СП 2014 (осминафинале) Холандија - Мексико

Која репрезентација ќе продолжи понатаму?


  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945


29.06/2014
18:00
Estadio Castelao, Fortaleza
1/8 финале СП
ХОЛАНДИЈА - МЕКСИКО

Холанѓаните овде се сосема заслужено, тие во групата Б беа во друштво на актуелниот шампион, Шпанија и репрезентациите на Чиле и Австралија. Од ова група се очекуваше Холандија и Шпанија да поминат во следната фаза на СП, но се случи големо изненадувањ и понатаму продолжија Холандија и Чиле. Во првиот дуел, Холанѓаните играа со шампионот Шпанија каде на Шпанците им се случи дебакл, беа поразени со високи 5:1. Холандија играше феноменално, ова како да беше еден вид реванш после финалето од 2010 во ЈАР. На тој дуел Шпанија заводе со 1:0 со голот на Алонсо во 27ма минута од пенал, а пеколот за Шпанците започна во 44та минута каде Ван Перси даде гол за изедначување, 1:1 беше резултатот и по првите 45 минути. Потоа, 53та Робен, 2:1 шок за Шпанците и после некои 10тина минута Де Вриј стрелаше за 3:1 и уште поголемо водство за Холандија. Кога во 72рата минута Ван Перси им нанесе шок на Шпанците, веќе победата на Холандија беше загарантирана. Но шлагот на тортата го постави кој друг ако не Арјен Робен во 80тата минута што и ги донесе конечните 5:1 за Холандија. Тоа беше старт каков што посакува можеби и секоја репрезентација, високи 5:1 врз актуелниот светски и европски шампион. Вториот дуел против Австралија. Холанѓаните беа апсолутни фаворити во овој двобој, но дуелот започна мошне тесно. Холандија поведе во 20тата минута со голот на Робен, а веднаш по тој гол, по неполна минута Тим Кејхил стрелаше за изедначување што даде одличен гол кој сигурно ќе биде меѓу најдобрите на ова првенство. Во второто полувреме, во 54та минута Миле Јединак стрелаше од пенал за Австралија, 2:1 за Австралија. Казната стигна 4 минути подоцна, Робин Ван Перси им ја скрати кратката радост на Кенгурите, 2:2, Холандија изедначува. После 10 минути, Мемфис стрелаше за 3:2 за Холандија и сигурен пласман во 1/8 финалето до СП. Кога веќе се беше завршено во третиот дуел Холандија играш со Чиле, за да го осигури пласманот во 1/8 финалето. Во 77мата минута падна првиот гол за Холандија, го постигна Фер, додека победата за донесе Мемфис со гол во судиското продолжение за 2:0 за Холандија. Холандија сигурно влезе во наредната фаза, со 9 бода.

1.png


Веќе рековме, Холандија ќе игра со вториот од групата А, а тоа во овој случај е тимот на Мексико. Мексиканците играа одлично на ова СП, имаат 2 победи и 1 нерешен исход од ова СП, со што со 7 бодови исто како и домаќинот Бразил поминаа во следната фаза. Мексико беше во група со Бразил, Хрватска и Камерун. Првиот натпревар го играа со Камерун каде беа апсолутни фаворити. Во првото полуврме од дуелот со Камерун на Мексиканците им беа поништени дури 2 голови, но во второто победата им ја донесе Пералта со гол во 61ва минута. Вториот натпревар со домаќинот Бразил, Мексиканците во тој дуел изненадија, одиграа 0:0 со Бразилците кои игра пред своја публика. Бисерот на Мексико беше голманот Очоа, кој бранеше како луд таа ноќ. Натпревар полн со шанси, удари кон голот и многу тензија, но за жал без погодоци. Последен натпревар, Мексико: Хрватска, кој оди понатаму. Почетниот резултат, поточно 0:0 се држеше до 72ра минута кога Маркез даде гол за Мексико за 1:0, 3 минути подоцна Гуадрадо даде гол за ново водство на Мексико сега поголемо со што можеби веќе беше и решено дека Мексико ќе влезе во 1/8 финале заедно со Бразил иако и реми им одговараше на Мексиканците. Но тука не беше крајот на голеадата, во 82рата минута Чичарито, 3:0 за Мексико. Сигурно низ целата држава се викаше, урлаше се навиваше и сите беа среќни, Мексико е во 1/8 финале! Утешниот погодок за Хрватите го даде Перишиќ во 87ма минута.
2.png

Холандија и Мексико досега имаат играно 6 пати. 3 победи има Холандија, 2 има Мексико а еден натпревар завршил нерешено.
Untitled.png

Стадион на кој ќе се игра светското. Estadio Castelao во градот Fortaleza изграден е во 1973 година и има капацитет од 60.342 гледачи.
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Најзанимлива текма ќе биде оваа, ептен ми се свиѓаат како играат мексиканциве.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
едно е сигурно,дека ГГ ќе заврши 100%.е сега кој ќе биде поснаодлив и ќе иде даље останува да видиме.
Холандија покажа највеќе во својата група,ги торпедираа сите,со кенгурите одиграа ревијална утакмица,на шпанците препотентни им вратија со камата за поразот во финалето,а на чилеанците им кажаа да не се занесуваат многу многу :p

Додека пак Мексико ги изненади сите,јас очекував Хрватска да иде даље,ама Мексико одигра фудбал убав за очи и повеќе покажаа од хрватите.
Башка на гол имаат јако голманче,средниот ред одлично се надополнува со одбраната,а нападот сега за сега функционира топ.

Интересна утакмица ќе биде ова,очекувам Холандија да продолжи да победува,но овој пат малку потешко,но сепак ќе иде даље.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Холандија ќе пројде понатаму, и тоа без особени проблеми.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Ставете анкета на темава.
Очекувам Холандија да се пласира во осминафинале , а со оглед на тоа каква екипа ќе се пласира таму , нужно е Холандија да игра полуфинале.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Баш би сакал Мехико да даде гол уште во 1ва минута да го видам Мигел Ерера во екстаза. :D

Мислам дека одисејата на Мехико на ова Светско првенство завршува тука, Холанѓаните се фаворити за титула и ова би требало да го поминат без проблеми.

Ќе навивам за Мехико, нормално. :icon_mrgr:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
тест[DOUBLEPOST=1403903660][/DOUBLEPOST]Или ставајте анкети на отворањето или не барајте од после да се става, голема работа ако немало анкета. Дрогираш не се однесува ова лично, општо зборам до сите што отвораат теми за утакмици.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.359
Поени од реакции
3.223
Не очекува неизвесен натрпевар но мислам на крајот Холанѓаните ќе се радуваат,за мене тие се и едни од главните фаворити за пехарот.
 
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.205
Поени од реакции
2.051
Јужноамериканциве на ова првенство се напалени како Македонија ракомет на ЕП во Србија,бар јас така ги доживувам, имаат полни стадиони со свои навивачи, мотивираност и срце за победа. Така да на нискоземциве верувам дека ќе им биде се освен лесна победа.Со сето срце на овој натпревар ќе бидам за Мексико,од причина,како што спомнав погоре и ние ги осетивме морниците по кожа и радостите што ни ги пружија ракометарите пред две години ;)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
тест[DOUBLEPOST=1403903660][/DOUBLEPOST]Или ставајте анкети на отворањето или не барајте од после да се става, голема работа ако немало анкета. Дрогираш не се однесува ова лично, општо зборам до сите што отвораат теми за утакмици.
Pobara Rigel pogore, zatoa i te tagirav. Jas nemav vo plan da stavam anketa
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Hup Holand. Јас бев за Холандија before it was cool. :cool:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Време е да дочекам Мексико да влезе во четврт финале. Постојано испаѓаат во осмина финале во последните неколку првенства. Во 2002 имаа најголема можност кога се паднаа со САД, ама изиграа најлошо што можат и загубија со 2-0.
Задутре очекувам да видам одличен меч. Нема предавање, сум кажал многу пати, Мексико не знае да се брани, ако се брани ќе загуби. Она што фали во екипата е напаѓач. Чичарито е добар за џокер од клупата, а Пералта не е којзнае каков играч. Можеби би било подобро Чичарито да добие шанса од стартот.
Холандија го има можеби најдобриот напаѓачки ред на првенствово, но нивната одбрана ја гледам како најслаба точка во екипата.
Се јаки како екипа, ама мислам дека резултатите од групата не ја креираат вистинската слика.
Со Шпанија се случи тоа што се случи, уште сто пати да изиграат нема така да заврши. Се погоди да израмнат во погоден момент од никаква акција, притоа можејќи да губат со 2-0 некоја минута претходно, резултат по кој сигурно ќе го загубеа мечот. Со Австралија победија благодарение на очајниот Австралиски голман, а со Чиле мечот беше рекреативен, не го ни рачунам :D
Далеку од тоа дека се слаби, напротив конкуренти се за титула, ама не сметам дека се којзнае колку подобри од Мексико.
Плус Мексико игра како дома, тоа треба да им биде мотив плус.
Се надевам на добро судење и пласман во четврт финале :D
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
За Холандија на анкетата , а за мечот реално ќе бидам за двете . Мислам дека ќе биде многу добар меч подобро од тоа вчера помеѓу Бразил и Чиле .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom