СП 2014 - 1/4 финале | Аргентина - Белгија | 05.07.2014 (18:00)

Која репрезентација ќе си оди дома?


  • Вкупно гласачи
    64
  • Гласањето е завршено на .

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
СП 2014 - 1/4 финале:

Argentina-vs-Belgium-2014-World-Cup-Quarter-finals-Football-Wallpaper.jpg
Аргентина - Белгија
05.07.2014 - 18:00
Национален стадион, Бразилија

Судија: Никола Рицоли (Италија)

Тема за третото 1/4 финале на ова СП. Тука ќе се сретнат репрезентациите на Аргентина и Белгија. Еден Аргентински весник го опиша овој дуел како битка на Бог (алудирајќи на Меси) и Ангелот (Ди Марија) против ѓаволите - прекарот на репрезентацијата на Белгија. Ќе се игра од 13 часот па локално време, па можеби и временските услови ќе имаат улога на овој натпревар. Победникот од овој натпревар во 1/2 финале ќе се сретне со победникот од вечерашниот меч помеѓу Холандија и Костарика. Да одиме со една мини анализа на двата тима бидејќи и немаме многу време до почетокот на мечот.


Аргентина

argentina.jpg

Репрезентацијата на Аргентина беше во една од најлесните групи на ова СП заедно со Босна, Иран и Нигерија. Аргентинците беа апсолутни фаворити во оваа конкуренција и тоа го потврдија освојувајќи ги максималните 9 поени. Стартуваа со рутинска победа над Босна од 2-1, потоа имаа многу тежок напревар против Иран каде тепаа едвај, па би кажал и незаслужено. Иранците пружеа супер отпор се до последните моменти од натреварот, кога Лео Меси со одличен гол од дваесетина метри ја донесе победата на својата репрезентација. Во третото коло во еден интересен натпревар против Нигерија славеа со 3-2 и со тоа го загарантираа првото место во групата Ф. Во 1/8 финалето ги чекаше репрезентацијата на Швајцарија, која заврши втора во групата Е. Гледавме меч сличен како оној со Иран, но тука Швајцарците издржаа до крај. Мечот заврши 0-0 во регуларните 90 минути, па гледавме продолженија. Продолженијата поминаа во исто темпо и кога сите се спремавме за пенали Анхел ди Марија со гол во 118тата минута и донесе победа на репрезентацијата на Аргентина и ја однесе во 1/4 финалето.

Главен играч на Аргентина е несомнено Лео Меси. Фудбалерот на Барселона конечно си ја врати формата и е најдобар стрелец на неговата репрезентација со постигнати 4 голови (и една асистенција). Аргентинската јавност очекува Меси да продолжи по стапките на славниот Марадона и конечно да ја донесе титулата во Аргентина после 28 години.

Неколку факти:
  • Аргентина последен пат го поминала 1/4 финалето на едно СП во 1990
  • досега имаат доживеано 4 порази во 1/4 финалињата (1966, 1998, 2006 и 2010)
  • Агуеро е надвор од овој натпревар поради повреда


Белгија


belgija.jpg
Белгија исто така беше во релативно лесна група заедно со Алжир, Русија и Ј.Кореја. Исто како и Аргентина и Белгијците ја завршија групната фаза со 3 победи на трите натпревари. Прво го победија Ажир, откако губеа 0-1, па со головите на Фелаини и Мертенс успејаа да го свртат резултатот. Во второто коло Ориги со гол во 88мата минута од мечот им донесе победа од 1-0 во еден екстра досаден натпревар, за на крај како веќе сигурни 1/8 финалисти со својот втор тим и со играч помалку после црвениот на Дефур во 45та минута да ја победат и Јужна Кореја со минимални 0-1. Во 1/8 финалето играа со репрезентацијата на САД, која беше второпласирана во групата Г. Би кажал дека ова беше натпревар со 2 лица. Првото полувреме не беше ништо посебно, но како се приближувавме до крајот мечот стануваше со повозбудлив. Сепак ни едниот ни другиот тим не успеја да даде гол во 90та минути, па мечот отиде во продолженија. Тука на самиот старт влезе Лукаку и веднаш внесе додатна свежина во репрезентацијата на Белгија. Прво самиот се избори за одличен напад на Белгија и му асистираше на Де Брујн кој го отвори натпреварот, а неколку минути подоцна и се запиша во листата на стрелците за прв пат на ова СП зголемувајќи го водството на 2-0. До крај Американците постигнаа почесен погодок, но тоа не беше доволно за да го спречат пласманот на репрезентацијата на Белгија во 1/4 финалето.

На претходната тема спомнав дека повеќе очекувам од Хазард и Лукаку во нокаут фазата. Најискрено Хазард повторно не ми остави некој голем впечаток, но Лукаку дефинитивно изигра во далеку подобро светло и сметам дека ќе биде сигурен првотимец на овој натпревар. Баш од нив двајцата очекувам најмногу денеска и сметам дека се способни да и донесат победа на својата земја и пласман во 1/2 финалето.

Неколку факти:
  • Вермален најверојатно нема да настапи на овој меч поради повреда на задната ложа
  • Ова е прво 1/4 финале на Белгија после 1986, кога славеле против Шпанија на пенали
  • Белгија има само еднаш настапувано во 1/2 финалињата, токму во 1986та и биле елиминирани баш од репрезентацијата на Аргентина
  • Белгија оди по својата прва титула - Шампион на Светот


Head-to-Head

h2h.jpg

Стадион

2378576_full-lnd.jpg

Национален Стадион на Бразил
град:
Бразилија
капацитет: 69.349​
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Ама малце напиша :D

Сакам Белгија да тепа, ама ќе се спаси Аргентина поради искуство.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
Ама малце напиша :D

Сакам Белгија да тепа, ама ќе се спаси Аргентина поради искуство.
Tребаше повеќе бе, планирав да пишувам нешто повеќе во делот Х2Х, па и да најдам некое видео, ама ајде за 1/2 финалето. :D[DOUBLEPOST=1404568903][/DOUBLEPOST]@The Procrastinator има аргентинци на аватар а гласал против нив на анкетата. :D
 
Последно уредено:
Член од
5 мај 2013
Мислења
1.239
Поени од реакции
1.440
Па нормално ќе гласа против нив, анкетава си ја направил ко puzzle game mind fuck. Добро, со исклучок на интелигенцијата на форумов која може да ја сфати.
 
Член од
5 мај 2013
Мислења
1.239
Поени од реакции
1.440
Јас секако не гласам, нека читаат гласачите. :icon_mrgr:
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Аргентина ќе си оди дома, ама после финалето со трофејот во рацете :D
 
R

Rigel Kent

Гостин
Сите ќе одат дома , кој порано кој покасно. :icon_lol:
 
Член од
5 мај 2013
Мислења
1.239
Поени од реакции
1.440
Аргентина ќе си оди дома, ама после финалето со трофејот во рацете :D
Сите последни 4 екипи си одат дома после финалето. Така да по ова што го пиша може да испадне Аргентина да е и четврто место. :LOL:

Едит: Ах ме заеба, си го едитирал мислењето. Пеерче. :(
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Прочитав дека имало некоја анализа за како има некој pattern кај противниците на Аргентина цело време. И како сите стадиони на кои играле им се во околината додека сите противници морале да доаѓаат од подалеку. Има некој сретнато нешто вакво? :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Прочитав дека имало некоја анализа за како има некој pattern кај противниците на Аргентина цело време. И како сите стадиони на кои играле им се во околината додека сите противници морале да доаѓаат од подалеку. Има некој сретнато нешто вакво? :D
јас прочитав дека се репрезентација со најмалце пропатувани км ама на Твитер беше негде
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Кога Аргентина апсолутно ништо не играше против Швајцарија која беше дефанзивно орјентирана а кога прицнаа да напаѓаат после голот на Ди Мариа направија две шанси, тогаш сега без Рохо кој му е стандарден лев бек и плус повеќе од пола играчи искарани со селекторот Сабела очекувам да изгубат од Белгија во регуларниот тек од натпреварот..

Белгија е поквалитетна дефанзивно и далеку поцврста репрезентација од Аргентина која се наклопнува на квалитетите на Ди Мариа и Меси..Аргентина е мека екипа и лесно му се прави шанса па посебно со брзи поединци како Хазард,Де Брујне,Мертенс мислам дека ќе примат 2 голчиња..

Не гледам како Аргентина ќе му направи пресинг или пак ќе ја притисни Белгија со оние играчи што ги има...чиста двојка според мене
 

Kajgana Shop

На врв Bottom