СП 2014 - 1/2 финале | Холандија - Аргентина | 09.07.2014 (22:00)

Која репрезентација сакате да ја видите во големото финале?


  • Вкупно гласачи
    140
  • Гласањето е завршено на .

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
СП 2014 - 1/2 финале:

Netherlands-vs-Argentina-2014-World-Cup-Semi-finals-Football-Wallpaper.jpg
Холандија - Аргентина
09.07.2014 - 22:00
Коринтијанс Арена, Сао Паоло

Светското првенство се ближи до самиот крај, па ете дојдовме и до 1/2 финалињата. Во полуфиналето кое ќе се дискутира на оваа тема, ќе си ги одмерат силите репрезентациите на Холандија и Аргентина. Само една од овие 2 репрезентации ќе ја има можноста да настапи на Маракана на финалниот натпревар од ова СП. Дали тоа ќе биде Холандија, која ќе се обиде да се пласира во своето четврто финале и конечно да ја освои првата титула или Аргентина која ја брка третата титула на Светските првенства ќе видиме во среда од 22 часот. Победникот од овој натпревар во Финалето ќе се сретне со победникот од 1/2 финалниот меч помеѓу Бразил и Германија, додека поразените репрезентации, еден ден претходно ќе играат меч за трето место.


Холандија

holandija.jpg

Репрезентацијата на Холандија својот настап на ова СП го отвори со неверојатна победа од 5:1 над актуелниот светски првак - Шпанија. Во останатите 2 меча од групата Б покажаа дека победата над Шпанија не била случјна, па ги совладаа и Австралија и Чиле и со максимални 9 поени во една прилично тешка група се пласираа во 1/8 финалето. Тука се сретаа со репрезентацијата на Мексико. Холанѓаните играа како изгубени во поголемиот дел од натпреварот и имаа негатива се до 88мата минута. Тука Весли Снајдер изедначи на 1-1, а во 94тата минути Арјен Робен изнуди пенал кој беше реализиран од Хунтелар со што во еден драматичен финиш лалињата успејаа да изборат пласман во 1/4 финалето. Нивниот противник во оваа фаза од натпреварувањето беше репрезентацијата на Костарика. Мора да се каже дека Холанѓаните имаа доминација во поголемиот дел од мечот, имаа неколку стативи и неколку изгледни ситуации за да го решат мечот, но топката едноставно не сакаше да влезе во голот на Кејлор Навас. 0-0 беше резултатот после 120 минути игра, па пеналите го одлучија победникот. Тука ван Гал направи еден интересен, но по малку и ризичен потег. Го извади својот прв голман Цилесен, а му даде шанса на голманот на Њукасл - Тим Крул, во пенал рулетот. Сепак Крул се справи одлично. Ги процени сите 5 пенали на Костариканците, од кои одбрани 2 и ја однесе својата репрезентација во 1/2 финалето.​

Тимски вести: Селекторот на Холандија нема да има поголеми проблеми во составувањето на стартната единаесетка на овој натпревар. На голот најверојатно ќе стартува Цилесен, а единствен фудбалер за кој сеуште не се знае дали ќе му биде на располагање на ван Гал е Најџел де Јонг. Фудбалерот на Милан се повреди во дуелот против Мексико и прашање е дали ќе успее да се опорави на време.​


Аргентина

argentina.jpg

Пишав и во претходната тема, Аргентина беше извлечена во една од најлесните групи на ова СП. Сосема очекувано поминаа без никакви проблеми и го освоија првото место со 3 победи на 3те натпревари. Во 1/8 финалето играа против репрезентацијата на Швајцарија. Во регуларниот дел мечот заврши 0-0, а само 2 минути не делеа од пеналите, кога Ди Марија успеа да реализира и да и донесе победа на репрезентацијата на Аргентина. Тоа значеше пласман во 1/4 финалето каде што подоцна им се придружија Белгијците. Мечот против Белгија го играа пред 2 дена на Националниот Стадион во Бразилија. Гозало Игуаин рано го отвори натпреварот со гол во 8мата минута, кој потоа се испостави како решавачки на тој натпревар. Аргентинците победија со минимални 1-0, но доволни за пласман во 1/2 финале. Сепак, мора да спомнам дека Аргентина не играше кој знае каков фудбал во текот на целото Светско Првенство. Не издоминираа во еден натпевар до сега и сметам дека индивидуалните квалитети на напаѓачите ги дотуркаа до самата завршница на ова СП. Со оглед на тоа што нападот на Аргентина е составен од одлични фудбалери, предводени од Лео Меси очекувам конечниот пласман на репрезентацијата на Аргентина пред се да зависи од нив.

Тимски вести: Анхел ди Марија најверојатно ќе го пропушти 1/2 финалниот натпревар против Холандија, поради повредата со која се здоби против репрезентацијата на Белгија во 1/4 финалето. Сепак, добра вест за Аргентина е опоравувањето на Агуеро, кој се очекува да биде спремен за 1/2 финалето. Единствено не се знае дали мечот ќе го почне од почеток или ќе добие шанса во второто полувреме. Исто така левиот бек Рохо се враќа од суспензијата и ќе му биде на располагање на селекторот Алехандро Сабеља.​


Head-to-Head

h2h.jpg
Репрезентациите на Холандија и Аргентина меѓусебе се имаат сретнатно 8 пати. На тие 8 натпревари Холандија славела 4 пати, 3 меча завршиле нерешено, а Аргентинците се радувале само еднаш. Сепак, победата на Аргентина е на најбитниот меч кој го играле овие 2 репрезентации, тоа е на финалето на СП 1978 година, во Аргентина.

Пријателски натпревари:
  • Холандија 1:0 Аргентина (12.02.2003)
  • Холандија 1:1 Аргентина (31.03.1999)
  • Холандија 0:0 Аргентина (22.05.1979)
  • Холандија 4:1 Аргентина (26.05.1974)
Светски првенства:
  • Холандија 0:0 Аргентина (СП 2006 - групна фаза)​
  • Холандија 2:1 Аргентина (СП 1998 - 1/4 финале)​
  • Аргентина 1:1 Холандија, по продолженија 3:1 (СП 1978 - финале)​
  • Холандија 4:0 Аргентина (СП 1974 - втора рунда)​

Хајлајтс од најбитниот меч помеѓу овие 2 репрезентации:



Стадион:

Arena-de-Sao-Paulo-San-Paolo-reuters.jpg

Kоринтијанс Арена
град: Сао Паоло
капацитет: 66.200​
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Fun fact> Резолуцијата на првата слика е толку голема шо ако кликнеш на неа ќе видиш дека Депај е жива вода испотен у вратот.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Иначе за анкетата, овој пат лошо испадна. Мислев Панчев да коментира на оваа, не ви е битно кој ќе влезе во финале. Знам оти секако не коментира во финалето. :D
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Шах мат од Ван Гал за репрезентацијата на Аргентина. Доволно им беше на гаучосите не покажаа ништо на оваа првенство.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
100% тепаме, Ван Гал ако игра со истата средина составена од Снајдер и Вијналдум црно му се пишува.

Ди Марија нема да игра кај нас ама затоа Кун се враќа.
Во средината ќе стартува Енцо Перез кој одлично играше против Белгија.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.904
Поени од реакции
84.300
Тешко ќе ви беше прво да отворите тема за натпреварот што прв ќе се игра ?

Он топик: Тепа Аргентина 100%, и 1/2 финалево им е голем успех на Холанѓаниве.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Анкетава ја прочитав внимателно . :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Тешко ќе ви беше прво да отворите тема за натпреварот што прв ќе се игра ?

Он топик: Тепа Аргентина 100%, и 1/2 финалево им е голем успех на Холанѓаниве.
Тоа кај другарти Донеф да се обратиш.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Ако е паметен Сабеља нема да стартува со Рохо туку со Басанта , одлично се покажа на претходниот натпревар , а и без Гаго .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom