се споменат крилата Елдар Медишевиќ и Хамад Мамади.

Тренер:



Што да се каже за Валеро Ривера, една од најголемите тренерски легенди во ракометот. Предводник на најголемата победничка серија на еден клуб во Лигата на Шампионите, серијата на петкратно освојување со Барселона во крајот на деведесетите години од минатиов век и освојувач уште безброј титули во шпанското првенство. Селектор и моментален носител на светското злато кое го освои со неговата матична Шпанија, со која освои и бронза на првенството во 2011 година.

Напомена: Составите се сеуште преилиминарни и пошироки, па може да претпрат измени во случај на нечија повреда на подготвителните натпревари кои стартуваат викендов.

Пријавените состави можете да ги погледнете тука:
http://www.ihf.info/IHFCompetitions/WorldChampionships/MensWorldChampionships/MensHandballWorldChampionshipQatar2015/TeamInfo/tabid/6972/Default.aspx

Распоред:

raspo.PNG

Бујрум! :D
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Шпанија 10
Словенија 8
Катар 5
Белорусија 4

Бразил 3
Чиле 0
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.291
Вамос Шпанци, се надевам второ место ќе завршите на Светсково (y)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.689
abe grupata kaj sto igra makedonija stave te ja sto e ova gluposti...
За сите групи ќе се отвори посебна тема. Има време до стартот на првенството, во наредниве 24 часа ќе бидат отворени сите теми. Почитувај го трудот на членот кој се потрудил да состави одличен вовед во темата. Светското првенство не е само настапот на Македонија, па ако не си ракометен љубител воздржи се од вакви коментари. Следно вакво шерифување, ќе следи казна.
 
Последно уредено:

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
brazil, spanija i slovenija sigurno idat dalje, samo za toa 4to mesto ne znam bas koj ke ide ....
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
:kuracc:

Намерно беше, за да видам дали ќе чита некој усвари. :icon_lol:
Ај треќа шанса за играчот на Монпеље Вид Ка...ниеднаш не го пиша како треба :pos:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ај треќа шанса за играчот на Монпеље Вид Ка...ниеднаш не го пиша како треба :pos:
Игорче: Овој Кавтчиник, ако добро му го прочитав името е поливалентен играч кој може да игра и на десен бек и на десно крило.
Џабе, штом и Игoрче не му го прочита. :kuracc:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Шпанија сигурно прва, Чиле сигурно последен. Останатите 4 ќе се борат за 2-5то место. Искрено не знам што да очекувам од групата. Словенија е јака и се надевам дека ќе ја избегнеме во вкрстувањето (мислам дека воопшто не ни одговараат тие). Ама не се до толку јаки за да се сигурно 2ри. Катар е енигма. Или ќе бидат главно изненадување или страшно ќе потфрлат. Белорусија и Бразил се ок ама ништо посебно. Слично како и во нашата група и во оваа можни се комплицирани ситуации на табелата бидејќи ќе има интересни резултати и взаемни победувања и нерешени средби.

Надежта за Македонија е дека ќе вкрсти со оној од двоецот Бразил-Белорусија кој ќе ја мине групата. Да се надеваме дека нема да биде потребно 1во место за тоа.

П.С: Мислам дека се има развиено мал ривалитет со Белорусија па така тоа би бил топ дуел.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
@ElNinho Миха Зарабец не е во составот?????? :(
Не, Зорман добива шанса на ова СП да се прости од репрезентацијата.

Последниот список од 19 играчи на Дениќ е:

GOLMANI: Škof Gorazd (HBC Nantes – FRA), Matevž Skok (RK Celje Pivovarna Laško), Prošt Primož (Frisch auf Goppingen – NEM).
LEVA KRILA: Žvižej Luka (RK Celje Pivovarna Laško), Špiler David (HC Meshkov Brest – BLR)
LEVI BEKOVI: Cehte Klemen (PAYS D’AIX – FRA), Skube Sebastian (Bjerringbro Silkeborg – DAN), Miladin Kozlina (GWD Minden – NEM)
SREDNJI BEKOVI: Zorman Uroš (KS Vive Targi Kielce – POL), Bezjak Marko (Magdeburg – NEM), Bombač Dean (Pick Szeged – MAD),
DESNI BEKOVI: Dolenec Jure (Montpellier – FRA), Natek Jure (SC Magdeburg – NEM), David Miklavčič (RK Celje Pivovarna Laško)
DESNA KRILA: Gajič Dragan (Montpellier – FRA), Kavtičnik Vid (Montpellier – FRA),
PIVOTMENI: Žvižej Miha (Fenix Toulouse – FRA), Bundalo Uroš (Tremblay – FRA), Blaž Blagotinšek (RK Celje Pivovarna Laško),
Играат јак турнир викендов. Балканските скандинавци против „вистинските“, Данска, Исланд и Шведска. Губат од Данска на полувреме дебело во моментов. :D
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
841
Поени од реакции
504
Има ли некаква информација дали Штербик ке настапи на ова првенство или дефинитивно отпадна од конкуренција??
 
А

Атомската мравка

Гостин
Шпанија прва, Словенија втора, трето Белорусија и за 4 ќе се борат Бразил и Катар.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Има ли некаква информација дали Штербик ке настапи на ова првенство или дефинитивно отпадна од конкуренција??
По се изгледа нема да настапи, со оглед на тоа што сеуште го нема во составот на Шпанците.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom