СП 2014 - 1/2 финале | Холандија - Аргентина | 09.07.2014 (22:00)

Која репрезентација сакате да ја видите во големото финале?


  • Вкупно гласачи
    140
  • Гласањето е завршено на .
R

Rigel Kent

Гостин
Не сакале да шутираат двајца играчи (не знам кои) па тогаш Ван Гал му рекол на Влар да оди да шутира.
Нели претходно се составува листа од изведувачи по редослед и се доставува до судијата или јас сум грешка? :)
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Мое видување на утакмицава, Аргентина искрено мислев дека ке беше на пат сега за Буенос Ариес, но ме изненадија што тактички одиграа на ниво на Холандија што првпат се случи на ова светско, го неутрализираа нападот на Холандија кој што не е така лесно да го направиш тоа покрај Робен, РВП, секако заслужено идат даље, играч кој искина од кај Аргентина Маскерано одамна несум го гледал вака да ора по теренот, додека за Низоземциве Кајт човече тој човек мислам дека незнае да застане да трчиод секогаш сум ценел ваков тип на играчи, како и да е за финале сакам Аргентина да тепа ги нејќам Немциве од повеќе причини, но свесен сум дека се класа појаки и дека имаат повеќе шанси.
 
C

Castiel

Гостин
Ви реков да не рипате пред време за ван гал и да почекате малку со величењето...Секако дека холандија нема нешто екстра квалитетен тим ама нема ни Аргентина реално гледано...Само што Аргентина го има Меси ама па и тој немаше сјајна сезона ама мајстор е и знае со потег да реши натпревар...Исто да него заборавиме и Агуеро мада он беше повреден...другото горе доле слично по квалитет на холандија...доволно говори фактот што демикелис им игра назад :facepalm:. Кај холандија пак има екстра квалитет во Робен и РВП ама пак лошата тактика на ЛВГ вчера не им овозможи да дојдат до израз...И да Робен да не беше толку себичњак ќе поминеа подобро...ајде против Коста Рика имаа среќа на пеналите...ама 2 пати иста песна не пали... Во финалето очекувам лесна победа на Германија...едноставно се прејаки и во последни неколку првенства освен Италија никој друг неможе да ги исфрли ...како и да е имаат ден повеќе одмор од Аргентина башка што овие 2риве играа 30 минути плус...би го сметал за големо изненадување доколку аргентина освои...Ако Јоаким игра со иста тактика како со бразил и иде по концептот на пеп со баерн очекувам да освои ...па и заслужуваат конечно мислам дека 4 или 3 првенство по ред се во полуфинале и годинава е нивна за освојување....а и заслужено имаат најквалитен состав како целина и го имаат најдобриот голман на светот...како и да е нема да гледано досадно финале...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.135
Поени од реакции
107.416
Не е дека го правдам Ван Гал, напротив, 100 пати имам кажано дека не ми е од класата на Мурињо, Ферги и компанија, ама вчера мислам дека свесно изигра позатворено, мислам дека знаеше што го чека ако играше отворен фудбал. Добри контри прават Аргентинците, језда го немаа Ди Марија, главниот мотор на екипата, ама пак, тука се Лавеци, Меси, Рохо по левата страна... Ако играа отворен и понапаѓачки фудбал ќе изгубеа Холанѓаните у регуларен дел, сигурен сум во тоа.

А иначе вака ми мириса дека Аргентина ќе освои, цело првенство се влечат како мртовци и на крај ќе завршат со титула, така иде тоа во спортот.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Не ми е толку криво што влезе у финале Аргентина,туку ми е страв ако земат титула,кој ќе го трпи џуџено Филе,ќе лае по сите портали.
Тру стори бро (y) Ќе излезе со коментари, ви реков јас бла бла бла, не за џабе ќерка ми се вика Аргентина бла бла бла :D[DOUBLEPOST=1405019790][/DOUBLEPOST]
Вие што навивате за Аргентина, сигурно навивате заради игрите од минатите Светски, бидејќи ова Светско ништо не покажаа за да навиваш за нив. Аргентина можеби имаше најконстатна игра на првенствово но таа е досадна и неубедлива. Со Босна едвај 1 гол и 1 автогол, со Иран едвај Меси даде гол во 91, со Нигерија 3-2 каде што и голманот на Нигерија се смееше по головите на Меси, со Швајцарија едвај во продолжение 1:0, со Белгија исто тромаво 1:0 а сеа едвај пенали, со прва шанса во 115 минута. Реално, тиња беше и Холандија, ама повеќе ја критикувам Аргентина, зашто таа е финалист. Да беа другите, нив ќе ги критикував исто.

П.С. Барем Холандија ги растури Шпанија, барем по тоа ќе се памти. Аргентина ќе ги памтам по....не знам, досадни.
Ќе ги паметиш по титулата не се сеќирај ;)
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
Не е дека го правдам Ван Гал, напротив, 100 пати имам кажано дека не ми е од класата на Мурињо, Ферги и компанија, ама вчера мислам дека свесно изигра позатворено, мислам дека знаеше што го чека ако играше отворен фудбал. Добри контри прават Аргентинците, језда го немаа Ди Марија, главниот мотор на екипата, ама пак, тука се Лавеци, Меси, Рохо по левата страна... Ако играа отворен и понапаѓачки фудбал ќе изгубеа Холанѓаните у регуларен дел, сигурен сум во тоа.

А иначе вака ми мириса дека Аргентина ќе освои, цело првенство се влечат како мртовци и на крај ќе завршат со титула, така иде тоа во спортот.
играат колку што треба, сега како сакате преведете го тоа дали мртовци или што ти ја знам :)

Ван Гал? дека му откажале пеналџии - не верувам.. он е спремен сите да ги направи кривци за поразот само не самиот себе. Вратете снимка ќе видите како му збори на Влаар неколку секунди пред да се шутираат пеналите, сигурно било дел од неговите генијални замисли... а ако не му бил сигурен можел да го остави да шутира при крај на серијатап.
и да таа замената Крул > Силесен против Костарика, беше повеќе за да ги победи психолошки пеналџиите на Костарика, демек вау голманиште бил Крул.. само што Крул у последните 5 сезони фатил само 2 од 20 пенала.
Сега и самиот беше свесен дека тоа нема да му “упали“, па вика РВП бил многу изморен и морал да го смени... и тука данок си зема она против Кострарика, незнам како очекуваа нешто да фати Силесен кога ни неговиот тренер не му верува дека може да одбрани пенал.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.531
Поени од реакции
3.703
Многу е потценуван Демикелис, а човекот придонесува за стабилност во одбраната на Аргентина подеднакво колку и Гарај на последниве утакмици. Можеби правеше киксови во Сити, али СП е скроз друго и за тактиката која ја игра Аргентина во нокаут-фазата, играчи со такво искуство се богатство. Добар потег на Сабеља што го стави во прв тим на најбитните натпревари, затоа што на нив такво искуството може да реши и пред квалитетот.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.135
Поени од реакции
107.416
играат колку што треба, сега како сакате преведете го тоа дали мртовци или што ти ја знам :)

Ван Гал? дека му откажале пеналџии - не верувам.. он е спремен сите да ги направи кривци за поразот само не самиот себе. Вратете снимка ќе видите како му збори на Влаар неколку секунди пред да се шутираат пеналите, сигурно било дел од неговите генијални замисли... а ако не му бил сигурен можел да го остави да шутира при крај на серијатап.
и да таа замената Крул > Силесен против Костарика, беше повеќе за да ги победи психолошки пеналџиите на Костарика, демек вау голманиште бил Крул.. само што Крул у последните 5 сезони фатил само 2 од 20 пенала.
Сега и самиот беше свесен дека тоа нема да му “упали“, па вика РВП бил многу изморен и морал да го смени... и тука данок си зема она против Кострарика, незнам како очекуваа нешто да фати Силесен кога ни неговиот тренер не му верува дека може да одбрани пенал.
Абе знаеш како викаат, кога ќе ти се поклопат коцките тоа е тоа, нема бегање. :)
Аргентина не игра уопште шампионски, ама вака така се најдоа во финалето. Не можам да кажам незаслужено, али со овој фонд на играчи треба да играат доста поубаво, барем за око. Нема везе, како и да играат нив им е битно титула да освојат, затоа што на крајот тоа ќе се памти, а не дали играле тики-така или катанаџо.

Иначе за Ван Гал се слагам, и мене не ми се допаѓа многу многу ко тренер ама ипак имам некое почитување за него, ипак не е лош тренер, сеа тоа што не ми се допаѓа е лично до мене, до мојот вкус...
 
R

Rigel Kent

Гостин
Интересен факт : Аргентина не прими ниту еден гол во осминафинале, четвртфинале и полуфинале.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.007
Поени од реакции
5.324
Ја видовте случката со првиот пенал на Влар? Одкако ја одбрани Ромеро топката се дотркала во гол.
Не се рачуна тоа како гол?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom